@franca Честитки, му го крена егото до плафон. А бре Фран, цени се малку повеќе Не се спуштај на ниво дека тој е незаменлив, а ти очајна или да глумиш детектив. Вистината и онака секогаш излегува на виделина. А и не треба да бидеш со некого ако се чувствуваш несигурно
Па да нормално сега излегуваш смешна во муабетот, гледај сега те тестира колку си љубоморна и се заебава, ама шо му ѕвониш кога ти вика немој па и многу машки ко ќе се со другари не се јавуваат на женските по секоја цена и кога тој вака прави, прави и ти со другарките.
ЉУБОВЕН ПРОБЛЕМ: СТАГНИРАЊЕ ВО ВРСКА, ТОПЛО-ЛАДНО, ДРЖЕЊЕ НА STAND BY, ИГНОРИРАЊЕ ШТО ПОНАТАКА?? Здраво ми треба совет на голема мака сум. Ве молам помогнете ми! ПОДОЛГ ТЕКСТ Е, ЗА ДА ЈА ДОЛОВАМ ЦЕЛАТА СИТУАЦИЈА. Во врска сум 3 години со партнерот. Тој е постар од мене 12 години, плус различна вера сме. Претходната година врската ни беше на далечина бидејќи тој не беше овде(12 месеци). Ја одржувавме преку социјална мрежа, на камера, слики си праќавме, се допишувавме, значи се најнормално. Го чекав, се врати. После една недела од кога си дојде, ме стави на игнор 20 дена и се видовме после тоа само ЕДНАШ!( се видовме во Јануари). Ми кажуваше дека имал некои проблеми и си реков ете проблемите поминаа, конечно заедно ќе си бидеме, се ќе биде како порано. Арно ама, после од кога се видовме не беше достапен на мобилниот два месеца скоро(исклучен му беше). Ми се јави дури пред да заврши месецот Март. И се реков фала богу, ете го конечно. Причината зошто го немаше не ми е баш јасна, не го разбрав... Меѓутоа, кога ми се јави, тргнал да оди во друга држава за да работи.(тука на Балкан), зборевме телефонски. Кога се врати после 2ипол недели требаше да се видиме ама не испадна ништо... После тоа пак отиде на истото место, скоро пола месец Април. Пред да се врати тој беше иницијатор за гледање и јас исто нормално. Бидејќи редно време беше да се видиме. Се врати. Зборевме на мобилен два дена и го снема, (ова се дешава после велигден одма). Му ѕвонев не дигаше слушалка и не ми одговараше на пораките, при што неколку пати ми спушти. Ме стави на игнор буквално, а беше достапен по социјални мрежи и објавуваше по неколку сториња. Тој последно што ме побарал на мобилен е 3ти МАЈ!!!! Од 4ти цело време јас му ѕвонам и пишувам. Го прашував каде е, дали е се океј, да не случајно нешто се случило. Во понеделникот му ѕвонев и ми дигна слушалка(за некоја среќа) ама кратко зборевме(завчера). Врската буквално стагнира месец дена, на ниту една смс порака не добив повратен одговор, а на мрежата кај што комуницираме не ми се отворени пораките од почетокот на Мај. Пораките се за гледање и некои др кафе муабети. Мака ми е многу, не разбирам што се сличува со човеков. Чуден ми е некако. Како може да не врати на ниту една е**** порака месец дена?? Се осеќам како кловн. Месец дена го бркам по телефони и пробувам да направам се, за да се вратиме во ,,нормала" Не сака ли да се види со мене. што би можело да биде? Ме измачува само вака, не знам до кога ќе се одвива оваа ситуација, не знам што да мислам. Не гледам заинтересираност од негова страна за излегување или комуникација. Макар може да пише да даде некаков одговор. Типот по природа е проблематичен. Токсичен е на моменти. Ова не води до нигде веќе, а секоја вечер знам дека излага, ама нема време за мене очигледно. Јас испаѓам поголемо машко од него и давам се од себе за да се среди ситуацијата и се надевам на подобро. Ако веќе не сака да биде со мене, зошто едноставно не ми даде до знаење, тука вака ме држи на stend by и ме измачува само? Многу сум изморена, не можам веќе да се борам. Испаѓа дека јас сум сама во врскава. И во 2022 знаеше да го нема по неколку дена,ама не волку долго и ваква незаинтересираност не сум видела до сега од него. Сакам да искочам и да се видам со него да направам муабет. Другарка ми вика да го баталам и дека немам иднина со него, џабе сум си го трошела времето само и ова ќе оди до недоглед...НИТУ МИ РАСКИНУВА, НИТУ ПАК НЕШТО ПРАВИ ЗА ДА СЕ ВИДИМЕ И СЕ ПОДОБРИ СИТУАЦИЈАТА. ШТО ДА ПРАВАМ? ДАЛИ НЕКОЈ СЕ НАШОЛ ВО ВАКВА ИЛИ СЛИЧНА СИТУАЦИЈА?
Искрено ако нешто сфатив е дека не сте ни у врска. Односно ти сметаш дека сте во врска ама он е слободен. Не го гледаш со месеци!! Не зборите. Која врска? Цени се себе си, па и последен нека е нема да се понижавам месец дена да го барам а да не крене слушалка. П.С овој ако не е венчан или со девојка еве на. Ама ај
@Riko777 Искрено, не сакам да ти кршам срце, но од авион се гледа дека човекот си води двоен живот. Дефинитивно не сте во врска, барем не каква што ти си си замислувала. Океј било кога тој бил во друга држава, бидејќи лажење од далеку е piece of cake. Мој совет ти е да го блокнеш, па колку и да ти е тешко. Верувај со тек на време ќе преболиш. Три години си потрошила веќе на ништо, не го прави тоа и со остатокот од животот
Па, јас не ги познавам ни двајцата но, не се зафркавам можеби е срамежлив по тоа прашање. Само нагаѓам. Секако е друга вера а, тоа не е етички. Но, тоа е друга тема.
Со месеци да не комуницира со чоекот со кого е во врска? До кога ќе се толерираат ср*ња на карта срамежливост? Очигледно ради такво розево размислување си утепала три години на човек што вајда има и фамилија дома. Не гледам причина да го бара повеќе на телефон.
Од Турција ли е? Ќе ти кажам да го блокираш секаде бидејќи човеков те има ставено на мјут, сигурно има и друга некоја. Не сте во врска,ова не е врска ова е како да ти кажам забава за него. Кога он ќе посака ти си тука за него и затоа вака ти прави. Сега ти направи му услуга докажи му дека не си играчка и блокни го!
Ова се глупости што го имаш напишано. За каква срамежливост зборуваш? Може срамежлив е да започне комуникација, ама да ја игнорира е сосема поразлично. И за каква срамежливост зборуваш во 3 годишна врска?!
И јас тоа се мислам искрено... Мака ми е многу не го заслужувам ова од него... Не можам веќе ни со него, ниту без него... Нема сопруга кај него дома имам идено Со ова игнорирање од негова страна не може да се искачи врската на поголемо ниво, ништо не се дешава стагнира све