Auuuu boze boze,ako ne saka nemora,da ne pa se e vo ubavinata,gluposti Ete se gleda kolku mu e pametot,kako na petel... A oti ti e tesko be devojce,clenot te prasa kolku godini si,so e sporno ne znam,vo zivotot treba da ocekuvas sekakvi udari,ako te odbil ne e kraj na zivotot
Замисли имаш бизнис и на некој од муштериите не му се допадне, на пример отвориш бутик за облека и некој муштерија вика, не ми се свиѓа кошулата (лупам) ти во овој случај би го затворила бизнисот...еве ти како ова, што човек си ако други така лесно те рушат? Што? Попрост пример не можам да дадам.. Поработи на себе, девојче и фала богу, барем не си го молела си пишала ок ако така мислиш фалаа богууу
Верувам дека не е едноставно, ама животот и тоа го носи, луѓе што се разведуваат со деца, они па треба да се обесат, ако се како членкава...
Во ред е, блазе си Ви на Вас што не сте толку осетливи, едноставно не сите реагираме исто на некои работи.
Луге ти кажуваат совети, ти се контраш. Битни се години, зашто ако си 18, еден е советот, ако си 30 е друг.. Ем прашувате, ем неќете потпрашање.
Те прашаа за години пошо делува детски напишаното. Ја би да умрам ако ми кажат дека имам терминална болест, а не пошо на некој м*чко не му се свиѓа мојата коса. Ама ај ќе научиш. Порасни и работи си на самодовербата. После нема на таквите ни на телефон да им кренеш.
Да се надоврзам на се ова Имам брачеда нешто слично како на членката зема од убава бујна црна коса за него се офарба плава и дури ја ишиша пола и повеќе за типот на крај да и каже "Не ми се допаѓаш пак" .......
Форумот денес бе лајк: - Дечки да ве прашам нешто. Вака, така, онака, што да правам? + Па види, вака, така, онака. - Извинете што прашав, не ми кажавте тоа што јас сакав да слушнам, тој/таа си е супер, не е таков/таква како што велите и така да, ќе си терам како јас си сакам. + Ок
Секој е убав на свој начин. Цени се и сакај се себе и не дозволувај некое машко да те гази. Знам како ти е, сум била на твое место, но те молам, не дозволувај ова да те уништи. Верувам дека си прекрасна личност.
Те прашаа за години за да знаеме што да те советуваме. Според пишаново, сигурно си многу млада. Допрва ќе се соочуваш со вистински проблеми и предизвици во животот, ова што го пиша не е ниту проблем. Ти го гледаш така ама не е. Можеби не е изгледот во прашање, ете рекол да не комуницирате и во ред, што губиш ти со тоа па сега сакаш да умреш заради некој никаков фактор во твојот живот? Си го засакала и ти ги повредил чувствата? Ова е тешко, да, првиот пат во животот, вториот, третиот. После ќе ојача човек и ќе се смее само на тоа што некогаш сакал да умре поради таква работа. Сакај се себеси таква каква што си, во животот ќе има луѓе кои ќе те сакат и нема да те сакаат, кои ќе те напуштаат, но не смееш да паѓаш под влијание и да се обесхрабруваш.
За да освоиш некого не ти треба шминка, штикла и фризура. Не дека не е тоа дел, што не влијае. Ама би го освоила со карактер и ценење на себеси.
Благодарам. Не сум многу млада, само што едно време се лечев од анксиозност, која за жал повеќето ја имаме, неповрзано дали сме 18 или 30, исто така стручно лице ми има кажано дека сум многу осетлива како личност, на работа сум иста кој што да ми каже ми доаѓа да плачам, не се сакам што сум ваква, ама тоа е посилно од мене, сепак на некој начин свесна сум дека не треба толку лично да сфаќам с нешто ќе ми биде кажано од друг
Поработи на самодовербата. Не е крај на свет, ќе дојде некој на кој што ќе му бидеш се. Фер е од негова страна што ти кажал дека не сака ништо место да те влече. Млада си не очајувај па ќе умрела за тоа глупости. Се најдобро
Другарка порано се допишуваше со еден, цело време како другарки коментиравме, не е убав, она викаше ма јок не искачам со овој... Додека еден ден се реши да му даде шанса вика џабе не ми се свиѓа, ама излезе два три пати, однесувањето колку се трудеше за неа и се однесуваше спрема неа ко кралица, вика со тоа ме освои и го засвиѓала еве веќе 3 год се во врска, така да.... Не е баш се во изгледот, јас па верувам дека секој од нас си има некои свои квалитети, е сега кој ќе ги примети и види истите
Епа тогаш ги знаеш причините зошто реагираш така. Анкс и несигурност и осетливост и атачмент како кај бордерлајн ( не велам дека си тоа, туку да илустрирам на што мислам, ), се е во игра.. Поарно ќе било типот да те гоустнел? Значи точно на ова мислев, на 16-20 ќе ти речев : нека шета, има многу риби во морето. На 30: побарај психолошка подршка. Ти изреагира напнато и на нас непознати луге, тек еве на некој што велиш го сакаш е драма нормално. За тебе. Ама не е до него. Тој е ваков или онаков. Боље од гоустинг или да те лаже. Ќе зацврстиш со читање и равота на себе и искуство. Не се умира така лесно. Одбивање е дел од животот. Стани, истреси прашина, и оди понатаму. Знаеш дека можеш!
Вака сега.. Ако не се искажам овде не знам каде на друго место.. Имам дечко веќе година, дечко ми е од село и има куќа на два спрата. Кога ќе најдам прилика седам кај него поточно со неговите. Е сега проблемот е што пред неколку дена седнав да зборам со дечко ми дека во иднина кога би се омажила за него(заедно тоа го сакаме) сакам да живеам во СВОЈА куќа каде што ќе бидам сама и каде што ќе основам семејство од корен. Нагласив дека е од село затоа што сакам на децата во иднина да им обезбедам полесен и подобар живот во град, да не се мачиме да работиме тутун едноставно да уживаме во животот нормално да е полесно и за нас двајцата. Е сега, кога кажав дека сакам своја куќа добив одговор: имам јас своја куќа коските си ги оставив тука спратот е за нас и ако ти одговара така супер ако не кажи со време. Му кажувам дека заработувам доволно за да можам да гледам семејство и дека слободното време сакам да го поминам во шетање и нови искуства, по што добив следен одговор: Јас не си одам од дома и ако работиме ќе работиш и ти нема да легачиш дома. Се скаравме и односот ни се расипа, попуштив и реков да оставиме на времето дека има време пошто не сакам да го изгубам сме немале расправии се до овој момент.Работиме двајцата финансиски сме многу добри му кажувам дека децата ќе ги носиме во градинка ми вели дека дете во градинка не праќа и дека како неговата мајка што ќе ги чува и воспита нема никој да ги изгледа. Ако се земиме ќе сме се делеле во друга куќа му велам тоа е заедничка одлука и дека немаат право тие да се мешаат. Тука го израснале и не мислел да остави куќа од хххххх евра за да живее во куќа со 2 соби, не сум била прва што ќе живее со свекор и свекрва, некој што го изгледал од пелени кога ќе дојде денот наместо да им помогнел тој да ги остави. Кога дознаа неговите дека јас не сакам да живеам во заедница добив одговор од мајка му: Јас имам еден син, зошто ми е тој син кој ќе не гледа нас нема вечно да бидиме вака. Ми дава опција да бирам или ќе седам на село и ќе работам тутун( при двајцата вработени со добри плати) или да не продолжуваме понатаму. Како да ја спасам врската и како да најдам компромис? не велам дека можеби сум целосно во право но зошто така да биде со расправии и зошто да не стои зад мене туку цврсто стои на ставот од родителите. Родителите нема да се вечно со него, нема да се мажат тие за него и нема тие деца да му раѓаат. Односот го смиривме не зборуваме повеќе на таа тема но јас не сум мирна како ќе биди понатаму кога би дошло да се земиме..
Знаеш што ќе биде ако сакате да се земете? Ќе отидеш кај него и за кратко време ќе си ги собереш парталите. Ова од искуство на бивша девојка на другар на маж ми. Таа ситуирана, а тој слично како дечко ти. Не сакаше да мрдне подалеку од селото. Може да ти потврди и @Adidas888
Искрено, јас сум била во слична ситуација два пати во животот, оттогаш сум зацртала дека село дефинитивно не е за мене, не сакам да те обесхрабрувам, ама многу сакав еден дечко од село, едноставно не можев и не можев... Знам, дека можеби денешните села не се како порано што било ама еве конкретно ќе си земам за право за мене да кажам, зашто не останав со дечкото од село... За работа немаше да имам никаков проблем, бидејќи сам работеше, ама... Секое идење и доаѓање кај него ми беше чекање автобус и по 2 часа некогаш, можам да замислам па уште да работев како ќе ми беше, друго цел живот во град, цивилизација, гужва, а село ништо природа, една продавница каде што се е поскапо дупло два пати од останатите и не секогаш има се... Плус јас не возам кола, недај боже да ми треба нешто одма, буквално во село ќе мораш аптека да си набавиш, основни работи, бидејќи на пример за витамин ц, сигурно не би чекала 2 часа автобус и слично на тоа, мене ми се виде тоа многу тешко и немаше шанса да се пронајдам и раскинавме... Ти сепак не знам како е таму секое село е приказна за себе, ти нема да си во заедница туку на посебен спрат и тоа е нешто, не ти се во соба како и да е... Сепак на тебе е да одлучиш