Јас кредит не сакам да земам, тоа ми е последно што ми треба во животот, не сакам да се задолжувам, ми е криво од причина што дечково стварно ми се свиѓа и е добар и се, ама преку ова не знам како
Па тоа е и поентата, што сакам да знам на што сум и како размислува, мене ми е важно ама овој дел некако како да ме оттргна од се.
Поарно ќирија цел живот отколку некој да ти ја јаде нонстоп душата. Верувај. Чим он не сака со неговите, значи има нешто. И за тебе многу подобро ќе биде подалеку од неговите да живеете. Не е животот само сметки плаќање, треба да разбереш дека тие двајца се негови родители а не твои, тебе никогаш нема да те сакаат како шо твоите дома те сакаат. Ќе ти притураат во гаќите, ќе ти ја фрлат манџата оти била многу солена, ќе ти висат врз цицките кога ќе си ги доеш децата. Така да, размисли си, убаво ти вели дечкото.
А како мислиш без кредит да земиш стан? Една обична гарсоњера е 40-50 000 евра. Ај еве да не си од Скопје, за тие пари може да земиш еднособен стан, максимум двособен па да го реновираш, и ќе потрошиш уште 10 000 евра. Па ќе треба намештај да купуваш, префрлање, ДДВ. Под 60 000 евра тешко дека ќе си. Имаш толку пари во кеш? Еве да речеме дека можете на страна да ставате месечно една просечна плата од 600 евра, иако и тоа е тешко изводливо, ќе ви требаат 10 години за да купите стан. А кога ќе ги имате парите, тој истиот стан ќе кошта дупло.
Ок, фала Ви, очигледно ништо од овој дечко... Премногу е, штета највеќе ми одговараше од сите до сега, ама за вакво нешто не би се нафатила.
Реплицирам на твојава математика иако се сложувам со сите членки погоре. Преводот у случај да не трола би значел: сакам од мама и тато се на тацна. Пошо зошто да се мачи чоек кога може да живее комотно
Ама луѓе, не лажам, да не треба screenshot да објавам овде? Навистина не сте фер, впрочем да и порано прашував, како тогаш лажам? Не знам, како не е тешко да се купи стан и намештај не ми е јасно, да имаше спрат да речеше во куќата немаше да ми е криво ајде ама вака кај не твој стан кај работи во него, што е многу многу е, фала ви како и да е. Се извинувам што Ви одземав време
Мора да нѐ тролаш сите дека ако поради ова ќе раскинеш со дечково. Мислам немам друг коментар после ова, џабе се советиве, ти не сакаш да направиш компромис а тоа е прво нешто за успешна врска.
Oке но кредитите станаа неизбежен дел од секојдневието. И во развиени земји зимаат, само што таму е пократка и полесна исплатата. Со вакви ставови навистина делува како сребрената/златната лажица уште да ти е во уста. Мораш самостојно да живееш некогаш, макар со кратење задоволства. Тоа е животот. Ако сама не пробаш да научиш, животот кога тогаш ќе те научи.
Денес ако не добиеш од мама и тато многу тешко е да дојдеш до момент да застанеш на свои нозе. Многу малку луѓе познавам што без никаква помош станале успешни, и под успешни мислам на некоја средина каде што ќе можат да си приуштат основни потреби како живеалиште, автомобил и некој океј живот без молење да се помине месец. Скоро сите што ги знам на оваков или онаков начин биле помогнати од дома финансиски.
Во ред, немојте повеќе да се мачите да ми одговарате, јас сум крива што не сакам да се заглавувам во кредити и кирии утре ден. Кој спомна дека кредитите се неизбежен дел, се согласувам, меѓутоа кај мене во фамилија нема никој кредити, па дури сестра ми купија стан со зетот, братучедите исто така си имаат свои куќи, другиот братучед направи куќа, му требаа години тоа да, ама никој од кај мене не е со кредит и тоа ми падна малце тешко, јас овде немам потреба ни да работам, па сега ќе стигнам и до свој кредит, кредит на дечко па и кирија, премногу за мене. Тој можеше да даде опција да направи спрат во куќата, многу е друго кога си на свое, а не утре ден некој да те истера ко ништо, јас сакам да најдеме решение ама очигледно ништо од ова.
Ako se mozi da se sedi na svoe, sekos sum.za namesto da se odi pod kirija. Pod kirija sedenje kaj nas da bidime.realni kaj taka mali platite, ispagja ko vo hotel da prestojuvas.
Така е. Нека прекинат лудило да глумат дека све сами постигнале без помош од нивните и да се занасаат, смешни се. А женскава ќе да трола и се заебава. @Ta-mara Ако за ова раскинуваш така лесно без око да ти трепне, а пред тебе е крупна и сериозна одлука која треба да ја донесете ти и дечко ти, тогаш ниту го заслужуваш дечкото, уште помалку си зрела. Скроз на место ти кажа @Selena01 за тоа. Ако тролаш, браво за тебе, си доби внимание.
Па и спрат да направи дечко ти, тоа пак нема да е твое. Ќе биде на татко му на дечко ти. Пак ќе треба да купуваш и да вложуваш во нешто шо не е твое па плус и стари ќе ти се мешат.