Типот си бара цимер. Ако веќе живееш тамо и му плаќаш ќирија, прашај го дали може и дечко да си донесеш на гости за тие пари.
Тие се некои размислување кои и јас ги имам. Знам дека кога се работи за гледишта од финансиски аспект тоа е број еден причина на паровите за карање. А јас и тој имаме спротивни гледишта за финансиите, разбирам и неговите од кај идат и зошто он така размислува.. Не знам дали тоа нешто е доволно да прекинеш врска со некој ако пак во други работи е во ред човекот.
Какво плаќање кирија?? НЕ! Ти не си му цимерка. Тешко со таков човек , ако цело време гледа кој што направил дали ти повеќе или тој , тоа е се само љубов не . Плус јас не би купила стан со дечко, не знаеш утре што те чека ,дали ќе завршите заедно или не. Сметки делење да,исто така и домашни обавези ,кој колку може а не да се мерите на кантар денес јас измив садови утре ти ..Кој како е слободен,со добра организација се се може.
Уште тогаш ко пиша дека цело време инсистира да делите 50/50 и дека и да те повика некаде треба сама да си платиш почна да ми трепка црвена ламба. Посебно затоа што јас пример ако го викнам партнерот некаде мерак ми е јас да почестам. Да купам карти за кино, да зеам од маркет вино за да пиеме уз вечера и слично. Ова со киријава е крајно безобразно. Смештај да си плаќаш бе Иначе познавам еден пар, во брак се и живеат во негов стан, сега и дете имаат и она му плаќа секој месец кирија нему. Кираџија си има човекот, не сопруга. Ова ти го кажувам оти не верувам дека ќе се смени.
Ако очекува кирија, нека си најде кираџија. На купен стан каде што он те кани да седиш со него да му плаќаш кирија... Проблемите веќе почнале уште пред да се сместиш а замисли што ќе биде откако ќе си таму. Пази си го менталното здравје и седи си каде што си оти не само кирија ќе очекува и да му измеќаруваш.
Размисли си добро...Ова нема да се промени и само треба да видиш до кај можеш да одиш и колку,ама мислам дека ти е мачно.Животот бракот не е се ставање на кантар.Имавме одреден период кога повеќе финансии одеа за сопругот.Сега финансиски сме подобро па си приуштувам и јас на пр доста козметика.Ниту еднаш не сме си пререкле.Не сфаќам како би функционирале понатака,на пр пола градинка плаќаш ти пола он,или пола претстава ти пола он.Човек што така размислува нема да се промени.А јас па не би можела да замислам толку време да трошам на тоа кој кога испазарил и колку потрошил и уште колку сум должна на партнерот.Налет
Секако дека не. Заедно живеете, тој те кани, каква глупост. Трошоци за сметки, поправки, набавка на нешто што заедно би го користеле да, тука А Тогаш сам нека живее, или нека ти го отстапи тебе цел стан, он нека си оди на друго место,па тогаш плаќај му кирија. Извини, ама типов нема поим од заеднички живот. За другото се сложувам со останатите, во однос на тоа во кој дел треба да учествуваш парично.
Не вреди да разговарам околу тоа нели? Доколку требало да знам што пишуваат немаше да брише разговори. 4+ години сме заедно, дали вреди поради ваква глупост да срушиме се или подобро сега отколку да живеам во лага и недоверба. Си велам дека грешката е во мене бидејќи кога го фатив како пишува со бившата (за која не ми призна дека бил со неа но потоа од разговор со другари негови разбрав дека спиел со неа) му простив. Имаше скриени разговори и разговори што исчезнуваат на вибер и ватасап и за тие му простив.
Каква глупост девојче? Ова е апсолутно валидна причина за раскинување. Бегај додека те држат нозе, никогаш не ни престанал да те лаже.
Се наследуваат и тоа како... Комшика, маж и 300евра месечна рата за кредит и плус под кирија живееа, кога почина на неа и останаа и кирија и ратата за кредит на мажот и плус со забите имаше проблем, сметки вода струја.... Милион и беше малце
Можеби звучам патетично, но да можев да одлучам лесно немаше да пишувам овде. Значи тој убаво се грижи за мене, од таа страна не можам да се пожалам. А лажењето му е како добро утро тоа ми е веќе познато, ако ја исчисти колата за 30 мин. Тој ќе каже 2 часа чистел. Ако нешто е 50€ тој ќе каже 150€, вели дека е втора година на факс а само 2 испита има положено за ова ми призна после 5 месеци врска. А и неговата психичка состојба не е сјајна и стабилна, неможам да одлучам лесно.
Какво е тоа грижење кога постојано те лаже? Со таков немаш никаква иднина.Мене ова ми личи на патолошки лажго,лаже без никаква причина за секоја една работа. Подалеку уште со време.
@Marijajovanov, а ти како мислиш иднина да градиш со патолошки лажго? Којзнае и уште што он крие од тебе.. Знаеш дека не е убаво тоа воопшто, не биди будала. Единствен не е, па и последен маж на свет да беше, таков не ти треба.
Фала ви за одговорите другарки. Само сакам да прашам да ми пиши приватно некоја од вас што се справила со ист проблем и излегла од долга врска <3
Ако сакаш да не ти остануваат долгови ќе се откажеш од наследството ова пр.Исто така кредит кога ќе земеш ќе си платиш животно осигурување и во случај на смрт на партнерот не го отплаќаш ти.Киријата не ја наследува него си ја плаќа зошто живее таму.
Охоо и те како. Една од поважните работи е како располагате со финансии. Јас сфаќам да е во тешко, па ај да му потпомогнеш со кирија. АМА да имаш каде да живееш и он да те повика само за кирија да делите(да не му е скапо толку претпоставувам) не е тажно, С М Е Ш Н О е. Плус не му ја сфаќам логиката каде и да отидете на пола да делите. Па не е крај на свет да даде +70 ден за кафе и да те почасти, после па ти нешто сок, сладолед ќе купиш. Што ако ти немаш пари за кафе? Значи ли дека нема да излезете зашто се мора на пола? Право да ти кажам, мислам дека со тек на време уште понесреќна ќе бидеш кога ќе става се' на вага, ама буквално СЕ(и деца кога ќе имате, и обично излегување). Размисли си
Ако треба да си ја исплатуваш „љубовта“ преку киријата и не се наоѓате на некаква средишна точка..џабе времето (во позитивна конотација)*. Мене ова ми е крајно мизерно и утре-друг ден може само да си зеде повеќе сила и да ти се понаша. Ако ставаш крај нека биде брз и безболен, буквално со молк. Колку повеќе се доведуваш во ситуација да објаснеш колку ти е битно, толку повеќе ќе те носи во правец каде нема да знаеш што со себе. *Да се вратам, ако не ти е ова моментално - ќе ти биде нешто друго. Времето си носи разни случки и искуства и не треба да жалиш за него. Ова во случај ако ти е долга врската. Да не бидам сфатена погрешно, секогаш има решенија (за било што, така и за спас на врска). Доколку врската ја води тој и тебе не те вклучува или зема за релевантно мислењето за нешто во кое треба допрва да живеете и градите иднина е огромно непочитување и треба да го размислуваш сама. Непочитувањето руши љубов, неземањето предвид твое мислење може не веднаш али потака секако ќе си има удел. Размислувај и од страна на емоциите (здрави/нездрави), рационално и колку може непристрасно.