Јас ќе ти кажам дека, ако во врската имаш непријатни чувства, не е тоа тоа, колку и да сакаш да ја спасиш, ако не се чувствуваш добро, не ти е местото таму. Тебе повеќе ти е за времето заедно што сте го поминале, долго се вложувало, па не ти се растура. Луѓе и по 10 години раскинувале. А и штом поради некој друг се чувствуваш подобро отколку со дечко ти, и тоа е показател дека со него не ти е најдобро. Кога веќе спомна самата изневерување, велиш дека не би го направила но сепак ти паднало на памет за да го спомнеш, најдобро е да ја прекинеш врската со која не си среќна.
Ова и е неверство, само не физичко, туку емоционално. Си била и ти во слична ситуација кога бившиот твој пишувал со други женски и ти сметало, сега го правиш тоа што го прави тој. И знаеш дека е погрешно. Советите се џабе. Секако, нема да раскинеш иако знаеш дека треба. Дечко ти е сигурен, ќе го држиш додека не дојде подобра прилика.
Кога ја прочитав си помислив нашла па зашла. Скроз исто мислење. Може и не е толку оддалечена од друштвото ради него колку што опиша.
Здраво на сите, ова не е голем проблем, но никогаш порано не сум имал вакво нешто... Пишувам со еден дечко, тој има 27 години, јас 22, пишуваме 2 недели, а летово ми беше многу досадно, па му реков да одиме на кафе.. кажа нешто како, колата му е скршена бла бла, а потоа призна дека нема возачка дозвола и дека се срами да каже, но колку што знам, ако сака да ме види, тој може да дојде со пријател, со автобус.. после тоа рече дека ќе оди во Шведска уште еден месец и дека сигурно ќе се бакнеме и тогаш ќе се чувствувам како да ме искористува... Ми се допаѓа ликот, но тој е многу несигурен , не сакам да ми го губи времето, му реков да, подобро да не пишуваме, а тој сака да пишуваме.. Не сакам да ми го губи времето, не знам што да правам можеби некој совет благодарам однапред
Викаш ме привлекува а не сакаш да пишувате и стравуваш да не си го губиш времето,згора на тоа и ако почнете нешто посериозно како врска а тој често оди на далечна релација имај на ум дека ќе се гледате ретко.Размисли дали го сакаш,дали ако би имале врска на далечина ќе ти одговара,дали ако излегувате, пишувате и на крај ти рече не сакам врска,не ми се допаѓаш,да престанеме да пишуваме итн итн,мојот совет е не.Дури и самиот ти сугерирал дека можеби ќе се чувствуваш како да те искористува како што разбрав јас.
Епа посесивноста се должи на твоето “ не пишувај со други, не лајкнувај,која ти е ова,која ти е онаа…” сами си ги правите такви.Сурово и вистинито. Сега тебе ти смета што те одвоил од другарките и другарите, си бираш утеха во друг. Сори, не се согласувам со мислењата над мене затоа што си незрела и нестабилна, без своја самодоверба. Кога од старт ќе се натпреваруваш со некоја таму рандом зашто пази богати небитен фактор слика по автоматизам му ја кратиш слободата, тој те сака, те поштува и самата си го имаш направено таков. И сега тебе тоа ти смета сфаќаш дека е погрешно се тоа, и си бараш утеха во друг, не можеш да прекинеш да мислиш на некој рандом колега кој ти дал неколку ласкања. Седни размисли и преиспитај си ги постапките,грешките, твоите несигурности до каде те имаат доведено. Размисли што сакаш, земи работи на себе. Неможеш ти да манипулираш со дечкото не ова не она а тој кога го прај тоа да ти смета. Не гледам вина у него, у тебе гледам. Ти си ставила акцент на тоа он да не може да диши, да не може да п*дне а ти да не знаеш у колку саат го праел тоа. Он ако сака да те вара ти нема ни да знаеш, како што тебе те гуши се ова и него го гушело. Не може да бидете троа себични.
И да напоменам не знам зошто барате совети, мене би ми било срам да побарам ваков совет и да се бранам со контрадикторност пошо тоа што го бараш да го чуеш не го наоѓаш. Не видов некоја овде да ти рече курва ти сама си го имаш спомнато и изгледа ти си свесна ама сакаш да го напраиш дечково крив за да ти е полесно на тебе. Не те заслужуе типов, поарно он да ти раскине за да ти дое памет, вака слабо ти работи.
@Pincpanter Сакаш да кажиш дека наместо отворено со него да зборуваш за работите, чувствата кои ти сметаат, ти дојде овде да кажиш дека фрустрацијата ќе ја лечиш со емоционални афери? Ова е ред флег по дефиниција и четирите години не се правопропорционални на чувствата. Едно е атачмент(его), а друго е љубов(грижа и нагласена емпатија кон другиот). Во вашава врска нема доверба, а има гнев и субјективно чувство дека тој тебе те искористил. Подобро прекинете ако не си одговарате како цивилизирани луѓе одошто со драми и афери.
Сама си велиш дека ти се свиѓа, ако е така сеуште, искочи.Исто така, си истрошила 2 недели што пак е долго време.
Тука секој си тргнува од себе, не замерувај. Мене ми оставаш впечаток на доволно зрела и интроспективна, па не верувам дека на форумов некој може подобро да те советува од она што ти го имаш како увид. Сега си во некоја фаза на преиспитување, па и некои нови чувства се нормални. Во твое здравје !
Пред 2-3 дена ставив една слика од мене на стори на фб и имав реакција срце од него, но не ми пиша. Не знам дали јас да возвратам со некој лајк или да му пишам. Но сепак ми е страв да не се засрамам нешто.
Ми треба да поразговарам со некој, буквално ми е срам што сум уште со човеков и знам дека заслужувам ќотек и шамари. Имам пишувано и пред некој месец, така да нема да ја должам приказнава, само ми треба мал совет и охрабрување околу нештово. Ќе го ставам претходното мислење во спојлер ако некој сака да го прочита, но накратко во врска на далечина сум со човек кој не ме сака ни најмалце, има 500 пати пишано на други и тенденции да ме изневери и уште безброј други работи. Спојлер Како да соберам храброст да прекинам врска во која сум вложила буквално сè? Искрено, човеков го сакам премногу, неописливо многу, не знам како успеав до толку да зацапам. Заљубена сум и заблудена во него како да не постои друг. 24 години имам и никогаш во живот не сум била сакана од некого, ниту сум имала врска. Ова ми е прв пат некој да ми пружи било какво внимание, па веројатно заради тоа не можам да се откачам, мислам дека никој никогаш нема да ме сака ако го оставам. Пред месец дена беше тука на 1 недела, не ме ни погледна искрено, правеше буквално сè само за да не е со мене, а јас имав земено цела недела одмор од на работа за него. Во еден разговор го прашав дали ме сака, прво вртеше одоколу, после ми рече те сакам ама не толку многу. Откако си замина пак разговаравме, рече дека не ме сакал, се плашел да не не најде некоја подобра, дека ова на далечина не го ни сметал за врска, не размислувал ниту помислувал на мене во текот на денот. Еве во последниов период, ми пишува еднаш на 5-6 саати, а за ѕвонење сачувај Боже, еднаш на 2 недели. Кога му реков да прекинеме, ми рече не се секирај ќе се среди се. Досега од тогаш имам едно 5000 пати разговарано за да прекинеме, и цело време го одбегава тоа, како ќе се средиме, ќе биде подобро не знам што. Не сака да ме остави од некоја непозната причина, а јас немам храброст да застанам и да пресечам еднаш засекогаш. Едноставно, немам храброст, го сакам, мислам дека светот ќе ми пропадне без него, буквално сè имав замислено за во иднина со него, а и го сметаме како дел од фамилијата, секаде сум била со него и по свадби и по слави. Разговарам со психолог онлајн, џабе, не ми помага ништо. Заробена сум и навистина не знам како да излезам од оваа дупка и што да направам.
Вие не сте во врска. И не е дека тој не сака да прекине. Туку ти не сакаш. Тој отворено ти кажал зошто е со тебе. Зошто дозволуваш да те искористува?
БЛОКНИ ГО. Блокирај го секаде, без објаснување без ништо, едноставно пресечи наеднаш и толку. Ова што го прочитав е ужасно, човеков има сериозни ишјус а ти си зависна од него, т.е од таа трошка внимание што ти ја дава и помислата дека имаш дечко, само како фигура. Сериозно, направи го тоа сега и веќе не прозборувај ни збор со него бидејќи навистина нема никаква надеж во оваа ситуација.
@Maylin Не знам за каква храброст за оставање зборуваш. Колку подолго го трпиш ова, толку повеќе ќе се каеш зошто си го трпела, кога конечно еднаш нема да “бидете заедно”. Па, после и за да си простиш сама себе ќе ти треба храброст и многу, многу трпение. На 24 години ќе си дозволам некој мочко вака да ми се понаша. Извини, ама ти си од оние жени за кои шуш-муш сите се чудиме како отворено ги вараат, ама они уште си седат со нив. Само блок му е мајката. Пошто, ако не го сториш тоа, ќе си доживееш игнорирање од негова страна, дур не сфатиш дека е крај, па пак тој ќе си излезе “фраерот” што те заебал.
@Maylin Не се сакаш себеси, па затоа си задоволна и од трошките што ти ги фрла. Не си вљубена во него, туку trauma-bonded. Тоа е како зависност од хероин. Пресекувањето на целосна комуникација е единствениот лек. Ако сама не пресечеш, ќе си со него уште толку време колку што е потребно да ти се згади поубаво. Тој моментално не става официјален крај, бидејќи сè уште не нашол подобра резерва од тебе. А и бидејќи моментално си кулира уште со 100 други. А кога ќе ја најде таа друга, така ќе те откачи преку ноќ, што ќе ти биде ултра трауматично. Не би те советувала да одиш до крај да го искусиш тоа, туку да се погледнеш во огледалото, да го видиш малото девојче во себе и да си дадеш рака. You can do this
Само ти си мислиш дека вие сте во врска. Тој те изневерува, како што правел и во минатото. Значи тој не е во врска. Само ти мислиш дека сте вие заедно.