Во ред е тоа. Ваш живот, ваш избор. И нема потреба да омаловажувате и навредувате некој кој не го познавате и има различен поглед на животот од вас. Не може сите да се директори, некој мора да ора и копа, некој мора да ја напасува стоката и да ја молзе, тие луѓе заслужуваат многу поголема почит отколку што добиваат.
Најјако е како во вакви случаи одма правите споредба градски vs селски фаци. Ги ругате градските дека се неспособни и дремат по кафичи, за разлика од селските што се вредни и садат компири и краставици дури седите под клима и сето ова го пишувате на фемина форум.
Аха, има такви шо и од куче се плашат, ама битно на форум да се зборело колку селскиот живот е добар, колку молзењето на крави е корисно.... Дија дија, коњче...
Види сега, животот на село знае да биде и подобар од град некогаш, ако селото е швајцарско, ама македонско не, особено под вакви услови ко на членкава. Пола и повеќе од селата наши се пропаднати пошто не сакале и не можеле да ги одржуваат, ама ајде тоа е друга тема.
Па нормално оти збориме тука за македонско село . Јас иам одено тука по германските села и да ти кажам комотно можам да се преселам тамо, оти буквално се има. Исто како помалите градови во Мк. Само шо многу поубаво е.
@Wh@tev3r Да читаше, ќе разбереше дека не се проблем ниту нивите, ни селото, ни копањето. Ниту пак е муабетот мрзливи vs работни луѓе. Проблемот е да мислиш дека брак е меѓу тебе и твоите родители, а сопругата успат само да прави како ќе и кажете. Проблем е да не ја почитуваш девојката/сопругата, да слушнеш нејзино мислење и да не сметаш дека е подеднакво важно и таа што сака. Проблем е да поставуваш ултиматум само затоа што не била воодушевена од идејата за брак кој главно ќе се одвива меѓу него и мајка му. Плиз, како е сето тоа напредност?
Тие што живеат во село никој не ги прави неспособни, туку баш напротив, многу работни луѓе се. Проблемот е што тој нејзе не и дал избор, туку веќе го има испланиран животот, башка крои капа на неродено дете. Во брак постои компромис а не како ќе каже мажот, така ќе биде, не сме 18 век. Што е со потребите на членката, на идните деца или се само важни потребите на неговата фамилија а не и тие на членката? Не е секој за живот на село, и не треба да се наметнува по секоја цена.
Jas mislam deka ako ne se omazis za tipot,ke go gledame vo emisijata Provodadzija,i stvarno so kopacot vo raka ke bara zena
Прво, јас пишав бидејќи вреѓаат и омаловажуваат луѓе кои не ги познаваат и имаат различен живот од нивниот. Второ, како мислиш не и дал избор? Не ја киднапирал, не ја затворил во подрум. И кажал така и така, сакаш или не и готово. И мислам дека е покоректно отколку да се влечат со години и на крај пак по различни патишта. Ако не сака, нека му каже и нека си продолжат и двајцата со животите. Нема потреба од сите овие навреди, омаловажувања и безобразие. Луѓето треба да се почитуваат според нивниот карактер и нивните дела, не според тоа од каде доаѓаат. Старите велат ако немаш нешто паметно и убаво да кажеш подобро е да си молчиш. Проблемот кај нас е во тоа што повеќето мислат дека нивното мислење е најдобро.
Секогаш ги испревртувате зборовите како што на вас ви одговара. Ако на тебе ти е убаво да работиш цел ден на нива, слободно. Јас сакам да уживам и да одам на кафе кога сакам. А не да плаќам 200 денари за такси во еден правец за да отидам на кафе... Или да ги прашувам мажот и неговите родители дали може да излезам. Поминало тоа време.
Не знам зошто и не си прекинала веднаш бидејќи очигледно различни гледишта имате а и не го влечи и него повеќе за џабе, најдобро е секој свој пат да си фатите.
Имаш девојка, ти поставува услов да бидеш домазет, или некои трети услови кои не ти одговараат, што ќе правиш? Дали си свесен дека во мкд село немаш многу услови за квалитетен живот? Секој сака удобност, повеќе можности и слично, не секој сака таков живот за себе и не само за себе туку и за своите деца кога ќе ги има. За детето не е убаво само бабата да ги чува, на тоа дете му треба социјализирање во градинки, со другарчиња на негова возраст, за да кога ќе тргне во училиште да не биде повлечено или избегнувано бидејќи немало интеракција освен со домашните. Треба да се земе во предвид и нејзиното мислење, не освен неговите и на неговата фамилија. Бракот е меѓу неа и него а не помеѓу мама и тато и нив.
Баш се чудам кои коментари ќе беа ако дојдеше Хрита и напишаше дека не планира од дома да се исели, мајка и ќе одлучува за идните децата, а и дека му дала ваков ултиматум. Верувам одма ќе имаше коментари како е незрела за брак, никој нема да ја трпи ваква, таква
Јас мислев дека членот е женско, дури сеа видов дека е машко. Сега ми е јасно зошто беше пишал дека кога се мажиш се мажиш и за се шо следува со брачниот партнер. Оти и овој исто размислува како дечкото од селото на членката.
Маж ми е од такво село. Самиот кажува дека нема живот таму. Пред да се земеме ми рече Не сакам нашите деца да растат во такви услови.
Членот е супер, но за ова не се согласуваме. Да се мешаше мајката на членкава што бара помош, ќе беше бабата е лоша, си го пика носот секаде.
Не кажав дека не е супер, но да мислиш оти кога се мажиш се мажиш и за неговата фамилија, тоа не ми е ок.