Такви ставови може да има и некој што живее во град. Дечкото сака жена која ќе го слуша. Најверојатно и мајка му го слуша татко му. А девојката не сака таков живот. Ако некој е научен скоро се да му биде блиску, тешко да се навикне на друг начин на живот.
Јас во близина имам три аптеки, минимум 5 маркети, две кујни за готвена храна, банки неколку исто. Да треба да се селам, со тешко срце ќе ја напуштам населбава.
Еве ја оваа, . Денес не те удри громчето сеуште изгледа, рано е, имаш време понатаму. И пази кога те удира, поттргни се, да не се запали волната па и зијан да имам од тебе. На темата: ако тој ти вели не сака од почеток, пеки.... Ама брак и деца е во суштина "од почеток", нели? Ново семејство се создава. Мене ми изгледа дека тој е 'мамкало' или 'како тата каже' , а ти ќе бидеш малку на страна од главните одлуки. И за сопствените деца.. Не пак за други теми. Живи били, па видели. Размисли си добро.
Освен што тука не гледам љубов туку барање слугинка. Нема ништо погрешно во живеење во село, има села кои се океј средени, само што секоја реченица која ја напиша девојчево личи како токму тоа...си бара домаќинка за чување деца, не сопруга со која што заеднички ќе донесуваат одлуки.
Ако може да ми пише некоја во врска со совет да прашам мислене од женска страна ми треба и совет фала
Што ви е бе луѓе, барал ова, барал она, во ред барал, ја сакал за ова, ја сакал за она, ајде сега стрелајте го дека и зборел еб*го. Не ја присилил на ништо, сака, не сака и готово, оти комплицирате? И дал ултиматум, леле смртен грев. Па како мали вашите никогаш не ви поставиле некој услов за да добиете нешто. Зарем на работа шефот или клиентот не ви поставиле услов или ултиматум? Што им велите: абе мајмун, мене мама/тате не ми поставиле ултиматум, ти ќе ми кажуваш, давам отказ? Grow up ffs! Кој каков е, за него си е. Ако сакајте дружете се со него/неа, ако не сакате, не морате. Буквално правете што ви е по кеф и не им судете на другите, никој не е светец или светица. И ако некој не ги исполнува вашите стандарди не мора да го вреѓате, плукате по него итн. Плукањето по другите е огледало на вашата душа, не на нивната. Живејте го вашиот живот и оставете ги другите да си го живеат нивниот.
Тој не и е сопруг! Не мора ниту да и биде. Чим не и чини нека го остави и готово, па нека си најде тој заостаната, а таа современ. Благодарам што ми кажа, модераторот нека ги префрли моите мислења во архивот од тоа време.
Ти сакаш некоја да ти постави ултиматум? Или вака ќе праиш или ќе се најде некој друг? Вака ли се комуницира со саканиот човек? Или ќе праиш што сакам јас или фаќај магла? За една обична градинка уште на неродено дете кочница и става, шеќер добило некое дете од градинка, што врска нема, шеќер кај деца не се добива оти плачело детето. Нема муабет, вака е и готово. Ова океј е според тебе?
Да не знаев поарно, ќе помислев дека членов што пишува погоре му е брат или братучед ( или мајката) на типот со тутунот. Оние мажи што имаат толку : пари, моќ, лепота, памет (или која веќе 'дарба' актуелна на одреден простор во одредено време,) што се предводници на rat pack-от или Алфи ( не во полиција) или бидуваат ергени до доцни години и вртат куп жени што се лепат на нивните погорни квалитети, или се женат за trophy wife.. И пак и дозволуваат да одлучува за.. на пример одмори или ентериер во некоја соба во хациендата, за да има со што да се бави невестава, да не мисли на телохранителот или возачот. Или ако се екстра спешл посебно џеред кушнер и слични, се женат со успешна паметна убава богата ( секако ќе смени таа вера, за да ја задоволи свекрвица) и прават исто такви убави паметни богати успешни деца. Овој со тутунот, не ќе да е со толкави квалитети, субјективно или објективно, адонис ил бог на сексот. Тешко дека може ПРЕМНОГУ услови да поставува . Нормална жена ќе го шутне дур да рече Попокатепетл.
Како нема квалитети? Ете, има спрат од двоспратна куќа, нема да се тесни во две соби во град. Има и работа право за тоа шо му се работи, тутун ќе се нижи, ќе се пуши ко турчин. Еее, тоа е домаќинка, а не ние распрдани шо сакаме да газиме по асфалт и да имаме аптека близу за не дај боже. Еее, има по калта да одиш во гумени чизми до комшијата да ти даде домашен оцет за да му ставаш на нозете на детето. Или уште поубаво, свеќи ќе си го носи внучето на бајачка. Се ќе му оправат, од скршена рака, нова ќе му изникне. Ееее распрдани женишта. Како се осмелуваат да барат град на толку лепо село со чист воздух....
Кате јас сакал или не, тоа не зависи од мене, туку од неа. Нејзино право, мојот одговор на тоа и моите постапки после тоа, се мој избор, колку да ми чинело или не. Животот не дизни филм, и ако се било мед и млеко никогаш немало да има ех партнери. И ако не е ок за тебе, мене и некои други, за него може е ок. Секој си носи одговорност за тоа што го збори и прави. Никаде не пишав дека таа е таква, онаква и дека мора да прифати тоа што и рекол. Али ете, секој реплицира за ултиматумот се фатиле како слеп за стап, а 100 пати реков ако не и чини нека го остави и готово, ниту тој ќе ја смени неа, ниту таа него. Можеш да видиш уште во првиот одговор на темава дека поентата ми беше јазикот и речникот на коментирање овде. Многу се дрзнуваат да вреѓаат и плукаат по други, кои не го делат нивното мислење, како тие демек се светци или светици. Пред да судите на друг, погледнете се во огледало Али начинот на комуникација и тоа да ги почитуваш другите личности, мислења, вери, раси итн. Тоа си е од дома. @Dentina не сум му братучед, али на толку бранење на него и неговите ми е должен
А ти шо толку си запнал тука како дрвен адвокат. Жената дојде за совет и ние ја советуваме, шо треба да и кажеме дека е вау дечкото дека баш тоа се бара во муж???? Кога не е така?? Ние точно и кажуваме каков е он, пошо она моментално е заслепена од љубов и не гледа ништо. Сакаме очите да и ги отвориме да не напраи глупост.
Аа значи тука иде од чиста мира да си расипува живот за човек кој не го сака и од убавини ќе оди да живее со свекрва и убава работа ќе си остаи во градот за да оди тутун да нижи во село Дали сте нормални со прашањава?
Па нејзиниот пост мене ми звучеше како да читам уговор. Мислам дека се слични тие двајца...секој поставува услови.