НЕ е битно колку пати раскинала. Уште и вина ѝ набивате, еј! Девојче, многу долго си напишала. Кратко ќе ти речам, бегај. @Tamarkaa
Знаеш дека сега куќата поскапо ќе те фати него ли стан? Само за старт треба да фрлиш голема пара, за земјиште, темели, маркици, карабина да ја направиш ќе те кошта многу. Луѓе во 90-те кои почнале да градат, уште немаат завршено, а веќе дошла за реновирање. А, и кај ќе живееш додека ја градиш? Пак кај твоите/нејзините. Иначе ова ќе бидат последни генерации што ќе имаат можност да купат сопствен дом. Во следните 20-тина години скоро никој нема да може да купи свое. А и многу што сега земаат на кредит ќе ги изгубат. Како што кажаа на WEF 2016: "You will own nothing and you will be happy", така ќе биде. Освен ако не направиме еден ресет на светот.
А твојот план кој е? Да чекаш свекорот и свекрвата да умрат за да станеш газдарица без инвестиција а во меѓувреме 30 години да си ги мирисате прдешките?
Или 30 години да работиш за да отплатиш стан или 30 години да киниш живци со свеќи додека не цркне Бирајте девојки!
Овие шо викаат купи стан, оди под кирија изгледа не ги виделе цените и дека се опремени ко во екс Ју државите, ама битно напиши коментар колку да те има по форумов. Цените, посебно во Скопје се неразумни, платите ни за лек нема, за пазарување, посебно основни намирници хаос пичке лудило, некогаш треба и обувки, гардероба и слично. Ја немаат сите среќата да имаат длабок џеб.
Не мора во брак, и самец да е некој, давачките тука се огромни, вода, струја, парно, интернет, гориво и давачки за кола, одмор, да не додавам уште, грото мисли лесно е, ама воопшто не е.
Епа сеа најреален муабет, шо на невестето ќе му викаш, потивко, потивко, спалната на мама и тато е под нас да не ги будиме.
Леле леле леле лелееееее! Не сакам да сум свекрва Не сакам Не сакам Замислете како ќе вика снаата - ЕВЕ ЈА ОВАА ДИНОСАУРУСКАТА УШТЕ НЕ УМИРА 100 години ќе вади душа
Јас би предложил спратот нека му го препишат на дечкото неговите и нека идат под кирија, што вложил нема да изгуби. Девојката поубаво би било да му кажала на време ама тоа е, јас би се согласил за под кирија во тој случај секако само ако девојката може да си го плаќа својот дел од сметките, ако не е во можност би барал да се вработи па да идеме со нејзиниот предлог.
Мислам најдобро е уште кога ќе чуете оти сака да живее со мама и тато,одма раскинете! Ни молење ни колење ни снаоѓање ни курци палци итн. Оти живеачка ќе се нема!
Здраво. Се гледам со еден дечко скоро месец и пол дена, имам 25 години а тој 33. Имам пишувано наназад дека сум разведена но немам деца. Не е уште ништо официјално, иако тој сака да биде ама јас поучена од предходно искуство не сакам да брзам и да форсирам ништо. Убаво ми е кога сме заедно, ме почитува, ми посветува внимание и се е тоа супер. Но пред извесно време во несврзан муабет ми спомна дека порано (инаку не бил женет никогаш, ако е тоа важно) имал излегувано и со мажени жени. Една од тие жени ми е роднина (далечна) не знам дали се испушти или што му беше поентата, но веќе не го спомна тоа. Инаку знам дека дечкото имал повеќе врски и девојки, зошто реално е атрактивен дечко. Наводно гарантира дека откако контактира со мене не си пишува и гледа со било која. И дека и во иднина ако бидеме заедно тоа ќе биде така, никогаш немал да ми греши. Сакам да верувам во тоа но откако ги слишнав тие работи, на некој начин малку и го сменив мислењето што го имав за него. Далеку сум и јас од светица ама да излегува со мажени жени, на некој начин како да не држи до себе и сето тоа со оправдание дека тие му пишувале и му се нафрлале. Искрено не знам што да мислам, секако нема да брзам но дали ова е доволна причина да го откачам или сепак не?