Јас предлагам песната Црешна се од корен корнеше , ќерка се од мајка делеше ( мислам беше ) да се пее син се од мајка делеше и кога ќе оди невестата по мажот да се пее
Па можеби маж и' си се одвоил сам од мамичка на време. Јас колку што знам @Adidas888 во Германија го запознала маж и' (значи сам си се одвоил). Нека ме поправи ако грешам. И аман со тоа дека жените сакаме да ги одвоиме мажите од родителите. Ако ние можеме да им кажеме се' на нашите родители, зошто мажите се плашат да им кажат?
Многу бегате оф топик. Воедно вреѓање е забрането и воздржете се од такви коментари. Исто така ако пријавувате некое мислење - чекајте да го избришеме, пошто која е поентата да се продолабочва то шо посекако ќе се тргни?
Мислам дека треба да се направи нешто во врска со мажите на темиве за брак, врски итн итн. И така појма немаат од овие проблеми тука шо се спомнуваат, а доаѓаат само да вреѓат оти сме сакале да ги "одделиме" од мајките. Тоа може да им влијае на некои членки шо уште размислуваат на оваа тема, и може да направат фатална грешка само ради размислувањето на два тројца мајкари тука.
Има, многу мажи се такви,т.е премногу. Прашање на почит е ама не сваќаат, па уште жените викаат не се замарај тоа не е ништо глупост. А всушност мажите нивни да имаат прилика веднаш би ја легнале таа кај шо лајкува. Сакам да кажам то започнува со непочитувањето... вие како си сакате
Ниедна веќе не сака да живее со свекрва. Си го сака својот раат, без разлика дали свекрвата е добра или лоша.
Ако сака нека живеј со неа ако не нека не живеј, сами нека ја видат ситуацијата и нека си одлучат а не да ги труеш со твоите "совети" оти не е сегде исто, варираат проблемите.
А ти како маж буквално немаш појма од овие работи и затоа те советувам. Овие жени тука шо советуваат меѓу кои и јас, многу подобро разбираат и знаат зошто така советуваат. Плус, и членката дојде да бара совет за тоа, ипак за тоа е форумов нели? Уште не познавам жена шо многу си ја сака свекрвица и шо ќе умре за да живее со неа. Освен можеби ако мажот има палата, па да му се погоди некоја материјалистка шо сака да му се напика дома, па не ја интерисира ни свекрва ни ништо.
Ти поќе знајш да, си видела се во животот, комплетиран мудрец во секое поле, иначе да се бараат тука совети и стварно некои жени даваат добри разумни совети за како да се постапи понатаму, ама ти не спаѓаш во таа категорија. Кај тебе само напади и провокации и се знај шо е советот земи остај го
Не е до синот голем дел е до мајката, има и керќи кои се оставаат од мама, на крај коа ќе видиш ако се сменат жените нема да има проблеми ко сликата за драган и драгана оти ќе си одат шо да направела мајка му за да ги залепи до нea Иди на по една ракија ајде салатата е готова
Со дечко ми веќе 10 пати пробуваме вагинален секс, но неуспешно. Толку голема болка имам што навистина е невозможно да се пробие. Пробавме и со лубрикант и со сите можни препарати за опуштање при секс но џабе. Не знам дали е срамно за проблемов да се обратам кај гинеколог ама друг излез не гледам. Ве молам за совет.
Ах со тие спратовите какви грешки се прават. Од една страна разбирам, мислел дечкото на иднината, супер што се трудел и ги вложувал финансиите во свое место на живеење и со тек на време еве и успеал да среди спрат, ама од друга страна, дали некогаш помислил дека таа негова идна девојка нема да сака да живее таму? Навистина не е во ред да ставиш некој пред свршен чин да бира или-или, и да мислиш дека имаш право толку голема животна одлука да донесеш сам, во свое и во име на идниот партнер. И сега, ако имала подобро еве нека кажи. А што ако нема, а сепак не сака да живее таму? Затоа е партнерство, може заеднички да се вложи и да се обезбеди сопствено живеалиште. Опции има многу, секако зависно финансиите. Ама затоа, сепак Е проблем да вложуваш во спрат поготово кога си сеуште сам и незнаеш каде и со кој ќе завршиш. И мислам дека после сите искуства на наши блиски роднини, пријатели, па еве и тука од форумот, со живеење во иста куќа а различни спратови, треба да сме поучени дека тоа мнооогу ретко кај нас функционира баш онака како што сме замислиле и дека голема е веројатноста во иднина да има проблеми. Затоа на крај сепак тоа се одлуки кои се носат заеднички. И немојте да се лупате во гради ако сте средиле спрат а не сакала да дојди, затоа што на крај можете да останете и сами. Зависно што барате. Има ситуирани жени кои точно знаат што сакаат и ќе се борат додека тоа не го остварат. И не може да се очекува компромис за една од најголемите одлуки во животот. Раатот со пари се купува и тоа сите го знаеме. Ако не можеш сега да си дозволиш, можеби ќе можеш по година, по две. Спратот не е на одмет, може и привремено да се остани со цел преселба во поблиска иднина, ама многу подобро е тие пари да се тргаат настрана и вложат кога ќе е време наместо да се затворат во спрат кој не можеш ниту да го продадеш, а веројатно ниту да го издаваш.
Општо зборам, незнам зошто толку ви е трагично да живеете на посебно место со жена си и децата. Ако може жената да се тргни од нејзините, можете и вие. И да му е среден спратот и да вложувал, пак не треба да се живее со стари. Спратот и куќата никаде нема да избегаат, тука се, ама раатот и мирот немаат цена.
Многу добра и реална анализа опфатена од повеќе страни. Крајниот заклучок е да не се вложува пред брак во живеалиште, затоа што не се знае дали таму ќе се продолжи животот, или ќе се бара друга алтернатива. Посебно пак ако се вложува во нешто од каде тешко ќе може да се вратат парите, како на пример спрат од фамилијарна куќа.
Обавезно да посетиш гинколог,ништо нема срамно во случајов.Причини можи да има многу,и ако имаш големи болки што порано да закажиш тоа подобро
И мене ми смета. Од аспект шо кога ќе се заљубам, не ми ни се лајка, ни свесно ни потсвесно. Грди ми се сите освен дечко ми. Од кога се фативме досеа над 500 души иам тргнато буквално. Поготово машки шо не ги знам. И да лајкнам, се десило на колеги шо се дружевме. И тоа реетко слика од нив. Ама за мене лајкање рандом типки, шо не ги знае, значи дека му се свиѓа сликата, со тоа и таа на сликата. Ја за тоа полудувам. Цело време сме заедно и му верувам премногу, само ми смета. Нема потреба. И ја реков да не се прифаќаат/заследуваат/лајкаат нови типки поготово ако не ги знае, ако неќе да остане сам. Ако сака, повели