Ако не сакам, ќе ја прекинам врската и секој по свој пат. Не е крај на свет, ниту први, ниту последни. Ццц цело време си реплицирала на заостанат замисли... Луѓе бе, таа фамилија го створила него, тие го воспитале, нели децата се огледало на родителите, па ќе биде како нив. И тоа се мажи за неговата фамилија е кажано фигуративно, не мислев таа да иде и да легне во кревет со неговите. Awww, thank you
И шо кога го створила?? Затоа треба сега снаата да им слугува на нив доживотно оти и родиле маж??? Он нека си ги почитува, ама снаата не е должна нив да ги трпи нити да живее со нив.
@Wh@tev3r Јас колку што знам, во брак треба сите предлози да се имаат во предвид, од двете страни, а не само од едната. Со ултиматуми, никаде нема да стигнат, осудено на пропаст уште пред да стапнат во брак. Туку да те прашам, да беше на место на девојката, дали би прифатил ти?
Хахахахаха оти се напаливте толку така бе, кој нерв ви го погодив? Ај кажи ми кај реков таа да иде таму и да им биде слуга? Ај кажи ми кај ја навредив, бидејќи не сака да иде да живее на село? Пишав да не ги вреѓате луѓето кои не ги знаете и да го почитувате нивниот начин на живот. Никој не ве тера ништо со сила, али немојте да се ставате на другите и да мислите дека сте повредни и побитни само затоа што сте биле од град. Што добро имате ако навредувате и омаловажувате некој кој не го знаете? Пред Бога сите сме исти, а овде на светов секој нека прави како мисли дека е најдобро за него. Јас познавам девојка родена и израсната на село, уште како мала работеше се, од земјоделие, до сточарство. Девојката заврши основно во селото, средно гимназија во блискиот град и сама се запиша на факултет во Софија, а сега е новинар во Лондон. А нејзините уште си го работат истото, и тоа не ги прави ниту заостанати, ниту лоши луѓе. Така да секоја чест и за нив и за неа. И не мислам повеќе да ви кажувам дека треба да ги почитувате луѓето според карактер и дела, а не според тоа од кај се, чии се, која вера или боја на кожа, тоа било работа на вашите родители. Бидете ми поздравени и имајте убава вечер.
Да, треба да има предлози, треба да се разговара, и мислам дека ултиматумот не паднал од ведро небо, туку му пукнал филм и сакал да реши по кратка постапка. Јас... јас работев се како мал, и можеби да ни беше ок државата ќе си бев уште дома, али кога дипломирав и кога ми бараа партиски книшки за да ме вработат, тогаш си го собрав куферот и заминав. Овде кај што сум, на никој не му е гајле, кои ми се родители и од кај сум дојден, туку колку имам во главата и каков човек сум. А инаку на бифшата и кажав дека ако не сака да дојде тука јас ќе се вратам таму бидејќи ми беше битно да бидам со неа, а не каде. Добро ли е одговоров?
Тој дечко да го кажеше тоа пред мене, јас ќе го залепев со најмрсната плунка шо можам да ја исплукам, а не да го вреѓам. Може и една шамарчина да добиеше.
Дури и делот во кој детето нема да оди градинка затоа што детето на Петранка било болно? Не сите села се добро развиени, и не сите се за живот таму. Ова не е навреда, туку реалност. Треба златна средина, а не поставувања ултиматуми. Ако не била таа, ќе биде друга која ќе се противи и така до недоглед. Приватноста е нешто што сите го сакаме. Убав е и живот на село, ако има се што е потребно.
E добро де оди ееее шо се напна Оф друга страна шо да ти прајме коа немаш двеста денари за такси, ти сакаш ама неможеш Ahahahhahaha
Не е за немање 200денара, ама зошто да ги даваш за такси кога можеш за побитни ствари? А во град ако си, можеш и пешки да одиш.
Во љубовниве совети, никаде љубов не се спомнува...секакви заврзлами и нагаѓања, никаде дека за вистинска љубов секоја жртва е неважна и по неа се оди и до крајот на светот... Така да....нема тука љубов, џабе се зборува за компромиси било чии....ниту таа го сака, ниту тој неа...
Не е погрешно живеењето и работењето на село, на некои им одговара ете. Поставувањето ултиматум е големо црвено знаменце. Не му поставуваш ултиматум на човек што го сакаш, туку се обидувате да дојдете до компромис што одговара за двата. Ако не се може, тогаш се знае. Мада исто така би ја посоветувала членката ако веќе реши да оди на село да очекува убаво да се измачи и испоти. Ако си роден во град и не си научен на таков живот, голема е веројатноста дека брзо ќе се покаеш. Јас од мала бев по ниви секое лето, до пред 3 години. Да ми беше добро немаше сега да живеам сама во друг град, ќе си станував и ќе си берев тутун фино лепо.
Порано се допишував со еден дечко, кој исто така живееше во село и куќа на спрат (сигурно не е истиот бидејќи не беше од Мк) и нешто зборевме демек за заеднички живот како што би било блабла и ми вика ја од село не идам никаде на друго место овде имам куќа голема, не сакам стан под кирија не знам што и кога му реков дека јас сум цел живот во град и село не ми одговара ми вика, ако ти е важна личноста и на улица не треба да ти биде проблем да си со него, а не вака... И вака и така престанав комуникација со него, плус колку што ме држи меморија во таа голема куќа на спрат живееа уште 2 фамилии живот од бајки... Уште, ако сакаш некој и на улица треба да го подржиш да останеш
И јас живеам во град па плаќам 150ден за такси ако нема со што да одам до центар на кафе, а пешки ако одам ќе треба цел саат. И сите што живеат во село не се занимаваат со сточарство и земјоделство, не се затуцани и прости луѓе, зошто имате такви предрасуди за луѓе од село?
Немам јас предрасуди за луѓе од село, само викам дека не би живеела во село. И тешко дека некоја девојка од град би се навикнала на село. Да не се правиме на Тошо, сите знаеме каква е ситуацијата во село.
Pa dobro de,ako sakas i so traktor odi do centar na kafe,nikoj ne spomna koj kako gi trosi parite,tuku deka moze da se iskoristat za nesto po dobro
Не знам зашто одма се скока со коментари, што имате против село.... Никој ништо нема против, село е многу убаво и поздраво, ама да е лесно во село, сите ќе се борат за село а не за фотељи во град.
А каква е ситуацијата во село? Еве јас знам еден куп луѓе што живеат во село, а работат во град а не со сточарство и земјоделство како што мислите. Искажи се како што треба. Сакам кажам не знам речам