Ti vleguvas vo temata so nesto treto,ne jas So ima vrska tvoeto odenje do kafic na kafe,so muabetot za selo?
Кој спомна за работата? Мене не ми се допаѓа тоа шо нема продавници, бутици, аптеки, болници, кафичи.... може да има по некоја ама шо и да биде мора да идеш во град. Нема салам асвалтирани улици, се е со песок, кал и гомна од овци. Стануваш насабајле и немаш шо да праеш. И не сите имаат коли или возат па да можат да отидат до град. А од чист воздух само не се живее.
Не е тоа проблемот за земјоделие, поентата е дека се е подалеку, додека во град се е поблиску, не мора да значи, точно е тоа се зависи, ама за млад човек секако дека е полесно во град и јас не сум блиску до центар и не возам ама со бус стигам за 10 мин до центар, во село истиот тој бус ќе го чекам со саати додека во град го има на секои 10 мин, друго, многу значи кога човек е навикнат на цивилизација, не може секој да живее во природа каде што не така често се среќаваат луѓе, разлики има и тоа доста..
Јас сум од многу мал град каде што нема гужва и не толку цивилизација али колку да се рече има и по некој човек грска луѓе сме. Имаме 3 со сила маркети и 3 аптеки една бензиска и 3 кафичи. Значи од моја перспектива од една страна научена сум на мирен живот без гужви. Од друга страна сум седела и кај дечко ми на село имаат прилично средено село и е туристичко место. Али имаат една продавница и ништо повеќе за да купат нешто одат до соседното село или неколку пати во месецот за на големо одат до град. Се случило да има температура а да нема парацетамол да го боли забот а да нема антибиотик и мора да чека да се раздени за да појде до град да земе да појде до аптека. Мене селото како село не ми смета и тоа е некој начин на атракција но од град што имам многу работи на дофат не би во село каде што нема ништо.Тие што живеат таму се научени на таков живот и ако се израснати така значи може и децата да се израснат на таков начин пошто нели ништо нема да им фали не им фалело ни нив. Ако одел татко му со автобус за на училиште ќе оди и детето, за на работа секое сабаље станува 1 саат порано за да стигни до градот за на работа а никој не му го плаќа тој трошок што тој го прави секој ден за да појде и дојде значи одма тука црвено знаменце. И јас станувам 2 саати порано пошто и јас патувам до друг град само ради работата. А кога би живеела со него и имам куќа во неговиот град каде што му е селото, работното место ќе ми биде 2 минути исто така и нему. А не село со куќа на 2 спрата каде што од работа ќе одам да работам и тутун за времето кое што можам да се посветам на самата себе. Пошто гледам колку е измачен и се мачи за да придонесе плус дома, спие по 2 3 саати оди на тутун и сабаљето продолжува на работа плус вози и со таков умор не може да возиш камион. Сум предложила начин за да му е полесно понатаму но тој го смета тоа како тешко да изгради од ново бидејќи веќе има и зошто да се гради да се тура темел пак од ново пошто се мачел за нештото што го има сега со години. Зошто децата да одат во градинка да ги мисли дали ќе стигне на време да ги земе кога може свекрвата да ги чува да ги рани и да ги гледа во секое време и да ни е мирна главата. И после тоа да го ваѓаат низ нос на невестата ние ти помагаме а ти ништо не правиш. Како и да е селото има многу црвени знаменца а исто така и куќа во заедница плус со свекор и свекрва е редок случај да е се како што треба. Секогаш и секаде ќе се мешаат колку и да тврди да уверува дека нема да е така.
Немале ништо против селото и немале предрасуди АМА - и почнуваат да редат. @Hrita штом тој сака едно, а ти друго, можеби треба да си фатите секој свој пат со повреме. Брачниот живот е нешто за кое мора да има компромис и да дојдете до одлука и решение што ќе одговара на двајцата. Штета е да се има супер врска каде немало проблеми и одеднаш да се соочите со некој, затоа и во брак често се менува се'. Затоа, колку и да е се' во ред во врската и вашиот однос, ако ти не се согласуваш со неговата идеја за брачен живот, а тој со твојата, тогаш подобро раскрсти. Бидејќи, во овој случај, на крајот некој ќе мора да попушти, а веројатно тоа би била ти. И ќе отидеш таму, а нема да ти одговара и после...
Надвор од темата, као и увек... А што ако селото е проблем? Каде е проблемот ако сака некој да живее со пат, светло, вода, канализација , барем еден дуќан, ординација, банкомат, лулашки, школо, каде не ти е поребно кола за да извршуваш дневни обврски? Не збориме ние за село Драчево и село Нерези... Па и да е проблемот и во обврските околу работата на село, ако има некој стока, живина, па и земјоделие... Не секој сака тоа да работи, а најчеста причина е оти аргатуваш за ништо. Само кичмата и кожата курбан ќе ти отидат. Кај нас нема пари од тоа... Па и измеѓу редови демек никоја жена не сакала на село да работи, све распрдени, госпоѓи сакале да бидат. Оти еве глеам муживе секој со ашов и копач у рацете се, чекаат мајстор два месеци 300 евра да му платат да им ја стегне чешмата. Ако сакаат мужите и државава неести да им одат по селата, нека створат услови за живот таму. Ама не, најлесно е репортажи на вести како не си нашол некој поштена домаќинка, па демек си купил некоја кутра Албанка која едвај спасила глава од таму од кај шо доаѓа, ако уопште некој и ја прашал, па уште и ќе го величаме оти ете си се сакале, па и деца имале, али нема везе шо со раце и нозе се разбираат. Али битно наводната среќа си ја нашле... А па да не зборам овие шо очекуваат државата жена да им даде. Битно албанскине и торбешкине села и пат, и рефлектори, и игралиште, канализација, и џамија, али доаѓаат дома само за празници, зјаат цела година празни. Зашо? Затоа шо не чекаат од државата, ете зашо.
Проблем е селото; Проблем е градот; Проблем е државата. Никој не е врзан, кој кај сака таму нека иде, каков живот сака таков нека си створи. Само немојте да ги вреѓате и омаловажувате луѓето кој живеат и сакаат различен живот од вас.
Јас на одмор да идам на неколку дена, гледам барем едно продавниче и аптека да има блиску (не мора ама пожелно ми е), а не па негде кај што цел живот ќе живеам. Само што ставовите на дечкото се поголем проблем тука
Такви ставови може да има и некој што живее во град. Дечкото сака жена која ќе го слуша. Најверојатно и мајка му го слуша татко му. А девојката не сака таков живот. Ако некој е научен скоро се да му биде блиску, тешко да се навикне на друг начин на живот.
Јас во близина имам три аптеки, минимум 5 маркети, две кујни за готвена храна, банки неколку исто. Да треба да се селам, со тешко срце ќе ја напуштам населбава.
Еве ја оваа, . Денес не те удри громчето сеуште изгледа, рано е, имаш време понатаму. И пази кога те удира, поттргни се, да не се запали волната па и зијан да имам од тебе. На темата: ако тој ти вели не сака од почеток, пеки.... Ама брак и деца е во суштина "од почеток", нели? Ново семејство се создава. Мене ми изгледа дека тој е 'мамкало' или 'како тата каже' , а ти ќе бидеш малку на страна од главните одлуки. И за сопствените деца.. Не пак за други теми. Живи били, па видели. Размисли си добро.
Освен што тука не гледам љубов туку барање слугинка. Нема ништо погрешно во живеење во село, има села кои се океј средени, само што секоја реченица која ја напиша девојчево личи како токму тоа...си бара домаќинка за чување деца, не сопруга со која што заеднички ќе донесуваат одлуки.
Ако може да ми пише некоја во врска со совет да прашам мислене од женска страна ми треба и совет фала
Што ви е бе луѓе, барал ова, барал она, во ред барал, ја сакал за ова, ја сакал за она, ајде сега стрелајте го дека и зборел еб*го. Не ја присилил на ништо, сака, не сака и готово, оти комплицирате? И дал ултиматум, леле смртен грев. Па како мали вашите никогаш не ви поставиле некој услов за да добиете нешто. Зарем на работа шефот или клиентот не ви поставиле услов или ултиматум? Што им велите: абе мајмун, мене мама/тате не ми поставиле ултиматум, ти ќе ми кажуваш, давам отказ? Grow up ffs! Кој каков е, за него си е. Ако сакајте дружете се со него/неа, ако не сакате, не морате. Буквално правете што ви е по кеф и не им судете на другите, никој не е светец или светица. И ако некој не ги исполнува вашите стандарди не мора да го вреѓате, плукате по него итн. Плукањето по другите е огледало на вашата душа, не на нивната. Живејте го вашиот живот и оставете ги другите да си го живеат нивниот.