Za mene potencirav na dalechina deka imam kako primer deka sekoj mozhe ako saka ama da vo pravo si za vrska treba fizichki najchesto oti jas ne gledam poenta da razvivam chuvstva vrz profilna slika ili slichno.
80% од проблемите љубовни ви се не ми пиша, не ми врати на порака итн поврзано се со он лајн коуникација Нели ве влече бе да се видите, да зборнете и да видите на што сте. За членката со проблемот со хирургот се изнажали од ист град и нејќе да се види. Епа и тој нејќе да ти пишува. Јас да сум нема да ти враќам. Не ми е јасно како планирате врска или живеење заедно сте се виделе 2 пати? Па јас да го видам 2 пати нема да знам 3тиот пат пак како изгледа човекот а не во врска да сум. На клинче ви висат и само чекаат вас да ви враќаат на порака, друга попаметна работа мислите луѓево немаат. Па пишала не дозволувајте да бидете изманипулирани како мене. Брееј.
zdravo,vo situacija sum kade neznam kako da postapam, bidejki pisuvam so edno masko i se rasprasav za maskoto i mi kazaja deka bil zenkar,iskoristuval,deka ne e za mene,dali da se povlecam ili da prodolzam pa sam da si se pokazi kakov e(mozebi nema da bidi so mene takov)gi prasav i negovite drugari mi rekoja sama najdobro da sum videla ama i deka itie bile kako nego ama sega bile vo uspesni vrski
predpostavuvam deka imas 18 godini bidejki ova se detski muabeti samata treba da si iskocis so nego i da procenis kakov e
Nemoj, mojov segashen taka imal probano i zavrshil izmeveren manipuliran. Nemozhesh da smenish lugje i jas takvi drugarki imav i poznanici moj sovet da si barash srekja a ne lekcii i da ne slushash drugi kako te vodi intuicija za tipov vidi si
Nema vrska jas naletav edna 32+ shto me stalka ispadna nekoja manipulativna na mojov dosta postara od nego shto se gledale i prekjinale i mene me pochna ta ja zborele deka e apokalipsa so 4 javacha ama mojov demek ne so dobra ljubov kje smenam i poshla so drug i devojchevo da ti bilo egzotichna plesachica
Секоја личност функционира на различен начин. Некој сака повеќе комуникација на социјални мрежи, некој повеќе во живо, мене лично многу ме мрзи да типкам цел ден на телефон. Без разлика, едно нешто е сигурно, ако некој е вистински заинтересиран за тебе ќе најде време и начин да ти покаже дека му значиш, било да е хирург, пилот, премиер, претседател на државата, а се другото се празни изговори.
@krissssss човек што си е таков тешко да се смени. Најубаво сама види си каков е, не од други што ти кажале. Не мора веднаш врска, види си прво каков е, дали си одговарате, излезете неколку пати и ќе си видиш.
Здраво, Пред некој ден бевме излезени јас и другарка ми надвор, таа се сретна со неколку нејзини другари и ние продолживме со нив да седиме уште 1 час. Јас се запознав со нив и едниот многу ми се допадна а и ме праша да му дадам снап. После неколку денови другарка ми бидејќи она знаеше дека ми се допадна, му се јави да го праша дали има девојка и дали се допишува со некоја и он одговорил не, другарка ми го прашала што мисли за мене и он рекол дека сум убава ама неможел само така да ми пише тику сме морале да излеземе прво на кафе. Бевме на кафе вчера вечер јас, другарка ми, он и другар негов, но поседовме малку околу час и половина бидејќи он требало да стане рано дека бил на работа, мене ми остави впечаток како едвај да чекаше да замине... не знам... Зошто не ми пишува сеуште ако ми побара снап и ако рекол дека сум убава?
@reckless ✨ ништо, голема работа, ајде не се растажувај. Сигурно убава си ама ете немало добар вајб меѓу вас, не бил заинтересиран. Чим и таков ладен бил и едвај сакал да си замине а, сигурно интуицијата не те лаже, батали го, не се надевај на нешто. Снап може и онака ти побрал, само да те има, или па како опција да те чува, кој знае. Не се замарај.
Во врска сме веќе 5 години. Јас имам 26 тој 39. Не можам да продолжам со врската на овој начин како што е сега. Од секогаш ме криел на некој начин од неговите, иако сме од мало место до пред година ипол 2 не ги познавав ни мајка му ни татко му, да ги сретнев на улица немаше да знам дека му се родители. Кога и да одев ноќе кај него прво тој влегуваше да види дали има некој па јас.. Чевлите секогаш кај него во соба ги оставав за да не види некој дека сум таму. Кај нив дома сум била само 1 на инсистирање на мајка му после запознавањето со неа. Од друга страна пак тој е кај мене секој ден, цело време е со моите, одиме и по гости кај братучетките, сака да се дружи со нив. Нареден проблем е тоа што не сакам веќе да продолжам со таква тинејџерска врска на некој начин, да се кријам кај него. Иако сум сега на последна година медицина, уште претходно форсирав да живееме заедно но од него нема никаква иницијатива. Цело време ми вика да почекам оти ќе се среди се но би било чудно нешто да се промени кога 5 години се е исто. Како да му објаснам по стоти пат а да разбере дека не можам да продолжам на ваков начин и не сакам врска која е за 15 годишни деца? Кога и да ја отворам темата јас сум досадна, злобна, сакам да се карам итн..
Сама си свесна за ситуацијата.и решение имаш веќе. Зошто да продолжиш да се измачуввам кога имаш опција да не се измачуваш?! Како што увидов зрела си, можеби и повеќе од него.... Главата горе девојко и пут под ноге!
А зошто се однесува така кај него дома? Да не има некаков комплекс? Имав бивши се срамеше да ми каже каде живее.. Се срамеше од родителите, куќата. Да не е тоа? Не избрзувај.
До сега се гледа како оди врската. Никако не оди, не сте мали деца уште да се криете од некој, не сака сериозна врска, не сака брак кога само избегнува вакви теми. Дај му ултиматум или да живеете заедно, да мислите на иднината и тоа да го остварите во скоро време или да се скарате, во врска сте 5години, зошто не сака нешто повеќе?
Имам прашање (претежно мислење од машките ме интересира). На колку години созреваат машките за врска. Знам дека постои фактот дека кај секој е индивидуално, и сите сме (сте) различни. Но, ме интересира еве да речеме, дали едно можно е спремно на врска на свои 20 години? Минус плус, горедолу таа е возраста. Зборувам за сериозна врска. Ние жените попрво влегуваме во пубертет, попрво созреваме, попрво сме спремни на ризик (калкулиран), порационално размилсуваме … Само јас таков впечаток имам или …? Ме интересираат мислења од сите.
Уште негде кај 19-20 години размислував за сериозна врска во смисла романтична љубов, безрезервна поддршка и сами да постигниме се и во текот на сиот процес да созреваме, бла бла. Потоа некако ме затепа психа дека треба првин да сум финансиски стабилен, станбено посакував, ама не бев, сеа фала му на госпо сум. Обично тогаш се мисли дека веќе е време онака за сериозна врска, па и можеби веќе ја имаат таа зрелост или искуство, не знам како да го наречам. Оти сепак се зависи какви врски имал како поминал низ сето тоа и како гледа на работите. Оти од мое видување познавам личности што биле бајчина и слично, разочарани и оп комплетно различна персона отсега кога се работи за девојка или врска.