Потполно си во право, но не знам каква ќе биде неговата реакција, што ако ме удри или нешто такво слично[/quote] стај се на негово место и кажи ми како би изреагирала ти? м? ама искрено? јас не да го удрам би го мавала со се што ке дофатам во моментот. не е воопшто фер од твоја страна сте дошле до вериба а си го изневерила,и тоа со негов другар згора на тоа сите знаат а никој не се осмелува да му каже и не е мое да те осудувам но во овој момент ти е најдобро да му ја кажеш вистината нема друго, што мислиш како ке реагира ако дознае од др? или мислиш нема да дознае?
Не ја слушај сестра ти Озбилно, во брак не се влегува со таков терет со надеж дека ќе излезе на крај добро, нема да излезе...Не остануваш немажена не се секирај, ќе биде шок за сите, можеби и некој мал скандал на почеток, но секое чудо за три дена...
ако ништо друго дечко ти заслужил да бидеш искрена према него а за тоа како ке изрегаира ти најдобро тоа треба да го знаеш затоа што 5 години сте во врска, му го знаеш карактерот итн
Ова најмногу ми се допадна. Сестра ми пак од друга страна ми вели: знам дека сега не го поднесуваш ама со тек на време ќе се навикнеш и пак ќе го засакаш, а овој другиот ќе го заборавиш. Стварно сум во голема дилема Е па штом ти се допадна тогаш прифати го мислењево и реагирај со време. Нека не те залажува сестра ти, такво нешто не се случува или е ептен голема реткост. Ни прва ни последна ќе бидеш која прекинала врска.
Сеуште не знам, мислам не сум сигурна, ама во секој случај ме натеравте да се замислам посериозно,а баш сакав да слушнам некое мислење и совет од друг. Јас еднаш или двапати му имам спомнато дека го имам изневерено со друг ама он мисли дека јас се зафркавам и тука устата ми се затвора, не знам како да му кажам, до толку му е неверно што мисли дека јас тоа така си го велам
Многу ми е тешко во последно време...Незнам како да го решам овој проблем,па затоа барам помош од вас..Во врска сум со човекот кој што го сакам најмногу на светот,а мислам дека и тој мене ме сака колку и јас него.Но проблемот е во мојот (мислам трет) братучед кој што постојано ми се меша во врската.Му кажува разни работи за мене кои не се точни,како на пример не те сака тебе сака друг...еднаш дури и му рекол дека има нешто што само е меѓу мене и него,па ми падна многу тешко кога дознав...му објаснувам на дечко ми дека ништо од тоа не е точно,но се плашам дека еден ден ке почне да му верува.. Што да правам???
Ако одлучам да останам со сегашниот дечко(со кој одам од навика, ништо друго) не знам како ќе го заборавам, мислам дека без него не можам да живеам Тука мислам не неговиот другар во кој сум заљубена тотално У ПМ, секој ден без него ми е како година
Најдобро ќе биде да му кажеш на братучед ти да не ви се меша во врската. Е сега , ако не сака да те слушне или се прави на Тошо ќе мораш да замешаш и други луѓе ако сакаш да ви опстане врската. Кажи му дома на твоите па нека поразговараат тие со него да му кажат дека не е во ред тоа што го прави. Ако не ги послуша твоите тогаш и неговите ќе дознаат ,ама тоа во краен случај. Што ако ти кажам да не креваш паника,ништо нема да се смени , а дечкото како дечко секогаш ќе сака да проверува за невистините на братучед ти. Дејствувај и со среќа .
Проблемот е во тоа што моите незнаат,а и неможам да им кажам бидејќи тие мислат дека е многу рано за дечко и не ме разбираат...А јас му имам кажано на братучед ми едно сто пати да не ми се меша во тоа што го правам бидејки тоа е мој живот,но тој сепак продолжува..Не ме остава да бидам среќна
Едноставно ако се сакате и двајцата изборете се заедно до крај без разлика на околностите. Во врска со братучед ти не дозволувај тој да влијае на врската што ја имаш..На твоите родители па и на него објасни им дека и двајцата се сакате, дека ви е убаво заедно.. Но, од друга страна имаш 14 години Не знам колку е тој љубовта на твојот живот.. И искрејно не би ти препорачала уште на тие години да се врзуваш за некого, години кога треба да менуваш дечковци, за да дојдеш до оној вистинскиот !!.. Денови кога треба да се дружиш, да се забавуваш.. Сепак ти избираш што понатаму во животот..Како и да е, никогаш не се откажувај поради другите !... Среќно
Благодарам за советот,многу ми помогна...Иначе немам во план да се врзувам,туку сакам само да уживам,а тој тоа не ми го дозволува,па затоa сакав да побарам помош...Како и да е ви благодарам...
дечки ми треба совет. што кога дечко ти не ти враќа на постови на фб а други другарки кога му пишуваат он одма враќа. не сакам ич да се замарам за фб и такви работи затоа и не сакам да се ставам во врска и слично но сите знаат. и сега ме тера да мислам на многу работи! му пишав дека ми смета и дека има проблем чим не ми враќа на мојот пост. друго све е ок. многу убаво се понаша!!
аиии пак ли со ова фб? и не сватив што е проблемот? што не ти враќа на твои постови ама враќа коа ке ти пишат другарки? биди среќна што воопшто знаеш кој ти се меша. и јас бев во идентична ситација но незнаев кој се меша т.е. имаше повеќемина што му ја полнеа главата на дечко ми и не месец два туку цела година. ако дечкото те сака, ти верува и те знае каква личност си односно знае дека не би направила такво нешто како што го информираат не се грижи, гледај само да му покажеш колку го сакаш и да му докажеш дека нема да погреши ако ти верува и ги игнорира тие озборувања од страна. а од друга страна постојано качувај му го на глава на братучед ти дека не треба да ти се меша и дека твој избор е со кој ке бидеш, и не е убаво од негова страна така да реагира и да остава погрешна слика за тебе. инаку колку време сте во врска?
Хм, а јас мислам дека сепак има нешто што тој твој братучед знае а ти несакаш да излезе на виделина. По пишувањето таков впечаток имам.
и јас се согласувам со ова мислам дека има нешто овде повеќе што не сакаш да го изнесеш,инаку мн.чудно е брачедти очајно да ви се меша во врската