@Maylin колку повеќе го одложуваш крајот, толку полошо за тебе. Размисли дали сакаш да си го уништиш животот поради мушка курва.
Може да те прашам што добиваш со коментаров? Или чисто да се биде злобен онака? Според постот и самата е многу свесна дека нема доволно храброст, не мора уште толку да ја утепуваш.
@Maylin, не ти треба храброст, него да идеш пред огледало и да си признаеш дека си глупа... После, од коа ќе дознаеш дека си глупа, да се запрашаш како може жена што не се сака себе си, да знае што е тоа сакаш некој друг? И после, истиот тој елан со кој се мразиш и понижуваш себе си, да го пренасочиш на кутар пичкопаченик кој те чува за туршија, ако у случај не најде друга да му пржи јајца и да му пере гаќи, додека прца све што оди по Германијата. Е после да почнеш со тоа да се сакаш себе си, па ќе се запрашаш дали е љубов тоа он тебе што ти го прави... Никаде не прочитав да кажеш дека си помислила дека и он тебе те сака, само дека ти него го сакаш. Значи знаеш на што си. Толку.
Си видела колку пати досега истава членка ја имаме советувано за истиот проблем, па пак нема промени? Може овој начин ќе има ефекти.
Врска не изгледа така, вистинската љубов не боли - ова за почеток. Имаш многу погрешна перцепција за тоа што е љубов, дали од неискуство дали од трауматични искуства претходно. Друго, не се сакаш себеси. Како очекуваш љубов од друг ако ја немаш за себе? Со психологот најпрво треба да работиш на овие две работи затоа што тие се причината за сите твои постапки. Чуда не се случуваат преку ноќ, па така и твоите принципиелни убедувања нема да се променат со две три сеанси, значи треба време и многу многу работа. Ама можно е! Не престанувај да се слушаш со психолог и остави време, процес е. Во врска со него, немаш апсолутно никаква одговорност спрема него да му должиш некакво објаснување. Едноставно блокирај го секаде и не му оставај можност да стапи повторно во контакт со тебе. Свесна си дека е крај само тешко ти е да прифатиш. А колку побрзо прифатиш, толку полесно ќе ти биде. Нема да ти е тешко да го преболиш затоа што ти е преплакан досега. Верувај. Само прифати дека е готово и ќе излезеш од дупката во којашто си.
Ви благодарам на сите. Знам и многу убаво сум свесна дека сум глупа, затоа и сама кажав дека ми е срам да пишам дека сум уште со него. Можеби е фактот што имам премногу љубов во себе, од која ни најмалце не си ја посветувам на себе, туку сè што имам давам на некој друг и го правам центар на мојот свет, во случајов човеков. Глупа сум, не се сакам себеси, несигурна, самодовербата ми е на 0, згора на сè и никогаш не сум ни осетила некоја врска, па сега наоѓам утеха во помислата дека имам дечко само како фигура, како што кажа членката погоре. Искрено секогаш ми било лесно да прекинам контакт со некој што не ме сака и почитува, не знам зошто сега ми е толку премногу тешко.. Се плашам да не погрешам, избрзам, буквално до последен момент се држам за нешто кое што очигледно не ни постои. Еве додека јас барам некоја утеха, тој ми нема вратено на порака од 8 сабајле. Немам свој живот и се држам до надежта што ја имам кон нешто што постои само во мојата имагинација.
@Maylin Не вели дека си глупа, бидејќи не си. Ти фали само таа љубов што ја имаш, да ја пренасочиш кон себе. Ден по ден, ќе стасаш да блескаш и да си најдобрата верзија од себе Почни од денес, ден 1. За почеток, не слушај тажна музика и не останувај предолго во главата. Разговарај со луѓето околу себе. И плачи кога ти се плаче. Отиди да пливаш, да трчаш, на спа и сл. Направи убави работи за себе. Ако треба, започни и со повторување на афирмации. Дневно кажувај си себеси во огледало убави работи за себе. Продолжи да работиш и со психологот. Блокни ја амебата и поврати си ја моќта. Верувај, сè ќе биде во ред! За 1 година ќе бидеш благодарна што не си го добила тоа што некогаш си го посакувала
Стекнување на самодоверба се добива откако ќе го отераш кај му е местото и ќе сфатиш колку вредиш. Се додека му го билдаш егото тој ќе си прави што сака а ти ќе тонеш. Сега, додека седиш и пишуваш пвде, одвој малку време да го блокираш а потоа да почнеш да работиш на себе. Со сожалување ништо нема да направиш. Додека тој си го живее животот, ти се уништуваш. Трошиш драгоцено време кој утре никој нема да ти го врати. Млада си, дај те молам вразуми се и престани да се уништуваш.
Можеби си мислиш дека заслужуваш да те сака бидејќи го сакаш толку многу и му простуваш се. Но, не оди тоа така. Не те сака и тоа е. Љубовта за која велиш дека ја имаш премногу пружи ја на оние околу тебе. Обиди се да усреќиш родители, пријатели, некое детенце, куче,маче.... Никогаш не е добро да си толку многу опседнат и фокусиран на еден човек, една желба, особено што е очигледно дека не ти припаѓа. Навикни се дека ќе бидеш без дечко извесно време, не е крај на светот. Само блокирај го, прецртај го, па полека....
Ете глеаш, од коа ќе си признае човек дека е глуп, одма поинаку гледа на работите... И не е срамота понекад да си глуп, него ли од коа ќе сватиш, да продолжиш по старо. Сите сме биле глупи, па и ќе бидеме понатака пак. Е сеа блокирај го секаде, избриши му и број и се, и излези со другарките на кафе.
@Maylin типон нема самопочит. Прво сам не е способен да се сака, па не знам од ваков лик што очекувања имаш. Сметам дека те искористува максимално, ако не се лажам и успешно те манипулира (иако е тука присутна далечината). Крајот е во моментот кога ти длабоко во себе ќе знаеш дека е крај, ама едноставно нема да правиш никакви напори и да го бараш. И ќе те замолам најискрено да работиш со психолог и да не се откажуваш. Ова може да ти остави една траума за која подоцна ќе ти треба дупло повеќе време. Не потиснувај во себе, плачи, викај ако треба ама размислувај рационално. И не, не изневеруваат сите. Само он е изваран, па траумата си плива и мора он да вара за да не се осеќа изварано. Немој да дозволуваш некој да ти извитоперува и всадува негова дефиниција за љубовта. Љубовта е нешто многу повеќе, која него го одминала некаде во минатото - и ако истата него го одминала, тоа не значи дека и тебе треба да те одмине. Размисли го ова последново убаво. Едит. ако бил отворен на почеток со тебе, не значи дека имал така „чисти“ намери.
Апсолутно те разбирам како ти е, само некој што го има поминато ова - знае. Остали можат да си дробат што сакаат. Заробена си затоа што он ти дава надеж која ти вели “не се секирај ќе се среди сѐ” Он те гледа како сигурна резерва и затоа вака ти прај. Не се сеќавам дали те имам советувам нешто, но едно знај еден ден ќе осетиш како силен нож да те боде у срце а потоа ќе го видиш како он го држи ножот, толку ќе те боли што не можеш да дишиш пошто го сакаш и интиуцијата во тебе ќе те натера да го оставиш. ОСТАВИ ГО ТИ БЕЗ ЗБОР!!! Блок!!! Ти сама мораш да ја пресечеш во спротивно ќе се уништиш ако го направи тој место тебе. Не чекај, не барај вина во себе, тој е нарцистичка будала што гледа само за себе, а дека ќе те преболи - мало сутра!!! Мораш тоа да си го направиш на себе, ќе ти падне толку голем товар што ќе осетиш олеснување, потоа ќе те боли некое време и ќе ти спласне сѐ. Нема да сакаш да се вратиш повеќе на ваков идиот!!! Послушај ме, еден ден ќе ми бидеш благодарна!
Ja davas.ljubovta na pogreshen covek, se glea deka si dobra licnost. Ajde malce ceni se sebe si i reci deka zasluzuvas oodobro, oti od ova poloso ne mozhi da e.
Каква врска има давањето љубов на погрешна личност со добра личност? Баш таа е најлоша личност за самата себе.
Zatoa sto kolku si podobar,tolku povekje ke te gazat i pravat naivna,a za manipuliranje pa da ne zborime...
Не, затоа што не седам на фемина со тефтер да запишувам туѓи проблеми и кој колку пати е советуван. Ако имаш совет дај, ако не игнорирај. Некој што веќе има проблем со самодоверба последно нешто што му треба е дополнително да слуша дека е незрел, глуп итн итн....нема да ѝ помогнеш пошто веќе го мисли тоа за себе.