Не ми треба твоја дозвола за да пишам што сакам! Ако си расположена за кавги, слободно, само не со мене. Не си губам време и нерви со личности како тебе. Очекуваш дека сите ќе и кажуваат зборови како добра личност си и сл. ? Понекогаш подобар начин е да се каже реалноста како што е. Зошто сигурна сум дека него к** не го боли за неа, ама важно она добра личност била.
Не мораш да седиш со тефтер, моеш само предходни мислења на темава да прочиташ, не е толку комплицирано. Па може и ќе видеше дека од твојот совет нема баш и некое фајде, оти десет пати некој предходно го кажал. И тоа околу советот , да си признае човек дека е глуп и дека глупо постапува , не го глеам као проблем. Не може цел живот некој да не тапша и да бидеме цело време жртви, нарочито не во ситуации каде има чаре, и каде работите зависат исклучиво од нас.
Се согласувам со советот, освен едно. Типот нема сериозни ишјус, типката има, колку и да звучи неубаво и неемпатично. Мене ми изгледа како тој да си го живее животот, воедно не и дава надеж, самата си ја создава од трошките што и ги дава. Ти го сакаш, тој ти вика те сакам, ама не толку многу. Барем е искрен. Ама да го чуеш ова и да мечтаеш за некаква иднина со него, ми е крајно лудило. Сфаќам дека се работи за ниска самодоверба, но со типов никогаш нема ни да ја добие. Ние тука може секакви убави и неубави совети да дадеме, но љубовта према себе, почитта према своите желби, не може да влијаеме. Јас би рекла, продолжи со работата со психологот, ако мислиш дека не помага, смени го и не губи време. Не се врзувај за работи кои ти го губат времето и те губат во просторот. Лекот е да ја добиеш самодовербата. Кога ќе почнеш да се сакаш себе, ќе сфатиш колку енергија вложуваш во нешто што е мртво, не постои и е само дел од некаква сопствена имагинација за љубов. Има некој таму за тебе, ама додека си со типов, никогаш нема да го најдеш. Изгледа дека чека подобра прилика од тебе, ама те чува за резерва додека не најде нешто што му одговара. Секако не си среќна, ни со него. Барем промени нешто, не пишувај, не се јавувај, ќе сфатиш самата дали воопшто му текнува на тебе. Не е тоа врска, макар и на далечина. Верувам дека си подобра од него, ама кажи си го тоа на себе. Проблемот и решението лежи во тебе. Без него ќе преживееш и живееш, со него, ќе преживееш пак, ама нема да живееш. Сакај се, еден ти е даден живот, прави паметни потези.
Ти го сакаш, тој не те сака (а и ти го кажал тоа), така да тука е повеќе од јасно што треба да направиш.
Полошо од врска на далечина нема. Тоа не те сакал, не мислел на тебе, не ти пиши, не се јавува е многу јасно шо сака да направи а тоа е да раскине. Шо се вртите само во круг кога веќе се упатени тие зборови крајот се гледа само некој треба да пресечи и секој по својот пат. Треба да знаеш и да се увериш себе си дека ти за ова апсолутно не си виновна, кај тебе нема вина, до него е шо врската не опстанала, кога ова ќе си го заклучиш во умот дека е тој крив и ти заслужуваш подобро, и ти ќе се чувствуваш подобро и нема да ти биди криво за ништо. Цени се малце повеќе, сакај се повеќе, не дозволувај да те повредува, ни овај ни некој следен.
Јас мислам дека девојкава е предобра личност, и не е глупа како што други и велат.Најдобро е да разговараш со психолог, сама да си се пронајдеш каде си грешела и пред се дали грешиш.Сама велиш немаш никаков респект од дечково, затоа патот под нозе и терај си со среќата барајќи ја на друго место. Е сега, најдобронамерен совет, од текстов, немаш никаква почит, но не би тебедирал како другиве што те уништија, е да го заборавиш човеков.Едноставно крај кажи и блокирај го од секаде.Цени се себеси, бидејќи сама себе ако не се цениш нема никој друг да те цени.Така да, со среќа.
Може некој од "експертиве" да разјасни како си добра личност ако оставаш да си манипулиран, да си изневерен, излажан и недоволно ценет?
Па некои под тоа добра личност веројатно мислат на наивна накај глупа личност, без навреда плиз. Паметно викаш @Just.do.it, некој ако е добра личност не би требало да дозволи уопште да проба некој да го манипулира, не па да си игра како сака со него. Ниту па ќе дозволи таква личност да му се приближи. Ајде, еднаш ќе се изгориш ама после тоа пак ли? И тогаш за предобра личност се работи? Да се толерираат некои работи разбирам но да се има граници до каде може. Овие што пишуваат за совети, пишуваат колку да се испразнат, колку да има кој да ги истапша по рамо, као поддршка демек имаат, има кој да ги разбере или применуваат дел од советите кои обично не им се допаѓаат да ги слушнат? Е многу ме занима ова.
Не е така, воопшто не ми треба некој да ме тапша по рамо и да ме теши. Да ме теши за што? Свесна сум многу добро каква е ситуацијата и не ни барам никаква утеха. Баш напротив, очекував да добијам сурови мислења, а и ми требаат такви мислења, затоа и пишав тука. Како што кажав разговарам и со психолог, ама очигледно не може на фин начин да ми се дотера паметот, па лично јас сакав некој да застане и во лице да ми ја плесне цела вистина која досега не сум ја слушнала толку сурово. Всушност тоа што сакав да си го разјаснам е како да се собере храброст и да се замине од некој за кој што си вложил сè, си го сакал повеќе и од себеси и си го планирал цел живот со него. Да, очигледно имам некој подлабок психички проблем кој ме тера да мислам дека овој е вистинскиот. Да беше некој друг, ќе му кажев бегај додека те држат нозете, ама сега кога сум во оваа ситуација сфаќам дека воопшто не е лесно. Ми требаше мала храброст, суровост и искреност, пошто ниедна моја другарка, ниту психологот немаше да ми каже глупа си и страдај кога немаш мозок. За тоа дали сум добра личност нема да коментирам, само ќе кажам дека ништо не сум му згрешила, ниту помислила нешто лошо, ниту него, ниту на никого околу мене. Оваа ситуација со него не ме дефинира мене како добра или лоша личност.
@Maylin знаеш што е најбитно? Тоа што треба да сме добри личности првин за нас самите. Џабе ако ти добрини правиш само за другите, а себе сѝ се занемаруваш на некој начин и се ставаш во втор план. Не си приоритет самиот. Што дозволуваш свесно да си играат со тебе, значи не си добар кон себе сѝ, не се почитуваш доволно. И не реков дека ова само за тебе важи. Се прашувам само, дали нешто преземаат луѓето за да си го подобрат својот живот и ситуацијата во која се наоѓале своевремено. Добро е што свесна си дека вака више не иде, па ете се надевам дека би презела чекор и би пресекла конечно. Знаеш дека ова не води кон добар и спокоен живот. И да, така е, коа е за друг полесно е да се советува, да се кажува што да прави, како да постапува, а кога тебе ќе ти се деси, некако скроз друго е, знам. Само се преиспитуваш, тешко ти е да одлучиш и лесно да пресечеш, инстантно. Така е тоа секогаш. Ама мора да се направи тој чекор, во спротивно ти ќе страдаш.
Кога ќе почнеш да го мразиш за тоа шо ти го прави ете тогаш ќе ставиш крај. Едноставно е свати Лошо со лошо се враќа, не можеш да сакаш некој кој те мрази. До кога така.. Додека не ти одземе се добро шо е во тебе и се изгубиш во самата себе, да се прашуваш која си и каква си. Не си глупава само тоа шо го сакаш премногу, преголема љубов шо оди во очај, но лесно може да премини во омраза, кога тогаш,ти тоа нема цел живот да го трпиш и знај еден ден ќе го замразиш баш за се шо ти вика и тие зборови повредуваат и ќе ти се вртат во глава, само сега време губиш за нешто шо не вреди. Ти треба хоби, работа нешто да ти ги преокупира мислите, замини и ти во странство, ќе запознаеш многу луѓе. Само биди одлучна дека е крај и повеќе да не те бара. И секојпат кога ќе ти поминат мисли за него помисли дека не беше твоја вина.
@Maylin јас само ова ќе ти го кажам. Млада си, си се заљубила во погрешна личност. На сите ни се има случено тоа. Прво блокирај го и избриши го од сегде. Дај си период на преболување месец, два. После испрај се и терај понатаму. Ќе видиш дека ќе дојдат твоите 5 минути, се ќе биди во ред
Дали би раскинале 4 годишна врска ако деќко ви и после 4 години додава рандом девојки на фб, инста и лајкнува? И за све нешо наоѓа изговори? А 100 пати е зборено дека ми смета, зашо го прави тоа го прашувам и никад салам одговор не сум добила. 2 дена го нема еве, некако и ми е тешко и не. Сигурно дека уште е рано. Се преиспитувам себе си кај згрешив. И да не претерав. Му кажав да не ми се обраќа никад више, дека ги прејде сите граници.
Си мислам дали може ја барам премногу? Да не е нишо а на нешо правам? Слушам муабети од другарки скоро сите се такви итн итн
Не, не бараш премногу туку тоа е bare minimum. Заследување и лајкување сѐ и сешто е незрело и непотребно, зборувам за непознати, не за другарки/познанички. И да нема никаква намера (а најверојатно има, чување отворени опции) штом си кажала дека ти пречи требало да престане.