Мојот сопруг кога ми беше дечко имаше социјални мрежи ама воопшто не ги користеше ,последните постови му беа од 2014. И кога почнавме да се гледаме ми кажа дека не сака да пишува пораки а исто и јас сум таков тип ,само се слушавме ало ало и си се гледавме секој ден дека од исти град сме . И еве 3 год у брак и уште не си пишуваме , само ало ало . И мислам дека ако сте доволно зрели нема да висите на чет и да се допишувате како тинејџери. Штом сте од исти град ,јави се ,видете се . Што има врска ако се јавиш ти прва, јас не сум се водела никогаш според тоа кој ќе се јави прв. Ако ти е битно ,побарај го и биди искрена со него .
@Anyshka daj edno kafe za tinkerbell po moznos so tolumba uste se boris so ovoj? jam mislev go otkaci uste togas pagas na toksicnost ti izgleda
Ниту јадам такво парено благо, ниту правам, ќе ми се слоши. Само солено. Да не одиме оф топик, кажи и совет на членката. Од мене: јас би го прашала директно да си знам, па што биде нека биде, барем ќе знам на што сум.
Остај ја Анушка,скарана ми е Ама ќе се смириме ние две ,95% се поддржуваме Иначе јас би се јавила за да се видиме , и тогаш ако одбива да се видите во живо веќе се е јасно .
Дечкото е хирург, а ти очекуваш по цел ден да е со телефонот во раце и да ти пишува.. Едно фаќање на телефон знаеш која компликација му е на него додека е на работа? Извади ракавици, измиј раце, извади телефон, пиши порака, врати телефон во џеб, дезинфицирај раце, стави ракавици.. Сигурно нема да го чепка телефонот додека работи со пациенти да им пренесе некоја инфекција од нечистотија од телефонот..
Ма дајте луѓе, за една порака секој може да најде време. Божем тој 12 саати е во операциона сала, нема кафе пауза, не јаде, не оди до тоалет. Или намерно си замачкувате очи или не знам шо....
И да има пауза, сигурно нема таа пауза да ја користи за да типка на телефон наместо да јаде, да се напие кафе, да одмори глава..
Ја викнал да се видат она не отишла. Па сеа пример да е љут. Цело време осеќам дека му контрира она. Сама си кажува. Детски се понаша, не знам дали приметуваш. Ако некој не одговара на порака, одма на најлошото помислувате и му судите на тој човек. Мора да има некоја, мора да ја мавта, а не мора да значи.
И јас не пишувам пораки, директно се јавувам ако можам , секоја професија си има своја тежина. Во сендвичара да работиш не можеш да ги оставиш муштериите за да пишиш а камоли хирург. Се пишува на 15/16/17 год. Јави се ,повикај на дејт и види на што си!
Јас изнесувам мислење по она што го читам, а тоа што го читам го пишале самите членки. Ниту знам позадина, ниту сакам да знам. Чим тие напишале така, значи така се чувствуваат, значи ситуацијата од нивен аспект е таква. Не ме интересираат делулу ситуации што ако, ако беше да беше да не беше … Тоа се веќе проѕирни претпоставки, бајрам на умот народски речено. Не сме тука да изигравме судии ниту инспектори, ги немаме тие ингеренции а богами ни желби (барем јас не). Туку тие бараат совет, си даваме сите свое мислење и совет.
Тоа е проблемот. Признава дека ја викнал, настојувал да се видат, епа брат сеа, одлучи се шо сакаш. Не ја разбирам. Ако сака да си типка на тастатура само, тогаш што да се каже. Да си најде некој тинејџер поарно. Шо праеле бе луѓето порано без социјални мрежи дали размислиле на тоа овие? Како издржувале? Али чим не одговара за секунда одма паниките. Нека се гледаат почесто па нека одлучи каков чоек е, вака не се суди. Не е во ред.
Се прашувам дали некој од вас се соочил со ваков проблем. Во среќна врска сум, и двајцата сме сериозни еден за друг и знаеме дека сакаме брак во иднина, но не сме сигурни за деца. Страв ми е дека еден ден можеби едниот ќе реши дека сака, другиот не, и дека нема да успееме да најдеме компромис. Се фаќам себе како не можам да уживам во убавите моменти зашто оваа помисла ме плаши. Имате некој совет како да се ослободам од ова? Инаку сме во доцни 20-ти/рани 30ти.
Тоа де,ај сеа ќе ја тупиме ќе пишуваме Те сакам ,ме сакаш. Јави се ,разговарај ,повикај на дејт, нема тука 'ама он е машко,треба прв да се јави' не. Јави се кога ќе е слободен и по самиот разговор и желба за да се видите ќе видиш на што си.
Да, имаме разговарано на темата и двајцата немаме уште решено дали сакаме да имаме деца во иднина. Се плашам од можноста одлуките да не ни бидат компатибилни кога ќе одлучиме.
Ти знаеш на што си дали сакаш или не?Ако ти веќе си сигурна за себе останува на дечкото да си го каже својот став.Инаку тука нема компромис или сакате или не сакате евентуално да каже мене ми е ок да сме заедно а некогаш ако посакаш би сакал и јас.
Јас само знам дека не сакам да имам деца во наредните неколку години, за понатака не знам, немам одлучено. Зависи од многу фактори кои не можам сега да ги предвидам, како дали ќе имам доволно финансии, политичката клима во светот, итн...Сакам да научам како да се справам со неизвесноста, помислата дека правиме волку спомени и ми се продлабочуваат чувствата за на крај да мора да се разделиме ми е тешка.
А што можеш да направиш освен да чекаш времето да покаже? Барем сте заедно и се сакате. Друг дечко да бараш нема логика, додека ти не си сигурна, секогаш ќе постои 50/50 шанса да не се поклопите. Иднината не можеме да ја знаеме. Ти останува да живееш во моментот и да уживаш ден по ден со партнер со кој се сакате и разбирате. Ако некогаш дојде разговорот за деца, ќе видите што ќе биде. Друга опција нема. Не си уништувај убава врска со преразмислување за иднината, која секогаш ќе е неизвесна.
Јас не се согласувам со твојот совет. Тоа е многу важна одлука. И еден од најголемите фактори дали еден брак би продолжил или не. Треба навистина двајцата да не сакаат или да сакаат. Тука нема компромис што се однесува до одржување на врската. Јас би кажала, двајцата размислете што сакате, ако сте на иста бранова должина дефинитивно, тогаш нема што да се грижиш. Но, ако сепак тој дефинитивно не сака, а ти сепак само во моментот не сакаш, тогаш нема поента да продолжите. Затоа што навистина тоа е едно од најважните прашања кои се индикација за успешна врска или некомпатибилност која би резултирала со развод.
Не е сама а ти пишува?Значи ни таа нема чувства кон тој со кого е...Мизерна е.Ќе те шутне ако и се вратиш. Бегај од вакви само, можеби теренот таму не и е добар и си игра на повеќе карти. Абе нема ти да му кажуваш кога и во колку да ти пише.Ако сака, ќе ти пише.Не си ти центар на светот, па толку внимание да добиеш. Си има човек живот, чил аут малце.