Знаеш како глеам Мој дечко моја грижа Ако он праша да, а они сами му зборат за некои работи Ти ако прашаш за маж ти, ќе ти даеме совет нели Мене ми е шо сеа за едно слуша, утреден за друго Не викам мојот збор да е последен, ама треба да иам нели некое влијание
Секако. Ама ако е подложен на влијанија, на сите ќе биде, не само на твоето. Стабилен човек не дава да го манипулираат. Не се замарај, кој сака шо сака нека збори
Сите ќе ти се мешаат во врската, сите мислат дека највеќе знаат за твојата врска. Затоа партнерот да си го тргнеш на страна од нив или прашај го зошто дозволува да му зборат.
Парнерот мора сам да се научи дека утре-друг ден ќе сте двајцата (и уште од сега треба, ама ајде нели времето минува демек поцврсто). И ако отсега ти ги носи сите, понатака не очекувај подобро. Само времето ќе ти оди, ти ќе се нервираш. А партнерот не треба да те секира (без разлика дали со неговите - ова посебно), туку треба да е способен сам да решава работи и без ти да ги дознаеш. Совет од мене, политички воздржи си се од коментари и како што беше пишала една членка тука - зборот да ти е на ќоше. Ако не ти чини ептен, има да си прекинеш. И да, цели карактери не можеш да изменуваш (можеби за нијанса, но никогаш драстично за жал).
Веќе некое време ме мачи една работа, не знам ни јас како да си ја формулирам во глава. Ајде овде ќе пробам, може и некое мислење од вас, од друга перспектива, ќе ми помогне. Со дечко ми одлично се сложуваме и има љубов и разбирање, и многу почит. Или јас не сум маанџика. Ама стварно не би можела многу маани да му најдам. А и онака ретко сме во конфликт и со мирен разговор ги решаваме. Почнавме и да зборуваме за заеднички живот во иднина. Е сега ваква е работата. Тој живее со родителите. Јас сум од друг град, но овде имам стан од моиве кај што не плаќам кирија. Јас потекнувам од скромна и работна фамилија. Скромна во смисла не купуваме и правиме работи за да се покажеме. Фала Богу, родителите ни овозможиле и мене и брат ми да имаме покрив над глава, финансиски добро ни било секогаш, ама вака да трошиме пари по марки, скапи автомобили никогаш. Ама битно ни било дома да ни биде пријатно и убаво уредено, поскапо, по квалитетно, да биде исчистено. Нели тука поминуваш поголем дел од животот, на тебе да ти биде убаво. Кај дечко ми и не е баш така. Неговите не вложиле многу во куќата кај што живеат, од причини за нив познати. На страна тоа, кога разговараме за заеднички живот неќе ни да чуе да купиме нешто наше. Нивната куќа е наследство дури од дедо му, од тогаш ништо не е променето. Сака таа да ја реновира, ама од заеднички финансии и неговите да живеат на долниот спрат. Луѓето се многу фини и не би ми пречеле (или барем до сега ваков впечаток ми оставиле). Двајцата земаме убави плати, веројатно ќе се снајдеме. Сега зошто викам веројатно... Тој вози џип за кој стално ми се жали дека многу му троши, стално се жали дека многу трошоци имал кога ќе му спомнам да почне да трга пари на страна. Пред некој ден и татко му купил нов уште поголем џип по кој има уште повеќе трошоци... Дечко ми во глава си планира како ќе ги вози и двата и на кој џип што ќе му смени со негови пари а не е негов (да не го знаев подолго време ќе мислев тежок сељак дека е, да ме извините на израз). Саат од 500 е може да се купи, Сони плејстејшн исто така. За такви работи може да се троши. Скапи искачања исто така, мање више... А ако му спомнам за штедење за да имаме повеќе финансии кога ќе одлучиме да се земеме за поубаво да си го направиме, тоа нееее, за тоа помалце пари ни требале. На страна тоа, цело време е кај мене. На прсти бројам кога сум отишла кај него. Само еднаш внатре, дека кога ќе идеме, и неговите се таму, немаат луѓето кај да идат. Собата не му ја знам, во дневна идеме. Ми вика дојди, ама да пиеме кафе во кафичот што е блиску. Дури и пријатели не му идат стално на гости дека нема кај или не знам зашто. Може од родителите, па неќат да сметаат луѓето. Другари ги осеќам дека го зезаат дека стално спие кај мене, тоа суптилно го прават. Го потпрашуваат каде живеам и случно и ќе се насмевнат некако чудно. Исто се поднасмевнуваат сега за новата кола. По родендени стално идеме кај негови другари, на последниот роденден не успеавме да идеме, сакаше сепак да му купи поклон и делевме и за тоа трошоци. Тие луѓе никогаш кај мене немаат дојдено, дека и не славам а и не ми иде да ги поканам. Ама ајде ова е ситница веќе, веројатно другото повеќе си влијае за да и за вакви работи подзамерувам. Вака субјективни осјечај ми е следниов: Дека сум му се погодила мирна и вредна, да го слушам, да не му правам проблеми и да си ги оствари целите со помош на мене. Не го ни среков како што треба, ама чудно се осеќам во целава ситуација. Веројатно не е она што точно го мислам, ама некако не се осеќам океј, ич некако не ми е работава ко шо треба. А и не знам како да му кажам без да го навредам. Не знам како да постапам.
Женска, нема шо да му кажуваш а и да му кажеш џабе ќе биде. Ти како шо го опиша типот сака да се покажува дека живее на висока нога а уствари лесно е да се правиш газда ама тешко е да газдуваш. Прво од мене совет не се брзај да се мажиш штом е ваков. Друго нема да го смениш, не за друго и сама кажуваш и татко му купил џип наместо да реновира или да поднови тоа што ни да речеме дека татко му на татко му не го чепнал - сваќаш сеа? Генерациски пренесено е од едниот на другиот и тука мислам дека воопшто не си одговараш. Друг совет шо ќе ти кажам, намали да го викаш кај тебе, моите се во станот ова она ќе го маваш некое време да видиш дали ќе смени понашње во смисол на заинтересиранос. Иначе ако се земете дефинитивно ќе користи од тебе за да се курчи еј видете колку сум ја јак и на прво место ќе му бидат колите, саатите и останатите материјални работи кои него му го креваат егото. Незнам како сте со делење на трошок кога сте заедно ама ај да речам еве дека се тој покрива, тоа шо не те носи дома најверојатно е несигурен а може и му е срам демек не е среден ама п викаш зема добра плата за да реновираш дома со 5-10 000 евра ќе среди типтоп да речеме. Стај се малку на дистанца ја лично мислам дека од корист си повеќе одколку што си од посакување( извини морав да бидам искрен оти и мене минсе случи исто вака и само одложував) намали со кај тебе да видиш дали ќе почнеш ти накај него, и ако почнеш не одбивај оди колку можеш почесто спии чисти готви таман и ќе ги запознаеш неговите и ќе имаш некоја претстава шо и како би било ако се нафатиш да идеш таму. Ќе си дознаеш на што си Едит: напрај си муабет со твоите вака ко шо ни кажа нас ќе си кажеш дома, отворено нема шо да се срамиш. Тие ќе дадат мислење кое мислам дека најмногу ќе влијае и ќе биде во позитивен правец.
Слушај ме мене, немој ни по разно да си влегла во брак со него додека не ги решите овие работи. Ако не ги решите, дај му клоците. Он сега чим си тера по негово, во брак уште полош ќе биде. И пари никако да си давала да реновираш кај него. НИКАКО.
Jas od maska gledna tocka go gledam ova koo sa se praj kurac i pol i nedomajcin coek. Prvichno na coek so e familijaren ce gleda da si sredi doma i sekoj covek treba da ima zasteda i da planira neshto. Treto to ao dzipot samo glup mozi uporno da trubi mu trosi mnogu i sepak go cuva i vozi.
При мој стан да одам да живеам во куќа со негови е многу бед трип. За џипови и остали курцања не би ни коментирала. Сори, не е работата ко шо треба и да, тебе ти се вредностите ок. Мислам за мои стандарди, заостанати, да сум газда на моето, да ми е домот топол, да не се фалам со небулози шо не се за фалење.
Тежок е фраерскиот живот. Вакви знам многу што зимаат кредити за коли и одмори а дома куќата ќе му падне ама битно марка фармерка носи и пие џек на чаршиа
@Цунами, според мене си имаш дечко со комплекс на пониска вредност, кој се срами кој е и од каде потекнува па компензира со скапа кола, скап саат, Сони што има секој втор, али за него е вау, и кој со тие фејк фрлања пари по кафиќи и ресторани дава впечаток на парајлија. Што чисто сумњам дека е. Искрено, неговите немаат пари ко што сакаат да личат со џипоите на лизинг земени. Да имале, куќата ќе си ја сределе, а нема он на тебе да чека да вложите у неа, него ли до сеа семејно ќе се оправеле. Плус, ако татко му купил џип, не значи дека има пари. И очигледно се срами од домата, чим ни тебе нит пријателите не ве вика. Али тоа е нивен проблем, нивни пари, нивен живот. Твое е да процениш со ум, а не со срце. Ја тука не глеам домаќин, нит домаќинска фамилија, со која ќе треба утре да живееш. Ми личи ќе ги носиш цел живот на грб, и плус лично сметам дека он тебе те искористува како некоја понатамошна материјална сигурност... Те гледа домаќинка, мирна, добра, ќе има што да цеди... Плус сигурно си од добра фамилија, средена, со добра работа, па и он се фејка дека е ист, за да те задржи, оти му го креваш егото, и ликот. Немој да завршиш ко моја другарка скоро, со ист профил на човек, само минус 3 иљади евра на заем шо му ги даваше да го живее својот фејк живот, и плус он неа ја остави оти многу му серела за финансии и штедење... Yeah, right.
Овие се тешки будали цела фамилија, чекаат снаата да им реновира а они да се курчат. Запознав еднаш еден таков, женет со две деца, во една вечер по кафаните трошеше 300е, а сабајле жена му му викаше да донесе ѓеврек за децата и за тоа - пари нормално немаше. Се надевам дека таа го има баталено и се имат разведено.
Па истото и го кажав, ама само нека престане да го прибира кај неа и типот сам ќе си покаже право лице. Он ќе ја остави нема да мора таа Си нашол јагне и си игра
Јак „фраер“ сака да се покаже и да глуми елита и да живее снобовски, додека како што викаш за битни работи за кои треба да носи одлуки, не му се мисли многу. Не е убаво ова ама ич. Паметот него му е тој, ти нема да го смениш. Делува разгалено претерано и ко да не може некако да разграничи што е приоритет а, што не. Не ми личи дека е спремен за брак он, уште ко да лета со паметот. И доста црвени знаменца има во врската според ова што го пиша. Адидас добар совет ти даде, немој некој посериозен чекор да преземеш, да ти влијае некако и да те убеди па после да се каеш. Мора како маж заедно со тебе да го реши тој проблем во врска со станбеното прашање па и за се друго. Штом ти вика интуицијата дека нешто не е у ред, значи така е. Слушај си ја и не избрзувај.
Абе вака може ептен лошо звучеше ко шо го опишав, не е до толку. Ама и мене ми е без везе можа неколку годишна каква таква заштеда да ја дадам за да реновирам кај него дома. Ние за брат ми од снаа вакви ствари не би чекале. Фала ви за мислењата. Само да размислам како да му искоментирам за тие ствари. Дека има пријатели, т.е. кум им е кои исто така правеа, заедно кренаа кредит и кај мажот спрат си кренаа. Не знам, на две сум, ама малце ми е мех целава ситуација, по малце несигурно се осеќам. Вака моиве го запознаа и го носев и на гости, го засакаа. Ама колку може да се види од малце. Моиве коментираа во стил, што да прави детето ако неговите немале, тебе да те почитува е битно. Ама страв ми е да не биде после лошо во брак. А за џипови вакви ствари, ист коментар имаат и ми велат да не брзам. Вака инаку е многу добар човек и супер се однесува со мене, само едино што ми е страв да нема задна намера некоја... Вака е вреден и сам си заработува, не чека од никој, ама има нешто што не ми штима. До сега со други што сум се гледала (кафиња сме пиеле, неколку дејта, ништо повеќе) не биле такви и не размислувале така. Мислеле дека они најголемиот дел треба да го обезбедат.