И јас и' пишав да го остави, не се компатибилни и не знам ни до сега како биле во врска. Типот си е традиционален лик, во селата најчесто имаат поголеми земјишта и живеат во поголеми куќи сите заедно, не е град па ај во станови сите ќе одиме. Освен тоа, земјоделието е најчесто "семеен бизнис" па затоа и има логика да се во близина. Поентата е, избор е. И има право кој така сака да живее, така да избере. Има жени што сакаат да бидат водени, а не рамноправни. Има жени што очекуваат мажот да понуди спрат, свекрва да чува дете, итн. Тоа што мене и тебе и на членкава не ни е прифатливо, за некои жени е баш избор. Не сакаат сите да напуштат "затуцано" место, не сакаат сите ни да се образоваат, ни да работат за некого. Македонија е земјоделска земја, голем дел од населението се земјоделци. Тие фигурираат и како посебна ставка во здравствено осигурување. Најчесто, да се бавиш со земјоделие/сточарство е way of life, не е како мојава работа и еден куп други. Не дебатирам колку тој е напреден (не е) ама и тоа е избор, како и се' останато.
Znaci covekot e sin edinec,vospituvan e od mal deka zenata treba da gi tegli makite za mazot i za site okolu mazot bidejki ona e neli zena,snaa,majka itn I da otide da zivee vo grad ke si ostane zatucan ,covekot ne moze da go promenis nikad.
Добро де, се согласувам и јас оти е избор. Кој како сака така нека си живее. Ама во ова "модерно" време, размислувањето на типот е затуцано. А он ако сака затуцано да си живее, нека си живее, ќе си најде и една затуцана ко него и ќе си живеат. А овие шо рипнаа него да го бранат, баш ме интерисира шо мислат за жена ако се работи. За некоја шо на пр не сака од татковата куќа да си оди, или некоја шо сака да си земе маж од странство. Пример. Ќе рипнеа ќе ја распнаа. Кога жена е во прашање, тогаш не смее да има избор.
Не знам за другите, јас ќе и' речам "со среќа", нека си најде тоа што си бара. Ама ако на дечкото му е неприфатливо, нема љутиш. Ако поставуваш ултиматум, свесно треба да знаеш дека може и да не биде прифатен, па тоа си е твој ризик и твој избор да не попуштиш. Независно ШТО е ултиматумот.
Барем е искрен и ти дал избор. Ако сакаш остани ако не не. Барем не е некој да те води низ мориња и реки и на крај жедна да останеш. Човекот е таков тип и сака таков начин на живот. Тоа што не сака да живее во град не значи дека е затуцан. Постојат луѓе кои сакаат различен начин на живот. И јас не сум одела во градинка па ништо не ми фали, имам другарки кои оделе па буквално во ништо не се подобри од мене. И искрено ако во иднина имам деца би сакала јас да ги чувам. Види седни размисли. Ако не ти се допаѓа оди си.
Да имаш ултиматум значи тоа да ти биде најбитно нешто, приоритет. Во овој ултиматум на дечково, она не му е битна. Битно му е он да си го живее животот он како сака, а ако сака некоја да дојде нека дојде, ако не не. Девојката не му е битна, тоа се гледа од далеко.
А што има лошо во тоа? Пример ако он рече нешто тоа е ултиматум а ако она рече нешто он мора да слуша пошто ако не слуша он не ја сака. Нема логика. Ова не е заебанција како на пример дали да земеме црвена кола или сина. Се работи за тоа каде ќе го проживеат остатокот од животот, каде ќе ги израснат децата...
Абе сега да седнеме да го прашаме ако не. Немаш баш ништо во животот што ти е "мора вака"? Оти јас имам. Битен ќе е дечкото, ама не побитен од јас сама на себе. Ако сум јас несреќна, а би била несреќна да копам ниви, тој ќе добие ултиматум да дојде во град. Мислам по логиката на нештата, "не ми е гајле за него". Не може да ми е за него повеќе гајле него за сопствениот живот. Не ми е дете. Партнер бираме врз основа на компатибилност, заеднички верувања и ставови за организација на живот и иднина. Ако не сме компатибилни, не сме, не бива со сила убавина.
Не мислев баш на тоа, туку и на тоа дека веќе одлучил детето оти нема да оди во градинка, туку мајка му ќе го гледала оти она најубаво растела деца. И оти и девојка му ќе МОРАЛА да работи тутун. Ова не ми личи како за некој шо сака. Кога сакаш некој размислуваш и за чувствата на другиот. Ок за местото на живеење, ама и да наредуваш за децата само ти а другиот родител кој го ферма, и да викаш кој шо ќе работи..... Тука нема ништо од љубов.
Па се гледа. Затоа и зами ќе бидете цел живот. Он ако си мисли за себе и својата иднина од е сељак, заостанат, затуцан и старомоден и му се превртуваат сите предци до 9 колено пошто нема што не пишавте. А она ако е себична тоа е добро. Она е кралица. Жена мајка кралица. Љубов не е ниту тоа чувство да сте поврзани со некој ниту секс ниту купување поклони ниту ќејфови правење. Љубов е да имаш чувство на должност кон некој и да функционирате како едно. Едноставно они не се еден за друг бидејќи имаат различни цели во животот и различен начин на живот имаат. Не е дека он е сељак а она е супер.
Ади, љубовта има многу лица и многу работи може да ни се (не)прифатливи. Има куп теми на форумов, меѓу поекстремните е "отворен брак". За некои луѓе секс надвор од брак е ок, сметаат дека си се сакаат меѓу себе. За некои е ужас. Не сме исти, нема ни потреба да сме исти. Сигурно познаваш жени (барем јас познавам) што сакаат да имаат маж што ќе одлучува или некои работи се подразбираат. За некоја друга БАШ тоа што е работлив и свекрва и' е расположена да чува внуци е плус, самата работи земјоделие, ништо ново. Не можеме да бараме сите да размислуваат како нас, највеќе што можеме е со 4 очи отворени да бираме партнер.
Камелија, има секакви луѓе. Има жени шо сакат така да живеат, да. Ама не го зборам тоа јас тука. Проблемот е оти тоа е погрешно размислување кога си во брак. Тоа е типичен нарцис, да не се слуша мислењето на партнерот, туку само твоето.
Не измислувам и не кажав ништо лошо.. Не е добро да размислуваме така само како на неа да и биде добро а него кој го врти. Ова е исто како он на машки форум да пише за истиов проблем и на него да му пишат абе баце кој ја ебе неа теба да ти е убаво. Не чини. Не сте поразлични ништо од такви машки.
Едноставно не се еден за друг. Он не ја слуша неа, она не го слуша него. И готово. Ич не ве разбирам, он ако си стои на своето он е нарцис, а она ако си стои на своето он треба да ја слуша пошто ако не ја слуша не ја сака. Немаш аргумент пошто и самата знаеш дека е така. Девојчето бара решение и совет а не да и ја напуните главата дека дечко и е нарцис, затуцан и сељак.