Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Еве еден чуден концепт за тебе: биди...спремна си за ова?...ИСКРЕНА!. Едноставно кажи му како се чувствуваш во врска со тоа што го имате 5 години и не ја премолчувај екскурзијата со другар му. Барем нека е свесен какви карактери ставил под категорија другар. Биди отворена, директна и по можност нечувствителна, за да може евентуално и да те замрази и да му биде полесно. Секако ќе свати порано или подоцна дека неговата девојка спаѓа во групата безрбетници.
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zAlJuBeNa23

    zAlJuBeNa23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    се плашам од неговата реакција, не знам на кој начин да му кажам за да биде може полесно да прифати, а тие двајцата се другари, не толку блиски ама сепак понекогаш излегуваат заедно, а имаме излезено и ние тројцата, јас просто во тој момент се топам од срам, уфффф ќе полудам, седам како на игли и поцел ден размислувам и никако да соберам храброст
     
  3. zAlJuBeNa23

    zAlJuBeNa23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Зошто така ме вреѓаш, не вели така затоа што и тебе може тоа да ти се случи една ден, кој е тука виновен?
     
  4. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Нема да почнам офф топик дискусија тука, оти само ќе ме бришат, како што веќе ме избришаа, без да добијам ни 3 збора објаснување каде сум згрешил. И НЕ, мене тоа НЕ МОЖЕ да ми се случи ЕДНА ден. Не ми реплицирај, побара мислење и го доби.
     
  5. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    види јас нема да те осудувам но проблемот е поголем бидејќи тој му е другар :worried: лесно е овде да се даваат мислења меѓутоа мн потешко е во реалноста да се остварат.....
    размисли колку си била блиска со неговиот другар...мислам дали имавте секс или беше тоа само бакнување ко е првото е веќе сериозно а ако е второто и не е така страшно...но ти реков страшно е дека му е другар.....да не биле толку блиски можеше само да премолчиш и никому ништо ама блиски се и тоа значи дека најверојатно ако бидете вие уште долго заедно ќе се гледате и сретнувате со неговиот другар
    а иако не го сакаш дечко ти тогаш најдобро оддалечи се од него....не мораш да бидеш со некој што не го сакаш
     
  6. zAlJuBeNa23

    zAlJuBeNa23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    имавме секс и тоа многу пати, а што мислеше со тоа да премолчам не можам да те разберам, јас ако сакам можам да премолчам и никогаш да не се дознае ништо, и тој осатви се на мене, ми вели како ќе одлучиш ти така ќе биде, но јас не можам да живеам без него, тоа е проблемот
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    А он, може да живее без тебе?
     
  8. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    ако многу го сакаш ово другар му тоа е веќе друга работа....треба да размислиш...јас на твое место не знам што би правела,но едно знам ако не го сакам некој ќе му раскинам...нема потреба да бидам со него...
    а инаку мислев да премолчиш во ситуација ако тоа било само бакнување и ако тој не му бил другар а ти си го сакаше дечкото
     
  9. zbuneta2

    zbuneta2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    5
    Мојот проблем сум го кажала но ми треба совет.

    Значи одев со мој врсник,првиот пат 4 месеци и раскинавме затоа што ми сметаше што сакаше и да излегува со другари. откако раскинавме он фати женска и таа го отпука и одма ми се врати мене. Кога се смиривме мислев дека ке биде сјајно ама не беше така он и се јавил на таа претходната сто го отпукала као да се смира као ја небитна сум била. Кога ми кажа таа не можев да поверувам и го прашував и не сакасе да признае ништо и му раскинав. После тоа дознав дека се гледал ама така као пријателски додека бил со мене и со некоја друга а откако сме раскинале и се собирал.

    После тоа не знам како он стапил контакт со моја пријателка и таа не смири да бидеме другари. Почнавме муабет. Ме викна кај него на работа, се зезавме и беше супер. Видов и дека е љубоморен кога пријателкава му казала као наводно ке сум фацала дечко и он прво се налути па се смиривме.
    После тоа на моменти беше супер, на моменти не. и го прашав зашто е таков со мене, како одговор добив дека му било страв јас да не му се одмаздим за све она што ми го направил као сеа еве почеток некаков и после крај. му кажав дека не сум таква особа и стварно не сум. После тоа ми кажаа дека кога му спомнале за мене он рекол јас сум завршена работа.

    После пак некако воспоставивме контакт и ми пишуваше као сакал забава и му реков во кратки црти јас сум луксуз а луксуз не мозе да го има секој и не сакам да бидам нецива забава. Ми врати дека секам тип со пари. Му реков не и тогаш ми призна дека ме повредил и дека он е кривецот зашто врската не ни опстоила. После доцна вечерта ме начека на мсн и почна да се шали со мене и ми пиша на крај дека веке ке бил таков.

    Додека после дознав дека он добро мене ме познавал и знаел дека јас не се мувам но као наводно сепак му требало да се увери. И и рекол дека таа наводна забава водела кон нешто друго и као времето ке покажело што сакал да направи.

    После тоа ме викна и цел ден бевме заедно кај него на работа и бидејки по цел ден е на работа и седев. Потоа вечерта ме бакна и јас убаво му казав не сакам мување дека сакам дечко кој со него ке имам се. Потоа сакасе поинтимни да бидеме, јас тогас се тргнав и реков не,,,он тогаш се наљути и ми рече дека јас сум мислела дека он сака да ме искористи и ако мислам така заврсено е помеѓу нас ми каза дека сакал на тој начин да се фатиме што мене ми беше чудно. После тоа правевме опст муабет и му казав уз тоа дека сакам се да оди постепено како сто треба и он не мора до негде те разбирам у право си ама до негде и не си. Ме однесе до дома и ми рече дека не ми е лут но дека е не е он крив сто јас не сум ја искористила приликата.

    После се осекав глупаво, но вие ми рековте дека добро сум постапила. Потоа ја заминав на одмор и кога се вратив ми пиша као да не губам време на него. После тоа после една недела ми пишува на мсн дали сакам да бидеме пријатели. И прифатив. и пак муабети, муабети и пак излеговмо и овој пат не знам како му успеа ама ме собра и јас му реков и сеа значи во врска сме и он као не извини погрешно сум се изразил као другари и ја ок. И остана на тоа. Арно ама не видела моја пријателка и му рекла и го направила бербат и он ми се јавува као ке треба муабет да правиме не е тоа што мислиш ке ти се јавим ама не кажуј за тоа што бидна и еве го го нема да се јави. Ми пишува одвреме навреме на мсн или на скајп. Ми пиша пред извесно време дека му е ептен глупаво од мене. Еднаш ми се јави ама општи муабети а вцера јас му се јавив и исто општи муабети.

    И сеа не знам...барам совет...
     
  10. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Девојко не е проблемот само дека тој е другар на дечко ти ( барем според мене), ти си го изневерила дали со неговиот другар дали со неговиот роднина сепак ти си го изневерила и не еднаш не два пати туку мнооогу време си го изневерувала, а ти толку си сигурно дека другар му нема да му каже на дечко ти еден ден. Подобро седни убаво размисли што како, кој и најважно кажи ја вистината.
     
  11. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    другар му сигурно нема да му каже зашто сепак му е другар и не е баш едноставно да имаш секс со неговата девојка и после тоа да му кажеш еј ја имав секс со неа.....значи он нема да му каже,освен ако е некој недозреан тинејџер...не знам можеш едноставно и од двајцата да се тргнеш некое време...да размислиш сама,да средиш мисли и после тоа остани со оној со кој сакаш да градиш врска и да живееш живот
     
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Заљубена23, ти сама знаеш дека пакоста си ја направила и нема враќање од тоа. Кај и да е ќе се дознае, и кога се дознае врската со овој што си со него 5 години сметај ја за пропадната. Другарството меѓу дечкото и другар му сметај го за пропаднато. Дали би имало врска со тебе и овој другарот после сите експлозии, чисто не верувам. Така да поарно порано отколку подоцна за сите замешани, признај што си направила, остави ти што збор си дала, ако се сметаше давањето збор за законски документ и ако јас сум судика, ќе го поништам на база дека личноста која го дала е била недорасната.
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Јас пак мислам дека ако таа не му каже, кога тогаш другар му ќе му каже затоа што ќе го изеде совеста.
    И совет до девојката, подобро кажи сега, да не биде потоа доцна недај Боже деца да ви се родат па да дојде до разводи и 300 други глупости.
     
  14. zAlJuBeNa23

    zAlJuBeNa23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    он не може уште повеќе
     
  15. zAlJuBeNa23

    zAlJuBeNa23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    другите другари негови знаат, ама никој му нема кажано, изгледа и нив му е незгодно, а и повеќето мои другарки знаат
     
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.574
    Пол:
    Женски
    збунета и по постов се гледа колку си збунета. самата кажа дека си имаш замислено каква врска сакаш дека не сакаш мување и зезање и не се откажувај од тоа. колку што можам да заклучам од постов дечково ми е стварно нестабилен ај другари, ај мување ај нешо поинтимно па не ај другари па ова па она, колку год има типов? однесувањето навистина не ми е јасно :^) или ако ти е толку до дечково разговарај со него во четири очи и прашај го што сака, ако тоа што тој го очекува тебе не ти одговара тргни се не го губи времето безпотребно. мислам дека си згрешила што си прифатила по втор пат да излезете одкако сте раскинале првиот пат искрено на бивш не би му опростила да вади такви муабети за мене како небитна сум ова она и пак да бидам со него уште на почетокот кажа дека ја побарал бившата епа што уште сакаш доказ дека дечково е крајно несериозен ни самиот не знае што сака. едноставно трги се од него мислам дека доволно прилики си му пружила за да ти докаже дали е тој тоа што го сакаш и доволно ти одг на ова прашање со неговото однесување, подобро пресечи со него навреме.
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Девојко со време раскини со дечкото, вереникот ... бидејќи јасно ти е дека нема љубов. Разводи се случуваат после кусур години, а не пак некој даден збор да се повлече. Подобро и за тебе и за него. Па после биди со другиот. И биди спремна на осудување и разочараност од другите. Едноставно секој треба да се бори за она што го сака, а не за она кое мора.
     
  18. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.574
    Пол:
    Женски
    мој совет ти е да не дозволиш да дознае од некоја си х особа. кога тогаш вистината излегува на површина ако ништо друго ке цени што си била искрена со него. најдобро самата да му признаеш се. стави се во негова ситација? дали би ти било подобро од него да дознаеш или од други? :^)
     
  19. zAlJuBeNa23

    zAlJuBeNa23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Ова најмногу ми се допадна. Сестра ми пак од друга страна ми вели: знам дека сега не го поднесуваш ама со тек на време ќе се навикнеш и пак ќе го засакаш, а овој другиот ќе го заборавиш. Стварно сум во голема дилема
    Потполно си во право, но не знам каква ќе биде неговата реакција, што ако ме удри или нешто такво слично
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Чим знаат толку луѓе, тогаш биди сигурна дека кај и да е ќе дознае и тој. И тогаш ќе пукне поголема брука, кога ќе ти ги спакува куферите и ќе те испуди од неговиот дом каде што ти си моментално сместена.

    Ако те удри, тогаш си заслужила, и тоа е тоа. Што очекуваш, можеби нозете да ти ги измие и браво да ти рече?