Така е. Но, некои семејства умеат од денар два да направат, ги бива просто. Нејзиното спаѓа во тие, неговото не. Таа се жртвува да му помогне. Кај неа да живеат, трошоците да ги делат, плус да му штеди дел од платата. Ако е паметен ќе прифати. Тоа би значело дека е спремен да формира семејство.
Работата е шо неможеш да му помогнеш на човек ако он не сака. И треба да прекинеме да мислиме оти треба да помагаме и да ги променуваме мажите. Чим си е таков, значи таков си е. Ако ти чини земи го, ако не, не.
@Цунами јас би разговарал отворено да се знае кој што гледа и цени повеќе. Јас пример го делам твоето мислење дури не си средам дома прво и да ми е убав и топол домот и чист, немам други приоритети.. Не знам колку сте заедно и колку се познавате ама човек најмногу че го запознаеш ко че живеете заедно и делите пари за нешто.. ќе видиш дали навистина ти одговара.
Е да е така просто. Многу чинеле на почеток....некои работи можат да се поправат,ако се сака и разговара отворено.
Ама еве овој не чини во овој случај. И она пробува да го промени. Дај боже да се промени, ама јас не верувам веќе дека луѓето се менат. Можат успешно да го скријат тоа али да се променат не.
Сето ова! Ама, и по луѓето околу мене од слични семејства не се надевај многу дека ќе се смени. Во брак ова недомаќинско однесување или нз како да го наречам ќе биде пуштено на најјако. Сериозен разговор, сите карти на маса и отворено кажи му што не ти се допаѓа.
А ова со платава ме задума малце. Сеуште не сум во брак, али не е добра ли идеја да си направите една заедничка сметка и да речиме од двајцата по 10-15% да си оставате настрана пари да речеме за реновирање дома или за на одмор? Или многу розово гледам на работиве?
Многу розово глеаш Старк. Сите знаеме дека платата на мажот е заедничка а платата на жената е само на жената.
Ова твоево убаво звучи но само со чоек од доверба до тебе би профункционирало. Баш онака тимски да се игра и ко прави партнери. Туку, у брак нели финансиите се заеднички? Или сепак не? Според мене не се баш. Во идеални услови би требало но животот не е идеален.
Како не чини? Според неа има само една мана, се расфрла со пари, а не си го средил домот бидејќи така е научен, не знае за поинаку. Имаш еден куп такви мажи, жени уште повеќе. Човекот има нејасна желба за поубав дом, не е дека му е идеално само да се всели кај неа. Глупаво е само да се растури убава врска, поради тоа што не е се идеално. Ако се сакаат,ова може да се реши. Отворен разговор и малку труд заеднички.
Не знам како не се. Јас купувам пример леб, он салама, и јас јадам само леб, он само салама? Секако дека се заеднички и секако жената ги менаџира. Да не бев јас, мажот ми сеуште од најскапиот маргарин ќе купуваше и ќе имаше холестерол сто. Затоа сега јаде лосос и кај и да е, и брод ќе купиме за сами да си ловиме лососи Е џип нема јбг
Остај ја кравата да не дојде метлата Ај, да не бидеш оф-топик, кај твоите дома кој ги менаџира парите? Или секој посебно јаде тоа шо си купил?
Site na tate na grbot zivejme Negovite se nasi a naste si se nasi i site sme srekni valjda i on e Ako nemoze edno blaze od 35 godini da izgleda kuso da e
Алал да ви што вака си се разбирате, сите треба, а не мрчење само и за ситници и за све останато. Па од тие ситници ете ти ги големите проблеми како настануваат. Ти управуваш скроз со финансиите или? За маргаринот убаво што си го одучила, путер само, никаков маргарин. И џип ќе има бе, чим стигнавте и до брод, јахта можеби е у прашање? Заедно нема што не може да се постигне. Ако се сака де.