Луѓенца хелп Со дечково сме 3 години заедно. Планираме иднина и да живееме заедно, се е тоа во ред, го сакам и ме сака многу, ама едно нешто ме кочи. Тој си има спремено спрат од куќа кадешто сака да живееме (долу се неговите со брат му) спратот го има спремено сам целосно, но од самата помисла дека треба да бидам таму ми паѓа многу тешко, со мајка му сме ептен формални, не ме обожува мн.мн и сум си понастрана ( избегнувам кога се собираат фамилијарно, а често го прават тоа бидејќи се дружат многу сите) ептен празник/роденден и слава и ко на трња сум. Не осеќам буквално раат, ми го прати секој чекор и поглед и во се се меша. Сфаќам дека е спрат посебен, меѓутоа дворот е тој, пак ќе мораш тука да си, едноставно си немам свој мир, грутка во грло имам секогаш кога треба да одам кај нив. Како да му кажам да си живееме сами? Се би жртвувала само да сме насамо, тој не сака, сака да си биде дома, ептен е приврзана мајка му со него, ме плаши и таа помисла. Како одминува времево, знам дека ќе ме побара кај и да е, и место да се радувам на тој момент, јас 24/7 сум со ова окупирана, како ќе му кажам "да" кога знам каде треба да одам.. Просто сакам свој мир, настрана едноставно, пошто мајка му ме јаде уште неотидена таму, се подбива нонстоп со мене на било кој начин. Проблемот е што он мисли дека нема проблем никаков, не го сфаќа сериозно едноставно.
Седни и убаво разговарај со него на оваа тема бидејќи не е нешто што туку така треба да пројде. Кажи му дека ти не можеш така да живееш и некој секој чекор да ти го следи. Мене ме плаши фактот што е мамин син и како уште да се поврзани со папочна врвца. Возрасни сте, планирате заднички живот и иднина заедно и заедно треба да одлучите за тоа, а не само тој.
Кои ви се другите опции? Имате ли доволно финансии да обезбедите друг дом? Имаш ли некоја алтернатива да му понудиш каде да одите, нешто твое наследено од твоите, или купено/реновирано/средено од твоја страна? На крај може ќе се најдете на средина, ќе продадете, ќе се дофинансирате и ќе купите нешто ваше.
Најпрво седни го кажи му се што мислиш , дека не сакаш токму во таа куќа да живеете ако те праша за причините кажи му дека со никого не си многу блиска и дека сакаш свој дом,свој живот,свое огниште . Подобро сега разговарај, отколку кога ќе те стави пред готов чин ако те запроси ,а вака ем ќе знаеш на што си ,и не мораш со него да се венчаш ако не попушта или ако неговите му се приоритет а не ти .Не ги игнорирај ред флагс,на почетокот се е полесно и да се реши и да се прекине ,ова е важна животна одлука но и за двајцата,не за него само . Отворено карти на маса,и ќе видите кои ви се опциите за сопствено живеалиште ,и дали тој би бил со тебе безусловно.
Мораш да зборуваш со него, нема друго решение…прво не знам зошто би се подбивала таа со тебе, пробај можеби и делуваш како ти да не ја сакаш, пробај смени се спрема неа зошто и да не живеете на спратот сепак таа ќе остане негова мајка и ќе мора да бидеш во добри односи со неа, рачунај доаѓаат поголеми работи свадби, деца, празници и не е во ред секој настан да ти биди проблем
Мораш да играш многу отворено, биди искрена, но не нападна. Знае ли твојот дечко како стојат работите помеѓу тебе и мајка му? Сигурно нешто си му спомнала, нешто тој забележал итн. Мора многу отворено и трезвено да разговарате, да му дадеш многу добро до знаење дека темава е сериозна и тебе многу ти значи. Искрено, имајќи предвид дека тој е доста приврзан со неговите и тоа шо не ти ги сфаќа сериозно поплаките, не дава добра прогноза. Се надевам дека грешам. Многу ме револтира овај тренд каде се нема поддршка од партнерот/ката! Тоа треба да биди ОСНОВА на секоја врска.
Бравос за неговата упорност, но мораш да бидиш силна и искрена и доследна на себе си ова што го кажа овде да го зборуваш со него. Дека не се гледаш таму на некој начин и сакаш скроз настрана сами и мир, и ако имаш идеја некоја понуди, како што рече некој погоре ако имаш и ти нешто па да купите нешто, откај знам. Али нешто ми падна во око што го спомна, дека е приврзан многу за мајка му... Дали мислиш дека ќе биди некоја компететивна игра помеѓу вас? Ова нејзиното можеби и те гледа како некоја што и го краде синот.. Не знам како да го објаснам... чудно е ама чести појави се.
Тоа што е приврзан за мајка му е црвено знаменце. И не треба да се игнорира. Ако тој не сака да живеат одделно, тогаш треба да размисли девојката. А при спрат кој сам го опремил, не знам дали би се нафатил на таков чекор да се отсели.
За ко шо го опиша делува на вреден човек... ама не е само живеењето овде искрено и носењето одлуки ставови мислам во се ќе влијае таа и во поголемиот дел нашава членка на фемина би била крива..
Е па тоа е проблемот. Делува како да ќе им се меша мајка му. А тоа не е во ред. Знам затоа што имав проблеми. Иако живеевме одделно.
Цел свој живот имам eating disorder и варирам со килажа. Нејсе, чувствувам како на дечко ми да му смета тоа. Вика дека тоа се лажги и не постои такво нешто (за eating disorder),ама јас само ја знам психичката борба и тешко ми е да зборувам пред други за тоа. Го имам прашано отворено и искрено дали му смета тоа што немам навежбано тело, и тоа што се имам здебелено за разлика од пред неколку месеци и ми одговори дека повеќе би преферирал доколку сум се посветела на вежбањето и здравата исхрана. Ајде тоа го прифатив некако, пробувам цел месец, ама денес на шала кога се закачавме му викам ајде на дејт сме искочени не сме сумо борачи и ми вика тоа ти, ти си толкава (мислејќи на сумо борач) онака низ шала и смеа кажано. Искрено коментарот многу ме погоди и нормално се налутив, тој мислам дека знае за што се налутив и ми вика се лутиш ли за тоа што те закачам (а не за неговиот коментар). И му кажувам што точно ме налути, знае дека таа тема ми е опиплива и вика океј на шала беше ако сакаш да се лутиш лути се. И така се уништи целиот момент, до дома не прозборевме ниту збор освен така што пробуваше да ме држи за нога додека возеше. А пробувам секогаш да се дотерам за него, и да седиме така лабаво ќе се нашминкам, средам ќе облечам некои посекси потесни алишта ама ме боли тоа што никогаш не ми рекол згодна си или секси си, можеби некогаш на почетокот. Во последно време тој нормално сака односи но некако не ми штима нешто, пример во ред му беше тоа што цело искачање се уништи, ниту о од однос што секако мене ми влијае психички лошо, едноставно не се чувствувам посакувано од партнерот, и колку и да имам желба за однос ми се убива во секој момент од таков коментар и едноставно тоа незадоволство од негова страна кое што го чувствувам. И баш во вакви моменти размислувам дома и се доведувам во лоша ситуација пропратена со емоционално прејадување. Сакав да се искажам пред се, и секако секој совет е добредојден дали вреди да останувам во ваква врска или да почнам да размислувам во друга насока..
Дали досега си побарала помош од психотерапевт или психијатар за растројството? Тешко е за човек што има растројство во исхраната да го надмине ако партнерот не му дава поддршка. Убаво е што сака да си здрава и да се грижиш за себе, ама тоа што не верува во растројство во исхраната како нешто што е реално за тебе ќе биде проблем. Од друга страна пак и самата си свесна дека си поосетлива на коментарите за твојот изглед заради тоа што имаш растројство во исхраната. И со други партнери ќе се повторува непријатноста кога ќе се спомне таа тема за изгледот, ако нарушувањето не се надмине. Тоа е заради психолошкиот аспект на нарушувањето во исхраната и проблемот со самоперцепцијата. Мислам дека прво мора да работиш на себе и својот проблем да се обидеш да го надминеш, па потоа да се посветиш на врската.
Постојат мажи што не даваат комплименти и да си топ така да… Колку кг имаш ако не е тајна? Дали можеби претерува? Можеби само на шала вика… ти си му кажала дека ти смета?
Што има врска колку килограми има? За да процениш дали со право ја вреѓа? Како и да е, многу глупо прашање од твоја страна, особено кон лице со проблеми во исхраната. Па уште и дали му кажала дека му смета да ја навредува, па може и на шала било , а дотичниот не верувал у проблеми у исхраната, тоа теорија на заговор демек е... Мех.
@Tamarkaa, јас сметам дека треба да бараш нов партнер, некој кој ќе ти биде емоционална поддршка, и кој нема да ја потценува твојата да ја кажам психичка болест. Нема да ти се повторува ова и со други партнери, оти не сите партнери ги негираат емоциите на своите партнери, не ги разбираат оти не им е гајле, и не сите партнери ги вреѓаат своите партнери на сметка на нивниот изглед. Тоа го прават партнери кои не го сакаат и почитуваат својот партнер, или партнери со други психолошки сосотојби ( за кои и најверојатно исто мислат дека се Соросова творевина ), као на пример нарцисоидност итд. Сметам дека прв чекор во твоето опоравување е да се сакаш и да се почитуваш самата себе си, а тоа ќе го постигнеш само кога ќе почнеш да се цениш себе си, и да не прифаќаш и трпиш лош однос од било кого, особено од дечко. Кога ќе престанеш да трпиш, ќе престанат и навредите, и ќе престанеш да се чуствуваш лошо во своја кожа, и понижено, и нема во моменти на слабост да одиш и да се прејадеш во моменти на емоционална слабост - и се така во круг. Сума сумарум, мој совет ти е остави го кога гледаш дека нема разбирање од негова страна, туку само навреди и понижување, посвети се на себе си и своето психичко и физичко здравје, и како што ќе почнеш повеќе да се цениш и сакаш себе си, така и ќе почнеш повнимателно да ги бираш партнерите и да не трпиш секакви срања од нив.
Немам ништо конкретно на мое име, затоа реков дека се би жртвувала само за да бидеме насамо, но кога би му рекла да одиме ете и под кирија додека не купиме нешто наше, прв одговор ќе му биде : " Покрај цел нов спрат дома, кој сам го направив за нас, да одам да плаќам кирија? " ... значи знам дека од мерак го има средено, е сега не е уреден внатре бидејќи сакал да бираме заедно по наш вкус кога ќе дојде денот. Не знам како да го почнам муабетот стварно, предобро го познавам и однапред му ги знам одговориве, но ќе морам. И знам дека кога ќе каже дома дека јас сакам да си живеме сами, мајка му ќе ме нападне со коментари од типот Ејј па Оскарче, зашто вака, што ти згрешивме итн, спремна сум и на тоа, и на негови коментари од типот: " Јас за кого го правев сам цел спрат" или "Не цениш тоа што сум го направил за нас и упркос тоа, свесно ми велиш да одиме под кирија" ..ќе има препирки и нелагодувања, свесна сум, ама просто се би издржала само да сме на раат. Инаку е многу вреден навистина, работи моментално надвор од државава веќе 6 месеци, и ќе се врати кај и да е, пред да замине работеше и по две работи затоа што сакаше да створи нешто за нас, ама па не сакам да сум на трња и да се стегам цел живот. Како што се ближи моментот за запросување, мене душава ми се стега се повеќе. Ме фаќа анксиозност и паника искрено а не сакам да повредам со ова што ќе му го кажам, баш напротив, навистина ме чува како капка вода на дланка, само сакам да сум вистински среќна. Фала ви на сите што одвоивте време да одговорите, ми значи
Не, спратот беше издигнат одамна, т.е цела куќа си беше готова, јас така го запознав, не знаев тогаш што планира, не знаев дека сака таму да останеме, мислев дека како секој млад пар ќе сака да си бидеме сами. Немаше тогаш муабет за вакво нешто, од скоро почна.
@Oscar Lady, значи спратот го изградиле неговите, и не е опремен оти сакал заедно со невестата да го опреми... Епа што точно правел таму, колку чини тоа? Не ми е јасно...