Искрено со мајка ми уште повеќе не би живеела. Лично и кажувам дека ако продолжи со однесувањето кое го има, од одма на тапет ќе е кај снаите и свекорите во темата. На тема мешање. Живеам во улица каде што врие стари (не роднини со мене или сопругот). Лани шетам бебе, добивам коментар од рандом баба - аман веќе трет пат си надвор со бебето. Ќе го заучиш, ич не мислиш оти зима иди. Годинава од друга рандом баба - што туку го носиш детето со тебе секаде, толку ли ти смета свекрвата што не и го оставаш. Факт - се прибирам во 17:00 од работа и детето се лепи за мене, оти не ме гледа по цели денови. Расти како штафета, де во градинка, де по баби, кој ќе стаса. И многу нормално кога сум дома да сака да е со мене. Случај 2: мешање/кавга од снаата. На различен спрат, свекорот и свекрвата плаќаат сметки за сите. Снаата фаќа кавга оти свекрвата готвела во кујната дома. Цела куќа, вклучувајќи го и спратот на снаата мирисал на готвено. Да се правела летна кујна под итно. Случај 3: од кумашините. Во кавга се со соседите од станот под нив, затоа што децата на кумашините 3 и 5 години, играле низ дома. Соседите од долу, не сакале бучава. Така да не е во прашање само снаа, свекрва, Петко, Трајанка итн, туку самите луѓе и колку сме спремни на соживот, на било кое место.
Маж жена ќе стави на прво место само ако видел мака во животот или сфатил дека и тие од дома не му мислат баш најнај. Или што викам, секој на крај убаво си го покажува лицето. А сите кавги доаѓаат и од браќа и сестри, не секогаш од родители.
Луѓе има бе некој овде со искуство со некој што има лајковано на жители колку што има Берово? Ајде добар ,ајде го прифатив, му кажав ми смета океј прекина со изговор дека лајковал од навика едвај му се смирив незнам ни јас како му реков имаш 35 години под хитно да го среди инстаграм. Океј почна да го средува, денес гледам само тргнати лајковите кај некое девојче таа оставена. Го прашав зошто тоа го направи? "Лајковите не беа потребни", зошто неа ја остави? Пријателка тие? "Не" "Да ја избришам?", "Еве одлучив сега да ја избришам". Буквално се чувствувам како некоја вештерка која им е љубоморна на девојчињата.
А ти колку години имаш ? Ако имаш 20 ок не ми е чудно ова да ти смета , ама ако си повозрасна искрено ми е смешно сето ова
Не ми го вреѓај Берово Не ми е јасно што толку се оптеретувате со тие социјални мрежи.. Лајкнувал по инста? Сериозно? И што? И пишал ли? Биле на кафе? Завршиле во кревет? Шта је лепо и богу је драго.. Лајкнувам и јас рандом работи, што треба да ме остави мажот? А помалку да контролирате на пример? Некој да ме натера да отследам некој профил, има мозокот да му го пореметам.. Тоа е обид за контрола врз другиот. Социјална мрежа е џизс, оладете..
Правилно се чувствуваш, девоjките по 50 лајкови минимум дневно добиваат и неговиот наjвероватно нема ни да го приметат. Да значеа нешто лајкови на Инста Џена Ортега жена ќе ми беше.
Абе за почит се работи, та знам дека нема да го приметат ама кога ќе ти рече некој што си во врска дека нешто му пречи и ствара стрес нели тој некој е побитен од глупавите социјални мрежи?.
Ne dozvoluvajte da ve kontroliraat i manipuliraat so vas.A tie socijalni mrezi pravat kavgi vo brakovite i vrskite.Pa bas radi taa ljubomora i toj instagram-koj samiot me natera da go napravam i mojata vrska otide..ne deka 2 meseca bea mnogu..Pocnaa da mi prakaat poraki licnosti koi ne gi ni znam ne gi ni poznavam..I normalno e deka ne ni vrakav..mi napravi film deka ete se dopisuvam,mi se svigale,bivsi mi bile, pa gi brisam razgovorite..A realno pobrzo steknuvam poznanstva so maskite otkolku so zenakite..I toa mi bese prv pat da go vidam vo takvo izdanie..A sto da kazev ja na toa sto toj celo vreme so devojki se pisuvase pa brisese?Izgleda si ja imase muvata na kapata pa aj i ja sum kako nego..Po edna nedela mu rakinav i toa bese najubaviot moment za mene.Zatoa ako gledate deka e takov/takva ne toleriraj be..Ako e takov/takva kako decko/devojka uste polosi ke bidat i vo brak
Во оваа конкретна ситуација е мн битно колку пати раскинале, бидејќи типот ја имаше нпаднато демек после излезе не сакајќи, избегава да се види со неа, ја избегава целосно а при тоа ја исмејува за изглед. И ова трае со години и за секоја од овие ситуациии посебно секогаш бара совет,а и имаше веќе раскинато неколку пати и му се врати. Вина кој и набива сега? Ако она свесно му се враќа и пак иде тука бара совет кој е бе крив?
@tanjita не знам како не си ставате прст да размислите пред да коментирате. Или читате тоа што ви одговара само. Стварно НЕ е битно колку пати претходно раскинала, ако овој пат дефинитивно пресече. Доста набивате вина кај членки што си бараат совет. Сум кажала, пак ќе кажам. Место да дадете поддршка, да поттурнете некоја да биде поистрајна во одлуката, вие претате ко душкала. Жени сте, возрасни. Жена на жена набива вина. Срамно. Феминизам после нешто пропагирате. Двојни арашини. Се прашувам некогаш дали ти да си во ваква ситуација или некоја друга ќе дојде со сегашниов профил. Или ќе прави нов, знаејќи какви ви се НЕмислењата.
Пред 1 недела на улица ме застана еден тип и ми вели би сакал да се запознаеме те гледам како често поминуваш тука. После 1 недела не знам како ме нашол ми дојде изненадно на работа чисто да ме поздравел(сама работам). Не е малце манијачки?
Ова дел од жениве сте чудо, од една страна демек сакате мажи посветени на фамилијата од друга страна преку ноќ сте влегле во брак и сакате да го одделите од фамилијата во случајов родителите ? Апсолутно не значи дека ако си планирал да живее во иста куќа спрат дека не може да се одели од мамичка, проблем ви е ако живеете 2 фамилии со негови родители во иста куќа на различен спрат а не ви е проблем во голубарник од 50 квадрата со ѕидови од гипс картон сите да ве слушаат со уште 50 фамилии. По мое живеењето со негови родители по мое има и предности и мани, ама пред се зависи какви се луѓето. Ако се океј има многу повеќе предности од мани, прво штедиш пари кога ќе отидеш на готово средено и тие пари си ги користиш за други работи (автомобил, инвестирање, патување и сл) а со оглед на денешниве времиња каде што родителите се зафатени па во поглед на чување деца, носење по градинки тренинзи каде ем на родителите им се олеснува ем постариве генерации имаат нешто со што де занимаваат бидат активни. Знам еден куп фамилии кои живеат заедно и функционираат одлично, ќе си дојдат дома - децата од градинка веќе прибрани, ручекот го направила свекрвата ќе си одморат и имаат повеќе слободно време да се посветат на децата и на самите себе. Е сега има некогаш и мани не викам не. Јас не сум сеуште во брак ама моиве живееле на почеток со родителите на татко ми 3-4 години, мани биле тоа што моите родители допринесувале повеќе а старите го користеле тоа па наместо нивните пари да ги користат за домот заедницата они почнале да се расфрлаат на страна (по ќерките) и нормално „тиквата“ пукнала по некое време па моиве решиле да се иселат и да си направат куќа сами на страна. Нејсе поентата ми е дека доколку мајка ми уште тогаш на времето му отворила тема за живеење на страна веднаш со зборови не неможеш да се одделиш од мамичка и сл можеби ќе било too much за татко ми па немало ни да стигнат до брак, а не пак до деца и 40+ години брак. Ако има љубов разбирање секој проблем е решлив, не значи дека ако отиде да живее таму кај него ќе и биде лошо или пак дека таму ќе живеат до крајот на животот
Неможеш да споредуваш живеење во куќа 2 фамилии и живеење во голубарник со 50, оти тие 50 нема да ти дојдат во голубарникот и да ти претат во гаќи, нема да ти се мешат каква манџа си напраила, нема да ти висат над цицка додека доиш. Ти си маж и не ги разбираш овие работи, колку само ја нервираат на жената и зошто сака попрво да живее во голубарникот. Друга работа, не сакаме мажот да го одделиме од неговите, туку да сфати дека веќе кога си направил сопствено семејство, тоа му е ПРИМАРНО семејство и прво треба за него да се грижи а после се останато. И да не дозволува други да се мешат. За жал, многу мажи ова го немат сфатено, затоа и полна е темата свекрви и снаи, затоа и толку разводи има. Трета работа, подобро спречити него лечити. Маж може да ти обеќа се и свашта пред брак, ама во брак обично си го покажуваат вистинското лице. Така да, ако се вселиш кај него а он ти обеќал дека ќе се преселите после 2, 3, 4, или како год години, а до тој момент никако не доаѓа, тогаш веќе може да е предоцна, и сфаќаш со каков човек си имаш работа и ќе мора или со сила да го одвлечкаш од таму, или да трпиш или развод.
Инаку некој предходно ми напиша дека дечкото ако се броеле лајкови Џена Ортега ќе му била сопруга. Дете/Маж незнам што си камо да беше Џена Ортега во прашање, збораме за локални девојчиња кои ги сретнуваме во кафич, фитнес сала па и мои познанички. И јас срцкам кај Џони Деп ама не кај школски на дечкото. Нема везе јас сум тип на човек на кој му значи многу дадениот збор, принципиелност, став и ако некој ми речи не се замарам со тоа знам дека ти пречи бидејќи му кажав одма ред флег ми е тогаш верувам. Се работи за почит.
А ти зошто со мажот си во странство?Зошто го оддели човекот од неговите?Или сега најде да попуваш, да се правиш светица дека маж ти не си го одвоила од неговите со тоа што си отишла во странство? Се вадиш со третата работа, спречити него лечити.Демек обеќавал, а знаеш ти си кривата.Многу дволично и лицемерно од твоја страна.
Јас само не знам како приметувате дека ставаат лајкови заследуваат и слично? Ги проверувате? Што правите?
Леле, грејното мое маже, сум го одвоила од мамичка, ќе ми умре сега од жал. Види, признај си дека си мамино синче, бар нема да поминуваш низ развод во животот.