Да. Точно пишуваш. Единствениот кој не се замара во таа врска е тој. Тој поставува такви ултиматуми, без притоа да го валоризира мислењето на својата сакана.
Он сака во село, таа сака во град. Она сака децата да одат во градинка он сака да ги чува таа. Едноставно не се еден за друг. Ако ова неговото е ултиматум и нејзиниот предлог е ултиматум. Пошто ако он не ја послуша она нема да остане со него и обратно. Незнам зошто мислите дека само тоа што он сака е ултиматум. И он има услови и она. Работава е кој ќе попушти за да останат заедно и тоа е тоа. Ниту едниот е во право или криво ниту другиот.
Ајде, ултиматумот за куќата во село ќе го разберам, дечкото тамо сака и то је то. Ама шо е тоа и како е нормално, да не му даваш на партнерот со кој би бил во брак да одлучи за своите деца. Или да одлучуваш шо да работи партнерот? Мене тоа не ми е нормално.
Убаво кажа, нејзиното е ПРЕДЛОГ. Тој поставува ултиматуми. Девојката не е должна да попушти свекрвата да го воспитува нивното дете. Кога двајца формираат семејство, не се женат/мажат и за родителите нивни!
Ама точно, затоа не стапуваш во брак со било кого, туку бираш партнер. Не е дека со стројници не' мажат, сами си ги бираме мажите. Овие двајца не се во брак, таман си ги отвориле картите на време за да сфатат дека не ни треба до брак да стигнат. Ми е гајле тој каков е на крајот, ќе си се најде со некоја, за членката што пиша не е арен. И фала му многу што не ја мафта со години, јасно и гласно и' е кажано. Јас и' советувам да го остави.
Па и неговото е предлог бе луѓе. И вели ако сакаш така ајде ако не вратата ти е отворена. Не е барем некој абузер со сила да ја тера да ја заклучува дома. Самата пиша дека и дали избор. Не се еден за друг како не сфаќате. Тоатално различни цели имаат во животот. Не велам дека едниот е прав или крив.
И јас ја советувам исто. Нека бира додека може и нека го избере правилниот пат. А замисли да беа во брак. Она ќе беше телевизор без тон во таа куќа. Тоа ќе беше се само брак не. Си знам по мене, и јас бев мажена за нарцис. Они одлучија за името на син ми, они одлучуваа шо ќе работам, јас не смеев да писнам оти одма вратата ми ја покажуваа. Е исто ќе ја следи и неа ако се земат.. Знам шо зборам, не зборам од шо сега така ми текнало.
И јас исто мислам, ама од реални примери од реален живот, и мажите и жените, не знам зошто, во бракот си ги вмешуваат и родителите. Јас лично ги поштедив моите највеќе што можев од деталите на цела моја разделба, а во врската не ми беа дел ни неговите, ни моите. И не мислам дека е ок никако поинаку. Ни за сегашнава врска не знаат многу, ниту па некогаш ќе знаат, таман да родам деца со него. Ама сериозно многу луѓе се на мислење дека треба "постарите" да се замешаат, за мене е тоа ултимативно и бескомпромисно НЕ.
Едино позитивно во целава ситуација е шо тој искрено се изјаснил шо сака, на почетокот на врската, а не по 3 деца. Тоа шо селаните, во целава ситуација, се најдоа прозвани, ми е…
Мене дечково не ми личи дека е лоша личност. Работи, плус ниже тутун, што стварно е макотрпна работа. Се грижи за своите родители. Исто така, и кажал со време да се изјасни дали се согласува со она што го предложува, за да не си го трошат обострано времето. Пофер од тоа, здравје. Навистина му посакувам да си најде жена каква што си ја замислил, ама тоа не е таа што го пишува проблемот. Исто и на девојкава и посакувам да си најде што си бара, и пак, тоа не е дечково. Или ако толку сакате да си го решите проблемот, може да се разделите извесен период, да си ги преиспитате приоритетите, и ако во тој случај на исто стоите, дефинитивно не сте еден за друг. И никако не треба да форсирате.
Да земевте на девојкава од 20 години да и ги прочитате предходните проблеми од односот на дечко и кон неа, немаше тука романчиња да пишуете, али ај...
Баш сега прочитав што има пишувано. Мајка и била против врската пошо бил сељак. После девојчево има проблем зошто возел камион, не сакала да вози. Сега и пречи што ниже тутун и сакал да живее на село. Епа excuse me, miss ,,I wanna marry a CEO". Кој со кого има проблем тука цело време?
Секој може да си постави ултиматум (во одреден дел од врската) и тоа не го прави лоша личност. По села и брда го однесовте муабетот, не ја тера со сила. Ако ѝ пречи ќе си седи во градот и никому ништо. Ако од старт ѝ пречело и живеењето во село била потенцијална пречка, не знам зошто тргнала со него да биде во врска.
Е ај, наша грешка Гош. Сите сме согласни дека треба да го остави. Зошто не го остава, еве не знам. Која и да мисли дека тој (не овој, секој) ќе се смени - нема. Кај што не ви чини оставајте и не се вртете назад, еден живот имате, а партнер се бара по мерка, не по "ама го сакам".
Не, мајка и е против врската оти ќерка и е 19 годишно девојче прва година факс, и иде со 24 годишен маж шо ја врбува да батали и факс и се и да иде тутун да ниже, од град у село да се батали. Не е мајка и од вчера. Тоа шо го нарекла сељак не го оправдувам. И не гледам што е лошо што и сметало дечко и да иде да вози камион? И мене би ми сметало. Тоа не значи дека му забранила, или ултиматуми му дала. Он си отишол, не му чуе. Исто као што не му чуе ни за тоа кај сака она да живее, што да работи, па со цел памет и рекол на сред семестар да дојде со него да се ака по камиони... И плус на сето тоа, и емоционална запоставено... Али така растат децата.
Па нека најде CEO, и тоа е ок, само од човек што не сака да е CEO и јасно ти кажува дека не сака, не сака градски, современ и не знам каков живот, со сила ли ќе го сториш.
Паметно од мајка и', сите сме согласни дека треба да го остави. Тој си одбрал за себе во животот, нека му е со среќа. Него девојчево да бере акл и да не прави глупости. И мене би ми сметало камион да вози, би ми сметало и мн. други професии, за камион и до ултиматум би дошле (како и за авион итн), не се гледам во брак со некој што не се знае кога е тука, кога не е.
Ако на пример, не биде таа со него во иднина, ќе биде друга, дали повторно е во ред тоа што се противи детето да не оди во градинка, зошто мама ќе го чува? ( на детето му е потребна социјализација, другарчиња) Во снаи и свекрви лом ги правите свекрвите зошто ви пречи што живеете заедно, сакате да бидете сами, па не сакам бабите да го воспитуваат детето а ваму друга приказна, кога се работи за вас, планини ќе срушите да имате приватност па дур и под кирија ќе одите само да бидете сами, ама членката ја распнавте неколкумина, нормално, кога е на своја кожа не е во ред, кога се работи за друг, се е ок? Дволичност многу а?
Не е дволичност. Во првото мислење напишав дека за мене е ноу-ноу живеење во заедница, дотаму што нема да останам во таа врска и тоа е тоа. АМА, ако некоја смета дека е ВО РЕД, нормално, па и посакувано да живеат на посебен кат (а познавам такви), која сум па јас да и' кажам, не треба, не ти како сакаш, ЈАС како сакам? И за деца чување, моето мислење во соодветните теми е образложено, ако родителите сакаат/можат да го чуваат дома и да го воспитуваат, нема да остане осакатено, на 5 години мора да појде прваче. И под кирија живеам и ќе живеам сама, а не па со маж. Тоа не значи дека сите на светов треба да мислат/прават како мене. Еден куп жени земјоделки од земјоделски семејства има, не е дека строго мажите само земјоделие работат, па ЛЕЛЕ туго. Тоа што девојчево, како и повеќето нас, не разликува мотика од лопата, не значи дека нема жени кои се занимаваат и бираат да се занимаваат со земјоделие.