Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.564
    Допаѓања:
    34.045
    Пол:
    Женски
    Не верувај на маж шо на прв состанок ќе ти каже дека те сака за озбилна врска. Тоа е трик за да те упеца.
    А неговото понашање го потврдува тоа.
     
    На _beautyy_, eliesaab, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  2. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    13.305
    Пол:
    Женски
    На дечко ако стварно му се свиѓаш и планира озбилно со тебе, нема да чека две недели за следен дејт. Ако толку многу му се свиѓаш, а знае каде се движиш, верувај ќе дошол за случајно да се сретнете негде.
    Да, најдобар дејт за да ти сврти филм и после да си му на лагер кога он ќе посака.
    Можеш слободно да му кажеш да не си губите време, да каже уствари сака или не девојка. Па таман ќе знаеш дали има веќе некоја официјална девојка, а ти си му само резерва.
     
    На _beautyy_, eliesaab и Dorickaa1507 им се допаѓа ова.
  3. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    Можеби има психички проблеми, намалена самодоверба, па затоа те "врти".Не избрзувај одма, види каков е.Немора директно да го прашаш, но одоколу разбери самата.:)А тек ако е заебан, заеби го тек ондак ти со блок.Мада може време ќе си истрошиш со тестирањето дали е ок или само си игра.Бидејќи гледам сите пишуваат си ти резервата, затоа ваков одговор ти дадов. :D
     
    На Dorickaa1507 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.816
    Допаѓања:
    24.465
    Пол:
    Машки
    Да сака стварно 100% да те бендисува, очи че извај за да се видите. :)
     
    На christinnn, MarigoldA, _beautyy_ и 6 други им се допаѓа ова.
  5. scarlet☺️

    scarlet☺️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2022
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Во истата ситуација се најде другарка ми. Ќе и пишува дека му фали, па да не си нашла дечко, па едвај чекал да ја види а девојчево дома седи чека да и рече да се видат. Скроз иста ситуација. После тоа види на инста дека он со бившата се смирил :rofl:
     
    На Dorickaa1507, Mumoftwo30 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  6. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    4.492
    Ова ќе биде последно што сум прашала за овој не знам како да го наречам
    Пред некое време пишував, за еден дечко што ми се испонаша дека иде кај другар и да не му ѕвонам и му ѕвонев намерно, помина време од тогаш, ме фати инат не му пишував а на моја другарка нешто правеле муабет и и рекол јас нема шанса да и пишам она ако сака нека ми пише и гледам после еден месец, порака од него, сме останале недоречени, искрено ме изненади не очекував он да пише, тек не, после од како и пишал така на другарка ми јас глупава како и секогаш се согласив да пробаме пак, му вратив и пак почнавме да збориме се беше ок 2 месеца, ама денес ќе се мрднам, викендов беше слободен не работеше пишувавме стално и ок, вчера ми рече дека цела недела бил втора смена на работа, а кога е втора смена е уморен, не функционирал после работа итн итн и тоа ок, се јас како глупава можам да сфатам, ама ова од денес, пак ќе тргне на расправија, цел ден денес го нема да пише Ц Е Л, го разбирам дека работи и има обврски ама цел ден да не пишеш бе????? Инаку (хирург е) и не знам како што реков, не сум паметна што понатака??? Таман ми беше тешко кога не зборевме, пробував да го заборавам, пак се појави и покрај тоа што и рекол на другарка ми дека нема да ми пише нема шанса, тогаш се скаравме за слично и ми рече јас некогаш работам и по 12часа можеш убаво да прашаш кај си, што правиш а не да драмиш, а он не може 1 секунда да одвои да ми каже не можам да пишувам денес? Значи.................
    Стварно, да можам сакам се да избришам и никогаш да не му се јавам, нормално ли е ова однесување?! Еве сега овој пат му пишав само, што прави и дали е се во ред, криво ми е што и да ми пише лесно ќе ме убеди и не знам, што би направиле Вие на мое место?!
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.015
    Допаѓања:
    4.888
    Пол:
    Женски
    Што и да е како и да е бар 5 минути ќе најде да пише... Ајде 12саати да го нема работи може и коа не работи коеги ова она изумува ок ама воопшто да не пише ништо ич незнам, мене ми е црвено знаменце или е таков човек едноставно незнам другарка ти што кажува каков е со другите
     
    На Mumoftwo30 и Luna91 им се допаѓа ова.
  8. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    4.492
    Исто, значи кој сака ќе најде една секунда да пише, макар кога во вц оди човек, не може да ме убеди некој дека тоа е оправдување, кога ќе му речам така ми вика, треба да се гледаме почесто или да збориме а не само да пишуваме како деца, искрена да бидам, ме викна да се видиме викендов ама јас не искочив
    И еве го ми пиша, се е во ред, бев во преголема гужва, сега дојдов дома ауу значи.............. Да сум карактер да не одговарам до утре!
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    Koj изговор бре зафатен бил ако стварно му значиш ќе најде макар и минута во денот за тебе
     
    На Purpleheart и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  10. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.015
    Допаѓања:
    4.888
    Пол:
    Женски
    Ништо повеќе од како си мн работа има да знаеш зш ме нема бла бла или ќе те барам кога ќе се ослободам и сл...
     
  11. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    Што генерации дојдоа незнаат муабет во живо да направат од тоа социјални мрежи абе батали тоа се оди и уживај надвор во денот
     
    На eliesaab, Mumoftwo30 и Dorickaa1507 им се допаѓа ова.
  12. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Јас го разбирам дечково, не го оправдувам ама го разбирам, мене некој да ми каже, ајде ќе пишуваме викендов нема да излеземе да збориме како луѓе надвор, ќе размислам дали ќе му пишувам, значи, дечково е крив што не и пишува а она не е што не искача? Во ред... Сфатете дека, животот е надвор од телефоните.
     
    На Dr.Zzz, _beautyy_, neno0o и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Purpleheart

    Purpleheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2023
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    Ај да речеш 3,4,5,6 саати да не ти пише ништо, ама вака 12 е премногу. Ги гледам како работат и не дека нема време да одвои за да ти пише две или три пораки во текот на денот. Плус знае дека тоа ти пречи, уште од првиот пат и не се ни труди да се поправи.
     
  14. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    4.492
    Абе ајде, значи цела година се влечам со него и криво ми е што попуштив да се смириме, за сега пак да ми е тешко, таман малце ми фалеше да го заборавам, ми пишал дека се е ок само не сакал така да ми пише ради реда туку еве сега, му кажав дека ми смета што така го нема, повеќе би ценела да ми пише дека не може да пишува и ми пишал, добро од сега ќе пишувам така пред да идам на работа, ќе го поправам тоа штом толку ти смета, не се расправај само, кога можел ми пишува демек, значи, ако ме фати инат тек јас како нема веќе никогаш да пишувам, ако ми е јасен ја еве.

    Се испокаравме ете, мене ми рече дека сум немала попаметна работа во животот од колку само да седам на телефон и за него било нормално да не ми пише дури и еден ден, јас сум некоја што само се расправа и бара проблеми каде што ги нема, свашта ми изнакажа и плачам, ете немојте да сте будали како мене, да верувате на некој.
     
  15. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    3.715
    Пол:
    Женски
    Види девојче, тек сте на почеток остави простор работите да се одвиваат полека. Два месеци е краток период, ако ти се допаѓа остави го да дише. Тоа што бараш во врската да ти пише секој ден е давење. (Плус некој со таква професија можеби е многу зафатен и досаден и не размислува така) Не е многу да ти пише некој ама додека бараш негативен ќе е исходот ( негативното, негативно привлекува), не очекувај таква работа. Олабави се малку.
    Ако не пише денеска, утре кога ќе пише прашај го каков ти беше денот вчера?
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.816
    Допаѓања:
    24.465
    Пол:
    Машки
    Ти си сакаш континуирано пишување што е и нормално, ама веројатно не може да ти го даде тој и не сте компактни. Во животов учев и учам сеуште дека не можиш да го натераш човек да ти дај внимание и да те сака, ако не му иди некако само... жал ми е.
     
    На Anie93, _beautyy_, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.128
    Допаѓања:
    8.397
    Пол:
    Женски
    А сте се виделе ли во живо, сте имале ли нешто, во врска ли сте?
    Или онака само си пишувате?
     
  18. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    3.715
    Пол:
    Женски
    Не е врска за тебе, малку си детенце. (Не знам колку години имаш...ама ете)
     
  19. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.851
    Допаѓања:
    20.460
    @franca што не искочи да се видите коа више сакал? Ти нејкеше? Зафатена беше или не ти се искачаше поради нешто?

    Значи во право се сите кои ти пишале на темава. Разбери дека има луѓе кои нејќат толку чатање, не се такви типови, сакаат во живо комуникација, можеби стварно време немаат.. Може и лут е дека не си искочила, уште ако си му ветила, испаѓа ко да го извисуваш.

    Од ист град ако сте шо има 24/7 онлајн да комуницирате? Ќе си се среќавате, ќе се гледате, чатањето на минимум да е, вака е ептен тинејџерски да очекуваш. Ќе види дека време си тепате, па нема да е заинтересиран повеќе.

    Треба да се одлучиш дали сакаш врска или не сакаш. Толку. Забава ради тепање досада е друго.

    Прочитав сега дека хирург е, имај малку разбирање за неговата професија. Мислиш така е тоа ко у канцеларија дремење па можеме достапни да сме секогаш. И очекувано е да е уморен.

    Ако не можете да се разберете и само во конфронтации постојано сте, не знам каква врска би била таа..
     
    На _beautyy_ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.540
    Пол:
    Женски
    Пробај да не му пишуваш толку често и види како ќе оди. Наместо тоа инсистирај да се гледате во живо.
    Искрено и јас мразам ѕвонење и куцање на работа, освен ако не е итно или сум на пауза, а дечкото е хирург. Сигурно е преморен, и физички и психички.
     
    На _beautyy_, neno0o, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.