Еве јас ќе пишам нешто, сама сум немам ни брат ни сестра имам спрат во куќата на родителите т.е цела куќа е препишана на мене, исто и стан и друг спрат од куќа шо се фул средени. Ама и покрај тоа што сум блиска со моите не ми паѓа на памет да живеам во куќата со нив кога ќе се омажам, како прво јас не сакам да ми се плеткаат низ дома кога ќе им текне ни па нив ќе им биде комотно низ куќа со некој непознат, тоа шо за нешто ќе ми префрлат мене не ме погодува исто како шо ќе го погоди него. А кога ќе дојде до брак и да сака не мора да живее во останатиот имот шо го имам ќе продолжам да ги рентам, а ако сака да си купиме заеднички стан не ми е проблем, битно ми е да живеам со тој шо го сакам, чим стасало време за брак значи моите родители, а и неговите си ја завршиле улогата да не воспитаат, ние треба да си продолжиме по наш пат они по нивни да си ги одживеат годините шо им останале, а не да се лечат фрустрации по снаи и зетовци. Епа значи и ти не си го разбрал прашањето, јас пишав вие да се ставите во иста ситуација со членката т.е дали би отишле да живеете кај жена во семејна куќа со нејзин спрат шо го средувала, а родителите нејзини да не ве сакаат.
Тоа е твое мислење. И сега пази ситуација партнерот го знае ова и ти вели пред брак аааа ама јас не сакам така? Иста е и оваа ситуација, се правело се додека се во врска значи ги знаеш намерите на партнерот и сега не сакав јас така. Затоа од старт треба да си каже кој што очекува. Не сме сите со ист буџет и размислувања. Еве ние лично се решивме за спрат над нивниот со башка влез и двор. Ама и во твојата ситуација кој ти дава гаранција дека свекрва ти нема да ти се плетка по дома? Во темата снаа и свекрви има и такви ситуации. Ако сака пак ќе лечи фрустрации на тебе.
Епа ти одговорив ако сака ќе си купиме заеднички стан, ни кај мои ни кај негови, а свекрвата и мајка ми може да се плеткаат само кај нив дома или да си седат пред зграда или во двор кај мене ако дошле непоканети. Секој може да се плетка колку шо ќе му се дозволи, ако проба да се плетка преку син и ќе и го пратам пак кај неа дома да си се плеткаат колку сакаат.
Добро, има тема за снаи и свекрви, илјадници страни пишани. Во право си е девојчето што не сака, на кој не му е јасно што проблеми има после, нека ја посети горенаведената тема.
Најголемиот проблем кај нас се финансиите. Иначе 99% да ги имаат ќе одберат да живеат сами. Не можат младите парови да си купат заедно дом ниту на кредит, до тоа дереџе е дојдено. И изборот на крај е тој. Или кај него (поретко кај неа), или под кирија. Змија да ти го апне или магаре да ти го бапне избор. Овој и добар е, бар има свој спрат. Има многу што немаат ниту спрат па мора да делат еден ист стан. Па уште баби и дедовци ако се живи, 3 фамилии на едно место. Па и внуци кога ќе дојдат. Машала. Како рипаат астрономски цените, овој проблем уште поизразен ќе биде. Нека ни е со лесно.
Интернет и полно алтер ега, че ти ја наполна глата и после ко че те мавни реалноста уште повеќе ќе боли, ама кој да разбере.
Реалноста е таа. Јбг. Не сите имаме среќа тате да е транзициски директор и да рентаме станови на Миконос. А и кај таквите па уште поголема контрола има од старите, имот така лесно не даваат додека маста не ти ја извадат. Станбеното прашање е најголема главоболка. Било, е, и ќе биде во иднина уште повеќе.
Се се може кога се сака, подобро под кирија, да можеш гол да си шеташ по дома, него да седиш со родителите и да ти го бројат секој залак, или да ти пререкуваат за секоја постапка, мирот нема цена..
И тоа е нешто што секој индивидуално го бира. Да е лесно под кирија да се оди, сите ќе отидеа. Една плата ќе оди на киријата, другата на преживување. Живот кучешки, од ден за ден. И може никогаш нема да успееш свое да купиш. Еден да падне болен, на улица ќе завршите. Знам и такви случаи, па бараа да се вратат назад. Како и да се врти, секако не чини, освен, нели, на тие татенце што им обезбедил станче, па мирна им е главата.
Кажи ми кога ќе станеш со еве да речеме две просечни плати од 40 000 денари? А да не збориме што ретко кое семејство ги има тие пари кај нас. Еве направи математика, да видиш дали е тоа возможно. Остави не нас ИТ што работиме на страна, не се сите како нас. А и ние пола живот ќе исплаќаме кредит за еден стан од 60m²
А станот треба да се наполни иначе со ствари. Знаеш колку пари треба за да средиш еден стан? Не знаеш,поготово ако работат скромни работи,напримерр примерот твој - келнер
Доста бе ме напаѓате веќе во секоја тема аман, што сум ви јас овде, вреќа за нервоза да истурате врз неа.. Што правите, се вклучувате на форумот, одите кај мене на профил, гледате каде сум пишала нешто за да ме напаѓате? Сакам и јас да си се искажам за нешто без да ми пишувате што сум пишала во друга тема. Епа ако немаш друго решение, што ќе правиш? Кредит, кирија или ќе трпиш, ако не ти оставиле твојте, изборот е тој.
Зезнато е, не знам... Инаку, во право е членката не е само да купиш стан, треба и работи во него да опремиш
Па со овие цени по квадрат, попаметно е да си земеш место и да си подигнеш куќа полека полека со темпо шо ти одговара према финансиите е сега помачно е ама барем нема да ги полниш џебовите на газдите, а можеш и да продадеш спрат од куќата и нема да имаш голем долг.
Па не оди баш така полека со градба на куќа, треба да најдеш мајстори, а тие сакаат пари и материјал, не можеш да им кажеш сега работете една недела, толку имам пари за материјал и за да ве платам, за три месеци пак ќе ве викнам.. Мораш прво да ја изградиш куќата, да ставиш кров, прозори, врати, па после накрај тоа иде што викаш ти соба по соба како ќе имаш пари да ја средуваш.. Ама додека да дојде до тоа да ја средуваш соба по соба, мораш да имаш градба за која мораш да имаш одредена сума на пари спремна..
Има и луѓе сами што си градат, ако си со мајстори сега инвестирам за копање темели и плоча ги пазарувам за толку, наредна година за подигање спрат со плоча, истиот спрат можам да го продадам и почнувам со инвестирање за втор спрат.