Абе ти не и кажувај ама немој да ни кажуваш нас тука дека некоја од незнам си дека ќе отиде и ќе биде среќна во куќа кај шо ќе треба да молчи и да трпи. Оти тамо зборот на мама се слуша а снаата е дојденка и има да ринта, да ниже тутун и да раѓа деца кои само за цицање ќе и го дават иначе нема да ги виде. Не ми кажувај оти некоја ќе се усреќи од ова. И тие шо нижат тутун, нижат оти морат а не од шо сакаат.
Таа не те чита да те разбере, таа чита да одговори, иако ти никаде го немаш спомнато тоа за кое таа се потресува со Боже Господе.
Јас за своите деца утре можам само да се надевам дека сум ги воспитала да бидат добри луѓе и да знаат дека мојата врата е за нив секогаш отворена да се вратат ако се несреќни, без оглед дали нижат тутун, прва дама е, самата е судија или домаќинка. Искрено, малце ми е критично на возрасен човек да му кажуваш со кого да биде и со кого да не биде. Пошто еве го ефектот, со насилното однесување (вербално) и очекувања, мајка и' само повеќе ја турка кај овој, наместо да и' пружи прилика да сфати сама и да се чувствува безбедно да разговара.
Aма нели па во други теми пишувавте дека треба да се отворат очи уште додека се во врска? И уште во врска треба да се знае планот каде ќе се живее, дали посебно, дали во заедница. Па ете му спомнала за да види што ја чека, не дека утре ќе се мажи. И никој нема ништо против село. И не ги работат само мажите тие работи, ги работат и жените, и дечково јасно и кажал дека ако работеле тие, и таа, немало да легачи, значи треба да го откачи. Ако остане со него, тешко на неа, па уште ненаправено дете мамичка ќе го чува, таа знае најдобро.
Види, јас и ти се немаме разберено. Јас неам ништо против луѓе шо живеат и работат на село. Мене ми пречи било кој, значи и од град да е, шо вика дека девојката ќе морала да ја напушти работата за да работи он тоа шо сака, а децата мајка му ќе морала да ги гледа. Каде е мислењето на девојчево тука? Или ај не за ова девојче, и било кое друго шо ќе биде после неа со него, истото ќе ја снајде. Па и во град да си, со такви луѓе да живееш, ќе треба да се убиеш.
Dosta filozofirate, tipot valjda raboti itn ne e mrza. Za leb nema da stradaat, ama deka ima malce zakoraveni mislenja ima. Dali ce go ceni mislenjeto na idnava sopruga i to mo e somnitelno ili samo kje ja gleda kalo plus race za rabota i mashina za ragjanje deca. Ubo vaka ao od odma i kazha, e sea na ostanuva da odluci..
Па да треба да се отворат, овде не е најголем проблем селото. Овде јас гледам дека уште од старт родителите од двете страни се вмешани. Ако сакаат двајцата да функционира врската треба заедно да донесат одлука. И пак ќе повторам. Јас на 19 години, иако бев во врска со мојот сегашен сопруг ни на крај памет не помислував каде ќе живееме и со кого. Едноставно врската си се одвиваше без да форсираме брак деца...
Значи луѓе не барам мислење од вас ако не сум во лоша ситуација. Моментално седам дома и цел ден ви ги читам мислењата, нити ми е дојдено до печено ребро со човекот моментално зашто си ги преиспитувам мислите. Имав пишано во една тема дека се осеќам депресивно и со психата сум на нула и ова ми беше шлаг на тортата. Утре ќе зборнам отворено со него што и како, битно ми е дали ќе најде некаков компромис и ќе се потруди да ме разбере, битна ми е и иднината зашто тој човек го гледам како дел од себе, битен ми е исто така и факултетот и работата што ја работам. Значи од една страна се борам за нештото да е подобро од друга страна не би попуштил во ниеден случај да живее посебно со мене. И не попуштам и јас додека не видам дека нешто се подобрува со нас,стојам на ставот дека ако е од село и сум прифатила што е од таму. Сите ние потекнуваме од некое си село па сега сме во град и живееме градски живот. Би живеела ако ги немаше овие форсирања дека ако сакаш ќе мораш, што не морам ништо. Дадов само предлог и не беше ни фифти фифти од негова страна. Не е толку проблем селото колку што е проблем тоа што тој не сака да обезбеди подобра иднина за себе па и за децата. Можеше да каже прво да се земеме па кога ќе имаме деца тек тогаш да си земеме и куќа, па ако некогаш имаме време ќе појдеме и на село ќе помогнеме тоа што треба, сестра му е мажена во град па го прави истото, кога може оди и помага а пред да се омажи освен тутун не работела ништо затоа можи е мажена на 18 години, сега шета и ужива со 2 мали дечиња. Ама нејзи ја дале по 3 месеци врска без размислување. А што е со синот што мора да остане тука, рмба цело време не знае што е одмор и тој нема право на подобар живот со партнерката пошто ако си замине тие веќе нема да го сметаат за син. Тој е така воспитан по некое си нивно правило и не сака да излезе од таа негова зона подалеку од тоа што тие го учеле.
Грешка размислуваш дека би било поарно да ти кажал прво да се земете па после се ќе биде. Оти така ем шо ќе те затвори со брак, ем ништо нема да видиш од тоа ветувањето. Он бил директен со тебе дека нема да го напушти неговиот дом. И поарно. Сега треба уште еднаш да разговараш, и пак ако не сака, те советувам да го оставиш. Од љубов не се живее, кога ќе ви почнат таму проблемите, љубовта низ џамот ќе избега.
Оди во темата за проблеми со свекрви и во секое второ мислење ќе го најдеш дечко ти и мајка му. Ти имаш огромна предност што уште сега ти е кажано, многу жени се лажени со години и манипулирани дека ќе биде се' што сакаат, за после пу-пу не важи. Од тоа дека синот треба да ги чува, за кого кат правеле, до сите можни глупоштии. Тргни се, паметна си, ќе преболиш.
Имам другарка која се ожени со дечко од село. Дечково инаку потекнува од земјоделска фамилија, има трактор и се што е потребно за земјоделие. Пред да стапат во брак, родителите го форсираа да живеат на село и да ја работат земјата. Сепак, двајцата најдоа компромис, купија стан во град, а на викенд се во село. Така да, ако се сака ќе се најде решение без ултиматуми и слични глупости, заедничко решение без мешање на мајки тетки и стрини.
Џабе на кого ќе објасниш овде. Битно да е од град не е битно што 6 души живеат во 50 квадрати. А тој на село што живее во 300 квадрати и што има залиха на храна за 2 години кој сам ја произведува е затуцан и старомоден. Не дај боже нешто да се деси како во Украина на пример, они ќе останат ние ќе изгинеме за месец дена. Ама ете вкоренето е во овој проклет народ тоа.... А и понашањето негово не би рекла дека е лошо, ако ништо друго барем не ја врти како што сака не ја тера со сила или нешто. И рекол ако сакаш вака ајде ако не вратата ти е отворена не те држи никој.
Не знам дали во Скопје по пазар имаш излезено. Едино овошје што не расте тука е увезено, другото се е од тука. Млекото и сирењето што го купуваш дома сигурно не ти е од Шведска увезено.
Ама тој не сакал да се бави со земјоделие, затоа имало простор за компромис. Дали сериозно вакви компромиси би барале од пилоти и хирурзи? Кога некој за себе знае што сака да работи и да биде, не можеш тука ништо освен сам ако не сака, неважно пол. Ако сакам да сум детектив еве пример, партнерот што ќе го имам мора да живее и да се носи со ризикот што се подразбира со мојата професија, плус да е доволно флексибилен пошто е работно место кое некогаш и нема смена. Односно да биде свесен дека ќе се случи да пропуштам родендени, годишнини, школски претстави, слави, некогаш и одмори итн. Ако не може да се носи со тоа, не може, не е се' за секого. Не може од мене да бара да сум за викенд само детектив. Не иде тоа така. Пример ми беше само, аплицирај буквално на секое работно место што не е 8-4 канцеларија, понеделник-петок. Светот не може да функционира без секоја можна професија која постои, вклучително и камионџии, и детективи, и земјоделци. Некој може да живее со нив, некој не може, ама тој некој со себе мора да расчисти што може и што не може прво.
Се бави, се уште работи и земјоделие за викенди. Има и убава работа плус, а и таа. Купија стан во град при убава куќа во село. Селото не е многу одалечено од градот, но нема основни работи за да живееш нормален живот а под тоа мислам на амбуланта, школо, аптека. Има само 2 3 маалски продавници што не се добро обезбедени и ретко има превоз -комбе или автобус за до град. Ако има доволно патници супер, ако не воопшто и нема да тргне превозот, за 2 3 не им се исплаќа да возат. Тие за викендите одат таму, помага мажот на другарка ми на татко му, а дур и се занимаваше со земјоделие и пред нејзе и пред да се вработи каде што е сега.
Ама во ред, тоа за нив ете е успешен план. Не секогаш е изводлив. Ако некој решил со која било професија да се занимава фул тајм, прилично е чудно да побараш да се откаже од истото, ако сам не изрази желба. Важи исто и за тебе и за мене и за секој, ако сме решиле, сме инвестирале во опрема ли, во школо ли, сакаме да сме тоа, притоа не сме деца туку возрасни нели, еве не знам.
Дечково е затуцан и старомоден затоа што има такви размислувања, не дека е од село. И да, добро е што и кажал како планира, што нема да ја лаже со години.
Затуцан затоа што сака да живее во село а не да се гужва во кафез од 50 квадрати? И за тоа што сака да си ги воспита децата сам а не некоја рандом тетка во градинка со 30 други деца? Ај ти се молам не лупетај. Тоа што некој живее поразличен живот од тебе и сака други работи не значи дека е затуцан. Само затоа што не испаднало по нејзино и он не попушта не значи дека е затуцан.
Random tetka? Abe se slusate li so zborite I u skolo ne idete za da ne ve vospituvaat TETKI? se gleda deka vi fali socijalizacija malce so svetot