Да не не мислиш на некој друг можеби...не сум била во слична ситуација јас кога сакам некој сакам...нешто си ладнокрвна поради нешто и некои околности...но, ти не си виновна што тоа е така...
@Hrita Што конкретно те мачи? Секој проблем има извор. Проблеми на работа/дома? Или нешто што се случило во врската? Или замор од секојдневните обврски, па да ти е потребен одмор?
Овие работи се сите поврзани едни со други, подобро обрати се на психолог. За да исчезнат сите чувства на вакви релациски врски е од неможноста тие да те разберат тебе. Се таложело, не е туку-така. Можеби не си била свесна, а си премолчувала/потиснувала долго време извесни твои емоции кои не би биле валидирани од нив..
Емоционална неповрзаност... Тоа со него треба да збориш, оти и од негова страна има нешто, некоја дистанца чим не го интересира како си... Единствено ако отсекогаш било така, само сега се ти се собрало се одеднаш, па ти пречи.
Провери си ги хормоните, нешто има но не си ни свесна, ако е таму се во ред побарај психолошка поддршка, не чекај од никој ништо може ни тој не е свесен дека нешто ти се случува.
Здраво, имам еден љубовен проблем. Имено во врска сум со еден дечко веќе 3 години. Оваа година уште во јануари се договоривме да одиме на одмор, во некоја егзотична земја. Но, мене ми се пружи прилика за обука во странство баш овие три месеци, кога и ни беше испланиран одморот. Е сега, нормално најдобро е да ја прифатам оваа понуда, но мојот дечко се лути. Нормално и јас би се лутела, но сепак тоа е за мое подобро. Веќе земал одмор од работа баш за тој термин, среќа немаме сеуште уплатено. Многу сакам да одам и знам дека преубаво би си поминале на одмор заедно, но навистина сметам дека ова е најдобрата опција за мојот личен развој. Ме интересира како тоа да му го кажам без да го повредам и без да ставиме крај на оваа врска?
Сама си одговори и ти би се лутела, ќе го чекаш три месеци? Ќе му се скараш? Ќе одиш на одмор со другарки или не би имала со кого да одиш? Јас пример секогаш знам шо мисли во поглед на вакво прашање, ако тој оди или јас некогаш знам дека нема да има лутење, сум го чекала, без никакви проблеми кога имало потреба од фирмата да оди некаде, знам и тој дека нема да се лути. Ако ви е врската со доверба можете да го издржите тоа но кога и ти слично размислуваш, не знам.
На одмор може да одите и друг период, ама оваа шанса што ти се пружила ти е сега. Ако тој те почитува, треба да ти е ветер во грб и поддршка за твој личен и кариерен развој. Седни го и разговарајте отворено, нели е себично тој да се лути затоа што нема да одите на одмор тој период оваа година, со цел твое надоградување. Ако се стави на вага твојата обука и одморот, размислете што тежи повеќе.. Се зависи од каква ви е врската, какви ви се односите, зависи и до личноста.. Ете ти кажа дека и ти би се лутела, а јас би се лутела ако ја одбие обуката за која му се пружа шанса еднаш на 100 години, за заеднички одмор на кој можеме и друг период да одиме. Не ме сфаќај погрешно, ама утре ден да не ти биде криво што си пропуштила ваква шанса.. Ако те сака и ако ти верува - ќе те чека, ама и денес, голем дел од мажите се плашат од успешни жени, така да, може и тоа да го кочи Во секој случај, што и да одлучиш, немој да се каеш понатака среќно
Како реагирате ако некој цело време му соли памет на партнерот? Не за мене. Се нервирам шо ги слуша сите и после е во бунило, јас се грижам за него, доволно е. Ме нервира шо се мешаат и после и други слуша
Знаеш како глеам Мој дечко моја грижа Ако он праша да, а они сами му зборат за некои работи Ти ако прашаш за маж ти, ќе ти даеме совет нели Мене ми е шо сеа за едно слуша, утреден за друго Не викам мојот збор да е последен, ама треба да иам нели некое влијание
Секако. Ама ако е подложен на влијанија, на сите ќе биде, не само на твоето. Стабилен човек не дава да го манипулираат. Не се замарај, кој сака шо сака нека збори
Сите ќе ти се мешаат во врската, сите мислат дека највеќе знаат за твојата врска. Затоа партнерот да си го тргнеш на страна од нив или прашај го зошто дозволува да му зборат.