Види, бар бил искрен и ти кажал точно што сака. Не те вртел со години за на крај едно да збори друго да прави. Млада си, животот е пред тебе. Ќе се заљубиш повторно и ќе си најдеш дечко што ти е компатибилен во размислувања. Уживај, терај си факултет и шетај, за тоа ти се годините сега.
Една од ретките приказни, каде бараш совет, добиваш, не се контраш, размислуваш, применуваш и по некое време сфаќаш дека добиваш. Со среќа нека ви е и на двајцата. Едноставно не бевте еден за друг. Барем по пишаното. Се надевам дека ќе го најдете токму тоа што го барате. Иако на лична карта младо девојче, барем размислува помудро од некоја што џабе и се годините кога го нема паметот што соодвествува на истите. Good luck!
Какви коментари луѓе, па дали се читате себеси? Во 21ви век некој ќе ми предодредува каде ќе живеам, што ќе работам и кој ќе ми ги ќува децата? Ајде ви се молам. Поголема грешка од таа, една девојка и не може да направи. Овде не станува збор за споредба на живот во село или град (и за апокалипси и снемување на храна ), станува збор за лични цели и планови за во иднина, секој човек е различен и има право да си го планира сопствениот живот. Ако двајца се на различна бранова должина и притоа едниот не остава простор за компромиси, тоа е тоа. Секоја чест на членката што не дозволила љубовта да ја заслепи и да ја направи најголемата грешка во својот живот. Типот уште од сега не ја почитува неа како личност, ниту нејзините желби, а со таков човек простор за компромис нема. Живот во заедница, работење тутун, донесување еднострани одлуки за растење на децата со баба, red flags колку и да сакаш, и уште си земате за право да заземате страни. Благо кажано - катастрофа
^ Никој не "зазема страна", туку објаснивме зошто не се компатибилни. СЕКОЈ има право како сака да си го живее животот, а ултиматуми сите имаме, затоа што не може за се' да направиме компромис. Еве меѓу дали да се има или да се нема дете, сериозно не знам што е компромисот. Пример.
Не е љубовен проблем ама ми треба совет. Ми се допаѓа деверот на една моја пријателка. Проблем е што не сме воопшто блиски со пријателката и незгодно би ми било да и речам било што сепак е фамилијарна жена. Друго тој не знае дека постојам срам ми е да му пишувам прва. Следниот месец има роденден тој, можеби тогаш би било момент да пишам прва но што ако ме откачи. Глупаво ли е да му пишам прва или сепак не?
Пиши му, нема магично да му се сони дека постоиш Ако те откачи - те откачи, живот иде даље, ти културно честитај роденден
Пиши му,можеби кога ќе му честиташ ќе почнете да пишувате,биди оптимист.Гледај да се движиш каде што тој излегува или зближи се со другарката за да можеш и дома кај неа на кафе да одиш за да го сретнуваш дечкото.
Не ги потиснувај чуствата , насочи ја енергијата на работи што си сакала да ги направиш или спојазиго некое страо хоби кој е длабоко вкорнето во твоите чуства. Насочи ги дејствијата и мислите на нешто различно кој те исполнува со љубов!!!
Здраво на сите сакам мислење од машка и женска страна, знам дека ќе има осуди so here we go... Со дечко ми сме заедно 4 години. Доволно возрасни и двајцата, самостални, вработени итн. На почеток од врската првата година беше супер се, не можам да опишам колку бев среќна. Човек на место. Бидејќи од претходната врска бев изгорена од човек кој цело време пишуваше на други, лајкнуваше, излегуваше со други и телефонот го криеше во дупка, тука самиот тој ми покажуваше се. Телефонот ми го даваше, кога ѕвоне некој ми вели јави се, не лајкнува не пишува со никој и се тоа супер. Но, човекот малку се опседна со мене и стана посесивен, за разлика од мене што не станав таква. Како за почеток после 1 година врска ме оддвои од сите другари што ми беа во градот за на крај да прекинам комуникација со нив. Почна да ми повишува тон и да се понаш на моменти. До сега ме нема навредено или удрено. Излегуваме заедно секаде не се жалам за тоа, но во животот немам никој друг освен него и почнувам поради тоа да чувствувам гнев кон него. Чувство како да ме контролира и демне. Почнав да работам пред 1ипол година и се зближив со неколку колешки и почнав да излегувам и го смени односот кон мене. Да кажам дека секој ден по 150 пати ми кажува дека ме сака и дека му значам и дека никој никогаш нема да ме сака како тој. Нон стоп купува разни цвеќиња и букети. Се е тоа супер романтично но јас се изгубив себе. Немам никој???? Од личност која цело време беше насмеана сега сум целосно затворена во себе. Разговарав за ова со него пред некои 4-5 месеци и му кажав или ќе се смени или крај ќе биде и од тогаш навистина човекот се промени на добро. Е сега тој се смени, ама мене чувствата ми останаа исто мрачни. Кога нема некогаш да го добиеш тоа на време, потоа не е тоа тоа. пред 3 месеци сменив оддел во фирмата која ја има на неколку места во државата па бев на обука во друг град неколку дена за време на работно време. Ги запознав моите колеги од работа сите млади позитивни и се супер. Со еден колега што ми е генерација од друг град се зближивме и почна да ми помага околу работа и многу научив од него. Надвор од работата не комуницираме, но за време на работа пишуваме и се слушаме бидејќи работиме на ист проект. Почна да ме прашува што ми се случува и зошто секој ден сум мрачна и не се смеам и без да му кажам ништо почна да ми дава совети дека доколку е за машко не вреди животот да си го упропастувам и да се менувам самата себе бидејќи некој ако ме сакал ќе ме прифател таква каква што сум. И така пишуваме се слушаме 2-3 месеци знајќи дека тој има девојка а јас дечко (но нема никакво флертување) за оваа недела да ме прашува каде на одмор му кажувам и тој ми кажува. И ми вели што да ти донесам и му кажав дека нема потреба од нешто такво иако инсистираше дека нешто ќе најдеш што го асоцира на мене и му кажав некој темен облак. Потоа ми кажа дека бил онака меххх за одмор и го прашав зошто сите едвај чекаат да идев на одмор ти не и ми кажа нешто демек друштво екипата и му велам не идеш со девојка ти? И кажа па да (иако ми има кажувано дека е онака без чувствува во животот и не сака ништо????). Знам дека ова веќе излегува надвор од контрола но јас од ден на ден се повеќе мислам на човеков, не постои ден да не ми каже добро утро и слично. Многу сум против неверство и никогаш не би направила нешто. Само се почувствував како да излегов од некоја дупка и сфатив дека постојат и други луѓенца на светов. Од мијата врска која се состои само од кафе ресторан и дома и никаде на друго место шетање ни друштво или екипа. Буквално со никого не излегуваме и не се дружиме. Се чувствувам како во брак иако не го сакам тоа ниту во најскоро време. Ми годи внимание од друг бидејќи ми ја поткрена самодовербата. Почнав да вежбам, да се хранам здраво, спортувам активно, се грижам за мојот изглед. Дечко ми болен ќе легни од моите промени.
@Pincpanter Одвојувањето од други е типична манипулаторска тактика за да поубаво воспостави контрола врз тебе и да те малтретира. Плус, доказ дека е манипулатор тоа што му е лошо кога тебе ти е добро. А обратно, таквите се среќни кога пропаѓаш. Мислам и самата си свесна што треба да направиш. Во однос на колегата, има девојка. Тоа што вели мех му е врската и немал чувства за неа, не се паѓај многу на тоа за да не бидеш дополнително повредена. Посвети се на себе, продолжи со позитивните промени, уживај во животот и што е твое ќе дојде
@Pincpanter мислам дека потсвесно и самата знаеш што треба да направиш. Ако врската те влечи надолу, ти ствара мрачни мисли, не си среќна, тогаш мора да си пресечиш за твое добро. Гледај да правиш работи што тебе те исполнуваат. За колегата времето ќе си покажи што и како, но прво треба да донесиш за себеси одлука
Не ми е јасно ти сама се тргна од другарките или он ти презборуваше шо искачаш и се дружиш ? Тој има свое друштво, излегува се дружи ли ? Може и да се споите некогаш за заедничка дружба.
Не ми изгледа на манипулатор, ако го прочита поубаво текстот. Повишување на тон, тоа го има во секоја врска, но не ја навредил, ниту пак нешто пострашно. Воедно по разговор со неа, дечкото се променил. Можеби самиот не е ни свесен дека предизвикал таква ситуација, ниту дека создал такви чувства кај членката. Барем од напишаното не ми изгледа воопшто дека дечково е лош. Но, кога чувствата се изладени од било која страна, тоа не е добар знак. Јас би кажала, не си го трошете времето еден на друг. Во однос на колегата, јас не би ризикувала. Прво е колега, никогаш не е таа варијанта добра, а второ има девојка. А да се чека чувствата да преовладаат, не е фер према другата страна.
@ArabellaStarfall Не мислам дека само затоа што не ја удрил, дека врската им е сосема нормална. Ја оддалечил од друштвото, за да нема никаква комуникација со нив. А и зошто воопшто да се повишува тон и да и се понаша? Воедно, сега кога пак нашла ново друштво, тој пак го сменил односот. Самата таа вели дека чувствува како тој ја контролира и демне. Секако, твоето мислење си е твое, немам ништо против. За мене лично, врска во која од ведра и позитивна личност ќе станеш целосно затворена и мрачна, не е ниту нормална, ниту здрава
@Pincpanter многу добро ми е познато тоа чувство кога ти сакаш да правиш промени во животот, а партнерот те влече надолу и дури сака да те контролира. Никогаш не завршува добро. Плус очигледно е дека колегата ти го одвлекува вниманието, што е голем показател дека моменталната врска не функционира како што треба. Според напишаново мене не ми изгледа дека имаш чувства кон партнерот, така да многу добро размисли дали вреди да ја продолжуваш врската. Ниту тој не се однесува кон тебе како да те сака, одделување од другите и контролирање е големо црвено знаме. Исто и колегата ми изгледа дека не ја сака девојката своја, па си наоѓа занимација со тебе. Двајцата не сте среќни во врските па затоа ви е моменталнава поврзаност интересна. Ова е исто така гооолемо црвено знаме, и не би те советувала да пробаш со него дури и да немаше тој девојка или ти дечко. Посвети се на себеси и размисли што сакаш. Не се изолирај во никој случај од други луѓе. Спомна дека си се зближила со колешки, продолжи со нив да се дружиш. Тоа што спортуваш и се храниш здраво е исто голем плус. Немој да дозволиш да те контролира никој маж. Знам дека 4 години се долго време, ама подобро само толку отколку цел живот во несреќна врска/брак.
Ја нема да ти пишуем романчиња тука и да ти ја тапшам само оти си жена, али многу на патетики сакаш да не фатиш. Ко дечко ти у зандани да те чува. Да беше муж сите ќе си рипнеа. Многу јадно понашање од твоја страна. Нит ти чуе за дечко ти, нит за девојката на дечково. Морал испод нулата. Остај го дечко ти, коа глеаш секој момент ќе го извараш, само не ти се дала прилика. И опрај се, остај го и тој колегата шо сака само да ти го збибери. Имај барем два грама памет, не се понашај ко да не кажам шо, не усерувај туѓи животи, само оти у твојот ти е јаден. Ајт.
Еј па и ти... шо збориш, зашо неа да и чуе за девојка му? Не биле дужни изневерувачите да ги боли кур за партнерите на нивните швалери, ебачи или што и да се. Така се правдаат обично нели. Не зборам за девојкава, туку општо само си кажувам, да не сфати погрешно. @Pincpanter како што ти кажа Гош, да си паметна го оставаш одма дечко ти, пошо не го ни сакаш, и прекинуваш да имаш чувства кон колегата којшто е зафатен, со тоа што и него му поставуваш граници, за да не се опушта. Лесно или тешко, ќе си најдеш начин, коа више нели не си таков тип кој би варал и вајда имаш осет малце и за чувствата на другите луѓе околу тебе? Па затоа пази што праиш. Терај си со својот живот и не влегувај во непотребни проблеми, ниту другите да ги вовлечеш во проблеми.
Штом не си среќна и насмеана со него,ќе го викнеш на кафе и ќе му кажеш дека сакаш да раскинете ,друго решение нема.
Тој сам ме оттргна преговарајќи дека не биле добри за мене биле такви вакви и силно. Има друштво но никогаш не излегува со нив. Тоа што сакаше да ме нсречиш курва воопшто не помага во ситуацијата. Никогаш не сум изневерила, ниту пак ќе изневерам затоа не ти дава до право тоа да ме обвинуваш. Нормално дека сеуште имам чувства кон мојот дечко и љубов, 4 години не се малку. Како што кажав дополнително последните 4-5 месеци е се во ред меѓу мене к него, излегувам со колешки и пријателки и се социјализирав и работам на себе. Но, во мене сеуште го има тој гнев дека човекот ми го промени животот и ме изманипулира што знам дека овде сум си крива бидејќи го дозволив тоа. Од друга страна не ми е гајле за девојка му на колегата бидејќи ниту правам нешто со него ниту планирам. Ако тој планира да ја изневерува со други наоколу, немам врска со тоа бидејќи тоа нема да е со мене. 99% од времето тој прв ме бара и прашува лични прашања, јас него ниту сум го прашала колку време е во врска, од каде е таа, како се вика поради тоа што не ме интересира неговиот живот. И друга работа да напоменам, не е овде работата дека јас имам нешто спрема колегата. Тоа што кажав дека мислам на него не е дека јас сакам нешто со него, туку од моја гледна точка сфатив дека постојат луѓе на светот што ме применуваат. Безразлика колешки, колеги или пријателки. Сфатив дека дури и да прекинам врска имам со кого да излезам барем на едно кафе и дружба. А твојот селски речник дека колегата сака само дс ме изебе те молам зборувај си така за себе, бидејќи ниту во еден момент не кажав дека сакам нешто со колегата. Едноставно комуникацијата со човекот ми дади храброст сама со себе да си се договорам дека доста долго време живеев во 4 ѕида и дека треба да се промени нешто овде. поздрав