Читам дека сите ти викаат бегај, спаси се.Пред се, се случуваат вакви работи во врска, психички проблеми итн.И јас имав анксиозност и една девојка ме остави за тоа, односно намалена ни е комуникацијата.Од време на време се слушаме само.Сум искусил вакво нешто, но не сум којзнае каков паталец.Најлесно е да се избега.Неутрален би бил, но доколку сакаш и го сакаш човеков, помогни му.Доколку не, бегај. Животов е ups and downs, не знаеш што утре може д ати се случи тебе...сега не сум тука да попувам, но најдобро ти си знаеш.Не треба некој од форум, кој што не го знаеш ни секунда, или преку еден пост да те убедува да носиш одлуки за потоа што цел живот ќе ти го променат истиот.
Имаш нормални реакции и не така нормални кога се работи за лутењево од негова страна. Мислам не е ни битно дали те сака, и не се работи за тоа шо па и ти го прашуваш, се концентрираш само на тоа, те сака, но не е проблемот тоа, туку си има проблем психички, требало да ти стани јасно порано, нешто не е во ред со него. Дали сакаш животот да го поминеш со таков човек? Може да е буквално луд . Нема да ти биди јасно ни шо се случува кога на секој ден и секој проблем си ја удира главата, значи свати така никој не реагира. Ти шо можеш да направиш за да му помогнеш е да оди на психијатар. Но гледај малце и на твојата иднина и оддалечи се, Шо доколку и на тебе му текне да мава, или ќе ти плачи за ништо, ќе добива такви напади ти шо ќе правиш во таа ситуација, и целата таа депресија и тебе те повлечи надолу.
Сериозно размисли дали можеш и дали сакаш да продолжиш со него. Дури е со време стави крај,денес себеси се мава по глава што ако утре тебе почне да те мава.
Лоша фамилија од типот: мајка нарцис која ги разделила децата од таткото, физичко и психичко насилство, едноставно бил сам без поддршка од никој. Пред да ме запознај мене беше во многу лоша состојба, ама заедно со мене почна да има мотивација и да е подобро. Во врската мислам дека јас бев многу повеќе токсична од него. Во многу мои испади тој бил тука за мене. Јас сум го отфрлала, сум била несигурна и искрено многу пати сум го навредила. Кога бил тажен не секогаш сум била тука за него и сум се понашала како ок ќе ти помини зошто си сега тажен. Значи сум била себична и злобна. Затоа мислам бидејќи сега тој има испади и лош период мислам дека нема да го оставам, зошто тој никогаш не ме остави сама во најтешки периоди. Исто пати и од страшни мигрени, за кои исто не сум имала разбирање. За то шо го напишав дека се нервира многу, ми кажа многу пати дека е во многу стресен период, дека има повторно страшни главоболки и дека е свесен дека ме треба така да се однесува. Ме замоли да сум малце поиздржлива и дека ќе помини. Затоа мислам дека и јас треба да се сменам и дека треба да сум тука за него, бидејќи е сам и под голем стрес. Само што многу се грижам за него и немам со кој да разговарам за ова и затоа ми е полесно кога ќе слушнам мислења од вас.
А, да. Ептен подобро звучи сега. И двајцата рака под рака и на терапија. Две токсични личности во врска, what can go wrong?
Па и сега не е нешто подобар по муабетов, само што сега те има тебе за дополнителен притисок. Мигрена се става под контрола, то што мислел дека има рак се вика хипохондрик итн .Н сум стручно лице за да делам дијагнози воа јас си знам по мене. Себична си и сега ти е проблем неговата состојба . Тебе кога ти било лошо ти се нашол ама сега ти не го не? Наместо да му бидеш грб ти него, да инсистираш да одите на лекар да се среди има лекови и за депресија и за хипохондрија и за мигрена итн, ти го напнуваш дополнително дали те сака. Дај среди се и ти и инсиситирај и тој.
И има некакво подобрување? Не се обвинувај толку, тој е одговорен за сопственото здравје, ти можеш да му бидеш поддршка, ама ако не работи на себе, џабе. Поразговарај отворено со него пред да одлучиш било што.
Па депресија, мигрена, се лечи со лекарства. Зошто не зема ништо да ја стави депресијата под контрола, нападите на паника моментални итн.. Нека посети психијатар неможе ова со психолог за жал. Добро си имала лоши моменти бил тука и сеа што? Не треба да си со него бидејќи ти се нашол туку заради љубов ама за обострана љубов без да се малтретирате најдобро да посети психијатар, да му постават дијагноза па потоа можеш да одеш и ти чисто да се имформираш како да му помогнеш.
Здраво на сите, потребен ми е совет. Со мојот партнер сме заедно 3ипол години. Јас имам 26 години а тој ќе полни наскоро 26. Во врската немаме проблеми или караници, напротив во ред е. Добар е со мене, посветен, лојален, не прави ништо за да се чувствувам лошо или да сум љубоморна. Знае кои работи ги сакам, а кои ми сметаат и го почитува тоа. Кај него дома сум прифатена како дел од фамилијата. Мајка му секогаш готви посебно јадење за мене бидејќи има работи кои ми сметаат. Но, ние карактерно како индивидуи сме различни. Јасно ми е дека секој човек си е приказна сам за себе, но јас лично сакам да патувам. Не е дека не патуваме, но тоа секогаш е овде во МК или Грција и Турција. Јас пред него живеев надвор од Македонија одреден период, имав можност и ја прошетав пола Европа. Сакам да патувам еден ден за Америка на 2-3 недели, да одам во Русија и сл. Но тој не сака да слушне за тоа бидејќи било малтретирање за него и не му било нешто значајно да гледа други држави и да спие по "туѓи" кревети. Ова е единствена работа за која не се согласуваме. Од друга страна, не ми се оде сама. Другарките која мажена, која со деца и сл не се слободни. Од работа имаме слободни денови и финансиски сме океј за да си го овозможиме ова но ете не сака. Мене ми пречи фактот дека нема да го видам некои места што сакам да ги посетам. Од друга страна си велам океј ќе прекинам ќе шетам. Ќе отидам и во Америка, Русија, Исланд, Ирска и сл и потоа што? Сама? Да фрлам во вода врска каде сум опсипана со љубов и разбирање и на крај да завршам со некој што ќе ме изневерува на секој ќош, бидејќи денес такво е времето тоа да е модерно. Навистина не знам.
Мила јас мислам дека тоа е најмал проблем.Бракот носи големи предизвици ,кога ќе стапите во брак најбитно е да има согласување,доверба, почитување и љубов меѓу вас! Штом го има тоа имате се. Ќе си се договорите и ќе си прошетате секаде .
Јас мислам дека доколку се согласувате убаво на сите останати теми и ако "не му е проблем" ти твоите желби за патувања да ги оствариш и да патуваш со друг (пр.мајка/ сестра/ пријателка, а за љубители на патувања мислам дека има и групи на фб каде што можеш да се споиш со луѓе кои исто така соло патуваат). Јас лично не би раскинала врска само поради оваа причина, бидејки во денешно време и баш е тешко да пронајдеш нормална , стабилна и чесна личност за здрава врска/брак.
Решение е да си патуваш ти со други, зошто и да не си со него во врска со кого би патувала? Ако ти прави проблем за патување со други е тогаш веќе може да се смета за проблем..
Јас имам патувано сама, имав партнер кои не го интересираше француската историја, музеи итн.. И заминав сама преку агенција. Си поминав прекрасно видов се што сакав и тоа е тоа. Ако сакаш да видеш друга култура, народи, историја, галерија не те спречува. Уживај си.
А зашто да патува со други или сама, кога има партнер? Ако она може да прави компромис да не патуваат ради него, зашто он не направи компромис еднаш годишно да отидат негде далеку? Вакви работи на хартија не сметаат, али у пракса да.
Тешки другите работи да се таман, па патувањава да им се најголемиот проблем ваљда ќе се убедат некош да појдат негде.