Ако тебе ти смета не треба да прави така. А и што има други да лајкнува што не ги ни знае, се знае кој прифаќа и заследува непознати девојчиња.
Да и ја не зборам за другарки/пријателки. Девојки кои што не ги познава. Прва врска ми е, сигурно вака не ми е тешко оти имам надеж длабоко у себе.
Ако мислиш дека е редно да му раскинеш ич не му ја мисли, има многу дечки кои би те ценеле многу многу повеќе од него. И многу подолги врски се раскинувале и бракови. Некогаш за да видиш нечиво вистинско лице подолго ти треба и не се ослонувај на тоа зарем 4г ќе фрлам така, замисли каков ќе ти е животот ако останеш со него сега лајкнува, утре ќе искочи со друга.. Сепак ти си знаеш, седни разговарај со него ако оди добро, ако не ич да не ти е гајле раскини му слободно.
Па ја му реков веќе да не ми се обраќа. еве скоро 3 ден го нема ни него. Го излупав на seen, и сега го нема ни него ни ја пишувам. Он на сето тоа шо му кажав накратко зашо го прави тоа не ми даде скоро никаков одговор, он сите ги познава демек, и му реков као не пишуј кај мене пишуј на др место и он кажа ок важи. и сега го нема
Како мислиш дека пишува? Ради шо така мислиш. Не викам дека не си у право можно е и пишувањето и изневерувањево.
А зошто го контролираш што прави на социјални мрежи? Можеби се запознал со нив и затоа ги додава, инаку според тебе ако е во врска со тебе не смее да додава никого од женскиот род. Тој што сака да те изневери, ќе те изневери и без да додава девојки на социјални мрежи. И според мене мене не е здраво ова што денешните момци и девојки се обидуваат да го контролираат партнерот или партнерката .
Оти упорно ти негира нешто што ти смета или во краен случај не најдувате заедничко решение? Макар за ова стварно не го сфаќам што е таа потребата да аднува други и да му лајкува? Сака да проширува познанства и со тоа повеќе шанси за изневерување емоционално или физички?
Не се запознал од други градови се. Знам дека не ги знае. А и да се запознал при 4 год врска нема зашо да трча да додава одма, шо ќе му се? Како само он и поединци така прават. Иначе сум имала и други индикации затоа тоа го правам го контролирам. А и секое неверство најчесто почнува со лајкање, додавање, пишување. Ако упали арно ако не не. Што има да аднува и лајкува при 4 год врска? А и емоционалното неверство е поболно и од физичко.
Еве ќе ти кажам. Имав другар на годините шо ги лајкаше сите а беше во врска, да беше само лајкувањето но не тој да си пишел, му се пуштал онака искулирано на сите, исто ко да не е во врска и кога и да коментираше женската тој уште се зафркаваше со неа, како ќе пишам, а нас ни вели еве и кажувам отворено му пишам на други она не сваќа, не е до мене.. Во то време си нашол и друга женска и си одеше истовремено со двете. Типов многу ме потсеќа на овој. Сепак ти си знаеш со такви претпазливо, кога и јавно не ти е верен, лајк да клава на други мене ми изгледа ги бендисува и чека некоја да се фати во јамка. Не ти треба ваков дечко.
Епа веќе сте раскинале, честито. Ништо погрешно немаш ти направено, само изгледа младинава денес не разбира шо е врска и мисли оти имање социјални мрежи значи open hunting season, no limits
Види и тој беше од друг град и таму си имаше женска но најдуваше време, импровизираше да дојде со другар наваму и тука со други. Имаше магичен круг на пријателки шо сите ги бендисуваше. И другар ко другар ќе ти каже муабети, леле види ја оваа, се знај со друга, пие со трета, сабота вечер пример таму има женски и слични муабети. Шо сваќаш колку е сериозен за врска. Ич. А кога и да му спомнеш аха јас во врска сум ќе ти речи, а зошто прајш вака, да се оладам.
Леле и те како си постапила правилно не ти треба тој човек во животот. Познавам вакви, тоа е момент кога сака да има контрола над нешто и како што кажаа членките, резерва некоја. И он се осеќа моќен што си ги има тие додадено, лајкнато, се осеќа како да праи нешто против правилото, интересно му е да си љубоморна, и се праи дека не е ништо грешно, класична манипулација. Иначе, се сложувам bare minimum e тоа што го бараш. Си се спасила!
А некој уште да ми каже зашо не ми е тешко? Што ми се случува? Јас што до неќни водев рат за него, плачев, се трескав, умирав, сега вака да ми е?
Чим треба некој да се контолира, ни имаш мир ни па ти е убаво во врската, пиши пропало на таква врска. Раскини одма.