бидејки се каравме многу и ми изнакажа работи коа ме доболеа многу незнам дали беа момент на нервоза или ствано мислеше така
во исто таква ситуација се наоѓам често и потполно те сваќам како ти е со дечкоми се сакаме но често почнавме да се караме за ситници така да не сум соодветна да дадам совет на ова бидејќи и јас сама незнам како да го решам
Ако вистински се сакате ќе го пребродите тој период, па не се раскинува за секоја караница во врска, ти како да не си го повредила некогаш. За жал, оние кои ги сакаме често со еден збор може да ги погодиме каде што најмногу боли... Разговарај со него прво, не мора одма да му раскинеш, почекај да ти објасни зошто така изреагирал.
Поминав скорз низ истото. Ми изнакажа зборови, и после ми рече дека биле во момент на нервоза. А секако беа и периоди во кои премногу се каравме. За ситници. Првиот пат му простив. Си велам ајде може на секој да му се случи. Но кога веќе претера и со втор и трет пат, јас го ставив крајот на врската. Го сакав многу. Но си реков која сум јас да те трпам тебе. Сега ми изнакажа се, утре кој знае што. Па не си вреден. И ја прекинав врската. И не се каам.
знам дека за секоја ситница не треба да размислувам да му раскинам ,но некако ме ногу повреди дури и се обиде да му удри но не ме удри,ми звони но не му се јавувам некам да го слушам ни да го видам повеке болат зборовите од колку да ме удареше
мислам дека се работи за истото девојче кое пишуваше дека дечкото пред неа загледува др девојчиња. инаку во момент на нервоза можеме сешто да истрескаме и да го повредиме најмногу тој што го сакаме размисли ако го сакаш и ако те сака не мора за една глупост да раскинете сите сме биле во вакви ситуации, но ако е таков и кога не се карате е тогаш треба да мислиш да раскинеш. стај си ги работите на вага. што добиваш ако раскинеш а што губиш на една страна, а на др страна што добиваш а што губиш ако останеш со него
Епа сега што? Навистина не разбирам ние како можеме да помогнеме Прво велиш како да раскинам, а потоа ни кажуваш дека ти ѕвони а не му креваш и несакаш да го видиш. Тогаш? Што? Тоа нели е веќе раскинато? Или опиши го убаво проблемот што се случило и се по ред, а не да погодуваме што може да биде, или сама реши си го.
не сме раскинале туку незнам што д а правам што д аму кажам коа ке почне да се правда а ме повреди многу и немора одам д аме напагаш ја само потражив совет ако ти смета не пишувај да иако тој проблем ( со зјапањето) остана бидејки немама сили д а се карам секој ден,иако почнав да се навикнувам и на коменатрите-Те оваа е убава,Онаа немала дечко незнам што веке само знам еден ден ке ПУКАААМ!!! е тогаш ке биде лошо
а какви зборови ти кажа?беше во момент на кавга или почна да те понижува едноставно?малку разјасни ситуација да добиеш конкретни совети Па баталиго бе девојко нели беше на одмор,нели ќе беше јака?па дај стоиси на зборот имај малку карактер и овде безбој совети доби раскиниму на човекот и нека шета онаму,јас незнам уште како го трпиш на твое место одамна ќе ми беа изгубени чуствата кон него
Добро,не се истурај врз тастатурата,бидејќи тоа очигледно влијае на твојот правопис. Друга работа. Подобро да напишеше еден пост,што како,а не на секое мислење со по два реда во него,али ајде нема везе. Велиш,си се навикнала на коментарите од типот оваа била убава,оваа нема дечко..? Претпоставувам коментари кои доаѓаат од устата на твојот дечко. Чекај малку. Ти тука не треба да притиснеш пауза,треба да го извадиш и цедето и DVD-то и се да мавниш преку тараса. Како бе така,кај ви е малку достоинството? Пред тебе ќе кажува,ќе ти ги тестира нервите? Не разбирам. Се рекло го сакам и се ли ќе издржуваме?! Јас да сум на твое место,би пробала со муабет да му кажам дека ми смета тоа. Ако не разбира,батали го. Иако,јас секогаш си стојам на тезата,како ќе си се поставиш. Мислам дека ти не му ги имаш доволно затегнато конците на него,да му докажеш дека тоа не треба да ти го прави ( ај да не кажам не смее). Тој со ова докажува дека не те почитува како личност уопште. Испаднал со женската и шо,други жени ќе гледаме? Удри малку во слабината,направи го и ти истото,веќе ако толку го сакаш. Му ги знаешв најверојатно маните,кажи му и ти некогаш кога на улица ќе сретнете некое бонбонче од маж,да видиш шо реакција ќе направи. Искрено,на твое место,би ме мрзело да мислам тактики со типот,мислам дека сепак нема да успееш да го смениш,но ти знаеш најдобро.
најлошо беше што додека разговаравме (пред да се скараме)почувствував некој цинизам во неговиот глас како д а сака да се караме и...а никогаш мислам ретко е за нешто налутени,е е таков тип да се расправа,но денес како д а сакаше д а ми каже дека он е нешто повеке од мене дека јас не се разбирам од ништо дека сум никој и ништо и постојано ми повторува дека јас имама срека со он е со мене е ај остави го као го сакам и секој ден се надевам дека ке се смени а и с е навикав на него неможам нешто не ми дава
па искрено бидејќи живееш со таа мисла дека ќе се смени еден ден што искрено смешно ми е затоа си патиш и ќе си патиш а и како што ти рекоа достоинство 0 ќе имаш
Леле,значи на есперанто јазикот да беше полесно ќе го разберев од овоа напишаново твое. Е ај остави го. Тоу,priceless реченица ми е оваа. Абе деца.. СЕ Е МОЖНО НА ОВОЈ СВЕТ,СЕ Е ВО ВАШАТА ГЛАВА,САМО ВИЕ ТРЕБА ДА СЕ РЕШИТЕ! Јас не знам што повеќе да кажам. Мене некој да дојде и да ми каже дека јас сум била среќна шо сум го имала,а таа врска за никаде не е,а дали и за таму,па јас лично ќе му го треснам боксот и ќе му го скапам боксот. Не знам што повеќе доказ сакаш дека него левата патика не го боле за тебе.
кога сум излезена со другарките (кафица,зурка) ми е многу убаво не мислам на проблемите ни он каде е ( а и покрај толку машки погледи нема што да мислам само уживам),но кога ке си дојдам дома е тука веке има проблем ..ке седам ке чекам да ми се јави или ке му звонам веднаш ми недостига
Девојко можеш да останеш со човек кој те омаловажува и ти кажува секакви груби зборови ма дај молим те,тебе мајка те чувала се мачела да стасаш до овде за некој да си поигрува со тебе и твоите чуства лично јас кога би била на твое место ќе го откачам типот пред тој од мене да направи будала и да ме исмева,разговарај со него ма да веќе нема ни потреба оној кој те сака пак и нема до толку да ја докара,читам и се чудам девојките овде ти пишуваат како на најлесен начин да го откачиш ти упорно бараш совет епа прифати го ова што го пишуваат прифати ја реалноста,престани да бидеш марионета на некој.Не те осудувам млада си ќе си најдеш друг твојот живот не застанува овде со таа личност околу тебе ги има премногу позз и ти поскаувам што побразо да ја решиш оваа ситуација
искрено ова ќе го решиш само кога ти ќе ја прифатиш реалноста ама како што гледаме сите тешка работа упорно бараш ситници за да опрадаш нешто ама реалноста е др.продолжи понатаму овај што не вреди не вреди...
sakamte ти самата на себе можеш најдобро да си помогнеш, ние тука можеме до утре да те советуваме и да биде за џабе. Имаш достоинство и гордост, зошто да дозволиш некој да ги гази? Што е тој толку вреден? Да, може ќе ти биде тешко некое време ама ќе помине, не е болка за умирање не дај Боже. Не е ни прв ни последен. Раскини му, ете тоа те советувам јас. Со тек на време ќе станеш свесна дека си го направила најдоброто за себеси.
ајдееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее па девојко незнам зошто воопшто си го губиш во моментот времето на форумот барајќи совети не ми е јасно