Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    678
    Пол:
    Женски
    Имам една комшивка вака, мрзлив малце мажот, таа сама од порано си го имаше купено станот. Кај неа се досели, сега кога ќе и идам на гости, не знае дали да фати работа на страна ради финансии дека не му иде добро или да се чува во бременоста.

    Од вакви сценарија имам страв. А не е прва таква што ја знам, ни последна.
     
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    28.659
    Пол:
    Женски
    А дома дава пари за сметки? Дава пари за јадење? Сам си готви, сам се пере? Не. Он си е научен да си ужива а некој друг да ги сносува одговорностите.
    И затоа и не те носи кај него, за да не им ги видеш правите лица. Нешто да не им се испушти од уста.
    Биди внимателна, со таков човек во брак нема да ти биде арно.
     
    На eliesaab, Dentina, Polyincognito и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    5.243
    Пол:
    Машки
    Епа не се брзај. А вече ако си решена речи му да поживеете прво заедно 5-6 месеци па после некое време да се регистрирате. Таман да видиш дали ти одговара. Ама прво престани да го земаш кај тебе нонстоп па ќе си го смениш патот во друг правец верувај.
     
    На Polyincognito и Цунами им се допаѓа ова.
  4. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    678
    Пол:
    Женски
    Неее, помага многу. Дели сметки, купува работи, ич не е себичен за тоа. И за кај мене некогаш носи, во првата порака сите ептен лош впечатов добивте за него. Фин човек е, ама сепак има нешто што како да не ми штима. Како да не знае приоритети да си стави за финансии и трошење. Или има потреба да се покаже ради тоа што во минатото не можел ете.. стварно не знам. А за тоа какви се неговите реално само знам од кажување, тек би ги запознавала.
     
  5. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    28.659
    Пол:
    Женски
    А од кај знаеш дека купува кога викаш дека само еднаш или два пати си била тамо? Од тоа он шо ти го кажува?
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    678
    Пол:
    Женски
    Да, ама за тоа му верувам.
     
  7. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    28.659
    Пол:
    Женски
    Само не брзај во брак да влегуваш, и живеење во таа куќа НЕ.
     
    На Polyincognito, Gosh и Цунами им се допаѓа ова.
  8. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    678
    Пол:
    Женски
    Па кога збориме на таа тема, првиот пат неќев таму да живеам. Му викав нешто наше да купиме. Почна да ми вика дека сум му менувала животни планови, дека тој веќе почнал нешто да прави и почнал со инвестирање. Арно ама, после толку време ништо нема чепнато и тоа така му стои едно собиче само доградено еден ѕид и прозори ставено. Другото не е чепнато. На таа плата до толку да не може да се тргне на страна, не знам, некои работи ми се чудни и од внатре друго ми вика, се надевам дека само филмови си правам. Не ми е проблем да бидам со човек што немал среќа неговите да бидат добро ситуирани. Само други работи како недомаќинлук ми сметаат доста.
     
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    28.659
    Пол:
    Женски
    Дечково зрачи со црвени знаменца.
    Си му менувала планови??
    Девојче, он си има планови за него, а ти ќе му бидеш само домаќинка за по дома..и уста нема да смееш да отвориш.
     
    На raww, Dentina, Polyincognito и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    678
    Пол:
    Женски
    Не знам како да ви кажам не е тој воопшто лош. Човек без маани нема, само побарав совет за тоа како да му пристапам и да разговарам за тоа без да го навредам во стилот сиромашен си ова она...
     
  11. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    4.459
    Пол:
    Женски
    @Цунами Би сакала само да ти посочам дека овде на форумов под тастатура ке добиеш грото вакви коментари кои не оспорувам дека во некои има вистина но некои се преисфорсирани, што во живо никој нема муда да ти даде вакви совети. Луѓето се силат само онлајн, затоа не се нервирај и подобро да пишеше кај негого во порака отколку вака да ја силат работата
     
    На sj *O* и Цунами им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    28.659
    Пол:
    Женски
    Види најискрено да ти кажам. И баш ме боле шо на поединци тука ќе им звучам ко спонзоруша.
    Маж шо дома живее како партал а вози скапа кола - нема ништо од него. Само филмови.
     
    На злоба, Nausicaa, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    678
    Пол:
    Женски
    Ви ја сфаќам поентата и на двете. Инаку човекот е далеку од партал, ама сепак има некое како што го викате црвено знаменце. Ама јас совршен човек не познавам, нема ни да запознаам. Сметам дека првин треба да се работи на поправање на работите отколку на менување. Мене вака лично ич не ми е пријатно да скокам од фраер на фраер, и тешко впуштам луѓе во животот, посебно за ваква блискост како што е партнер. Човекот е добар, само што ми требаше совет за тоа како најправилно да му пристапам без да се навреди ниту една страна, а да се разреши тој проблем.
     
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.621
    Допаѓања:
    44.928
    Па мислам дека баш поради оваа причина прашуваат луѓево на форумов...:|
     
    На Nausicaa, Dentina и Цунами им се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    28.659
    Пол:
    Женски
    Нема шо да му вртиш муабети. Ќе го седнеш и ќе му ја кажеш вистината. Дека не планираш да живеете со неговите и дека сакаш заедничко да си створите. И гледај реакции од него, ама стој си на твоето. Ако почне да глуми тодлер, ќе си го знаеш одговорот на твоите прашања.
     
    На Dentina и Цунами им се допаѓа ова.
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.697
    Допаѓања:
    15.049
    Пол:
    Женски
    Па добро де, не ти рекоа откачи го одма, и да ти рекоа ти си знаеш најубаво како ти е и твојата одлука е конечна.
    Ама земи ги сите околности во предвид.
    Не толерирај некои работи кои не се за толерирање само зашто го сакаш.

    Само разговор со отворени карти, дај му до знаење за се што ти пречи и што ти предизвикува недоумици. Твое е да си кажеш што мислиш и да очекуваш малку барем да се потруди да те разбере па да почне нешто да промени кај себе, секако ако сака и е спремен за тоа. Со сила не можеш ништо. Ако те сака верувам би се потрудил да биде поразумен и да носи поправилни одлуки кои ќе бидат во ваша полза.

    Убаво би било како што кажаа заедно да живеете некој период да видите како би функционирале.
    После ќе знаеш на што си поконкретно иако не дека и ова е сигурно 100%. Сепак би биле постојано заедно и подобро би проценила некои ствари.

    @Youknow зашо вака реагираш? Како да и кажеме?
    Се е супер, терај си, топ ти е.

    Прашуваат луѓе и секој си дава коментар и мислење од свој агол како глеа на работите.
    И поарно директен одговор да добиеш ама искрен него да те тапша некој по рамо дека се ти е убаво и нормално дека е, а не е.
     
    На Dentina, Adidas888 и Цунами им се допаѓа ова.
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.620
    Допаѓања:
    63.688
    Пол:
    Женски
    Абе види, не значи дека дечкото е лош, туку можеби не сте компатибилни. Станбеното прашање е клучен фактор во секоја врска и дури не си го решите и двајцата не сте задоволни со донесената одлука би те советувала да не брзаш. По колку години имате ако не е тајна?

    Мисли на ова вака: Утре ќе се венчате, ќе отидеш во таа куќа. Ќе те нервира тоа што се распаѓа, а надвор џип паркиран. Ќе сакаш да си повикаш пријатели, ќе сакаш да ги викнеш твоите, брат ти, нема да можеш. Ќе треба ти да одиш кај нив (ама и тоа не можеш цело време). Еве дете ќе имате, и тоа ќе сака да си викне другарчиња. Кај ќе ги викне ако викаш дека во куќата ништо не е реновирано уште од памтивек.

    Затоа седни го и објасни му ја целата ситуација. Не е ова мало прашање за да се изигнорира. Многу девојки тука грешат и после за назад е многу потешко.

    Ако те почитува и сака ќе сака и тебе да ти е убаво, и ти да уживаш и ти да се осеќаш како во твој дом, а не никогаш да не те викне кај него.
     
    На Martka, theowndemon, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    2.839
    Пол:
    Женски
    Ако е добар и те почитува и сака , отворено кажи му дека не ти се допаѓа како управува со платата.
    Нека ти ја дава тебе, живејте во твојот стан, делете трошоци, а заштеденото од неговата плата нека се инвестира во реновирање на неговата куќа. И повеќе е од фер. Можеби ке го научиш нешто, можеби нема да се согласи. Твојата заштеда нека биде само твоја, па можеби еден ден, ако се биде добро небитно ќе биде чија е. Убаво е да веруваш дека ќе успеете, но сепак не избрзувај.
     
    На Tinaaa, sj *O*, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.728
    Допаѓања:
    192.956
    Сиромав човек не вози џип.
    Мене џипот ми е црвено знаменце:D

    Не. Некои работи не се поправаат.Тоа е животен стил или како сакаш речи го. Што ќе му кажеш, абе дај уозбили се и нареди ги приоритетите правилно? Не оди тоа.
    И не е скокање од фраер на фраер, бирање на соодветен партнер е. Во секое искуство учиш со што не би можела да живееш. Ко ќе нема црвени знаменца, е со тој можеш да живееш. Не е ова лубеница, ај првата ќе ја земам, no big deal, бирање партнер е единствената работа која е само и единствена во твоја моќ. Школо, кариера, не зависат само од тебе, ама партнер богами од тебе зависи.
     
    На Martka, theowndemon, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.697
    Допаѓања:
    15.049
    Пол:
    Женски
    Ох, на ова кој би се сложил? :| Тешка работа тоа.

    Туку да му стане јасно доколку е можно дека треба и мора да собира средства за клучни работи, доколку сака свое семејство да формира и да го издржува. Нормално заеднички, штом и двајцата се самостојни и независни.
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.