И јас се сомневам оти таков ќе испадне.Така почнува со лајкување па пишување и на крај изневерување. Раскини му,ниту те бара ете, ниту го почитува твојот збор.Детски се однесува а 4 години не е малце што сте заедно,при девојка што бара да додава други.
Не туку општо наведов, зарем ќе контролира за секого или секој . Можеш да се запознаеш со некого и без да знае твојот партнер или партнерка и да размените контакти на социјалните мрежи. Не одат секаде заедно, па за да може да знае. Често запознаваш некого на дружби со пријатели или во некои други прилики. Таква целосна контрола преоѓа во токсичност и воопшто не е нормално според мене. Со муабети од типот која ти е оваа или овој. Да бе, како погоди алал нека ти е.
@¯\_(ツ)_/¯ и онака рандом као нема да се спомне од каде се знаете? Зашто мене ова не ми е во ред воопшто. Далеку од тоа да полага сметка и да е ко на распит, но интензивно повторување на одредена постапка (како оваа) не е баш добар знак.
Имате партнер и мислите дека е ок да запознавате други момци за дружба? Луѓе дали сте добри? Само некој со минус два хромозома би ви дозволил додека е во врска со вас да запознавате други и да се дружите со нив. По себе знам кога сум во врска немам никаква ама баш никаква потреба да запознавам други девојки и да одам на само со нив да се дружам, пошто не е ни во ред. Треба осет малце. Друго е група кога идете сите па се дружите друго е сами.
Човек кој ве сака фала Богу дека ќе биде загрижен за вас и дека ќе ве сака САМО ЗА СЕБЕ пошто му значите. На тој што му е гајле со кого и каде излегувате, знајте дека ташко го боли за вас и само ве искористува за секс. Од машка гледна точка ви кажувам.
Spoiler @eliesaab оф топик сум ама ќе пукнам ако не прашам. Како вака го тагна членов? Озбилно прашувам, никако не ми успева да означам профили ако има симболи во никот. Тоа научна фантастика е за мене.
Нема што да бараш од таков човек повеќе. Јас неможам да сфатам како возрасни луѓе сте толку наивни, ајде еднаш, двапати или цел живот? Луѓе тоа чувство на пеперутки во стомакот нема да ви ги решава проблемите еден ден кога ќе бидете заедно, кога ќе ви се родат деца и ред други работи. Кога се бира партнер не се бира само еј убав е многу ајде со него. Треба и карактер, и однесување, дисциплина и ред други работи. Љубов е кога се грижиш за некого како мајка за дете на пример, гледаш да му помогнеш и со тој човек си што и да се случи, и добро и лошо. Љубов не е бакнување и секс..
Не ми е јасно како некои го оправдуваат ова. Еве сличен случај, ова од пред подолго време. Најблиска другарка си фати дечко, и тогашните другарки со кои бевме во друштво почнаа да го додаваат секаде по социјални мрежи и тоа ајде донекаде океј е, ама почнаа и да се допишуваат со него што на другарка ми почна да и пречи, а он викаше само дека му се другарки. Понекогаш они за да ја нервираат му кажуваа каде е тој, со кого е и што прави. Водата ја прели чашата кога они заедно со него и неговото друштво се договориле да одат на излегување а другарка ми ништо не знаеше. Типот заврши со блок, а "другаркиве" после се правеа дека не се воопшто криви.