Не знам како не се. Јас купувам пример леб, он салама, и јас јадам само леб, он само салама? Секако дека се заеднички и секако жената ги менаџира. Да не бев јас, мажот ми сеуште од најскапиот маргарин ќе купуваше и ќе имаше холестерол сто. Затоа сега јаде лосос и кај и да е, и брод ќе купиме за сами да си ловиме лососи Е џип нема јбг
Остај ја кравата да не дојде метлата Ај, да не бидеш оф-топик, кај твоите дома кој ги менаџира парите? Или секој посебно јаде тоа шо си купил?
Site na tate na grbot zivejme Negovite se nasi a naste si se nasi i site sme srekni valjda i on e Ako nemoze edno blaze od 35 godini da izgleda kuso da e
Алал да ви што вака си се разбирате, сите треба, а не мрчење само и за ситници и за све останато. Па од тие ситници ете ти ги големите проблеми како настануваат. Ти управуваш скроз со финансиите или? За маргаринот убаво што си го одучила, путер само, никаков маргарин. И џип ќе има бе, чим стигнавте и до брод, јахта можеби е у прашање? Заедно нема што не може да се постигне. Ако се сака де.
Маж плаќа сметки, жена решава за инвестиции. Такви небитни ствари-кај ќе живееме, што ќе јадеме... Пошто џип е жив зијан, не можит-вели ќитапо Какви предизвици животот носи, уште за ситници да не се согласуваме, пиши пропало у старт.
@Цунами "Нешто не ми штима" - тоа е твојата интуиција која се обидува да ти каже да не си ја ставаш здравата нога во трн и да се спасиш на време. Тоа што го гледаш сега, во брак може да биде само 10 пати полошо. Нема со сигурност да се промени магично, ниту кон подобро.
И да имаш немаше да даваш. @Stark нема идеално, нема кантар. Некој плаќа с-ки, некој храна, некој регистрации, некој одмор...се додека има договор нема проблем.
Брак на домакинче и трошаџија знае да е напорен. Јас сакам да трошам на себе, и проблем беше кога не заработував. Маж ми е кон мене крајно несебичен и ако треба он нема да купи за себе, за да има за мене. Но јас се нервирав. Кога ќе дојдат деца, сепак е друго. Повеќе пазење. Јас се контролирам повеќе, тој се опушта понекогаш. И во ред е ако се има и за трошење и за штедење. Еден е животот, ама пак не е фер еден да црнчи, друг да ги писка парите. Вие не сте во брак и многу сте различни. Ако не смени навики тој, ќе бидете во конфликт често.. Нема ти што да плаќаш за поклон за негови другари. Ако седи кај тебе, дали плаќа сметки или ете он купува храна и други ствари за хигиена или дел од сметки. Ако не сака џипот да го продаде, нека не кука зашто иритира тоа. Нека работи повеќе за да има за џипот. Ко галениче му е ваљда. Ама тотално ралични луге, нема да успеат во брак Нема што да се мислиш како да му кажеш. Прашај го искрено зошто не те вика дома. Вака делува како ти да му си инвестиција штедлива и работливА. А за другарите, не ми е јасно ни што ни како. Дома исто. Не брзај во брак. Нормално е да се запознаат повеќе типови луге. Ако не кога си млад, кога? Алармите внатрешни служат за нешто. Ти од што си фина, може да си и наивна.
Јас ќе се повлечам од темава и од разговоров. Човекот е добар и е човек пред се, без разлика на било какви маани, не мислев да го шутнам или нешто слично ради еден проблем. Ако планираме заеднички живот заедно мора да се прифатиме едни други и заедно да растеме. Јас се што побарав е некоја помудра и постара феминка (или ако некоја имала сличен проблем како дошле до нзс) да ми даде совет како да му се обратам и да му кажам што ме мачи и како се чувствувам без ниту една страна да заврши навредена. Фала ви многу на феминките што ми пишаа во лична порака, ми помогнавте
@Цунами што и да ти кажеме одлуката на крајот е само твоја и ничија друга, ти го познаваш него многу подобро од ние овде па врз основа на кажаното ќе ти дадеме совети. Малку доцна се вклучувам, но лично јас не би била никогаш со таква личност на кого му се цел другите работи пред да си го среди домот кој плаче за реновирање. Самите тие треба да бидат свесни за тоа, а не некој друг од страна да им кажува како да постапува. На крајот, со среќа да ти е што и да одлучиш.
Твој живот, твои избори и последиците од тоа, добри или лоши ти ќе си ги сносиш. Е сега неколку овде ти кажаа да ги решиш работите пред да се мажиш, за да не страдаш понатаму. Едно е кога сте дечко и девојка, друго е кога живеете заедно. И немој да мислиш дека ќе го смениш ни ти него, ни тој тебе, ако си спремна да живееш така добро, ако мислиш да си ги вадите работите на нос, кога тогаш ќе пукне тиквата и само ќе се измачувате. Живот се гради со некој со кој си на иста фрекфенција, тоа што водите различен живот, сакате различни работи, не те прави лоша ни тебе, ни него, само можеби капачето и тенџерето не си одговараат во ситуацијава, е сега ако ептен сакате да сте заедно тогаш мора да се прифатите такви какви што сте. Старите велат: Очи гледале, очи плакале. Што и да си одлучиш, нека ти е со среќа и тебе и нему.
Џабе и давате совети, човек понекогаш додека е заљубен ништо не гледа и ништо не слуша. Ова за мене и не е така мал проблем, еден ден во брак ќе ти биде еден од поголемите проблеми ако не се промени, а посебно деца кога ќе дојдат. Не знам по колку сте години ама ако сте повеќе од 25, ова и те како е проблем. Не е проблем да нема човек, проблем е што нерационално се трошат парите. Убаво кажа јас сум од скромна фамилија, со работливи родители. Дома да е средено, удобно. Исто и јас. Татко ми цел живот работи, куќата наопачки не знам колку пати ја реновираше, не дека сме имале којзнае колку, некогаш е имало и повеќе, имаше денови и едвај за леб сме имале. Ама сме биле секогаш скромни. Секогаш татко ми вели и кога имаш, и кога немаш држи една средна линија, не кога имаш лупај пари за свашта, па после и најефтиниот сок да ти е скап. Тоа си го врежав во глава и до ден денес нозете ги пуштам пократко отколку што можам да си дозволам. Твојот дечко супер ќе функционира со девојка со таков карактер или ти да се преточиш во неговиот. И не знам зошто да биколиш, седнуваш и кажуваш што искрено ти смета, карти на маса и тоа е. Не ставај проблем под тепих, еден ден многу ќе те чини.