Најдобро е да му раскинеш.Поминале 3 дена ич не те побарал си има занимација ете женските што ги додавал, а сигурно и си пишува со нив.
Ојла! Само што се зачленив, ми треба со некого да зборувам на оваа тема, па би била благодарна доколку некој ми пише порака.
Здраво Дали би живееле со некој под кирија само затоа што не сака во заедница? Запознав ок дечко кој ми одговара вака, ама ми вика нема шанса да живеам дома со девојка/жена утре ден со моите, јас сепак мислам дека кирија не е добар избор, живеам во куќа каде што се моите плаќаат, работам парите се само за мене и супер ми е, ама како што родителите не се вечни нели, треба да размислувам и за иднината, ова кирија кога ми спомна некако не ми се допадна искрена да бидам, ќе се даваат пари за нешто што никогаш нема да е наше? Плус ми рече дека има некој кредит кој има да го отплаќа уште 5 години, ајде тоа ќе го отплати бидејќи дечкото работи не е мрзелив, 5 год ќе летнат како ништо, ама јас повеќе би сакала заедница одколку потстанар на некој не знам, не сакам да го изгубам поради ова, ама па од друга страна ми е страв за иднината да немам нешто што ќе биде мое....
Искрено не гледам никаков проблем во тоа да живеете под кирија. Одделување од моите и од неговите родители е лично мене нешто најдобро што ми се случило, и си градите сами заедница. Па и една година да одите под кирија не е ништо страшно, имаш сигурност дека имаш куќа па било кога можеш и таму да отидеш. Се согласувам со дечкото зошто и дечко ми да ми речеше утре да живееме во куќа со неговите немаше да прифатам, приватност си е приватност. Ова е само мое размислување.
Овој да си го земеш за маж. Браво за дечкото. А ти ако очекуваш свекрва ти да ти плаќа сметки и ручек да ти прави, искрено подобро не се ни мажи. Уште не си созреана
И според мене е сосема океј да се тргниш од родителите, твои негови небитно. Тоа не значи по дифолт дека не ги сакаш, напротив. Живеењето самостално ќе ти помогне многу прво лично тебе, а потоа и во градењето на вашата врска. Како за проба една година подстнаар и не звучи така лошо. Ако ви оди се како шо треба може и кредит да си земете за стан, така ќе ви остане еден ден лично на вас.
Па проблемот е што јас не сакам да се задолжувам со кредити, башка тој веќе еден кредит има... Не би сакала да живеам со кредити, затоа би прифатила подобро заедница одколку кредит, плус кирија и кредит многу е
Кирија не е кредит, можеш кога сакаш да излезеш од станот и да си одиш. Ако двајцата работите ќе си ги покривате трошоците, тој ќе си го плаќа кредитот ти киријата тој сметки и слично. Не гледам ништо лошо во осамостојување на страна од твоите родители.
Браво за некој што би сакал да иде да плаќа кирија и кредит и сметки? Стварно вака ми одговара и се тоа, ама ова многу тешко ми падна некако, не очекувам од никој ништо, ама исто така не очекувам утре ден да работам само за кредити и кирија, бидејќи стан ретко кој може да купи во рок од 1 г
Да. Браво за некој кој сака да биде самостоен, кој не сака вечно да живее со мама и тато и тие да плаќаат сметки и ручек да му прават.
И јас сакам да сум самостална ама кога нема прилика за тоа, зашто сум јас крива и јас не сакам заедница да се разбереме, само што секако дека подобро би ми било да живеам со уште двајца дома, одколку да плаќам нешто што никогаш нема да биде мое, тоа ми беше поентата, да е само тој трошок ок, ама во животот има милион трошоци, кај ќе е крајот ако само се зима кредит за нешто, јас во живот не сум земала кредит и тоа би сакала последно да ми е, а за оваа банална работа од неговите човек да се става во долгови не знам... Сепак фала на сите
Сметам дека треба да созрееш. Имаше пишувано за фејк профилите на дечковците на другарки, па дечкото што не те рецкаше па не знам таму што. Прво порасни и созреј. Второ не читаш што се има по темата за снаи и свекрви?
Да, имав пишувано и врз основа на тоа не побарав совет, сепак фала што си посветила време да пребаруваш. Доволно сум созреана да размислам пред време дека кредит и кирија не се наивни работи, сепак се наследуваат
@Ta-mara , ова е многу комплесно прашање и само ти знаеш да си го одговориш, секако во разговор со партнерот, да видите што највеќе ви одговара. Тука секој може да пиши како треба да се живее, а и секој знае како треба, но во реалноста не секогаш е така поради финансиски причини. Реално во Македонија со овие цени е скоро па невозможно да се купи стан/куќа во кеш до некоја нормална возраст со нормална плата. А како продолжуваат да растат, и со кредити прашање е колку ќе може да се купи. Ќе ви требаат години да соберете само пари за учество. Па, размислете си добро која опција е за вас најдобра и како сакате да ја градите иднината. Дали моменталната жртва ќе ви донесе идна благодет или пак не сте спремни да жртвувате ништо и сакате комфор уште од старт. Јаре и паре тешко кај нас.
Јас па мислам дека не е толку страшно, штом има 5 години да отплаќа кредит, ќе го отплати и завршена раб, ти работиш, тој работи, е сега, нема ли некако опција кај неговите посебен спрат ако е во куќа или нешто така? Или пак, неговите и твоите да ви помогнат да купите стан....
Site vikate kirija da odi itn, ama nikoj ne veli deka samo plakjash ko na posedok da si i nishto pojche, ako se ina uskovi da se sedi na svoe najubo.
Тоа е супер што дечкото е самостален, ама јас не гледам причина да живеат под кирија, додека он има кредит за исплата. И ако имаат каде да живеат, е само трошок плус. Нит па гледам причина да живееш со дечко. Со маж да, али со дечко не. Е од коа ќе се земат, можат слободно под кирија или да си земат кредит или он да го рефундира кредитот и да си купат свое, да не ги фрлаат парите на кирија.
Нема да е страшно ако те читаме за кавги во темата Снаи и свекрви, страшно ќе е ако те читаме по весници заради свекрва ти. Подобро е да си земеш кредит за стан, отколку заедница со твоите или неговите. Родителите се тука за да помогнат ако сакаат ама секој сам треба да си го живее животот. Партнерот го бираш за вие двајца да градите заеднички живот, не вие двајца и цел свет со вас и после колеж.