Дали читаш какви глупости пишуваш? Ти ќе се согласиш наместо да одлучувате заедно со партнерката, да ти каже или ќе биде по мое или чао? Мислам друга песна ќе пееш тогаш...
Here we go again #Facepalm Ај сите нека прочитаат назад и да ми кажат кај и велам јас на девојката да се согласи??? Или која ви е маката луѓе, од кај оваа фрустрација? Излезете прошетајте малку, радувајте му се на животов.
Не реков никаде нешто такво. Можеше културно да одговориш на тоа што ме цитираше Затоа што и го образложив мислењето зошто е ред флег. Девојката штом побара мислење, нормално членки и ќе и дадат мислење. Поткрепено со факти, лично искуство и што они би направиле во таков случај. Пак ќе ти кажам, негово право е да става ултиматум и тоа е огрооомна причина да размисли девојката дали понатаму сака да продолжи со таков човек. Зошто на ултиматумов и да се согласи, понатаму кога пак ќе се судрат со мислења, пак ќе има ултиматум. А тоа е веќе проблем. Во здраво партнерство не се функционира така. Тргни од себе.
Во ред е побарала мислење и и кажуваат што мислат и тоа е во ред. Али да навредуваш некој и неговата фамилија не е во ред. Нз на колку веќе се објаснив, али никој ниту слуша, ниту чита, ниту пак сака да разбере. Секој си разбира така како што му одговара. Јас не реков дека е правилно што и поставил ултиматум, јас реков дека е негово право, и последиците од тоа ќе бидат негови. Јас рекпв дека на нејзе е да избере како сака и што сака. Дечкото и дал до знаење што очекува и ако таа сака добро, ако не сака пак добро. Секој по свој пат, ниту први, ниту последни. Лично јас на ниту една и немам давано ултиматуми или сум поставувал било какви услови, бидејќи ако дојде ред до тоа, тогаш е крај на врската за мене. А за останатите кои се жалат дека им ги бришале мислењата има нешто па модераторот го прави тоа. И како што реков и јас, фрустрациите си ги лечете на друго место, не на форумов. Побарајте си професионална помош на време. Поздрав и имајте убава вечер
Големата навреда оти се кажа дека некои девојки не сакаат село Незнам зошто ова им боде очи на мажите .
Abe brat Aman be vishe. Petnaeset pati kazavme deka ne e problem SELOTO ko selo. Problemot e so on neke da iskoci od seloto, saka da zivee so mama, i saka majka mu da gi cuva decata namesto da idat u gradinka kako sekoe normalno dete. Nekel da si ide od seloto za da ne ziveel pod kirija nego doma imal sprat. Ne e spremen da se osamostoi
Затоа што некои сакаат да си останат во селото. И нивно право си е тоа. Кој кај сака нека живее. Девојката што ја почна дискусијава се гледа дека не сака таков живот. Џабе е љубовта кога тие двајца имаат различни погледи кон иднината. Таква врска да опстои е многу тешко. Он сака да е по негово. Ако она му попушти, ете ти проблем. И за други работи ќе треба да му попушта во иднина.
Е добро де, и сега тоа смртен грев ли е? Ете не сака и тоа не го прави ниту идиот, ниту заостанат, ниту прост. Не ја лажел, и кажал, сака, не сака, и тоа е тоа.
Ne go prai toa nego los de Ti kazuvame deka problemot e u deckoto. Ti ovde zapna za ruralen zivot ko najbitno da e da zivees na selo. Ti ne napagas poso mislis deka nie go napagame seloto
Тоа го прави идиот и заостанат. Да не го пуштиш детето во градинка и да очекуваш дека бабата ќе го воспитува... а да беше ситуацијата обратно, сигурна сум дека кретенов немаше ни да се мисли.
Јас не го сфатив мислењето негово така, туку: ако се мажиш за пилот, ќе поминуваш празници и долги периоди сама ако се мажиш за хирург исто ако се мажиш за полицаец/војник/пожарникар, може да ти го вратат во сандак ако се мажиш за лихвар, може да го рокнат ако се мажиш за земјоделец, ќе живееш на село и ќе го гледаш како рмбачи од 3 сабајле до цел ден Исто важи и обратно, не само тој што одлучил во животот да работи, исто и жената. Не се сите професии 8-4 и канцеларија, а се' останато подразбира жртва која или сме спремни да ја прифатиме или не ни одговара. Ултиматумот секако е погрешен чекор, НО, ако било која од нас знае што сака од животот, сите сме во позиција да поставуваме ултиматуми. Едноставен ултиматум од моја страна на пример, нема теоретски шанси да делам домаќинство ни со мои, ни со негови. Нема простор за компромис, мора така. Не мора така само ако еден од нас двајца умира или почне војна. Поентата е, ако сум решила да се селам од земјава, ако запознаам некој да му кажам - јас се селам, тоа е тоа. Ултиматум е. Убавото во ултиматумите е што секогаш ТОЧНО знаеш на што си, па полесно удираш клоца. Лошо е кога ќе те влечка со години, па ќе те лаже, па после "случајно" дете ќе ти направи, трудна и исплашена и несреќна ќе прифатиш да одиш таму, па "свекрвата ептен ќе се смени кога ќе се роди бебето" а "мажот во брак ќе се смени"... позната приказна. Што повеќе луѓето знаат што сакаат, толку полесно е да живееш со нив, или - да не живееш.
Епа за да живеат двајца со ултиматуми, треба и двајцата да имаат исти ултиматуми, ист поглед кон иднината. Инаку се друго е џабе. Едниот секогаш несреќен ќе биде.
На форумов махери сте за да вртите причи, а не знам зошто, или не знаете да читате или си ја имате мувата на капата па си ја ишкате тука. Никој не го смета за заостанат типот пошто е само од село, туку заради ултиматумот и начинот на размислување, што фала богу нема врска со селото, ама така ви одговара да си вртите. Упорно сте се запнале а еве сте вие во град, па сте заостанати исто ко него. И не знам што се зачленувате на женски форум кога секој пост ви е контра женски проблем.
Мене ми изгледа како двајцата да си поставуваат ултиматуми, двајцата се во право и двајцата грешат. Премногу се различни за да функционираат. Нема лошо во живеење на село, ако си навикнат на село, нема лошо да живееш во град, ако си навикнат во град. Најдобро секој по свој пат и да си најдат она што го бараат, а наметнување на сопствен избор на друг, ако не сега, понатака ќе донесе само несреќа и постојана кавга. Башка на тие години да се размислува за мажачка, ми е смешно.
Да де, затоа тебе добро те разбрав во една друга тема, нешто во врска со финансиите на мажот беше, кога те нападнаа. Искуството во животот прави да имаш ултиматуми, најчесто повеќе од еден. Ни ти сега не би била со некој како првиот маж, ама затоа што го имаш искуството што го имаш. И сегашниот да почне со глупостите на бившиот, ќе му дадеш ултиматум, или оправи се или фаќај патот. Дечково има една добра особина, искрено кажува што сака од животот. Постои некаде некоја што истото го сака. Конкретнава членка не е таа.
И со слама во уста како чечкалица. Шала на страна, ама дечково е со старомодни размислувања, и поставил ултиматум на него како му одговара, па и детето уште ненаправено мамичка да го чувала, дете треба да оди во градинка, да се социјализира. Јас не би живеела во македонско село, за разлика во Германија, Швајцарија што се средени селата како градови, и буквално се има, пре би живеела во село таму. А членот што пишал дека не се мажи со него, туку со цела фамилија, тој е бетер од овој дечково на членката. Никој не ги навреди тие што живеат во село, нека си работи тој, ама не да и поставува ултиматум на членката дека и таа ќе работела тутун. Ваков без размислување би го откачила, не поради што е од село, туку поради неговото размислување.
Типот е сељак со тапија, независно од каде доаѓа. Може од Њујорк да биде, пак е сељак со тапија поради размислувањето. Од сред Скопје познавам жени и мажи вака што размислуваат. Дали е тоа за мене прифатливо? Не. Како што не е ни дете по свекор да крстам. Па ете крштеваат (пример). Е сега, за таков сељак како овој постои некоја сељанка со тапија што БАШ ваков бара.
Епа затоа и збориме на девојката да го остави. Оти ќе биде повредена. Оти он си бара нешто слично на него а тоа не е она. А шо е малку заостанат со размислувањата, заостанат е. За мене е. Пошо јас не гледам маж во некој шо неможе да се оддели од дома. Сите треба да се одделат од родителите и никој неможе да ме премисли.