@Hrita Уште сега ти кажува што те очекува, твое е натаму дали ќе сакаш да прифатиш. Но, верувај нема да го промениш, ниту пак тој ќе си го смени ставот. А и не гледам да ти оставил простор за компромис, да бидете и двајцата задоволни. Туку само тој како сака. Тоа е поголемиот проблем, отколку селото. Постапи како што мислиш дека е за тебе најдобро. Според мене, заслужуваш повеќе од некој ваков, што ти кажува во стил "ако не сакаш ти, ќе се најде друга"
Реши си го проблемот на време за да не те читаме у иднина у свекрви и снаи и разводи. Веќе знаеш што би те чекало па имаш два излези - или да прекинеш и да не си губиш време или да продолжиш да го убедуваш а сигурно не би имала успех, зошто по кажаното овде, не верувам дека ќе успееш. Цени си го времето и нервите.
Ќе најде слична како него. Се гледа дека имаат различни размислувања за иднината. По тоа што членката го опиша, селото не е идеално. Маж ми е од село и знам зошто пишувам. Како што пиша @franca... Нема услови. За се нешто треба да плаќаш такси или да одиш со кола. Превозот ќе те чини поскапо од еден сируп за детето.
Ми изгледа на мамин син. Ем пошто нејќе да мрдне подалеку од селото, ем со муабетот дека деца нема да праќа во градинка, туку мајка му ќе ги воспитувала и ем муабетот на мајка му за чувањето...втф... Мислам да си раскрстите со време, да не биде доцна.
Знам и по другарка од село, плаќа до продавница такси 300 ден... А замисли колку пати треба да пазаруваш во месецот, не е лесно село, треба кола за село, јас сакам село само за викенд, вака за живот за млад човек е тешко
Има и убави села. Јас со една другарка бев кај баба и на гости. Се е на дофат. И амбуланта, аптека, продавница, кафиќ... Поминува и автобус. И не треба многу да го чекаш. Има услови за живот. А таму од кај што е маж ми Јас му реков дека нема шанси таму да живеам. Среќа што ме поддржа. Членката нека размисли. Во лоша ситуација е. И плус несудената свекрва е проблем.
Ја се ставам потполно на негова страна, освен тоа за тутунот. Не е зор ако има друга и подобра опција. Бар сега за сега. Најбитно е дали се тоа добри луѓе, и он и неговите? Селото како бек ап солуција не би го отфрлил. Може да дојдат времиња во кои нема да има струја вода и храна по градовите. Тогаш едно мамино синче во лукс стан прв ќе те напушти.
Баш така, не е проблем толку селото колку што не сака да ме поддржи во мислењето. Прифатив и така да живеам таму ама не чинело и тоа пошто не прифаќам да ги работам нивните работи. Значи јас се потрудив да најдам компромис но џабе не сака да слуша за втора опција. И цело негово семејство ми суди веќе трн в око сум оти сум на тој став.
Run Многу црвени знаменца…мислам дека сѐ ти имаат кажано погоре, не си го уништувај животот со мамин син кој не те поддржува во врска, уште полошо ќе ти биде во брак. Ни тој ќе смени мислење ниту ти, а целосна спротивност сте
@Hrita Choose yourself Уште ни официјално не почнал брачниот живот, веќе имаш главоболки. Дефинитивно не вреди ако не си почитувана и среќна
Неговите беа супер се до денот кога го истакнав мислењето и настана хаос. И тој ме чува влакно да не ми фали што најбитно е да те гледа така. Но што е со тоа кога ќе се пазиш да не правиш галама пошто спијат нели долу да не ги разбудиш, да се скараш ќе не можиш пошто ќе слушнат па ете ти после дупли мешаници, кога ќе сакаш да одмориш ама дошле гости и цело време има галама, пошто е село и си во една куќа портите се отворени и по цел ден идат и си одат луѓе, што е со тоа кога стварно ќе почнат да се мешаат и ќе бараат влакно во јајцето и ќе ми го изваат низ нос од типот ти си овде дојдена невеста и нема така само да лежиш туку ќе работиш и ќе не гледаш. Кога ќе нараснат децата ќе сакаат да излагаат да шетаат, кај ќе шетаат,сред село? Другарите ќе го викнат на кафе ќе мора да ги одбие зошто? Пошто нема кој да го однеси. Секое сабаље да станува да чека автобус за на училиште и истото за назад и така секој ден
Пред се, имате спротиставени ставови и мислења за доста фундаментални работи, прашање е за шо друго потенцијално не би се согласиле.Тргнувајќи од тука, најдобронамерно ќе те советувам, бидејќи се уште сте рано во врската, да го сечиш проблемот директно во коренот. Компромисот е многу битен во една врска. За тој да успее се потребни мин. двајца, а по напишаново забележувам дека на партнерот тој поим му е непознат. Всушност тој ТИ НУДИ еден веќе осмислен план за иднината, без можност за промени, прилагодувања и сл. Ти едноставно го прифаќаш или не, нема трето!
@Hrita, јас па од друг агол би те советувала, со 19, 20 години уопште и да не размислуваш на брак. Прво земи факс заврши, па вработи се, па тек потоа... Те имам читано и предходно. Стекни прво животно искуство, за да не може некој поискусен и постар од од тебе да те уценува и контролира, без да му биде гајле за твоите емоции и потреби. Него животот му е испланиран, сакал идел работел странство, сакал на село да живее, тутун да ниже и мајка му снаата да ја гледа, нема компромис. А ако ти не му учиниш, ќе му учини некоја друга. Него не ми личи ко да му е гајле дали баш ти ќе бидеш таа.
Зошто ти бараш кои мпромис да најдеш кога другата страна дава апсолутен ултиматум? Денес ти дава ултиматум за ова, утре за остатокот од животот. Не ги гледаш темите за свекор и свекрва? Со ваков однос тешко дека би застанал до тебе ако има утре некој проблем.
Овде се ти е кажано од а до ш како он сака да биде во иднина не ти оставил никаков простор за компромис.За компромис се потребни двајца.
Не е овде проблем селото за жал. Тебе така ти изгледа дека селото и тутунот се единствена пречка бидејќи го идеализираш човекот. Има села 200 пати подобро средени од било кој град. Човекот не ги почитува твоите желби и мислења. Не велам дека мора да се согласи со нив, туку барем почит и разбирање да даде. Компромис може да се направи за сѐ во животот, така и за ова. Работа во град, викенд на село и слично. Тука има и друг проблем кој ти не го гледаш. Син, единец, гордост на мама, бебенце, синче, наследник, владател во фамилијата, внуци, презиме и слично. Ти и да отидеш таму, тој секогаш ќе ја слуша мајка му. Таа дома ќе ви реновира, таа ќе одлучи ѕидот каква боја да биде и кој каде ќе спие, што ќе има за ручек и како треба да се воспита дете. Секогаш ти ќе бидиш крива за се, за секое немиено тањирче, неисчистено, нефрлено ѓубре и слично. Така да не е проблем селото.
Настрана од ситуацијава... Немој, ама немој никогаш @Hrita да вложуваш предвреме во сопствен дом настрана додека не си сигурна дека некое трето лице нема да се вмеша или не најдете заедничко решение без разлика дали ќе биде тој или некој друг или се додека не бидеш сигурна во неговите намери. Другарка моја со бившиот вереник, изградија куќа, тип топ, па дури таа зеде кредит и на крај заминаа странство благодарение на мајка и. Типов го искористи тоа, го повлече брат му, а неа ја остави, во долгови, сама. Очи четири отворени. И размислувај со разумот.
Не е проблем селото колку што е проблем неговото размислување. Сака да наредува. Жената треба да му слугува. Исто такво размислување имаше (и се уште има) другарот на маж ми. Ене го... Уште е сам.