Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.816
    Допаѓања:
    24.465
    Пол:
    Машки
    Често прашање и битно во врска е каде ќе се живее, конкретно станбеното прашање.


    Според мене би одел под кирија и би гледал да не е долготрајно освен странство ако работам, е доколку имам нарушени односи дома и помал простор да речеме мал стан итн или евентуално ако најдам поплатена работа подалеку од моето родно место.

    Се останато ми е без врска, не морам да живеам одделено од моите и да врзувам одвај крај со крај и да плаќам кирија и да не ми останува воопшто пари за заштеда, па камоли за да реновирам нешто по дома. :)

    Инаку девојче ти што бараше совет, како битна информација или да ја наречам редфлег запрашај се зошто и тој самиот не сака со нивните, да не се чурук луѓе, па да зажалиш што се "пикна" во таа куќа..
     
    На Irenaiki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    5.272
    Пол:
    Машки
    Eх да можеш да ни бидеш два дена у кожа само :) ова не е ништо :D
    Ќе си се снајди девојката, уште не и било зорт толку. Ако го смени овој со другиот пак истиот проблем доаѓа само друг човек до неа и кога ќе дојде прав момент ќе си одлучат како ќе земаат или каде ќе живеат. И вие сте биле млади не осудувајте одма, остајте ја ќе и поминат бубачките ама во право време
     
    Последна измена: 9 август 2024
    На Anyshka, tinkerbell22 и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    7.160
    Пол:
    Женски
    Да си го држиш дечково :) Ретки се на денешно време што сакаат да створат нешто свое, што не дозволуваат мама и тато да им го контролираат животот. Верувај, поголема грешка од живеење во заедница - нема.
    Како што ти кажаа и погоре, стан без кредит не можеш да купиш доколку немаш некаква помош од страна. Мораш да си отворена за таа опција кога немаш друг избор.
    За кирија конкретно и јас не сум, освен за некој краток период, пре би да плаќам кредит за нешто мое.
    Guess what и моите никогаш немале кредити и јас исто бев строго против, ама сфатив дека пари за стан туку така не се берат и дека во блиска иднина нема да имам можност да купам нешто во кеш, па кредитот ми беше најубавата одлука. Не е тешко ако си заработувате и двајцата и не значи дека нема да имате пари за ништо друго. Не знам по колку години сте, ама со добар план ништо не е невозможно. На крај сметам дека твојата цел не треба да биде дечко со стан\куќа или живот во заедница. Верувам дека имате време за да создадете нешто ваше.
     
    На Mumoftwo30, Anyshka, Ambitious и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.291
    Пол:
    Женски
    Колку подалеку од неговите и твоите толку подобро,ем повеќе ќе се сакате и ке се почитувате ем ќе си бидете самостојни .Ќе си заработувате ,ќе си направите план за да не останете после 3 дена од платата без пари .Јас да немам свој дел во куќата кое што е на мое име ,посебен влез,се посебно не би седела ни секунда не затоа што не ја сакам свеки,туку затоа што сакам да си останеме во добри односи .Инаку јас понекогаш самата себе не се сакам а не па да седам во иста соба со мои или негови .Сите домашни работи си ги извршувам и не чекаме на никого. Нема поубаво .
     
    На AAKG и Lisandra им се допаѓа ова.
  5. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.201
    Допаѓања:
    3.530
    Пол:
    Женски
    А како сакаш да земиш стан без кредит? Дали имаш направено математика, колку пари кошта еден стан на денешно време..
    Од небо да не сакаш пари да паднат, па одма да го купиш станот.
    Кој се тие шо одма земале куќа, стан шо ги спомнуваш, баш прашај ги како дошле до тие пари, како живеат самостојно без кредит?
    Ќе ти одговорам работат и двајцата по цел ден и дури и така е тешко да собереш пари.
    А ако чекаш нема ни да дочекаш на готово.
    Може дечкото не сака да живее со мама со тато.
    И чекај малце не значи дека ќе те побара за жена ако ти е дечко.
    Сите плаќаме кредити и за кола и за стан, не чекаме на готово, треба да созрееш малце и да работиш за себе за твоето семејство да има.
    Не чекај ни на мама, ни на тато.
    И гледај каква си, одма готово го отпиша дечкото оти нема пари, за по парите да не си само? Немој да мислиш дека нема да бидеш сетена во твојата намера, пошо јас љубов овде не гледам сакаш само да си обезбедена.

    Шо е најбитно немој да се споредуваш со другите и оти тие имале, оти секој со својата среќа.
     
    Последна измена: 9 август 2024
    На Mumoftwo30, Anyshka, FridaodaMk и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.201
    Допаѓања:
    3.530
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум чекала од неговите , ни од моите. Ако сакаат да дадат нешто пари за нешто да купат, пример спалната ми ја обезбедија за свадбата, кујната од другите, масичка и претсобје од блиските.
    Ама станот колата е чисто од нас, не беа во можност да ни купат но вложиле во образование и работа на децата за сами да се снајдување.
    И вака е подобро, може плаќам кредит ама барем не чекам од никој, се си е мое, вложено со наш труд.
    Се може да се исплати и кредити и се, ако си ги водиш ко шо треба финансиите. Фала му на Бога колата ја исплативме, сега останува уште станот, кој во иднина ќе го доплатиме.
    Вака дури мислам и подобра среќа имаме него да бевме кај неговите и да чекавме на нив.
     
    На Anyshka, eliesaab, NPN и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Зошто кога имате место? Секако на одмори викенди ќе де оди место киришта да плаќате, и ја би била со тоа мислење иам куќа сеа за кирија пари да фрлам нон сенсе е.
    Да имаше он како машко ќе видам дал ќе кажеше ајде под кирија… треба да ја погледне големата слика а не сега у момент како му прија..
     
  8. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    4.492
    Мене дечково искрено ме потсеќа на мажот на тетка ми...
    Сите што викате дека не е важно и те како е важно дали некој со кој што сте се има задолжено
    Тој беше таков, ќе купам што сакам, за свое лично задоволство, како во случајов да не се живее во заедница па уште толку да се задолжи човек, демек стан ќе купеше маж и, ништо, 18 години живееа кај нас на долниот спрат 18 години! Зема куќа под хипотека сега, таман кога почна да зима тетка ми пензија, ја задолжи што сега нејзината пензија ја дава за куќата да не им ја земат, така да отворете очи со кој идете и што правите!
     
    На Hisha и Ta-mara им се допаѓа ова.
  9. ySilver

    ySilver Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    За да ја опфатам целата ситуација, објаснувањето може ќе биде подолго ама се надевам дека ќе ме дочитате.
    Имено јас имам 31 год., тој 34.
    Пред неколку години работевме во иста фирма, но поради склоп на околности јас излегов од таму, што значи веќе не се гледаме и не работиме заедно. Додека уште бев таму, не се гледавме премногу, зошто смените ни се поклопуваа само околу 2ч, но секогаш како да постоеше некоја симпатија помеѓу нас, бидејќи јас уште кога прв пат го видов многу ми се допадна пред се физички, а потоа и со неговото однесување- одмерен, културен, образован, а и јас сум му се допаднала премногу уште првиот момент кога ме видел, нешто што тој ми го кажа подоцна. После некое време јас излегов од фирмата, а тој ме додаде на ФБ (искрено не памтам добро дали ме додаде од кога излегов или претходно, но тоа и не е толку важно). Од кога станавме пријатели на ФБ, некако како секогаш да беше присутен (срциња на сториња, краток коментар во чет: многу си убава и сл). После некое време почнаа и подолги разговори меѓу кои и за тоа колку многу сум му се допаѓала физички, колку му биле убави деновите кога сум работела таму, колку жалел што веќе не сум таму и за тоа дека уште истиот ден кога прв пат сум отишла во фирмата, тој му кажал на негов другар каква девојка дошла, за понатака уз тие разговори јас индиректно како на шала да му признаам дека всушност и тој премногу ми се допаѓа мене, па дури и дека чувствувам одредена заљубеност во него. Од тој момент како наеднаш се да се смени, се поретко ми пишуваше, како наеднаш да се дистанцира од мене, како едвај да одговараше кога ќе му пишев, повеќето разговори ги започнував јас, за на крај целосно да прекине нашата комуникација. Два месеци ми беше претешко, легнував и се будев со прашања каде грешив, зошто “избега” од мене, никаков разговор, никаков лајк, реакција, се она што го правеше претходно (знам, голема грешка, буквално не знаев каде се наоѓам, како некоја заљубена тинејџерка), за кога конечно почна да ми станува полесно и кога конечно се помирив, тој пак да се појави. Овој пат уште поемотивно, дури и да ми рече ТЕ САКАМ. После некое време следуваше и мое Те сакам (зошто не знам како ама навистина ми се јавија чувства за човеков), за следниот чекор да биде да се видиме во живо.
    За тоа време јас забележував дека тој постојано заследува нови девојки на Интаграм и навистина не ми беше јасно (можеби глупаво од моја страна) зошто го прави тоа, кога мене ми вика ТЕ сакам и сме на чекор да се видиме и во живо. Еден ден не издржав и го прашав зошто го прави тоа, како да му верувам на зборовите кога тој постојано бара нови девојки, а тој како да стана друга личност. Не сакаше ни да објасни, ни да се потруди околу мене, туку почна да ми кажува како неговото изразување на емоции кон мене било грешка, како од сега па натаму ќе ѓе гледал само како другарка и да не го барам за ништо понатака (освен ако ми треба некоја помош околу работата) и буквално ми рече: Збогум, се најубаво.
    После два дена јас не издржав (втора моја најголема грешка), му пишав зошто ми го прави тоа, зарем ништо не му значам, му кажав колку ми беше тешко првиот пат кога ја прекинавме комуникацијата и дали се ќе фрли во вода и ќе ме остави повторно во таква агонија. На тие прашања добив само Seen.
    Луѓе, знам, возрасна сум за олку да ми е тешко за некого со кого сум немала ништо ни физички, но ете не можам, посилно е од мене. Ве молам кажете ми како да се справам, и денот и ноќта ми се уништени, постојано мислам на него и ништо околу себе не можам да поднесам. Забележувам дека се дистанцирам и од најблиските. И дали некој има идеја зошто ми го прави ова?
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.366
    Допаѓања:
    84.470
    Пол:
    Женски
    Му годело само да флертува, не те сака. Продолжи си со животот, без него, со него можеш само да изгубиш време. Ете сам ти (по)кажал дека не сака да имате ништо.
     
    На _beautyy_, Billy Idol, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.967
    Допаѓања:
    7.967
    Пол:
    Женски
    Не е сериозен и не си тепај време.
    Прво ако сакал толку да направи чекор и ако емоциите стварно му биле толку големи ќе пробал да те контактира и додека сте работеле заедно. Вака делува како таинствено да сака да си пишува само па у случај да упали топ.
    И таа несериозност на 34г може да значи и дека си има врска он. Па кога таму ќе заладат работите бара др опција. Не си тепај време и цени се себе си и на кого даваш внимание. А нема шанси он да се заљубил во некоја па со те сакам па трескања...(без подетално запознавање), а вака да се однесува!
     
    На bookslover и ySilver им се допаѓа ова.
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    8.241
    Пол:
    Женски
    Едно не можам да разберам
    Вие не сте поминувале време заедно и ти му кажа дека си заљубена во него?
     
    На Feniksgirl, _beautyy_, carangigia и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.816
    Допаѓања:
    24.465
    Пол:
    Машки
    Овој само предизвик ваљда си му била или во текот на разговорот негде не си му се бендисала, откај знам..
    Не е сигурност ако ти рече дека само физички те бендисува... повеќе ми алудира, само за секс..
     
    На ySilver му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ySilver

    ySilver Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Не буквално со зборовите *заљубена*, туку дека го мислам, дека ми ги окупира мислите, дека убаво ми е кога ќе ми пише.
    Не мислам дека не сум му се бендисала во муабетите, зошто секогаш ми кажуваше колку всушност се пронашол во моите размислувања, во мојата личност и се беше буквално во најдобар ред (изразување љубов на секој збор), се додека не му спомнав за Инстаграмот.
     
    На Stark и Sitte4 им се допаѓа ова.
  15. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    run, girll
     
    На _beautyy_, Mumoftwo30, Deus ex mahina и 3 други им се допаѓа ова.
  16. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.354
    Допаѓања:
    10.735
    Пол:
    Машки
    Бегај, бегај, брзо. Затвори страница и почни да пишуваш нови страници, не си губи време со вакви и не вреди ни во најмала рака да се опседнуваш со ваков, немој никако, ќе страдаш и патиш само. Тоа сето што си го пишала за него дека е одмерен ваков таков, после ова се му паѓа во вода. 34 години а толку не зрела личност, наместо да се насочи кон сегашноста и да гледа кон иднината тој како да е во 20ти години, па и ние шо сме во 20ти не сме вакви.

    Тежок манипулатор, си му била привремена резерва а тој во меѓувреме си флертувал и со други, па ако не му запали, назад кај тебе. Од вакви луѓе шо не знаат што сакаат во животот, подалеку, лабилни личности се ова. Па и муабетот со колегата му се пофалил каква женска дошла, малце простачки па уште ти кажал. Не си му значела туку сакал само да те искористи.

    Не си ја мачи душата на празно. Не е само тој маж на земјава. Не брзај и не форсирај ништо. Кога најмалце очекуваш тогаш ќе ти се појави тој што треба.

    Не знам како ваквите имаат и среќа, некој душа чоек ќе тапка во место а вакви ќе си играат со туѓи чувства и време.
     
    На _beautyy_, Mumoftwo30, Deus ex mahina и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    Еее, си видел прилика и сака да користи.Но, пишаново е на место.Добри совети и се доделени на членката дека е обичен манипулатор.
    Можно е да има некоја и само да му е резерва членкава.
     
    На Just.do.it и ySilver им се допаѓа ова.
  18. ySilver

    ySilver Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Многу ме боли што бев толку попустлива кон него, што му опростив без никаков проблем кога се врати уште по првиот пат кога го снема, што секогаш бев достапна за него. Изгледа тоа беа моите најголеми грешки, при што станав лесна мета.
    Очигледно момците ги привлекува кога ловат, а не кога добиваат внимание без многу напор.
     
  19. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    13.166
    Пол:
    Женски
    Дури и да нема друга моментално, сепак мислам дека си заследува и си флертува и четува и со други и става оганчиња по сториња, па ако не упали кај друга, ти секако си му била на стенд бај.
    Чаре е блок од секаде, ќе ти биде тешко некој период, ама на долг рок ќе зачуваш живци.
    Има суштества можат в очи да те лажат, не пак преку чет. Преку чет многу е полесно да направат филм за љубов, разбирање, дека му се допаѓаш, романтики - мислам се е тоа супер со таквиот муабет доколку го мисли искрено, ама во случајов од понашањево негово се гледа дека не е.

    А и рака в оган ставам дека не ти го има само тебе тој муабет правено.
     
    На _beautyy_, Deus ex mahina, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    Памет во глава, ништо страшно.На секого може да му се случи истото.Луѓе сме, сите грешиме.

    Блок и патот под нозе.Има други машки, не е само тој.:)
     
    На ySilver му/ѝ се допаѓа ова.