Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    42.377
    Пол:
    Машки
    Па и стан да има дечко и, пак негов ќе биде. Утре и во брак да се, пак негов ќе си е. Може комотно после смрт да го остави на деца, брат/сестра, внуци. Не мора нејзе.
    Да дојде до развод, ќе треба да се спакува и да замини.
     
    На tanjita, Anyshka, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.564
    Допаѓања:
    34.041
    Пол:
    Женски
    Баш така.
     
  3. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    4.492
    Искрена да бидам и јас не би била под кирија освен баш кога би била приморана, ја разбирам членката до некаде... Ете замислете си, почине мажот, што ќе и остави во наследство, кредит и стан кој што ќе го плаќа цел живот? Буквално, ништо ќе нема од него....
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    4.492
    Да, ама барем ќе има нешто, а вака што ќе има? Несигурен стан под кирија на една година ли се кириите како идат не знам баш?
    *пак ќе има да бира на кого ќе остави, сигурно и нејзе ќе и го остави, не е баш исто, не зезајте сеа, маж ќе остави жена на улица, ќе препише на сестра брат
     
  5. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.252
    Допаѓања:
    17.922
    Пол:
    Женски
    Некогаш не ми се верува до каде ја носите одредена ситуација. Под кирија не ви чини, во другана тема со свекрви - и тоа не чини. Тешко на мажите.
     
    На Just.do.it, tinkerbell22, bookslover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    42.377
    Пол:
    Машки
    Да, да, се сложувам за кирија со тебе дека е подобро било што друго. Тоа е како пари во ветар да фрлаш, никаков долгорочен бенефит немаш.

    Него друг беше муабетот тука.
    Cекој 3ти брак завршува со развод во Македонија. Така да, големи се шансите на улица да остане утре ако спие на тоа уво дека ете дечко и има стан/спрат обезбедено.
     
    На iloveyou29, Anyshka и franca им се допаѓа ова.
  7. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    4.492
    А, бе сеа тешко и на жените за се да мислат, а еден маж да не може основна работа да обезбеди, во странство на наши години свои станови и куќи имаат, комшија работеше во странство една година овде стан купи, не е баш дека мали плати не може, кога веќе толку сите сакаат мир, ќе работиш и ќе купиш.
     
  8. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.252
    Допаѓања:
    17.922
    Пол:
    Женски
    @franca а и девојката/жената може исто така да оди, па заедно да заработат. Пример.
     
    На Realist1, bookslover и Billy Idol им се допаѓа ова.
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    42.377
    Пол:
    Машки
    Како сакајте вртете ја, да имаш сопствен стан денес е многу тешко.
    Со македонска плата скоро невозможно да се купи, а да не е на кредит.

    Возможно е ако родителите ти помогнат финансиски.
    Или ако двете страни ви помогнат финансиски ако сте во брак.
    Или пак сте работеле во странство/имате енормно висока плата, приливи од трети страни, бизниси итн.

    Со македонска нормална плата се знае, ако двајца работите и имате солидни примања, сте штеделе за уплата и можете да подигнете станбен кредит. Е тогаш е станот ваш. Не одма, пошто најверојатно ќе го исплаќате во наредни 10, 20, 30 години. Ама откога ќе го исплатите, е тогаш ќе може да кажете дека е конечно ваш.

    Ако едниот брачен партнер има дом наследен од родителите, или сам го стекнал, тогаш негов е, не е заеднички, и никогаш нема да биде, освен ако не се согласи поинаку.
     
    На Anyshka, raww, Adidas888 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    9.530
    Пол:
    Женски
    Јас уште осеќам дека тролаш дека никој нема кредит земено и сѐ е во кеш платено. Би сакала да бидам и јас еден ден толку успешна ама стварно ми изгледа како сите да нѐ истрола
     
    На Anyshka, tinkerbell22, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    9.530
    Пол:
    Женски
    По муабетов, наредено ѝ е
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ta-mara

    Ta-mara Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    Пиши ми лп, да ти испратам скрин сега што збориме на темава, срам да ви е што викате дека лажам, да со програмерство се занимаваат.
     
  13. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    9.530
    Пол:
    Женски
    Искрено не планирам да бидам толку инволвирана во твојот приватен живот па да ми испраќаш скрин.

    Мој совет што ќе ти го дадам и последен коментар на темава како девојка што е 7 години во врска.

    Не вреди да си изгубиш фин и добар дечко во ова време на луди врски, токсичност и слично само поради вакво нешто. Јас и дечко ми сакавме да се одвоиме од нашите, немавме станови на наше име и си отидовме под кирија, нешто најубаво во живот што го имам искусено, слобода и мир додека двајцата работиме и тргаме пари на страна за стан и станбен кредит колку за учество.

    Си купивме и кола па и тоа постепено си исплаќаме и еве да ти кажам - ништо страшно не е, ниту е крај на свет. Цел живот ќе работиш и еден живот ти е па дозволи си максимално да уживаш во приватност со дечкото на млади години, понатака ќе си ја бараш таа слобода.

    И не си ограничувај мислењето на тоа дека не сакаш да се “заглавуваш” со кредити, биди самостојна и не чекај на тацна, колку повеќе очекуваш од твоите или од неговите толку полошо.

    Толку од мене.
     
    На butterfly6223, Manako2, neno0o и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.851
    Допаѓања:
    20.460
    А и што се расправа одма и љуто и арогантно возвраќа? Совети сакаат ама ни ги читаат, слушаат уште помалце применуваат.

    Тапшање по рамо нема да добиеш, ако тоа сакаше. И поарно ти е да знаеш, вистината да ти се плесне, зашто твоите блиски секако на твоја страна ќе се и ќе речат аха, така е у право си.
    Да си паметна, ќе подразмислиш, не да се лутиш и замеруваш.
     
    На eliesaab, Adidas888, franca и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Ta-mara

    Ta-mara Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    Па си, бидејќи не знаеш а викаш дека лажам, малце е незгодно некому да се обратиш со лажеш.
    Добро, не сме сите исти, јас живот со кредити не сакам и тоа е, моментално собирам пари за во иднина да правам заби кои ми се приоритет и чинат неколку евра, ама нема да земам кредит, туку ќе ги заработам тие пари, бидејќи ако земам кредит никогаш нема да бидам мирна, нон стоп ќе ми биде тоа опсесија дека морам да го вратам, сега ми вика дека и тој не планирал да биде цел живот под кирија, демек за некоја година ќе купел стан, дека имал план за тоа, каков план господ знае, не ветувам дека нешто од ова ќе биде.
    Добра ноќ на сите.
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ta-mara

    Ta-mara Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    Не, таман работа, но криво ми е што испаѓа дека јас овде лажам, а членки од страна се обидуваат да ми дадат совет. Фала уште еднаш на сите.
     
  17. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    4.492
    Не бранам никој, ама искрено се претерува со тоа дека некој одма лаже, што и да се напише во темава и повеќето членки одма скокаат :D
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.254
    Допаѓања:
    205.027
    Како кредит и кирија се наследуваат?:^)
    Живеев со дечко под кирија и уште многу години со него како маж. Може се пари во ветер долгорочно, ама краткорочно се инвестиција да си го тестирате односот, ќе ве бива ли заедно да живеете.
    Кредит, колку што знам постои со опција осигурување, ама мислам не е овде тема финансиска писменост, нешто сосем трето ќе да е.
     
    На potatoface и bookslover им се допаѓа ова.
  19. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.851
    Допаѓања:
    20.460
    Епа на толку тролови, со право искрено. Да и се извиниме сите но и она треба да е спремна на секакви мислења. Не видов ништо лошо инаку да кажат, баш добро ја советуваат ама треба некој и да примени бар нешто, не импулсивно да изреагира па после да се кае можеби. Друго е ако не е спремна за таков чекор, тогаш нека си каже отворено и готово.
     
    На franca, Billy Idol и bookslover им се допаѓа ова.
  20. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    9.530
    Пол:
    Женски
    Не реков дека лажеш реков дека некако нѐ тролаш, мое мислење не гледам причина зошто да се објаснувам, си го искажав моето мислење а мислам дека тебе не ти беше баш најбитно, судејќи по темава, некако си бараше можеби валидација да не земеш кредит или да одиш под кирија и кога повеќето имавме различно мислење нѐ нападна дека ние те напаѓаме тебе дека лажеш.

    Според мене невозможно е во Мк со поштени пари да купиш станови, куќи во кеш, но ваша работа.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.