Добро, ако ми беше лесно ќе пишував ли на форум? Барам помош доколку некоја имала исти проблеми, а на вас дежурните форумџики секој совет ви е остави се, остави го, пресели се, оди си итн. Да не ве финансира некоја адвокатска канцеларија? Да сакав и да можев да го оставам ќе оставев уште кога беше во болница, го чекав цела година да се врати во нормала, не јадев за да има за него. Сепак фала и за советиве и времето
Живеела со него, сите сметки му ги плаќала, кучето она го гледала, се она правела, а он само седел и си пишувал со други девојки . Па она нема дечко, она има СИН. И тоа возрасен веќе.
Ќе се согласам со Адидас а тие шо знаат, знаат оти се бифаме... Добро да те прашам за 10-15 години кај ја гледаш врскава? Он работи? А има и прекинато да лаже, пошто ти го смени. Го оправи? БАХАХАХАХА те молам не си го губи животот, иди отвори тиндер и ебни некој да ти дое памет.
Колку години имате? Па добро не е лесно да се остави, долга врска, ама подобро сега отколку во брак. Па и на стари години се разведуваат. Секој има проблеми и во врска и во брак, ама некои се решаваат со разговор. Ти кажуваш дека пишувал со други девојки и бришел. Ако е таков во брак нема да се смени.
Абе џивџи @Marijajovanov стварно ти немаш памет,или некоја магија ти е напраена со сол Толу може да се правиш долна заради еден мочко? Колку повеќе му допуштат толку повеќе ќе те праи без морал,жално. Не знам шо чекаш уште? Типот е ретарда,а и остало не те сака! Џабе се грижи убаво за тебе кога во секој ќош гледа да ебне нешто,која грижа жити се?
"Нормала" му е патолошки лажго и разговори вредни за бришење? Ти си знаеш дали ќе си останеш со него или не. Ние не сме ни ќар, ни зијан. Да добивав пари за секој прифатен совет тука и надвор, пак немаше да бидам богата, зошто луѓето на крај секогаш постапуваат во склоп со сопствената самоподдршка и свесност. Да не се залажуваме, никој не може донесе и спроведе одлука за друг. За својот живот си одговорна ти, и само ти.
Ама овде советите се брутални бидејќи од другата страна (која не е субјективна) така делува. И сега не чини? Да бидејќи самите се тапшаме по рамо, а после кога некој друг ќе ни ја плесне вистината - боли. Не барајте совети ако не можете да се конфронтирате со реалноста.
Па демек биполарен е, не е секогаш таков. А нам во државата ни е нормално патолошкото лажење, секој лаже за да се пофали, си придава епитети, изменува настани за да биде интересно. Таков е и мојот, некој ако се поткараат пред зграда тој ќе рече се степаа. Патиките од 1500 денари ги кажува 3000. Тоа ми е ,,ок” Но зошто мене да ме лаже? Му го спасував животот безброј пати, неговите ме обвинуваа мене за неговата состојба иако тој веќе пробал да си го одземе животот (поради девојка) и пред мене. И пак да трпам вака? Без чуства ли е или? Мислам дека не му е намерата да ме повреди туку едноставно се споулавува и прави работи без да тазмисли.
Епа тогаш шо бараш помош на форум? Твоето inner дете во себе или како и да го наречам, бара помош потсвесно а ти сама се негираш и демантираш. Еве напиши на лист хартија, од ова се што кажа најмалку 3 работи се ALERT RED FLAG
Даде од сабајле се си викам да не ти пишам и јас ама ова со бдп кога ко напиша па и нарцис, тој не се убива и ќе оди по други, ќе оболиш од нервози, ќе те шутне ко камен и ќе си продолжи со животот. Имав ваква партнерка. Најтешко е да оставиш, особено кога си со нарцис, кога ќе види дека те губи и решена си да продолжиш се бори за тебе па кога ќе види дека си со него пак по старо. Лош ти е партнерот ние сфаќаме, и ти сфаќаш само ете навикната си на токсичност, страв шо ќе биде ако останам сама итн. Изборот си е твој без разлика шо пишуваме ние
Благодарам да не ти кажа случајно? Си требала и пред да оди во болница да го оставиш. А биполарен беше ко легна со бившата?
@Marijajovanov можеби е таков тип кој преувеличува за се. Ајде тоа на страна, има и такви луѓе, ќе преминеш преку тоа. Туку он те лаже бе девојко, за се те лаже, си игра со тебе, пишува со други, можеби и те вара и све ова не ти е доволно? Што уште треба да се деси? Или си мислиш, не е насилен, и трпи го, арен ти е.. Ако не се заебаваш и си искрена, како вакви девојки ко тебе уште постојат? Ај објасни ми. Ќе си требала друг да бараш, мачно ќе ти било па ај нека остане овој, ќе се најде.. Аууу човече, после бе не ви се криви мажите, не, не ви се, ве има будали и ве искористуваат. Е така е. Знаеш како викаат, сам како што моеш да се заебеш, никој не може. И ако замеруваш што луѓето искрени се и ти кажуваат директно, поарно ти е да не пишуваш. Ако се заебаваш, убав провод тогаш. Го претеравте значи. Едит Си пишала биполарен бил.. Коа го дозна тоа? Ако не можеш да се справиш соодветно со таков чоек и ти е тешко, се знаело што си требала да напраиш. Од само љубов не се живее. Мада тој не те ни сака, нестабилен е скроз.
Се плаши само да не остани сама и си рационализира/компензира .... а ваков тип на лазговци те носа во пропаст само... уште да не почни да те тепа.
Да во психијатрија, повеќе дијагнози има меѓу кои и тоа. И не легна со бившата туку ми велеше дека немаЛ ништо со неа а всушност имаЛ пред мене. И сакав да го земам да работи кај мене демек поблизу ќе сме и ќе ножам да му помогнам. Но страв ми е со такво однесување да не ми направи проблеми. Инаку во кревет е како труп не мрда. А за дома помаган секогаш кога може. Освен кога лаже дека работел дома а потоа кога ќе се вратам чепнал нешто 2 минути и дигнал 2 левели на ЛОЛ
Имам живеено со биполарен човек кој инаку не ми беше партнер и да ри кажам беше многу тешко. Тешко е шо имаат само две фази, манијакална и депресивна, водепресивната ќе се самоубиваат а во манијакалната неможеш да ги сопреш, не ни спијат. Јас бев со мал бебе дома, тој не спиеше уопште, само брмчеше, не засттануваше, лажеше дека ги пиеше лековите. Секоја година во болница го носевме еднаш или два пати, и тоа на сила, пошо не сакаше да оди и се закануваше дека ќе не убие. Ми идеше јас да го убијам, дали ти се верува, и да ни завршат сите маки. Да си знаеш дека со таков човек, секогаш сама ќе бидеш, сама ќе се бориш, сама деца ќе гледаш, буквално се сама а он само ќе те срами и уназадува. Сега го сакаш, ама кога ќе ти летне љубовта низ џамот, ќе видиш дека многу си згрешила. Болест е да, не дај боже, ама уште потешко е кога не сака да се лечи и е лош човек.
И се уште сакаш да бидеш со таков? Една работа не наброја позитивна за дечково. Како мислиш во кревет труп?