Затуцан е затоа што уште сега планира ненаправеното дете немало да оди во градинка, туку мама ќе го чувала. Затуцан е затоа што и кажал ако тие работеле и таа, немало да легачи, значи треба и на работа да оди, и по ниви, и ручек да прави. Па има што живеат во село па не се затуцани. И тие што садат тутун садат од што мораат, од тоа живеат. Земјоделци се, и никој ништо нема против нив. Најдобро е децата ни на училиште да не одат, што има да ги учат рандом тетки, кога може бабата дома да ги учи и воспитува. Леле што прочитав ејј не ми се верува. И нека плете детето дома со бабата. Кој век сме?
Сакајќи да го одбраниш селото, вреѓаш граѓани што живеат во град. Не сум ни слушнала 6 души да живеат во 50 квадрати стан, ама добро. Повеќе ми личи на чиста фрустрација постов отколку прикажување на предности кои ги носи селото. Не сите сакаме да живееме на село. Затоа и има толкава масовна миграција. И не зошто сме неработници, туку поради елементарните услови за живот кои претходно ги наведов. Еве ќе земам за пример едно младо три или четиричлено семејство. Прво, за на педијатар да го носиш детето ќе треба до градот да одиш. За да купиш лекарства, пак треба во градот да одиш. Ако детето има некакви пречки во говор или општо некакви пречки, во градот ќе одиш. Нема доволно деца во училиштата, а и прашање и тоа како се одвива со оглед дека буџетот е екстремно лимитиран. За да купиш облека одиш во град, за да купиш материјали во школо, град. За да отидеш на фризер, град. Детето ќе порасне ќе сака да излезе, пак ќе оди во градот. Патиштата да не правам муабет колку се ужасни. Кола ќе искршиш попрво, него да стигнеш некаде. За тебе нешто да притреба, доктор, или нешто посериозно, поверојатно е дека ќе треба до Скопје да отидеш, него до најблискиот град. И кога ќе сумираш се што пишувам, немаме против селаните, имаме против државата која не дава соодветни услови за живеење во селата. Пример, јас цел живот сум растена во град. За мене е шок да немам се достапно. Особено да се затворам во куќа на село со свекор и свекрва, а притоа веќе да ми е наредено како ќе ми се воспитуваат децата. Сакај си го селото, живеј си, но обострано сме зависни едни од други. Ако има војна сигурно нема да се гордеам на храната за две години, а притоа детето некој да ми го изрешета. Муабетиве ти се убитачни.
Јас можам да живеам на село, не можам да бидам земјоделец. Прво немам желба, второ и тоа си бара акл, а и снага. Се' живо има достава до село во суштина, и да го нема физички да го купиш. Во сред ск живеам, па пакет.мк најчесто користам, преференца е. Семејната структура е она што е најпроблематично, кој носи, кој меси, кој од кого што очекува, кој на што е навикнат, кој на што сака да се навикне. И апсолутно е сосема ок да не бидеме со маж кој живее сосема спротивно од нас, од она што ние го сметаме за нормално или она што сакаме од животот. Не мора никој со никого, љубов проаѓа, лузните се засекогаш.
Не е никој заостанат, затуцан ни идиот, премногу си земате за право, само едниот сака едно, а другиот друго, толку. Тоа е целиот проблем. Ама има решение, се прекинува врската и секој си бара тоа што ќе се согласи и вклопи во неговото гледиште за брак и живот каков што сака да има.
По возраст можам мајка да ти бидам. Ќерка од 18 имам. Ти го велам она што и нејзе би и' го рекла ако би ја имала твојата дилема: заврши прво факултет. Не трудна. Не мажачка. Млада си, има време. Дури и хипотетички ако ти е во твојата дома неподносливо, ПРВО факултет. Терај се себе си. Ако не ти одговара факсот, смени. Ама да завршиш. Зашто после, ако останеш бремена, те земе и слично, ќе бидеш во шах мат позиција. Угоре високо, удолу длабоко. My two cents.
Имам голем проблем, цел ден плачам и не сум паметна во ваква ситуација да го решам, ако сакате да ми дадете некој совет. Му се јави претходната сопруга на мојот дечко (као демек детето да се чуе со татко му) но таа цело време зборуваше на телефон, и овај ради тоа што бев јас до него и слушав се и вика ај подоцна ке ти се јавам ќе збориме. Му викам зошто не збориш затоа што сум јас тука? Ми вика па што има ти да слушаш тоа не е твоја работа. Почна да ми се дери зошто сум напоменувала што да прави тој, јас сум му го водела животот, која сум јас итн дури и ми рече дека не можел да ме трпи.. И вчера цел ден се допишуваа на телефон. Мене не ме регистрира како да не постојам тука Тешко ми е не знам што да правам веќе само мене ова ми сe случува....
Знам дека ќе комуницираат за тоа и му имам кажано дека тоа не е проблем. Но зошто вака мене ми се однесува тоа ми е тешко, зошто како јас да не сум битна во неговиот живот?
@Milaa111 Ах цени се себеси повеќе и откачи го. Не дозволувај никој да те прави да се чувствуваш дека си вишок, дека сметаш или дека не си важна. Верувам дека многу ти е тешко, но he ain't the one. Дозволи си да си најдеш љубов и човек каков што заслужуваш
Ај прочитај си го текстот уште еднаш и процени самата, дури и замисли дека читаш мислење од др членка…. Комуникација помеѓу нив мора да има поради детето, меѓутоа сметам дека треба да има јасни граници. Исто така, воопшто не ми се доапаѓа како тој се изразува, воопшто нема почит кон тебе.
Да ви кажам дека со типот раскинавме. Е сега да се преболи уште и ќе бидам комплетна. Фала ви на сите што ми помогнавте
Разговарав да, не прифати и мораше тука да прекинам. Си ја одбра куќата наместо љубовта, негов избор сепак јас се изборив и потрудив колку што можев.