Red flags all over the text.. Мене највише од сѐ ме загрижи шо неќе детето да иде у градинка, ко секое дете. Него баба knows the best..
Внук му кога го носеле во градинка не го гледале како што треба,детето плачело и со плачење заспивало. Е сега истото дете има шеќер и мислат дека од нервозата што ја имало таму го има добиено и шеќерот. Детето доби братче и нема да го носат во ниеден случај во градинка така и неговите деца немало да одат ради внук му што има шеќер.
Нц нц нц, ко божем е единственото шо се разболело во градинка, така се билда имунитет, жално е за детето у секој случај, ама стандард македонче, во секоја сфера се разбира. Run girl, run.
Скроз бегај, не само од него, цела фамилија ми изгледа на неоткриена дијагноза Од село подалеку не виделе, они најпаметни се Јесда немам проблем со селани, со села општо, меѓутоа во вакви работи се разликуваме од нив во менталитет, факт Има исклучоци, има и во град вакви, ама се исклучоци Нема да се поклопите и за други работи понатака, ти ќе бидеш таа што треба да слушаш, потчиниш и ќутиш.. се дур не ти пукне филм
@Hrita Душо, не потпаѓај под такви влијанија. Знам дека го сакаш ама од љубов не се живее. Сакаш убав живот да си оставиш за да одиш во село и цел ден да се печиш по нивите? Да се збрчкаш цела во фацата? Па и детето мајка му да ти го гледала? Извини ама дечко ти е заостанат во мозокот. Остај го, нека си најде некоја од село и нека си живеат по нивите. Мер не сакаш да си бидеш дотерана, нокти да си ставиш, фризура да си направиш? Епа тоа во село нема. Во селото прстите црни ќе ти станат од орање и земја, цело време испотена, а зашо? Парите од твојот труд они ќе си го земат. И јас оставив еден дечко само заради таа причина. Детето навистина беше добро ама јас неможев да го живеам тој живот на село, кај шо само еден дуќан имаше со два кроасана и 5 леба. Човек шо е научен во град никогаш неможе да се навикне на село. Остај го. Они не бараат жена за синот, бараат слугинка и бесплатна работничка. И машина за раѓање деца.
Човеков нема спротивставени мислења туку и поставил ултиматум на девојката и веќе го осмислил заедничниот живот само по негови желби, без простор за компромис. Тука не се ни работи за љубов, туку за себичност. Ни под разно да не му ја прифатиш "понудава" пошто ако од сега вака се поставува, понатаму хорор...
@Hrita подобро сама, отколку со лош партнер што ќе ти го одредува животот по негов терк. Не само што е себичен и заостанат, туку таков ќе биде и со неговото дете. Очигледно си бара некоја што само ќе му го прифати предлогов да му слугува и роди дете, а не партнерка.
Well, this is bit too much. Извинете вака ама дечкото можеби е многу понапреден во мозокот од многумина овде градски фаци, nothing personal. Од дечки и девојки како него вие дома на масата имате месо, компири, патлиџани итн. И да бракот е токму тоа, ти не се мажиш само за него, туку и за се тоа што доаѓа со него, како и што тој кога ќе се ожени за тебе. Е сега, детето можеби ќе израсне во многу поздрава средина на село отколку во град. Бтв од една страна тоа што и дал ултиматум значи дека тој знае што сака во животот и од него и сега топката е кај неа, па таа нека си одлучи дали ќе биде со него или нема да си го трошат времето еден на друг повеќе. И секогаш ќе биде подобро да живееш мирен живот со некој кој те сака и го сакаш, отколку да ги имаш сите материјални добра, а да сте на сосема различна фрекфенција.
Како не е заостанат кога и поставил ултиматум, да живеат на село во куќа со неговите, и да копаат по ниви, па уште и направил планови кој и како ќе им го чува уште ненаправеното дете? Бракот е апсолутно за нив двајца, а не за неговите себични родители што направиле дете само за да ги чува нив на старост и да ја уценуваат снаата за да им биде слугинка што по дома, што по нивите.
Аха да, гледам колку е напреден. Детето немал да си го пушта на градинка туку морало мајка му да го чува, она најубаво знаела деца да исчува.... поголем ред флаг од ова нема, тоа му значи оти кај нив мајка му е главна а снаата ќе биде телевизор без тон. И како тоа се мажиш за се шо доаѓа со него? Поминаа тие времиња кога се мажувале и за неговата фамилија, сега веќе жените се свестија. И девојката си кажа дека не сака да си остави супер живот и супер плата за да оди тутун да нижи. И тие пари секако нема да ги добие, туку старите ќе и ги земат. Има на некои шо им одговара таков живот и нека си живеат, ама на ова девојче очигледно не му одговара така и најубаво ќе биде да раскинат додека е време.
Не знаев дека поставувањето ултиматум те прави заостанат. Не го познавате ниту него, ниту неговите родители, ама знаете се за нив. Не ја присилува на ништо, не и ставил пиштол на глава, и кажал да си одбере што сака во животот и толку. Тоа не го прави ниту глуп, ниту прост, ниту заостанат. И се кладам дека е многу подобар и повреден човек од некој градски фаци што чекаат на +30г мама и тате да им дадат пари за кафе и да грицкаат пластична лажичка на чаршија по цел ден.
И после 20г ќе го има на телевизија како дава интервју со копачот во рака и како вика дека си зел албанка за жена....
Нека не ви перат мозок дека ултиматум значи дека знаеш што сакаш во животот. Тоа е само алатка за некој емоционално да те изманипулира. Девојката убаво си објасни во постот за какви луѓе станува збор. Вистинска здрава врска се заснова на компромис и договор а не на ултиматум. И дајте не збориме за село во Швајцарија, туку во Македонија, на спрат со неговите, што е апсолутен хорор ако старите се со заостанати мислења.
Они не се на иста фреквенција. Џабе е шо е добар, и најдобар да е, џабе е. Пишав веќе дека и јас порано имав дечко од село. И раскинавме, не сакав со него да продолжувам, уопште за сериозно не го сфаќав пошо си знаев каква сум и оти не сакам на село да живеам. Не ми се допаѓа тој живот тамо. Јас си сум навикната да станам сабајле, и да си излезам да си пијам кафе во блискиот кафич, или да одам на сладолед некаде, да идам до некој бутик, или ако треба нешто ситно да се земе да го пуштам детето да оди да купи пошо продавницата ми е блиску и има се. Сакам и на работа да одам а не да се кичмам по нивите и да голтам прашина. И што кога беше он најдобар? Беше навистина добар дечко, и ете го глеам сега женет си е, и се сликаат со жена му по нивите и ливадите со свекрвата, поцрнети од сонцето. Си викам фала бого Адидас шо избега на време оти и ти така ќе беше. Наместо на кафе, ќе стануваше сабајле кравите да ги раниш и тутун да нижиш додека рацете не те заболат. За ништо на светов не би си го дала овој живот шо го живеам моментално.