Е да, ама и двете страни треба да имаат муда да им кажат на родителите до кај можат да одат. Овде на форумот не можеме тоа да им го дадеме, или ако некој/а очекува да се собереме 5 души и да идеме да им ги решиме проблемите со нивните, sorry to break it out, али тоа нема да се случи.
Шо толку се фативте за родителите на девојката? И да се во право и да се во криво, она не ги послушала и се борела за нејзината љубов. Затоа е со него. Но тоа никад нема да се деси од негова страна. Пошо он мама си ја сака и слуша.
Бидете реални, на колку од вас нема да ви пречи ќерка ви да сади тутун? Ама најискрено. Немам против село ништо, тие си произведуваат и благодарение на нив имаме зеленчук и овошје. Ама цел живот сум живеела во град, и сега да одам тутун да садам нема шанси. Сите потекнуваме од село, да, и нашите родители, ама не секој сака да работи по ниви.
Ајдеее, гледам се крена интелектуалната фела и големите писари од форумов и тука, па и по другиве теми да вртат муабети демек некој понижувал земјоделци и сточари, само оти не сакал земја да работи. Јес да и вие не сакате, али овие другиве не се ко вас, они се луѓе од друга класа, нема шо да сакаат нешто у ваш ранг да работат. И све се на село мажени, со земјоделци... Рекле НЕ, не учам факултет, ќе идам тутун ќе нижам. И цело семејство со сите комшии застанале и групно аплаудирале... Да знаеме, оти е неискусно дете, али на форумов све либерте се, годините се само бројка, дента чим 18 години напуниш одма магично и искуство стекнуваш и фронталниот кортекс ти се развива... Али не е крив тој што те начекал млада и неискусна, него ли ти оти си млада и неискусна, па го дозволуваш тоа.. Мех.
Искрено повеќе би ми сметало да биде со мрза, наркоман, алкохоличар, коцкар, насилник, со некој на кој цел свет му е крив, а тој секогаш е во право, некој кој не е само критичен и не знае да се погледне во огледало, отколку со некој кој можеби моментално не е добар, ама е умен, амбициозен и знае што сака во животот и работи да го постигне тоа, без разлика дали би копал, возел, летал. Ако таа е ок, јас ќе бидам уште повеќе.
И јас сакав да пишам дека тоа што дал ултиматум е најдобро нешто што им се случило, ако двајцата сега бидат паметни и се одлучат да раскинат, ама ме исплашивте. 100% сум за врски да функционираат т.е. да завршуваат со ултиматум за одредени работи. Да имаме или да немаме деца не може да биде компромис, дали да живееме во Македонија или во Германија не може да биде компромис ако некој зацртал дека сака да остане во Македонија исто така дали да живееме во заедница или не не може да биде компромис. Со ултиматумот и покажал каков е навистина и кои се неговите желби. Па боже мој, зар има нешто боље од тоа? Наместо да ја влечка и да ја манипулира и жената слепо да се пресели со неговите, незнаејќи кои се другите очекувања од неа таму. Пола од жениве што се жалат на форумов не знаеле колку се нивните мажи мајчини синови се додека не погрешиле и се преселиле со неговите, пример. Тој и кажал што сака, отворено и тоа е совршено! И мислам дека не е битно во темава да се дискутира дали човекот е заостанат, дали е тоа типично размислување за луѓе од село. Не е нејзина работа да го убедува како треба да размислува и да го поправа. Двајцата нека си одат по она што го сакаат. Тоа е тоа.
Ама членката си има работа, што има да оди и тутун да сади и по нивите таму. Тоа таа ако сака, а не тој да и наредува тие ако работеле по нивите и таа, немало да легачи, па си има работа. Може неговите се земјоделци, нека си работат по нивите. И дечкото нека работи по ниви, не му забранува. Ама таа ем на работа, ем на ниви, ем по дома ручек да прави и да чисти.
Затоа земав во предвид за кој град се работи, а по постовите, најверојатно е Кичево. Во земјава многу малку градови може да се сметаат за развиени градови, Скопје, Штип, Кавадарци, Битола и Тетово. Толку. Се' останато е мешавина меѓу град и село, што поради навиките на луѓето (во сред град имаат ниви), што поради тоа што државата нема денар фрлено да се помрднат, што поради иселеништвото и немање што воопшто да работат тие луѓе. Со изумирање на идустриите и транзицијата, градовите тешко дека се навистина градови. Еден Пробиштип со 3000 луѓе, настанал како индустриски град, денес индустрија не ќе да има. Па повеќе е село, иако се води како град. Како што швајцарските села што ги спомнаа, тешко дека можеме да ги сметаме за село по наша дефиниција, затоа што се населби, приградски. И апсолутно се согласувам дека човек од село полесно ќе се навикне на град отколку обратно, само малце премногу е смешно (мајка и') што живее во едвај град, со едвај еден булевар, непостоечки асален хотел, нефункционална албанска општина, секоја куќа со нелегално оружје (независно од етникум) да зборува кој е сељак и од село.
Уште си премлада. Мој најискрен совет ти е да не брзаш и секогаш, ама секогаш да си го слушаш инстинктот што ти вика. Прво, верувај дека имаш уште многу животот да те научи. Имаш уште многу да се искалиш, уште многу премрежја да поминеш понатаму. Јас би ти препорачала да му дадеш време на времето и да уживаш во животот. Пиша дека сакаш да патуваш и да создаваш нови искуства. Направи го тоа, оти ќе ти биде криво. Сосем нормално е тоа да ти се шета на тие години. Седни си и добро размисли си дали сакаш да си скратиш некои такви работи. Мое мислење е дека треба да ги искусиш дури си млада, да уживаш во животот и да не влегуваш во посериозно нешто сеуште. Само тоа послушај не и не брзај, па после неколку години кога си позрела поинаку ќе гледаш на нештата.
Членката има 19 години. Каква работа мислиш дека има? На крајот, ако таму се гледа, нејзино право. Ама дека она е тргната на успешен пат за судија, не е баш.
Никој не ја тера со сила. Не сака. Нека му тури пепел и крај. Тоа што дечкото гледа на животот со едни очи, а таа со други не значи дека еднипт или другиот е прост, заостанат итн. Како што пишаа други, искрено и кажал, сакаш, не сакаш и готово, нема потреба да се тупи.
Па сите на 19 години сме почнале со некаква работа, не може веднаш да седне на фотеља. И директорите не станале на 19 години директори, ниту судиите судии, мислам и членката дека студира. Ама дека сака тутун да сади тешко.
Шо ти толку против членката си запнала? Ало, девојчето е 19 години. Шо очекувате од неа, IQ да и биде 450??? Си има пишано она дека нема добра врска со мајка и и затоа не разбира много работи во животов. Еј, не ми се верува дека браните таков нарцис како тој дечкото? Не само за ова девојче, туку и за секое следно тој ќе биде ноќна мора. Вие би ја пуштиле ли ќерка ви со таков да се мажи и да живее со такви луѓе? И факултет да и пропадне и се само затоа шо они така сакаат? Аууу, шо се се изначитав денес. Ние какоо нација никад нема да мрднеме од мртва точка.
Не сака да сади тутун и тоа е СОСЕМА во ред. Не треба ни да работи, пошто има пишано дека тешко и' одат студиите, треба да УЧИ, ако сака да има живот како што опишала на почетокот. Ниту со тутун, ниту со куќа и' е време да се занимава, мајка и' за една работа е скроз во право, треба приоритет да и' е факултетот, студентски размени, познанства, а не исправање криви дрини со потенцијален маж и потенцијална свекрва.
Ај прочитај едно мислење над ова. Ќе сакам ќерка ми да биде исполнета во животот, само толку. Не може моите неостварени желби на нејзини плеќи да ги товарам. Немам ништо против девојчето, колку сестра ми е. Сестра ми во слична ситуација (што нема врска со село, туку со некомпатибилност на замисли и планови) ја советував да раскине.
А ти мислиш исполнета ќе биде во куќа кај шо ќе мора да ќути оти така вика свекрвица? Нема да ти биде жал? Боже господе
Не знам како не се разбираме. Ниту ја прашувам мајка ми што сака за мене во животов, ниту нејзиното мислење играло улога до сега, ниту ќе игра во иднина. Ако јас го живеам овој живот по моја замисла, а не како што мајка ми мисли дека треба, со кое право утре на возрасната ќерка би и' кажувала како да живее?
Леле аман луѓе. Одма готово девојчето се "поселанчи" па и на работа оди и по ниви и 5-6 деца роди, тутун посади, кравите ги среди... Толку против селото сте се запнале. Јас познавам луѓе што живеат во село. Мажите претежно работат такви "селски" работи, ама жените си работат друга работа. Скоро се им е механизирано и кога доаѓа сезона на берење обично плаќаат луѓе од град за да им работат. Џебот им е полн. Јадат поздраво од нас, и мене ми изгледаат многу посреќни. Тука не е проблемот во село град. Проблемот е што дечкото не сака да прави отстапки, а бара некој тоа да го направи, и мајката на девојчето, која сметам дека ќе и се меша секогаш со кој и да е во врска. И некако на 19 години е прерано да размислуваш толку далеку. Ако ти е убава врската остави спонтано да се одвива се. Планови за каде ќе живеете ми се премногу на таа возраст.