Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.252
    Допаѓања:
    17.922
    Пол:
    Женски
    @ySilver премногу на значење си ѝ дала на сета ситуација. Годините апсолутно не се мерило за зрелост. Овој сигурно си има и паралелни врски, покрај флертови измеѓу. На зрел човек што му се допаѓаш нема да дреме, туку ќе си затера со конкретни чекори. Дури и би рекла дека запознавањето би било прилично убрзано со подиректни прашања.
     
    На Feniksgirl, _beautyy_, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. ySilver

    ySilver Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам од срце за советите.

    Ми го потврдивте она што јас некаде длабоко во себе самата го чувствував, а тоа е дека сакал само секс, а сите тие симнувања на ѕведи му биле со единствена причина да дојде до него.

    Но само едно не ми е јасно- зошто кога толку многу го сакал тоа, не дочека да се случи (а очигледно дека ќе се случеше како што тргнаа работите, доколку продолжевме да го развиваме нашиот однос), туку тој ме откачи уште пред да се случи?
    Да се случеше ќе си речев, го доби тоа што го сакаше и си ја оствари целта, но вака?! Секако фала Богу што не се случи.
    Секогаш кога јас ќе направев чекор напред, тој правеше десет назад. Како да уживаше ако бев индиферентна и како само тогаш да бев интересна.
    На крај додека јас се борев да спасам ситуација, како давеник што се фаќа за сламка, жедна да ми каже макар и најглупав изговор, тој буквално во секунда се претвори во личност која прв пат ја гледам, само кога му реков за Инстаграмот. Уште додека јас пишував во разговорот, тој ме испрати со Збогум, а десет мин. пред тоа ме бомбардираше со љубов.
     
    На Selena01 и bboymkd им се допаѓа ова.
  3. m.m12345

    m.m12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    266
    Здраво. Пишував пред некое време на темава, имаше еден дечко што ми се свиѓаше, но не знаев како да му пристапам. Пред неколку дена му беше роденден, му пишав во инбокс и му честитав и културно ми возврати. После 2 дена видов дека ми ставил лајк на неколку слики, му возвратив со лајковите и ми пиша тој прв. Почнавме да си пишуваме, ме знаел и тој од видување, а и по некоја случајност одамна сме пријатели на фб, знаел дека се дружам со снаата негова и сл.
    Ме викна на кафе, првиот пат го одбив не знам и самата зошто, но втор пат кога му рече прифатив. Пиевме кафе во друг град, но само кафе и пријателски си правевме муабет и апсолутно ништо повеќе од тоа. И од тогаш наваму ми пишува, ми спомна пак да сме иделе на кафе, му реков ќе се договориме. Но проблем е што јас сум разведенаљ (немам деца) и се познавал со мојот бивши маж. Не се нешто многу блиски но сепак се познавале. Од една страна јас сакам да го запознаам подобро, но од друга страна имам некој страв дека само ќе се исглупирам и испозасрамам. Еднаш викам ќе се повлечам, не ми треба, но потоа си мислам ми се свиѓа, не е лош дечкото, зошто да не пробам нешто. Не сум паметна.
     
    На Sitte4 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    12.289
    Пол:
    Женски
    Тоа што се познава со твојот бивши маж не е ништо страшно. Пробај се, оди на кафе пак, види како ќе ви оди муабетот. Кога веќе те бара, ти пишува дај шанса
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ySilver

    ySilver Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Многу ми е тешко, ве молам помогнете ми.
    Можеби е себично за што се жалам, а какви сѐ судбини и реални проблеми има по луѓето.

    Знам, ќе речете девојко со тебе нешто не е во ред, соземи се, патиш по некого со кого си немала апсолутно ништо, луѓе преживуваат разводи, преживуваат прекини на 10-годишни врски и што уште не и потполно во право сте и јас истото си го викам самата на себеси и јас би го рекла тоа да слушам од страна, но навистина веќе не се препознавам себеси.
    Истата јас која отсекогаш важев за цврст карактер, која никој не можеше да ја турне на земја, истата таа која можеби никогаш и не патеше којзнае колку по прекин на врска, сега го преживувам овој пекол.
    Знам, свесна сум за сѐ колку не вреди ни минута да посветам на него.
    Одам на работа, тотално сум неконцентрирана, вежбам, готвам, читам книги. Максимално си го пополнувам времето, а тој ми е во мислите што и да правам.
    Зошто ми го направи ова, кога не го ни доби единственото нешто кое изгледа го сакаше од мене?
    Што сакаше тој воопшто од мене?!
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.366
    Допаѓања:
    84.470
    Пол:
    Женски
    Апсолутно ништо.
    Не значи ни дека сакал секс. Ќе ти дадам пример, ова пред неколку години, имаше еден што знаеше дека сум во врска и ми пишуваше упорно. Па комплименти, па слаткоречив. Ама само тоа, нормално, не ме бараше за ништо кога знаеше дека сум во врска. И еден ден кога ме праша како со дечкото, му викам не сме веќе заедно и од тој момент испари, го снема. :) Да сакал нешто, баш тогаш ќе се потрудеше ама напротив, тој баш од тогаш ни збор веќе не ми пиша, само жал ми е, ај можеби ќе се смирите. Така што, веројатно и тој тебе што ти пишувал само си се занимавал и тоа е се'. Не се мисли многу како и зошто, доволно си возрасна да знаеш и да разбираш некои работи во машко женски релации.
     
    На Mumoftwo30 и ySilver им се допаѓа ова.
  7. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.354
    Допаѓања:
    10.735
    Пол:
    Машки
    Манипулатор.

    Има луѓе кои сакаат само да се иживуваат, да те повредат и да те залажуваат и трошат време.

    Цело време те манипулирал, кога си му спомнала за инста, на еднаш те отфрлил, рече за 10мин целосно се сменал за 360 степени. Кога манипулатор ќе се соочи со вистината која си му ја кажала, немајќи аргумент и храброст да потрди дека нее така, го покажува другото лице, се менува целосно, те игнорира и отфрла, те повредува, навредува, се заканува зошто нема храброст да се соочи со вистината и се фаќа за последната сламка да се спаси испревртувајќи ја приказната целосно се со цел на крајот тебе да те направи виновна не можејќи тој да се соочи со тоа што си му го кажала и се ќе прави за да те убеди и направи дека ти не си во право.

    Олади и не си ја мачи душата за луѓе со потпросечна интелегенција. Како да ти кажам, отворено не знам, али не си му значела ни 0.001%. Манипулатор за да те добие и сите ѕвезди ќе ти ги симне, ќе те крева високо во облаци за потоа да те фрли на земја.
     
    На _beautyy_, Mumoftwo30, Youknow и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.393
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам некој во денешно време да сака да живее во заедница.
    Ај посебни спратови ок, ама во заедница?
    Браво за дечкото штом не сака, ретки се таквите што сакаат да излезат од татковата куќа, штом му е во ред да живее под кирија и како што пиша бил работоспособен значи може да си дозволи.
    И јас не сум за кирија, ама подобро е отколку во заедница.
    Или ако имате посебен спрат за почеток.
    Ама ако ви плаќаат сметки рачунај дека ќе ви се мешаат за се, има некои стари што младите си плаќаат сметки па пак им се мешаат, а не па тие да ги плаќаат сите сметки, во заедница се е заедничко и сметките се плаќаат по пола, не само едните без разлика дали младите или старите.
     
    На Mumoftwo30, Annora и Selena01 им се допаѓа ова.
  9. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    6.668
    Пол:
    Женски
    Мене ми е чудно како на таа возраст паѓаш на зборови. Не сте заедно како може да го/те сакаш/сака?
    Не сакал ништо, си пополнувал време. Да сакал нешто ќе превземал чекор. Не си губи време да анализираш.
    Мој совет блокирај го од секаде. Друг пат не паѓај толку лесно на зборови и не се отварај многу за чувства. Со резерва гледај на работите
     
    На _beautyy_, Mumoftwo30, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    42.327
    Пол:
    Женски
    Скршено ти е егото и гордоста, затоа така се чувствуваш.
    Остави на времето да ти ги излечи раните, не го барај повеќе, пробај да се контролираш зошто ќе ја влошиш ситуацијата повеќе.
    Знам дека во теорија звучи лесно but know your worth.
     
    На _beautyy_, Mumoftwo30, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. saraa18_555

    saraa18_555 Нов член

    Се зачлени на:
    21 јули 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Здраво. Ми треба мислење за ситуацијава. Се запознавме со дечко на моја другарка која не ми е значи воопшто блиска и со која имаат расчистено уште пред година дена. Ни се спои друштвото моето и неговото. На почетокоѕ тој покажа симпатии кон мене кога се запознавме уште не знаеше дека јас се познавам со неа, но му кажав сркако. На почетокот се држев на страна, но почна премногу да ми се допаѓа и да ми биде убаво во негово присуство. Продолживме да искачаме, се зближивме и на крај испадна јас и он да завршиме заедно. Кога се дозна девојчево не не остави на раат ни него ни мене и вика дека нр ни планира да прекине со тоа нејзино однесување, посебно кон мене. А со неа сме се дружеле онака за забава пред едно 6 години, а сега не сме блиски значи имаме еднаш искочено и најопшт муабет ако ептен се сретнеме негде и тоа е тоа. Многу притисок ми врши секојдневно и она и другарки нејзини ми пишуваат нонстоп не ме оставаат на раат. Се чувствувам одвратно. Ме интересира ваше мислење за ситуацијава, дали според вас лошо сум постапила?
     
    На Janičkaa1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.201
    Допаѓања:
    3.530
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека со дечко од другарки не се оди, па и да не ти е толку другарка, заедно излегувате и треба некој почит да се има према нив, или барем да ја прашаше дека е ок од нејзина страна. Може уште го сакала или си планирала нешто со него.
     
    На hermosa, eliesaab, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Убав совет ти пиша членката,ама имам чуство дека се работи за мали девојчиња, уште не знат ни каде се ни што се. @saraa18_555
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Не е манипулатор, тогаш сигурно би посакал да "добие" нешто од тебе, повеќе изгледа како емотивно нестабилен. Тоа е, секој со својата болест... Прости, заборави, продолжи, и така до недоглед, ќе се изнагледаш во животот се и сешто.
     
    На Tinaaa и ySilver им се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.564
    Допаѓања:
    34.041
    Пол:
    Женски
    Ти ги имаш побркано сигналите. Изглеа уопште не си го сфатила типот. Се погрешно си разбрала.
    Од ова што читам, на типот уопште му се немаш допаѓано ти.
    Продужи даљје.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ySilver

    ySilver Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    @Adidas888 Што требаше јас да сфатам, кога тој отворено од сам почеток, па се до крај ми кажуваше колку многу му се допаѓам, колку го привлекувам, колку сум негов тип на девојка.
    Ако лажел тоа е друга работа.

    Последниот период цело време ме викаше на средба, но јас не бев спремна поради одредена оправдана причина, но секако средбата ќе се случеше за брзо и тоа му го имав кажано.
     
    Последна измена: 14 август 2024
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.564
    Допаѓања:
    34.041
    Пол:
    Женски
    Те лажел.
    И накрај друга си нашол, затоа те гоустнал.
    Не вреди за таков да се нервираш.
     
    На _beautyy_, LiquidLuna, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    8.241
    Пол:
    Женски
    Јас мислам само време си пополнувал со тебе. Досадно му било.
     
    На _beautyy_, Mumoftwo30, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.816
    Допаѓања:
    24.465
    Пол:
    Машки
    @ySilver ми е жал искрено иако не те познавам, се глеа дека си емотивна и романтична ама пребрзо си се приврзала на некој начин и зела здраво за готово.
    Негативна работа на слаби луѓе е што даваат празни ветувања или онака ко од шала комплименти, ко ебиветревци ми се тие..

    Можеби и поарно вака што испаднало, ајдеее не е крај на светот. :)
     
    На ySilver му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ivicka_1993

    Ivicka_1993 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2024
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Женски
    Добар психолошки трик.
    т.е. Валидација.
    Те опсипувал со внимание и наеднаш го снемало,а ти тука си ја направила веке грешката.
    После неговото “исчезнување” настапуваш прва на сцена,а тој тоа и го очекува.
    Тука веке му паѓаш во раце и така до бескрај….
     
    На simoncelicius, ySilver и ThePharmacist им се допаѓа ова.