Плус заборавив да пишам дека многу пати ми кажал дека ако не сака да биде со мене веќе или ако најде друга или ако ме одсака или ако постои било која причина за да ми раскине ќе ми дадел до знаење! Ама оваа ситуација е бетер од тоа. Многу е непредвидлив тип плус.
1. 2. 1.1 Ако некој прави се чувствуваш така, што треба ти да направиш? 2.1 Наполнување на 1.1 - Зошто чекаш тој да ти раскине?
Манипулатор, лажго, трчи лажи тип на човек. Се согласувам со @Wh@tev3r не знам што воопшто чекаш тој да ти раскине. Биди попаметна од ова, остави го ти.
Размислувам за тоа, не знам веќе што да кажам. Ако не сака да биде со мене нека каже, како што и самиот ми даде до знаење еднаш, дека ќе ми каже ако дојде до такво нешто и сме се расправале на оваа тема. Мада не секогаш луѓето го прават тоа што ќе го ветат. Имам надеж дека нешто ќе се смени месецов. Не знам... Ако не се смени ништо ќе го баталам, што друго ми преостанува? Да го чекам? До кога? Доволно чекав, дури и премногу...
Нема да ти каже, кое машко признава? никое. Ти си му сигурна опција, кога на една страна нема да успее, ти си секогаш така, а тој нема да се смени. Ниту сега ниту во иднина.
За ова сигурна опција што викаш, во право си искрено... Кога и да ме побара секогаш му кревам слушалка, знае дека секогаш сум достапна и сум тука за него 24/7. Тука згрешив од самиот почеток што не покажав ,,заби" шо се вика... Му трчав по гзот, да ми извините на израз. Наместо да се подобри, на полошо иде. Не знам и на ова почнав да сумљам да ти кажам искрено.
Кое срце? Со извинение, си натепала некои розеви очила, порозеви здравје. Си имаш направено некоја илузија, хепили евр афтер и сега тука како: абе знам што велите, во право сте, ама јас го сакам #фејспалм Батали тамо и: Није живот једна жена, т.е у твојот случај маж. Еба*и колку сакаш ќе си најдеш, секој ќе те е*е, ако бараш нешто сериозно, прибери се и работи на тоа. Цимолење тука или било каде нема да помогне, ти кажаа што да правиш, стисни заби и прави и нека ти е со среќа.
Кирија + цимерки. Особено не странство каде ќе си сама и со чоек кој го гледаш само како тикет за странство. Многу е се полесно ако успејш сама оти ако замениш еден човек за друг пак исто е ама друг агол. За цимерки се наоѓаат. Тон групи има. Само треба да побараш. Лажен профил е многу .... Инфантилно. Гледај во врска мора да се има доверба. Ако немаш - нема како да оди врската. Да, можи да игра и да пиши повремено ама не можи постојано. И мож полесно е да речи нема да пиши него дека ќе пиши на интервали. Не велам дека има друга 100% или дека игра сони фудбал 100%. Едноставно сметам дека секој пат ко ќе остани негде покасно и го прашваш дал има друга - ќе се карате. Некој спомна демек станал дефанзивен сигурно има друга. Ако одам касно кај другарка ми, оти ради обврски обично после 12 се гледаме, и му речам ќе прајме нокти нема да ти пишам. И ми речи: "а ств таму одиш?" - како да не го сфатам како навреда? Ставете се и на другото место кога кажавте вакви заклучоци. Оти јас би била повредена дека не ми верва и дур ќе осеќам дека сака да ме контролира со то шо имаме контакт 100% од времето. И би раскинала on the spot. Оти ако толку рано во врска не верва дека седам до сабајле со другарка ми без да чачкам в телефон - само на полошо би одело од тука и не сум расположена за таков. Така да, види. Или ќе му верваш или нема. Ако ти е сомнителен и ти дава the ick - тое. Дури и да нема друга ама ти веќе го имаш the ick - тое. Обично нема назад. Не мислам дека лажен профил треба да те смири во сомнежите. Ако ги имаш ги кажваш гласно и тоето. После бараш друг дечко. Ако не се вистина тие сомнежи можи ќе останите заедно. Можи сепак ќе раскините. Ако се вистина бар навреме ќе се тргниш. Не. Биди поголемиот чоек и ако испадни да си во право да личиш бар понезасегната. Ама три пати ѕвонење? Зошто злато? Сфаќам дека си вознемирена ама како то поможи да се смири? Сигурна сум дека не поможи. И пошто ова беше Вторникот, има некој апдејт? Колку комунициравте пред прв состанок? Некогаш за да видиш дали си на некој важен треба да преќиниш да го бараш. Пробај.
@theowndemon Го најдов другарот што се видел сабајле на кафе и преку другарка која го има на инстаграм блиска е со него за среќа, па ја замолив да му пише некако да дознаеме дали стварно во вторникот бил кај него и му пишала другаркава, што прави, демек те нема да не шеташ некаде, бидејќи земал денови од работа и овој и вратил, не, вчера беше другар кај мене пиевме кафе и игравме сони, тешко годинава дека ќе оди на одмор блабла, кога го прочитав тоа стварно се осетив дека го окривив за ништо.... Ама можеше да прати доказ некој ако толку се сили дека е искрен а не преку други да дознавам да се мачам и + да ми се смее што сум ѕвонела... Инаку, најнормално збори со мене, почесто ми се јавува од колку што пишуваме пораки.. Фала на сите сепак.
Мене многу ми е смешно кога бараат совет, и на крај бараат причина да го/ја оправдат, па ќе си прави по свое и утре пак кукање. Ако треба да ти докажува, не бива од ова ништо.
Супер штом ти олесна на душа сега, но ова не е врска. Нема да те обвинувам бидејќи мислам секој треба барем по една ваква врска во животот да има, за да сфати што навистина е љубов, разбирање и доверба со партнерот. Во една врска пред се мора да има разбирање и доверба. Доколку ти се чувствуваш несигурно, анксиозно, стресно и имаш паника кога го нема партнерот одредени време тогаш е јасно дека тој не е правата личност за тебе. Од друга страна не е научна фантастика туку bare minimum партнер во врска да ти кажува кога излегува и да те побара во текот на денот. Колку повеќе го бараш и му даваш значење, толку повеќе ќе оддалечи од тебе. Во секоја врска треба да има блискост доколку има љубов, но не и дишење во врат. Долго време сум во врска но кажувам само каде сум и со кого, и потоа пишувам кога ќе завршам. Не гледам поента да отидам кај другарка да гледаме филм или кафе и јас да си пишувам со дечкото баш тогаш кога со неа не сум се видела неколку дена. Мислам дека најлесно за тебе би било да ја пуштиш врската и да го пуштиш него да прави како сака, бидејќи тебе ти треба време и период сама со себе. Доколку со секој нареден партнер се однесуваш така и го напаѓаш можно е намерно да не ти кажува каде е и да не ти пишува. *а доколку некој сака да те лаже и сред ден би направил нешто, лагата ќе ја дознаеш кога-тогаш но важно е да не си ставаш се на срце и да уживаш во животот, исто како и тој што ужива со другар му додека ти дома коса си корниш за него место да идеш во град со другарки.
Здраво женски, ми треба советче од вас. На работа се затрескав во еден тип, мноогу ми се допаѓа веќе месец/два. Меѓутоа, не е во мој сектор и го гледам само на места кај што се собираме сите од цела фирма, пример кујна или терасата. Немаме никаков контакт буквално, немам начин како би му се приближала и почнала конверзација. Целосно сме неспојливи а јас умирам од желба да дознаам дали е слободен и дали би бил заинтересиран. Го најдов на социјалните мрежи и гледам не е нешо многу активен а и општо не ми дава впечаток на дигнат лик. Е сеа се мислам како да постапам, ако го фоловнам ќе се знае дека го имам бараноо и барано бидејќи и не ни имаме нешо заеднички следачи, повозрасен е од мене едно 4/5 години. И ако не ме прифати или ми акне корпа ќе ми биде срам да се рашетавам пред негови очи, а се среќаваме неколку пати на работа. Ама никогаш не сме сами, тој со огромна група од колеги од неков сектор, како и јас. Што да правам, како понатаму?
Опција 1. да го аднеш или ќе ви тргне муабетот или корпа, ама не е страшно и не треба да се срамиш. Опција 2 шо бара повеќе работа е да аднеш неколку колеги што ги знаеш што ги има и он , па да излезе дека ти излегол неговиот профил како предлог Да знаеш јас колку ги имам познаници од работа врска немам со нив ама ме додале па ништо, никогаш немам помислено дека ме барал специјално мене Не знам друго
Супер. Сега прашај се шо прај да се осеќаш толку insecure. Врска се заснова на љубов ама и на доверба. И на почит. Ако едно фали - нема да функционира.
Здраво. Почнав да се осеќам несреќна во оваа врска каде што сум сега. Секој ден ми ги снемува чувствата што ми биле од почетокот. Не знам што се случува и зошто е вака, многу сум нервозна на секој негов збор му се развикувам а не сакам да е така, не сакам да го изгубам многу ми значи. По цел ден плачам со никого не разговарам,од работа си идам дома се заклучувам во соба и легнувам. Му кажувам дека не е нешто во ред со мене и не превзема ништо не иди да ме види и да се потруди да ме расположи. Ни самата не знам што ми е како преку ноќ да се створи депресија во мене. На некој начин односот ми е ист и со родители пријатели и со партнерот. Ве молам за совет.