Ај ај и ти сеа,сликовито да не сакаш да ти покаже?[/QUOTE] Eпа нека каже што има позитивно кај дечково? Па од кај да знам, може пишала дека по цел ден седи на кревет како труп и не мрда, дека ништо не помагал.
Па добро имам пријателка биполарна зема лекови супер, нормално функционира, имав партнер биполарен не сакаше да зема лекови, лажеше до полицијата и суд дојдовме само да се спасам од него. Се зависи до карактерот доколку е одговорен, свесен тогаш океј али не е.. Неможе бе да простуваш неверство, не е болеста изговор туку само ја користи. Те молам алиштата и бегај, не затоа што е биполарен туку заради неговоте карактерни особини.
А и еве кажуваш дека немате ни страст каква иднина е оваа?? Тоа со бившата нека не те интересира гледај сега каков. Ќе си бидеш благодарна на себе во иднина кога ќе најдеш некој господин што ќе ти возвраќа со истата количина на љубов и внимание.
Еднаква значи рамноправна. А, во случајот потчинета е благ збор за тебе. Не бараш помош, туку оправдување. Сигурно не ти е лесно. Штом бараш совет свесна си дека имаш проблем. Во принцип ваквите личности се манипулатори и ти си во "магичен круг" на лаги, непочитување ама и " љубов" зошто да е сѐ така црно одамна би заминала, па дури и не би го бранела тука, дури бараш спас. Оддалечи се. Остани сама на кратко барем. И кога веќе бараш рака за спас не ја одбивај, туку размисли два пати. Скоро секој совет тука е од лично искуство.
Абе, дечки го извеличавте дечково, јас не го знам, се тоа убаво што не сака и не ги слуша неговите, ете она го познава, ама јас искрено Ви се чудам како така ја испосоветувавте како да е тоа нешто најнормално, замисли он веќе има еден кредит како што напишала членката, замисли да земе уште еден купувајќи стан, затоа што нема шанси да се купи стан без кредит, нели? што значи 2 кредита и тоа не баш наивна сума, плус не е само да купиш стан, да го средиш и за тоа ли ќе земе кредит? Затоа што платата дефинитивно ќе им иде за кредити, јас искрено не би се нафатила на волкави трошоци и не' секој би плаќал осигурување за ако нешто му се случи утре ден банката да го наследи кредитот. Знам, луѓе во околина задолжени до немај кај и навистина се тешки маки, да не можеш утре ден ништо да си дозволиш и буквално да работиш за кредити, а недај боже па некоја болест да те фати.. Не знам, не сум и јас паметна само кажувам како размислувам, не ми е јасно зашто на кредитите се гледа толку наивно
Па мора да бараш спас, не може цел живот со мама и тато да се живее. Ако гледаме така, за стан пари никогаш нема дасе заштедат, не е лесно ама еве ние се снаоѓаме, не можеме 6 души да живееме во 50м2 стан! Некогаш мора да си жртва за некои работи, иначе само нервози ќе си имаш.
Не, далеку од тоа дека треба цел живот од родителите да чекаме, не се ниту тие вечни, ама не значи дека треба цел живот да се задолжиш во огромни трошоци и да не можеш утре ден ми 50 000 ден да ставиш во банка на штедна
Епа кое е решението де? Не треба да живееш со родителите, не е убаво да земеш кредит? Тешко се заштедуваат пари за стан, скоро па невозможно.
Види, јас разбирам што сакаш да кажеш, ама не е исто кога веќе имаш еден кредит и плус треба да земеш уште еден, нели? Едвај еден се отплаќа, камоли два, сепак секој одлучува што и како му одговара, џабе ние овде се убедуваме
Не се убедувам, ни најмалце. Јас ти ја кажувам реалноста, а и мојата лична ситуација. Се одлучивме да земеме стан на кредит, бидејќи со стари не се живее, посебно не во мал стан, плус со нервози од сите страни, и си сметаме едни на други. Немавме друго решение, и некогаш треба да се жртвуваме, тоа е.
Го извеличивме затоа што не сака да живее со мама и тато, знаеме дека ретки се тие мажи што сакаат да излезат од татковата куќа дури и да имаат услови. Инаку се сложувам и со ова, дека кредитот не е баш наивна работа. А плус ако живеат под кирија и да плаќаат рата за кредит малку потешко. Па не е само тоа, треба сметки, храна, а и зависи колку примања имаат, не може секој да си го дозволи тоа. Некои се жртвуваат и кога живеат на почеток во заедница за да соберат пари за учество за стан, ама така па мирот го немаат. Цел живот сме жртви тогаш, ако живееме во заедница мирот го немаме, ако живееме под кирија и плаќаме кредит и тогаш гледаме дали ќе имаме за кирија и рата, некогаш знаат да излезат и непредвидливи трошоци. Мене чудно ми беше што членката сака во заедница, ретки се тие што сакаат, ама па и она си знае најдобро, си има направено математика, може да и дадеме совет како ние би постапиле, ама нејзино си е што ќе одлучи понатаму. И мене ме нервира реченицата "ако можевме ние, може секој". Па не сме им дома за да знаеме колку примања имаат и со какви проблеми се соочуваат.
Абе тоа стои дека е супер што некој не сака заедница , не се живее ниту на различни спратови ,другарка така живеат и еднаш ми вика свекорот не тропа кога доаѓа кај нас...па сеа замисли како може да те начека некогаш , еве и јас не би имала живци за заедница. А, дечково да е малце паметен како што паметно размислува за заедница , на помлади години комшија возеше камион 5 години купи стан во Белград и остана таму да живее, работи најобична работа и ок функционира , ако толку бил за заедница дека не сака, можел да размисли за иднината, нели , а не да лупа кредити и кирии, зарем не ?? И, има разлика од жртва до жртва, ако треба цел живот да го поминеш да не можеш денар да имаш на штедна книшка, батали, родител не можеш да бираш, дечко можеш.
Луѓе би продолжиле контакт со некој што пред 3 години имал врска со 18 годишно девојче? Тој би бил 30 тогаш.. Никогаш не сум се замарала со бивши само 18 години е стварно red flag...
Трансформирај се во Усеин Болт и бегај. Реално тие таквите им годи да одат со некои што се неискусни, полесно се манипулира. Сепак истражи си пред да навлезеш во нешто сериозно.