Ви благодарам на сите искрени совети.Го блокнав од секаде,таква личност не ми е потребна.Самата увидов каков е,и не ми е потребен повеке.Ако мисли дека може да ме навредува и понижува се заебал.Нема повеке назад,ама важно се чуствувам одлично.Му изнакажав многу работи,дека е кукавица и дека бега од проблемите,дека нема повеке да го барам.И дека не сакам ништо од него.Тоа е тоа.
девојкииииииииииииииии незнам како да почнам затоа ке кажам само на кратко.... мислам дека ова не личи на мене ама чувствата се посилни пред извесно време ми се засвиѓа дечко што има излегувано со сестра на моја другарка а и јас се дружам со нејзината сестра, сите се знаеме имаме и излегувано заедно, знам дека е погрешно ама на срцето неможеш да му наредиш. Дечково одоколу одоколу вака така ми даде до знаење дека и он како нешто да чувствува за мене ( ама не сум сигурна ) и ме викна да сме излезеле ние двајца сами ( а иначе овој период стално се гледавме во присутство на наши познаници ) Јас сакаммм ама кога ке помислам кој е уствари дечкото и што ке биде ако се дознае ке ме гледаат со други очи ( мислев на другарките ) помош ве молам ??????
Ако ти се допага тој дечко излези со него но прво прашај ја сестрата на другаркати дали ке и пречи ако излезеш со него!
Епа тогаш што сакаш! Не сакаш да ја повредиш, не сакаш да те гледа со други очи! Тогаш бегај подалеку од дечкото!
^^ Зошто да бега,да не има тифус дечково? Ако ниту сестра ти,ниту тој не продолжиле да контактираат,ако не и значел ништо,зошто да не? Ако сестра ти не го зборува повеќе,не се труди да се смири со него,ако не ти прави проблем зошто да не? Е сега,јес дека малку е комплицирана ситуацијава,и беше дечко на сестрата на една другарка,џам боравица е цела,но ако го знаеш дечково ако ти се свиѓа,мислењето на другите треба да ти биде последен водич за тоа што да правиш. Никогаш нема да постигнеме многу ако се прашуваме што ќе кажат другите. Не се секирај за другите,тие не мислат многу често!
Ако нема веќе ништо помеѓу нив - штом му се допаѓаш, а и тој ти се допаѓа тебе, од мене имаш зелено светло нема што да се лути другарката. Впрочем и не ти е некоја другарка, толку да му ја мислиш, а и да требало да се заедно сега се уште ќе биле - а не се, така да не се замарај многу.
гледај да си потокмиш себеси, бидејќи ако нон стоп прашуваш некого, не секогаш за одговор ќе го добиеш тоа што сакаш и не секој ти мисли добро .... Ако ти се свиѓа и му се свиѓаш што па да не пробате
Одев со дечкото скоро 10 месеци, бевме многу блиски како да се знаеме од порано, како да сме едно.Идеше дома кај мене нон-стоп, јас кај него дома и спиење и се бидејќи сме од различни градови.Се беше убаво ама баш се, не се каравме воопшто, добро сега знаевме да се налутиме некогаш.И сношти од нигде никаде ми рече дека не ме сака повеќе, дека сака време да поминие да размислел поубаво, дали ме сакал уште, а до пред некој сат ми викаше те сакам и ми недостигаш.Ми рече дека сум го напнувала, а тоа нема врска секогаш сме биле либерте еден спрема друг.Едноставно не го препознав дечкото со која сум делела се.Толку многу го засакав, толку многу ми значеше, СЕ ми беше.А тој мене преку една вечер ми рече дека не ме сака повеќе, дека ништо не чувствува за мене моментално, дека ме сакал ама ме отсакал.И тоа во порака ми пиша.Незнам што да мислам веќе.Го прашувам што е работата ми вика веќе незнам дали те сакам.А бев сигурна дека ме сака до пред тоа да ми го речи,искрено се запрепастив зошто делевме СЕ буквлано со мојте се запозна по цели денови кај нас дома беше, и јас кај него.Со неговите се слушав јас неколку пати во неделата, а сега пред две-три недели не ме бараше никој од неговите, и мене чудно ми падна.И се си мислам да не имаат замешано прсти неговите, зошто девојката од брат му некако ми делуваше како да не ме сака како настрана да ме гледа.Ако имаат тие направено нешто СЕКОЈА ЧЕСТ има Господ и гледа нека им врати на најмилото ( да не грешам душа).Го прашав имаш друга ми рече дека нема и досега не сум сетила да има нешто такво.И рекол на другарка ми дека несака да ме види ОНАКА, значи тој мене без причина ми се скара и уште се прашувам зошто и многу ми е тешко Ќе ве замолам да ми кажете што мислите што би можело да е ???
Тоа отсакувањето, не оди тек така. Тој можеби ти го кажал директно и тоа те изненадило, но немој да си мислиш дека пресвртот во чувства се случил преку вечер. Нешто во него тлеело и гниело, и на крај си олеснил на душата. Е сега се прашуваш ЗОШТО таквиот пресврт? Неговите чувства најверојатно изгубиле на интензитет бидејќи вие тргнавте многу брзо. Прочитај го болдираното уште 5 пати ако треба и запамти го. Многу сте избрзале. Кога успеавте во 10 месеца да спиете повеќекратно во куќата на другиот, па и сте се запознале и одржувале контакт со родителите. Што било следно? Брак после година дена врска? Дечкото "согорел".. Не си му оставила ништо возбудливо и неоткриено кај тебе, и сега тој е целосно управуван од нејзиното Височество, Биологијата. Сега си бара ново, свежо, повозбудливо...Бара да си го обнови периодот што го имал со тебе. Сеуште не е свесен дека го сака тоа, бидејќи и самиот е збунет. Тоа следува откако ќе му помине "периодот на збунетост и размислување".
До BettyBoop25 Мила не се чуствувај ти виновна што тој престанал да те сака никој не престанува да те сака за еден ден.За тоа треба повеќе време,како што велиш и самата во текстот дека дури и неговите престанале да ти се јавуват.Тука дефинитивно има нешто повеќе да знаеш.Мислам дека малку сте претерали со одење идење бидејќи сте биле малку време во врска,можеби не си го запознала неговото вистинско лице онака каков што е ! Има време за се тој со сигурност тебе не те засакал- или пак му здодеало едноставно твоето однесување нешто е.Види преиспитај се самата да не е грешката во тебе (иако се сомневам во тоа) можел ако е тоа во прашање да ти напомени дека нешто кај тебе не му се допаѓа и слично.Се надевам дека до некаде ги оправдав твоите размислувања.Пријатна вечер и не заборавај Животот продолжува не застанува!
Сега подршката ми е најпотребна. Значи одкога го блокнав од мсн,мобилен скајп (а тој од фб)и му кажав дека не ми е потребен,дека не сакам ништо со него.Дека ништо повеке не чуствувам и му реков дека нема да го барам (тој пак ме навредуваше)видов на фејсбук дека ми испратил пак покана за пријателство после се што му изнакажав.Не планирам да го прифатам се уште,а можеби и јас ке го блокнам овој пат се додека не ми се извини за сите навреди кои ми ги кажа изминативе месеци а за натаму дали ке му простам зависи од мене. Значи што му е филмот?Јас се придржував до се а тој пак ме бара упорно .Дали е можно да си ја сфатил грешката?Иако не верувам толку брзо. Не сакам повеке ништо со него зошто тој тоа што ми го стори не може да се прости,а сакам да му кажам конечно да прекинеме со се и да престане да ме бара.Не се осмелувам да му пишам зошто ме фака страв да не паднам на неговите зборови а сум доста наивно девојче.
Пеликуна, престани веќе да вртиш во круг со овој дечко! Што ти е гајле што му е филмот, кога ти твојот „филм“ си го знаеш. Рече дека не сакаш повеќе ништо со него, и ПРИДРЖИ СЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ ПРИ ТОА! Тој те аднал повторно од за него оправдани причини, епа така и ти НЕ го прифаќај од за тебе оправдани. И пак ќе те потсетам на постовите од пред неколку дена, а ги има повеќе, кајшто кажуваш дека веќе нема да се замараш со него. Го мислеше тоа, НЕЛИ!?
Па се придржувам а тој упорно ме бара.Му реков да не го прави тој ама не си стои на зборот.Не сакам ништо со него.И си стојам на тоа.Не планирам да го прифакам повеке зошто ужасно ме повреди а сега ми вели дека си ја сфатил грешката.А јас како наивно девојче попуштам.Сепак фала,сакав да го слушнам ова од тебе.Зошто се блокирав целосно.
Пеликуна, значи упорно те читам во неколку наврати на темава и не сфаќам воопшто кој ти е тебе филмот. На типот донекаде му го сфаќам - самата си кажа, лесно можеш да потпаднеш под влијание и слатки зборчиња зашто си малку наивно девојче, па он си користи. Ама ти упорно продолжуваш да се измачуваш со истите прашања и грешки. Значи кога ставаш крај на нешто -КРАЈ Е! Be done with that ! И точка. Најди си начин, најди си сила како ќе го преболиш и заборавиш. Побогу, ако треба најди си и нов дечко ако тоа ти помогне. Како, не ми е навистина јасно, КАКО, на 21 година си ја трошиш енергијата на мсн, на скајп, на ФБ и блокови и лајкови и повторни понуди за пријателства? Да сум на твое место нема око да ми трепне, нема ни да помислам на ова. Значи си трошиш ВРЕМЕ ЖИВЦИ ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА на глупости. И што е најтрагично - бараш совети, а не се ни трудиш да спроведеш нешто во пракса. Длабоко во себе си знаеш дека да дојде и да моли една вечер пред врата, веднаш ќе му простиш. Зашто така си дозволила. Не биди играчка и нечија занимација. Окупирај си го вниманието со друго и не дозволувај да те газат. Тешко е, никој не вели дека не е, ама не си ни прва ни последна на која и го скршиле срцето. Ќе преживееш.
Trendafilka ги прифакам критиките и знам дека се добронамерни,ама јас за сите совети кои ги побарав ги применував до сега.Значи не го барав,не му се јавував,апсолутно го тргнав од секаде,и не му зборував како што е навикнат самиот тој.Е сега,мора да сум постојано на вакви друштвени страници зошто само така успевам да контактирам со моето семејство кое е далеку од дома,друг избор немам.А и на факултетот се бавам со компјутери зошто учам и таков предмет па мора да сум во тек со настаните. Уште пред некој ден самата јас решив да прекинам а тој сега ме бара.А зошто?Јас почнав да сум рамнодушна кон него.И излегов со момче кое ми се допага,а сега тој се труди пак да воспостави контакт со мене. Фала сепак,го ценам ова
Не, никој не рече да се откажеш од компјутерите за да избегнеш контакт со него, таман работа. Ова може глупо излезе, замисли да се скриеш од сите компјутери на светов и околу тебе. Во подрум ли ќе живееш. Може делував строго и сурово, ама навистина се измачуваш. Убаво што си излегла со друг дечко, излези пак, излези уште 10 пати, ако треба излези и со друг! Нека те бара колку сака, нека моли, нека ѕвони, просто нека не ти биде гајле ЗОШТО. Изолирај се од тоа. Ти кажувам од искуство, ние жените за љубов сме спремни да доживееме лоботомија, да заборавиме на се', за еден бакнеж, за една ноќ, од што сме си наивни и простички. Сите до една, кога сме вљубени. Јас те сфаќам. Мене ми е јасно кога викаш дека си рамнодушна, а не си сосем. Јасно ми е дека мислиш постојано на него, те копка, и кога невечер излегуваш некаде потајно се надеваш дека ќе го сретнеш. Да види колку си убава и дотерана и колку "не ти е гајле за него". Кога се сретнуваш со некои лица блиски со него, другари, пријатели, братучеди и се молиш да го споменат први во разговор за да дознаеш нешто за него. Јасно ми е се', зашто сум го поминала, ама не вреди. Просто најди начин и сила да поминеш преку тоа и раскрсти засекогаш. Ќе си го олесниш животот и тоа многукратно. Поздрав и со среќа.