Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    284
    Пол:
    Женски
    Хахахахахахаахаахахахах човек да не Ви побара мислење траги комедија сте
     
    На Mumoftwo30, Selena01, EmporioIvankov и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Ти и се дереш назад, ако сакаш внуци сместа да си прекинала :rofl:
     
    На sunshinebabe, MeowMeow, Realist1 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.501
    Допаѓања:
    22.848
    Пол:
    Женски
    И она ти одговара "ако и внуците гракаат како снаата, не сакаме!" :rofl::rofl::rofl:
     
    На sunshinebabe, Realist1, Cindy.A99 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.244
    Пол:
    Женски
    Леле леле леле лелееееее!
    Не сакам да сум свекрва
    Не сакам
    Не сакам
    Замислете како ќе вика снаата - ЕВЕ ЈА ОВАА ДИНОСАУРУСКАТА УШТЕ НЕ УМИРА 100 години ќе вади душа :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Spidy и FridaodaMk им се допаѓа ова.
  5. Wojak

    Wojak Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Машки
    Јас би предложил спратот нека му го препишат на дечкото неговите и нека идат под кирија, што вложил нема да изгуби. Девојката поубаво би било да му кажала на време ама тоа е, јас би се согласил за под кирија во тој случај секако само ако девојката може да си го плаќа својот дел од сметките, ако не е во можност би барал да се вработи па да идеме со нејзиниот предлог.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.244
    Пол:
    Женски
    Мислам најдобро е уште кога ќе чуете оти сака да живее со мама и тато,одма раскинете! Ни молење ни колење ни снаоѓање ни курци палци итн. Оти живеачка ќе се нема!
     
    На Spidy, Selena01, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. m.m12345

    m.m12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    39
    Здраво.
    Се гледам со еден дечко скоро месец и пол дена, имам 25 години а тој 33. Имам пишувано наназад дека сум разведена но немам деца. Не е уште ништо официјално, иако тој сака да биде ама јас поучена од предходно искуство не сакам да брзам и да форсирам ништо.
    Убаво ми е кога сме заедно, ме почитува, ми посветува внимание и се е тоа супер. Но пред извесно време во несврзан муабет ми спомна дека порано (инаку не бил женет никогаш, ако е тоа важно) имал излегувано и со мажени жени. Една од тие жени ми е роднина (далечна) не знам дали се испушти или што му беше поентата, но веќе не го спомна тоа. Инаку знам дека дечкото имал повеќе врски и девојки, зошто реално е атрактивен дечко.
    Наводно гарантира дека откако контактира со мене не си пишува и гледа со било која. И дека и во иднина ако бидеме заедно тоа ќе биде така, никогаш немал да ми греши. Сакам да верувам во тоа но откако ги слишнав тие работи, на некој начин малку и го сменив мислењето што го имав за него. Далеку сум и јас од светица ама да излегува со мажени жени, на некој начин како да не држи до себе и сето тоа со оправдание дека тие му пишувале и му се нафрлале.
    Искрено не знам што да мислам, секако нема да брзам но дали ова е доволна причина да го откачам или сепак не?
     
    На Bojana166 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.194
    Допаѓања:
    36.632
    Пол:
    Женски
    Маж ми отплаќа станбен кредит. Претходно живеевме под кирија. Мирот нема цена. Е сега.... И така може да има проблеми, ама друго е ако не си во заедница.

    Членката и нејзиниот дечко имаат различни ставови околу ова прашање. Еден од нив можеби ќе се жртвува во име на љубовта, ама потоа ќе биде несреќен.
     
    На Mumoftwo30, st-el, Adidas888 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.763
    Допаѓања:
    169.157
    Пол:
    Женски
    Вака, иднината и заедничко живеалиште е голем make it or break it момент за многу парови. Чим имал спрат, шансите дека планирал да живее таму биле секогаш. Твое е да кажиш дека не се гледаш во заедница чак и била на башка спрат, воедно пробај да не речиш дека за тебе родителите се проблем, то би било извор на конфликт. Јас вервам дека колку физички поблиску живееме со некој - толку поќе има простор за конфликт. И ова можиш да го искористиш во смисла „ги сакам твоите и неќам да се разединиме“. Долга љубов со проширена фамилија е на дистанца. :D Читав дека некои предлагаа да предложиш да се продај спратот и да одите на свое. Јас не би се согласила од аспект, то е фамилијарна куќа. Убо е да е сопственост на фамилијата. Ама доколку имате сила и можност да вложите во свое, јас би одела со тој спрат да оди под кирија. Пак сопственоста е во семејството, дава пасивен приход и пак сте одделени. Ама ова шо кажав е МНОГУ идеалистичко. Сепак, најискрено, не мислам дека би прифатил да се оддели од спратот оти чим го спремале уште пред ти да бидиш во слика нели, тој веќе имал некоја замисла за иднината која ќе се одвива таму.
    И као демек, мора да си го жртвува мирот? Вистина ова со „жртва“ од ракав го вадите. Со то можам да се согласам.
    Инаку лично, кога носам вакви големи одлуки, пробвам да се замислам година во иднината во та ситуација, пет години, десет години, триесет години. Имам раскинато пошто знам дека ако останам во та ситуација ќе бидам мизерна. Живеење во заедница за мене би било жртвување на сопствен мир и ментално здравје. И то е прескапа цена.
    :*: :*: :*:
    Жал ми е дека се чувстуваш така. Партнер мора да ни е поддршка за врската да има иднина. Нема да се фокусирам на делот каде тој е несензитивен партнер, туку на тебе. Те молам ако немаш побарано помош - побарај од психотерапевт. Апсолутно помага многу ако знајме и ни е докажано дека партнерот не перцепира како атрактивни. Ама некогаш мора да научиме да се сакаме на друго место и тоа не е лошо. И стварно се надевам дека ќе успејш во то.
    Не го сфаќам ова прашање. Вреѓање и удирање на слабата точка на партнерот, чак и да не сакал да напрај да се осеќа лошо туку на мајтап, Е претерување. Безразлика дали членката нема вишок или има 30+ вишок. Ако очигледно таквите коментари влијаат на нејзината самодоверба, е вреѓање. Ако сме загрижени пример за здравје на партнер, има начин како да се кажи тоа. Ама ако едноставно удираме ниски удари за изгледот на партнерот и уз процесот да прајме да се осеќа неатрактивно - цел психолошки процес има за како влијае тоа менталното здравје (башка и желбата за секс и либидото). И зошто колку килограми има? Као дали е во право тој шо влијае на то уште поќе да ѝ се намали самодовербата? The audacity.
    :*: :*: :*:
    Дефинитивно можи да е заинтересиран и уморен, ама во мое искуство колку и да бил уморен при прва шанса идел ако бил доволно заинтересиран (не премногу, доволно). Види дали ќе дојди за продолжен викенд зошто три дена споени се и добра шанса да се запознајте во живо и подолго особено ако остани негде во твојот град. Не давај црвен карон прерано, ама биди внимателна.
    :*: :*: :*:
    Како ти се осеќаш кон него од кога ја имаш оваа информација? Пошто гледај, можи вистина е само кон тебе лојален, можи да има таков морален компас каде вината ја гледа во тој кој изневерува, а не и во себе. Ама ако ти се осеќаш лошо во врска со то и прај да се осеќаш недоволно добро покрај него - која е целта? Целта е да се чувстуваш добро и сакано и нели, меѓусебна почит и се то, прифаќање на минато итн итн итн. Јас би ти рекла види како се осеќаш. Ама вистина како се осеќаш. Види дали ти смета неговото минато и дали има начин да го надминиш то. Ако можиш и ако ви е добро и сте лојални еден на друг - зошто да не? Ама ако не ти е добро, и сметаш дека ова некогаш ќе биди проблем во иднина - тогаш прекрши посовреме.
     
    На MeowMeow, Oscar Lady, FridaodaMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.755
    Допаѓања:
    19.532
    Пол:
    Машки
    Aham znachi nikos nemate napraeno kompenzacija nekakva vo zivoto ili po vashe ili ich ..
     
    На tanjita, Bitter-Sweet и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.194
    Допаѓања:
    36.632
    Пол:
    Женски
    Секој си има свои приоритети. Нема причина зошто да бидам со некој кој нема исти планови како моите.
     
    На Spidy, Mumoftwo30, Cindy.A99 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.112
    Допаѓања:
    180.742
    Компромис праиш за работи кои не ти се толку круцијални во животот. Можеби за боја на гарнитура, можеби за каква кола да се купи, ама со кого и како ќе го поминам животот, ми се чини е прилично битна одлука. Ако имаме тотално различни идеи, од било која природа, тој пример сака куќа, јас стан, или тој сака во странство, јас не, не оди тоа долго. И ниеден од двајцата не може да биде среќен, оти тоа не е компромис, да одиш против твоите убедувања.
     
    На butterfly6223, Spidy, sparklie и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Merten

    Merten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Куќа до куќа е добро, ама на спрат не чини?
    Јас не би зела кредит за стан, а да имам посебен спрат од куќа. Би зела кредит ако воопшто немам кај да живеам. Тие што имате веќе свои куќи/станови, мислам и не го разбирате доволно товарот што другите го имаат. За да земеш 100.000 евра кредит, ти треба 30 години секој месец по 35.000 денари да плаќаш. Не дај боже останеш без работа неколку месеци.. освен ако на некој не му е дојдено до тие пари (според тоа колку станови се купуваат очигледно на многу не им е)
     
    На koritsaki, Anyshka и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  14. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.755
    Допаѓања:
    19.532
    Пол:
    Машки
    Co pravo si, da, edno od pobitnite prashanja e ova. No mene me cudi osven zelbi i sonishta ne vidov sho nudi taa.. ako e za taka neka i napraj tatko i majka i ili pak neka zasuka rakaj i zapoti gazo da vidi kako e da se zbira pari i praj neshto.

    I jas posakuvam latinka da me precekuva doma, zogrveno jadenje i slichno ama nema. :)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Harley Quinn

    Harley Quinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Најискрено, не се согласувам со тоа дека треба да се зима кредит за да купуваат стан. Тоа моментално со денежнава инфлација, цената на становите а и мизерните плати е премногу тешко. Кажав да седне да разговара со дечкото и да дојдат до некој заеднички јазик. Сепак треба да се направат некои жртви обострано. Дечкото си се намачил си изградил спрат. И самата кажа дека ти е криво што не си му кажала на време. Искрено и мене би ми сметало некој да има под мене што константно ќе ми дише у врат. Но, од кај знаеш, може во иднина ќе ти биде од помош жената кога ќе имате деца и слично.

    Би те советувала да разговараш со него и да му го доловиш моментот дека веќе ако живеете на спратот ќе треба да постави граници со мајка му.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  16. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Машки
    Јас да имам сопствен спрат и некоја да дојде да не ги почитува моите, преку леб погача за бара.. веднаш ќе и го покажам излезот.
     
  17. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.501
    Допаѓања:
    22.848
    Пол:
    Женски
    Па затоа и не сакаат да дојдат.
     
    На Spidy, Stressed Out, Annora и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.361
    Допаѓања:
    12.611
    Пол:
    Машки
    А кажи ми како заклучи дека членката не ги почитува родителите на дечкото? Нели прочита дека е постојано шиканирана од идната свекрва? Нели мислиш дека треба да има взаемна почит?
     
    На Angie1432, sparklie, MeowMeow и 8 други им се допаѓа ова.
  19. zasekogas123

    zasekogas123 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2024
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    :*: :*: :*:

    Дефинитивно можи да е заинтересиран и уморен, ама во мое искуство колку и да бил уморен при прва шанса идел ако бил доволно заинтересиран (не премногу, доволно). Види дали ќе дојди за продолжен викенд зошто три дена споени се и добра шанса да се запознајте во живо и подолго особено ако остани негде во твојот град. Не давај црвен карон прерано, ама биди внимателна.
    :*: :*: :*:





    Значи има време цел ден денес да одмара и може утре да дојде ако сака.
    Исто можеше и претходниот викенд некој ден (не беше трета смена на работа во петок) ама за тогаш не кажа ништо.
    Пред неколку недели кога беше продолжен викенд исто не дојде.
    Не знам шо му е филмот.
     
    Последна измена: 5 октомври 2024
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.763
    Допаѓања:
    169.157
    Пол:
    Женски
    Јас се согласувам, како шо реков помалку заинтересирани иделе за дејт (најчесто вон градов дејтам). Ама во исто време можам да увидам дека контакт во живо и онлајн не е исто, можи поинаку да кликните во живо и после екшли да се труди. Едино велам, биди внимателна, ако дојди нареден викед - арно. Ако не дојди, тогаш веќе оди црвен картон и тоето. Пошто не е само размислување дали е сега заинтересиран, дали е доволно заинтересиран и сериозен за често да иди и да одиш, пошто за да се одржава врска мора и да се гледате. Ама ако овој викенд му е мака и нареден му е мака, еднаш месечно ќе се гледате? Мислам it's a choice. Само не мислам дека многу би избрале тоа ако имаат опција за почесто.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.