Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Oва можеби ке ти звучи лудо ама кога раскинав со бившиот со месеци не седнував на пц зашто тоа беше единствен начин да престанам да го сакам,се ме потсекаше на него бидејки поминав 2 години со него.Е сега,за грубоста не се грижи,јас не се лутам воопшто а и не беше груба.Таман работа.Излегов со еден што ми се допагаше и планирам повторно а што ке се случи не знам.
    Е сега да ме види нема шанси зошто сме од различни градови.Само ми е чудно,што ми велеше да не го барам повеке а сега тој ме бара.WTF??? :fubar: Што е до мене јас завршив со него,сега е на ред тој да се мачи со мене.Со тоа што ке го игнорирам му е доволна казна.

    Фала Трендафилке :* Фала Најти,и да не ми се караш :* Мирен тигар

    Јуник,само побарав мислење,ако знаеш дај ако не не соли памет.Не можеме сите да размислуваме како тебе.Ама мене навистина ми требаше подршка.

    Фала што се измачи и за реченицата.
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Пеликуна, ова со фејсбуковите и аднување, ај да ти кажам моја приказна. Си отворив и јас работа и се ставив на фејсбук од чиста радозналост. Ме најдоа школски, другари од минатото со кои баш убаво беше да размениме два реда муабет. Толку и беше, два реда, откако не сме се виделе со години и години. Што сакав да кажам. Ме најде и бивши од пред 13 години. Побара да го аднам :D (многу ми се интересни зборовите) и аднав го :lol: , ми стави лајк на речиси секоја слика е*аго! :D и сега треба јас да мислам WTF?!?!!

    Ако си ти расчистила со себе, самата со себе, дека не ти треба некој таков лигло да те зајбава, милион пати те барал на фејсбук, не на фејсбук бе, пред врата да ти се нацрта секој ден ќе му речеш да се гони од кај што е дошол. Ако не сте 15 годишни нема што да се казнувате со не аднувања, не лајкови или што ти знам е модерно во млада врска овие денови. Глава горе, гради напред и терај!
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022

    Не знам, во право си ама веке кога сакаше така да не сме во комуникација а и го навредував и јас и му вратив за се,што има да ме бара?Па тој така сакаше,а и јас со тешка душа и срце прифатив тоа барање.Ке ме блокира ке ме навредува па и уште ке ме бара??Е се заебал,како и да е побарав подршка,критики и мислење.Јас одам напред зошто имам нови цели а тој што сака нека прави. ;)
     
  4. unique-s

    unique-s Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    9

    Шо да ти кажам исто како и сите. Блокирај го од животот. Како што сфатив само по фб те бара?? Одјеби го ги знам таквите. Ке си најдеш некој шо ке те моли пред врата со најмилите зборови а не вреѓање. Не се понижувај
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    Pelikuna јас не го знам целиот твој проблем,ама од то шо читнав,за едно сум сигурна. :)
    Тој НЕ ТЕ САКА,сака само да манипулира со тебе.Задоволство му е да си поигрува со девојка за која е сигурен дека го сака..Ете ти го одговорот за кој постојано се прашуваш самата себе ;) Немој да мислиш дека тоа е од љубов,само му недостига да има некоја која ќе трчка по него.
    Искрено и мој совет е да си стоиш цврсто на своето јас и да си го одржиш зборот дека ќе го игнорираш без разлика колку пати ќе ти понуди пријателство или ќе ти се јави...Биди силна,не подлегнувај на емоциите,оти се повеќе и повеќе ќе се повредуваш ако продолжиш со него...Заслужуваш подобар,верувај дека ќе го пронајдиш и не се потценувај самата себе :)
    И запомни,луѓето не се менуваат! :!:
     
    На Pelikuna и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Пеликуна девојче, ќе ставам потпис и печат на она што го кажаа Најтвокер и Трендафилка. Самата рече дека си имала две години врска и си го преболела. Зошто сега ти е толку тешко да го преболиш овој? Што направил? Небото ти го симнал можеби :^) Незнам, и не ми е јасно, сум имала врски и сум се заљубувала како глупача, ама бе брате, кога ќе речам готово е ме опвреди и толку е, нема назад, уште ќе ја употребам сета моја сила за да го омаловажам како гомно со најгнасните зборови што некогаш постоеле за да го боли и него исто како што ме болело мене! До толку што веќе нема да се сети повеќе да ме побара! Ако неможеш да се тргнеш од него а сакаш - тогаш направи тој да се тргне од тебе и да не те бара повеќе! Чим си го преболела предходниот значи дека нема ништо страшно тешко и незнам какво веќе во преболувањето! Легни си и замисли си, со што ли по ѓаволите тој заслужил да го сакаш? Што направил за тебе? Со што заслужил воопшто да те навредува? Кој си мисли дека е тој? Покрив над главата ти дал? Те ранел? Ти се тресел кога си била болна? Со која работа тој заслужил да го сакаш? Можеби кога те навредувал убаво ти било :^) Незнам навистина не ми е јасно, а и ти се вртиш во еден суров круг со него цело време, зашто читам ама одбивав да давам коментар се додека да видам до каде ќе стигнеш. Што има да те занима за што те додал? Биди кучка бре, отерај го во три лепе, дај му до знаење дека ти не си ничив предмет на заебанција! Ах мене да ми е, отсекогаш ми биле возбудливи тие краеви на врските кога се отвараат картите, а кецот го имам јас! `Ржи малку, не изигрувај љубезна затоа што не заслужил!
     
    На Pelikuna, Trendafilka, TennisBabe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Пеликуна и јас би ти го поставила истото прашање: Што е тој толку посебен, незаменлив, па толку да се мислиш и да трошиш нерви и време на него?
    Сфаќам дека не ти е сеедно, ама овој не го заслужува твоето внимание. Не вреди едноставно.
    Остави ти фб, тоа не значи ама баш ништо. Си кажала дека е крај, па придржувај се кон тоа и остани ладна. Тој изгледа разбрал дека ти значи нешто и дека не ти е баш сеедно, па сега си го храни егото и сака да манипулира. Не верувам дека сака нешто сериозно.
    Избриши го од твојот живот-еднаш засекогаш. Ќе ти биде полесно, верувај ми. Остани рамнодушна ако те бара, покажи дека имаш гордост. Верувај во себе и ќе успееш! :)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Паа вака сеа...
    ми се допаѓа една другарка (прилично блиски сме ) но не знам како да и го кажам тоа, чудно ќе и е бидејки и јас сум женско! Не знам како ке реагира? А девојчето, не е свесно дека кога сум со неа хормоните брејк денс ми прават..
     
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.760
    Пол:
    Женски

    Јас би те отерала кај што треба и не треба. Извини ај да ми се пушти некоја девојка океј, но другарка има да ја задавам на лице место.
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Па штом незнаеш како ќе реагира, немој да и кажуваш ништо. Ептен ризикуваш да си го расипеш другарството и да ја изгубиш.
    Малку смири ја топката, имала ли таа досега случно искуство, била ли со женско досега? Што мисли за овие работи?
     
  11. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Оф топик: некој со твоите пропорции да задави човек на лице место...тоа би било глетка ипол

    Он топик: со оваа ситуација не фати малку off guard нас, советувачите тука. Не сме имале ваква ситуација мислам до сега. Јас би бил краток и јасен: освен ако не си ЦЕЛОСНО сигурна дека другарка ти барем делумно се наведнува кон "другата" страна, воопшто не се обидувај ништо, зошто така можеш само да ја изгубиш како другарка, нема да добиеш ништо. Е сега како ќе можеш да откриеш дали и таа ги дели страстите? Епа ти поминуваш време со неа, обиди се да ја прочиташ објективно. Повеќе од ова, не знам што би додал да ти помогнам...
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mecheto

    mecheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    верувај не ти се свиѓа размисли уште малку што ако и кажеш и таа го злоупотреби тоа каже на една на друга и ке те исмејуваат јас не ја знам другарка ти ама во денешно време сите само на себе мислиме
     
  13. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107

    EleMental фала ти многу на ова што ми го пиша и во право си за многу работи.Многу избрзав и тоа ми е голема грешка,но како и да е од грешките се учи понатаму во животот. ;)
     
  14. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107

    pretty-girl6 фала ти многу на разбирањето.Човекот учи додека е жив од сопствените грешки.Мислам дека ова што ми се случи, научив една добра лекција за понатаму во животот. ;)
     
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    ЛГБТ, јас ќе ти кажам дека како хетеро личност, па ненормално ме нервираше кога другар ќе се напиеше и ќе добиеше супер идеја да ми се пушти. Кога сум била на тие луди години ако ми се има пуштено другарка можеби поагресивно би изреагирала кон неа за разлика од машко да е, затоа што така бев растена, воспитувана, натупано во глава од мама и тато, дада и бато, и не бев баш пријателски настроена кон геј луѓе(макар што тогаш не познавав ни една личност да е рекла дека е геј). Но, макар што ме интересираа машки, другарите мои не ме интересираа. Со нив си имав друга врска, таа другарската, и не ме привлекуваа на друг начин.

    Е сега, тебе ти вријат хормоните, не ми се лути ама мала си, хормони со нозе си, осеќаш блискост, ама не ја мешај нејзината другарска љубов со онакви емоции за тебе. И да е геј и да не е геј, па и ако е геј не мора да значи дека ти и се свиѓаш на тој начин. Бидете си другарки, оти утре кога се пуштиш на друго женско(кое не ти е другарка) и ако оваа на која си се пуштила се навреди оти не е геј да речеме и ги рашири вестите по маало, родителите добијат шок а не знаеш како ќе реагираат во прво време на тој шок од за нив ведро небо, оти сеуште не си им кажала како се чувствуваш, тогаш оваа другарка и те како ќе ти треба до тебе. Ако сте блиски како што велиш ќе биде до тебе (под услов да не и е исперен мозокот во врска со геј луѓето). Тоа другарство во нашето македонско, генерално зборено, анти геј општество, ќе ти вреди многу повеќе од оваа радозналост што те скокотка спрема неа.
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ма знам дека не ме сака и затоа ставам полека крај на сите тие маки а и плус имам нов,кој е многу подобар ама сепак чуствата се уште се овде а преку нок ке бидат тешко избришани,ама на крај трудот се исплака.Јас моето му го кажав.Можеби ке му простам ама нема да сум таа која што е навикнат и ке му вратам низ нос.Можеби ке заборавам на се,чисто од култура,а можеби и ке го избришам од секаде.И ја избрав третата опција сега за сега,за понатаму ако се смени во што се сомневам ке видам.Сега се зависи од мене,не од него.Оладена сум.Си стоев на зборот и се уште ке си стоам,а тој не стоеше.Две форумџии го добија копираното што му го пишав и на крај без око да ми трепне го блокнав.А сега гледам,ке ме моли.Нема така.

    Офи,не знам дали си приметила на форумот ама јас сум премногу емотивна личност и многу брзо се врзувам за личноста.Еве бившиот го преболев за две години.Ми го загорчи животот поточно кажано и мене ми требаше период да се вратам во нормала а кога го запознав овој тип тој беше главниот виновник за тоа што го преболев бившиот.Онака за вбрза постапка ми помогна.Ми беше на еден начин како водич ниоз животот.Јас наивна и постојано грешев тој покрај мене како ангел ми кажуваше што да правам што не кога моите родители ме напуштија.Нејсе сета таа близина со него,јавувања,контактирање преку нет и неколку прошетки ме натераа да ги разбудам повторно чуствата а кога сфатив беше доцна.Не,воопшто ми беше лошо кога ме навредуваше.Еден момент му реков да го средиме сето тоа,зошто не ми беше сеедно да ги слуша трачевите,ама се присетив на вашуите зборови и решив да го блокнам а вчера за изненадување ме додава за пријател.Чекај малу :!: се зачудив за момент зошто кога веке му кажав да не ме бара(а згора на тоа ја пракал и сестра му да збори со мене се изнервирав до фул.Кој не си стоел на зборот?јас или тој/Тие денови не го барав,можеби тажев малку ама пак си стоев на своето.Во врска за тоа кога бев болна,тој премногу се грижеше кога бев во болница,пракал другарки заеднички да прашуваат кај сум а јас бев во болница,зошто мислел дека сум лута нему,таква сум по природа.Има да го згазам овој пат,си ветив себеси.
    А што се работи за потписот слободно опни го :D сакам да видам како ке изгледа :hai:

    Крејзи,тоа и планирам да го сторам.Да,ми значел и можеби се уште не ми е сеедно ама започнува нова ера.И да ме бара,ке ме нема.

    :*
     
  17. zAlJuBeNa23

    zAlJuBeNa23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    ljuboven problem

    zdr, sakam nekoj da mi kaze ne znam sto da pravam. imam decko so koj sum zaedno 5 godini i imame dadeno zbor. no se pojavi eden negov drugar so koj se gledav 5 meseci dodeka mojot decko ne bese vo gradot. mn sum zaljubena sega vo nego a ne mozam da mu se skaram na deckoto koj sega pred nedela dena se vrati iako ne go sakam. ne znam sto bi trebalo da napravam.HELPPP
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    ljuboven problem

    Ако не го сакаш не му давај лажна надеж, тоа е најлошото нешто... кажи му едноставно дека не може повеќе да одите и дека грешка било што си дала збор.... ако се мажиш за него зарем цел живот без љубов ќе го живееш :worried:
     
  19. zAlJuBeNa23

    zAlJuBeNa23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    ама не можам, не знам како да му кажам, кај него седам со неговите и многу ми е тешко, не водиме љубов а овој другиов пак не ми верува, ке побудалам не знам како да постапам
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Постапи како што чувствуваш, можеби сум малку сурова и злобна но мисли на себе и на твојот понатамошен живот. Не е фер да останеш со некого само затоа што си дала збор, а повеќе не се чувствуваш така, не е фер ни спрема тебе која ќе живееш без љубов, ни спрема дечкото кој те сака, а ти не чувствуваш ништо спрема него.
    Едноставно направи го тоа што сметаш дека ќе те направи среќна и немај обзири кон никого. Сепак се работи за твоја среќа не за некој друг.
    Размисли што е она што те прави среќна, и како би живеела без љубов. ;) Никој друг неможе да ти каже што да направиш.