Да, имаме разговарано на темата и двајцата немаме уште решено дали сакаме да имаме деца во иднина. Се плашам од можноста одлуките да не ни бидат компатибилни кога ќе одлучиме.
Ти знаеш на што си дали сакаш или не?Ако ти веќе си сигурна за себе останува на дечкото да си го каже својот став.Инаку тука нема компромис или сакате или не сакате евентуално да каже мене ми е ок да сме заедно а некогаш ако посакаш би сакал и јас.
Јас само знам дека не сакам да имам деца во наредните неколку години, за понатака не знам, немам одлучено. Зависи од многу фактори кои не можам сега да ги предвидам, како дали ќе имам доволно финансии, политичката клима во светот, итн...Сакам да научам како да се справам со неизвесноста, помислата дека правиме волку спомени и ми се продлабочуваат чувствата за на крај да мора да се разделиме ми е тешка.
А што можеш да направиш освен да чекаш времето да покаже? Барем сте заедно и се сакате. Друг дечко да бараш нема логика, додека ти не си сигурна, секогаш ќе постои 50/50 шанса да не се поклопите. Иднината не можеме да ја знаеме. Ти останува да живееш во моментот и да уживаш ден по ден со партнер со кој се сакате и разбирате. Ако некогаш дојде разговорот за деца, ќе видите што ќе биде. Друга опција нема. Не си уништувај убава врска со преразмислување за иднината, која секогаш ќе е неизвесна.
Јас не се согласувам со твојот совет. Тоа е многу важна одлука. И еден од најголемите фактори дали еден брак би продолжил или не. Треба навистина двајцата да не сакаат или да сакаат. Тука нема компромис што се однесува до одржување на врската. Јас би кажала, двајцата размислете што сакате, ако сте на иста бранова должина дефинитивно, тогаш нема што да се грижиш. Но, ако сепак тој дефинитивно не сака, а ти сепак само во моментот не сакаш, тогаш нема поента да продолжите. Затоа што навистина тоа е едно од најважните прашања кои се индикација за успешна врска или некомпатибилност која би резултирала со развод.
Не е сама а ти пишува?Значи ни таа нема чувства кон тој со кого е...Мизерна е.Ќе те шутне ако и се вратиш. Бегај од вакви само, можеби теренот таму не и е добар и си игра на повеќе карти. Абе нема ти да му кажуваш кога и во колку да ти пише.Ако сака, ќе ти пише.Не си ти центар на светот, па толку внимание да добиеш. Си има човек живот, чил аут малце.
Па дечкото те викнал да се видите, што не си излегла? Во право е до негде, не ќе пишувате цел ден, излезете, видете се, разговарајте, ќе знаеш на што си, со цел ден пишување ништо не правиш.
Искрено во право е човекот. Не сте деца да седите и пишувате секој ден со часови, ниту имате време за тоа, особено тој со таква одговорна професија. А и зошто не си излегла кога те викал? Нема вечно да те моли, да не биде после плачки ако се појави друга во приказната. Не го велам ова за да те нападнам, туку реално е така. Ако сакаш да излезите излезете, ако не секој по свој пат и готово. Возрасни луѓе не треба да играат игри.
Па и јас се согласувам, нема компромис во врска со тоа прашање, ама ако ни она не е сигурна сака? Ако до доцни 20ти не одлучила, нема да се одлучи до утре. Затоа конкретно во нивната ситуација треба да почекаат некој да пресече, чим се толку збунети.
I jas sum na isto ama nemoj da se sekjirash mislam vo moj sluchaj i dvajcata nejkeme deca ama lugjeto se menuvaat i mislam deka lugjeto shto ne sakaat imaat cel neloi drugi stvari shto gi nemaat dostignato i posle odreden period se sluchuvaat promeni
Никогаш да не дозволите да Ви биде во право некој егоист ,всушност тој се замислува дека е центар не јас, конечно се смиривме убаво зборевме најнормално , додека му текна од втора смена попладне ,тек навечер да ми пише, јас сфаќам и обврски и се , не замерувам ама не може никој да ме убеди дека некој не може да одговори на порака за добро утро , уште вчера ми рече дека јас не сум имала никаква почит ха ха ха виц ,се ќе беше поинаку да напишеше било што од колку да се чуствувате како заборавени од некој кој до вчера дури и ми збореше за планови заедно да сме живееле.... сабајле дека некој не гледа телефон не може никој да ме убеди и тоа е, јас не барам извештај и некој стално да ми пишува ,ама за некој кој ми се претстави како сериозен еден ден ми е голем минус , како Вас не Ви е не знам, Инаку , се имаме видено неколку пати ,годинава ова е четврти пат да се скараме и да се смириме, ама ова ќе биде дефинитивно, колку и да ми е тешко, доволно бев будала после се што ми кажа вчера дури испаднав јас крива за ништо , нека трпи некоја друга манипулатор и егоист. фала на сите што одвоивте време.
Iskreno kje te prasham, zhivotot e ogranichen i dali vredi sebesi da se truesh so toksichna vrska? Moe mislenje take time za sebe znam deka kje ti bide teshko ama povekje vredi se a ova e samo lekcija se nadevam deka se kje ti se sredi poslem ova
Околу прашањето за деца, и јас и дм не сме одлучени сигурно дали сакаме деца во иднина. Ама она што ни е расчистено е дека еден со друг се ставаме пред желбата за деца. Може да сакаме, може не, ама ако не би имале од било која причина, не би се разделиле ради тоа. Јас барем партнер би ставила пред неродено дете. И молим лепо без убедувања " ај ќе видиш", го познавам и него и себе повеќе него вие. Така да, мора барем членката да види некоја "основа" на таа тема кај дечко ѝ, да не е скрос на средина. Или да разговараат од типот што ако сакам јас, а ти не, што ако едниот е неплоден итн, да види на каде тера неговиот став.
Ti i partnerot ako ste eden za drug to e najbitno posle se drugo doagja i si e megju vas. Se se dogovara i se reshava so tek na vreme kako kje mu dojde
Те сфаќам, еве доколку не добијам повик, порака кога ќе стане ќе помислам дека нешто не е во ред. Искрено, иако сме нон стоп заедно.
Јас те разбирам, колку и да сме сите со своите обврски, кој не сака внимание од саканата особа? Знам како ти е, ако не можеш да поднесеш таква врска и ако не ви оди добро, знаеш што треба.
Штом е хирург станува збор за повозрасна личност веројатно. Јас сум 26 години и веројатно сум старомодна што не сакам пишувања. Со партнерот си пишуваме добро утро, како си што правиш, ако оди некаде ќе ми каже каде и со кој и добра ноќ. Обично си ѕвониме, исто и со фамилија и другарки. Ќе тргнам од мене. Живеам сама, од работа доаѓам во 16:30 додека се истуширам, да направам ручек, да јадам, па да измијам садови, перална, простирање на алишта, па до маркет ако нешто фали или чистење мислам дека преку глава ќе ми дојде да морам покрај милион обврски да треба да седнам и да си пишувам со некој. Подобро нека дојде кај мене заедно ќе јадеме и гледаме филм, на кафе, во парк, на стадион и слично. Плус работа како доктор не е едноставна да може да седне и пишува. Ако работи со термини замисли како ќе ти биде ти да отидеш на лекар и докторот да си седи и да си пишува на телефон да си се смешка хихи те сакам срце душо а ти дреми таму со болки. Подобро во живо гледајте се отколку пораки не знам каква е оваа модерна љубов преку пораки. Ете те викнал да се видите ти не си сакала да излезеш ама си сакала да си пишите цел викенд. Колку години имаш? 16? пс за претходно мислење кога ти кажал дека оди кај другар и да НЕ му пишуваш не го оправдувам. Ама за додека е на работа ми сосема нормално да не пишува. И јас често не пишувам, состаноци, проекти со рок додека да пристигнам се поминал денот.
I jas sum staromodna ama koga si na long distance poraki kolku i da nejkam se potreba za da opstoi vrska ama pak sekoja prilika sme zaedno iako jas koga se vrakjam od rabota toj togash odi i pak imame vreme da si pisheme. Se raboti za koj kolku ni znachi a ne dali ima nema vreme za da ima vreme mu e sekunda da pishe deka se e vo red i da ti dae motivirachka poraka i sekoja sekunda da saka da te vidi. Profesijata si nosi svoi odgovornosti ama ako se ima i partner kje se nosi i toa neshto nemozhe taka kako kje im tekne na koj bilo od potreba
Јас како што сфатив не е на далечина веската. Нејсе и да е на далечина секој има право на работа да се концентрира на работата. Јас на пример би се чувствувала ужасно некој да ми пишува 24/7 а да не сака да излезиме да се видиме. Тоа можеби ќе упалеше кога бев 17 години и од дома немаше да ме пуштат па ај ќе си пишиме. Секој е различен, ете можеби некој сака љубов преку жици без физички контакт.